Некогаш ни се случува, без разлика дали имаме многу или малку пријатели, да во даден момент не можеме да најдеме друштво за некаков настан што се одржува(концерт, спортски натпревар, кино, театар). Па поради тоа и ние самите го пропуштаме настанот поради тоа што не ни се оди сами. Можеби има повеќе вакви луѓе без разлика машки или женски. Ова нека биде тема за секој што од некоја причина нема друштво за некој настан. Пријавете се можеби ке му го разубавите денот на некој кој што има ист проблем. Ако има ваква тема бришете слободно.
Не е баш кај сите исто... Пример јас ретко на кој од форум би му дала шанса да ме запознае, многу ми е по лесно да имам да се искажам некаде каде што никој не ме знае (досега само со еден член си имам разменето социјални мрежи). Зависи од човек до човек, не велам дека би пропаднала темата, може и добра идеја е да се собере малку храброст и да запознаеш нови пријатели.
Искрено супер тема, нека стои. Многу пати ми се случувало да пропуштам нешто бидејќи немам со кого да одам.
Барам друштво за билјард денес ама по можност да е почетник зашто од 5 обиди едвај погодувам (сум заборавил да играм)
Супер е темава, ама на сите да ви кажам, дека кога за првпат ќе направите нешто сами, а обично сте го правеле само во друштво (одење на кафе, јадење во ресторан, кино, спортски настан, патување и слично), ќе ја увидите слободата во тоа сами да одлучувате каде што и како ќе правите. Да, на моменти е досадно, ама да пропуштам на пример концерт на некој изведувач, премиера на филм или не знам нешто друго, само поради тоа што немам со кого да одам, е лудост.
Сакам да одам летото на концерт на Grace Jones, живеам во странство, во Македонија што си живеам со тие не слушаат таква музика, тоа е за мене светски настан а несакам сама да одам, па ако е некој за
Гадно се лажеш батка Ај да не претерам ама 50 % и повеќе се познаваме од фејсбук , барем јас ги имам видено на фаца. До душа и по лична порака ми пратија линк за дружење на дискорт, ама не користам јас такви работи, така да , се тргнав на страна, ги оставив таа група форумџики кои приватно се дружат на дискорт. Така да , продолжи да си мислиш дека не се знаеме. Само немаме заеднички муабет затоа не вреди да ги додавам у пријатели. Вака се читаме тука на форумот секоја форумџика препознатлива у свој стил на понашање Поинтересно е вака
Супер е темава. А кога станува збор за приватност, немам проблем да се запознаам ,среќа тајните што ми се за во гроб не ги имам пишувано, phew
Ви гарантирам овде на фемина 99.9% од членовите се нормални и чесни луѓе, за разлика од еден друг форум (да не го именувам) таму е обратно