Барам - подарувам

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од galapce, 23 декември 2017.

  1. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.216
    Допаѓања:
    105.219
    Пол:
    Женски
    Идеата е од групата на фб.
    Темата не е наменета само за социјални случаеви,туку едноставно да разменуваме на кој што му е потребно а некој го има и не му треба.
    Да се ослободиме од некои работи кои не сакаме да ги фрламе а некому би биле добродојдени.
    Повелете пријатели да си се услужуваме .
    Овде понудете,побарајте а за понатаму,сами одлучете дали би се договарале овде или преку пораки.
    Модераторот може само да редактира мислење доколку она што се бара е најдено или она што се подарува е подарено.
     
    На Belabelinakinder, mira.mira, filip4 и 20 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.078
    Допаѓања:
    171.519
    Модератор: Сите производи се веќе подарени.

    Јас не најдов посоодветна тема, гледам во оваа нема одговори, но ќе постирам тука и се надевам е океј.

    Сите производи се отворени и само еднаш употребени / пробани. Јас не ги користам затоа што не ми се допаѓаат или не ми одговараат, ако некој било што сака, нека ми пише тука или лп.

    Подарувам:
    - Avon Gentle Moisture - еднаш употребено, на памук ставено
    - Течни мат кармини Avon Mark, нијанси Pinking About You и Passion it
    - Мат кармин Avon, нијанса Rouged Perfection
    SmartSelect_20180324-181957_Gallery.jpg

    Парфем James Bond 007 - тестер, го добив на подарок неотпакуван, еднаш само ставено
    Victoria's Secret Fragrance Mist - Coconut Passion
    Парфеми Avon: Luck и Cherish
    SmartSelect_20180324-182051_Gallery.jpg

    - Таблет Pandigital и фотоапарат Canon
    И двата се стари, односно 2012 година купени и користени. Таблетот е со послаб квалитет (и кога беше нов) и го користевме како е-читач. Со него го имам и оргиналниот полнач.
    Фотоапаратот беше одличен во 2012, во однос на денешните е со послаб квалитет. Со него ја имам оргиналната батерија, 4GB мемориска картичка, и футрола.
    Полначот за батеријата не можам да го најдам во моментов, доколку успеам да го пронајдам ќе ви го дадам.
    Да напоменам само дека и двата се купени во Америка, ќе ви биде потребен адаптер за полначите.
    SmartSelect_20180324-182026_Gallery.jpg SmartSelect_20180324-182041_Gallery.jpg

    Доколку на било кој му е нешто од ова потребно или познавате некој на кој му е потребно, пишете ми.
    Во Скопје можам да ви ги донесам до секаде.

    Да дополнам :)
    - Џемперче за ситна раса на кутре, мојот мачор го носеше кога беше малечок :)
    SmartSelect_20180324-183954_Gallery.jpg
     
    На Norah Jones, Turna, Purplelilac и 24 други им се допаѓа ова.
  3. 30Nade30

    30Nade30 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    moze za mene?
     
  4. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    681
    Samo mora da se pokloni a dali moze da se pobara ako nesto ni treba a vo momentot ne mozeme da si go kupime?
     
    На filip4 и КикиМаус им се допаѓа ова.
  5. Isobel

    Isobel Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    210
    Темава е океј али мислам дека мора да има некакви граници. Пример, да не биде дозволено еден член постојано да бара на секој пост. И да треба истите тие членови да постираат што они би подариле, да не биде само дај ми дај ми.
     
    На filip4, Justicija и Meckicja им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.729
    Допаѓања:
    253.607
    Пол:
    Женски
    осеќам дека куп нови членови ке никнат сега само за да земат нешто :)
     
    На Elinora, marlonbrando69, La.loca и 19 други им се допаѓа ова.
  7. lanalani

    lanalani Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2017
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Zdravo dokolku nekoj ima mobilen telefon bitno mi e da podrzuva viber instagram ve zamoluvam da mi podari..
     
    На parksey, didisi и Meckicja им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.078
    Допаѓања:
    171.519
    Дечки добив многу пораки, не очекував толку :)
    Засега е договорено со првите што пишаа.

    Се надевам дека и други ќе се приклучат, како што рече @galapce не мора да се социјални случаи :)
    Едноставно да подаруваме тоа што не го користиме ние.

    Ако сака модератор на почеток на мојот пост нека напише дека производите се веќе подарени.

    Убав ден на сите :)
     
    На La.loca, cresa-jagoda, galapce и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.193
    Допаѓања:
    74.711
    Пол:
    Женски
    Модератор: Сите производи се веќе подарени

    Сакам да подарам еден сет од неупотребена козметика која не ја користам.
    [​IMG]
    • Пудра: Alverde Serum Foundation (во нијанса 01 porcelain) - ја купив за да ја дадам на подарок, но се премислив па ми остана така.
    • Палета со сенки: 5th Avenue / smokey eyes - ги добив на подарок и кутијата не ми е ни отворена од причина што имам повеќе такви слични нијанси. Сите сенки се со светкав финиш.
    • Кармин: Rimmel Kate Moss (во нијанса 54 rock 'n' roll nude) - го купив без да ја пробам нијансата и за мене е малку повеќе розев од тоа што обично го користам. Тестиран само на рака, ќе ви прикачам и слика од нијансата.
    [​IMG]
    Имам доста козметика (препаративна и декоративна) која ми е слабо употребувана. На пример, имам хајлајтери, руменила, моливчиња за очи/усни/веѓи, палети со сенки или единечни сенки од Есенс, Катрис, Алверде, Голден Роуз. Некои креми за лице, кармини кои сум ги купила без да ги пробам и подоцна сум сфатила дека не се моја нијанса, ама истите сум ги носела веќе еднаш на усни или сум ги употребила неколку пати за потоа да сфатам дека не ми се допаѓаат...
    И искрено, многу ми е непријатно да нудам козметика која сум ја употребила, а истовремено ми е премногу криво да ја фрлам затоа што навистина многу слабо е користена и воглавно рокот на траење е во ред.

    Најчесто немам кому да ги подарам овие работи, па би ми било драго ако има некои девојки кои би сакале да ја добијат таквата козметика. Би им го подарила сето тоа што не го користам за себе, а рокот на траење му е валиден.
    Моментално не знам што сè имам на располагање од тоа што го наведов, сите тие работи ги вратив кај моите па можам да дадам дополнување после празниците, секако доколку има заинтересирани девојки.

    За ова последново пишете тука во темава, а во ЛП можете слободно да ми пишете сите кои сакате нешто од фотографиите кои ги ставив погоре.
     
    На galapce, ceca-1, fallenangel и 10 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.078
    Допаѓања:
    171.519
    ^ Јас лично немам проблем со користење на отворена веќе козметика, сега не би користела нешто што ептен се контаминира (пример четки за шминка, бјути блендер....)
    За останата козметика, мал совет од мене:
    На кармините со скалпел/нож исечете најтенко што можете од горниот, пробан слој; сенките (во палета прашкасти, не во прав и не кремасти) прснете ги од подалеку со малку чист алкохол.
    Останатите во шишенце/туба производи, истиснете сосема малку, околу 5мм од производот и тоа фрлете го.

    Јас така правам, кога добивам "second hand" козметика, со другарка ми често се менуваме ако сме си утнале нијанса и сл. :)
     
    На Milobebence, TutiFuti, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.193
    Допаѓања:
    74.711
    Пол:
    Женски
    Јас не би подарувала личен прибор што бил користен, како пинцети, четки, spoolies за веѓи или маскара, ниту пак продукти како маскара или туш за очи.
    Сите моливчиња што не ги користам на пример, се наострени и исчистени. Исто и сенките (повеќето се палети со класични прашкасти сенки), руменилата, сите ми се средени и сортирани, но сепак чувствувам должност да кажам дека нештото било користено некогаш. Можеби на некоја би и сметало или не би сакала така, мене лично не ми смета ако нештото навистина ми се допаѓа.
    Ќе го применам ова за кармините, ми се допаѓа идејата.

    Мило ми е што моите подароци си најдоа нови сопственички :party:, пишав пред малку да го апдејтираат мислењето.
    Ќе навратам повторно на темава откако ќе видам што сè имам за подарување, па ќе видиме што и како.
    Во меѓувреме, секако може да се пишува овде.
     
    На cresa-jagoda, stilas7, didisi и 3 други им се допаѓа ова.
  12. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    25.076
    Пол:
    Женски
    Имам венчаница да подарам на кој му треба.
    Слики по ЛП заинтересирани.
     
    На Melinda85, kukla21, galapce и 6 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.078
    Допаѓања:
    171.519
    Супер, затоа и јас си напишав дека се отворени и пробани :) Така е фер :)
     
    На didisi и Mishela им се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.729
    Допаѓања:
    253.607
    Пол:
    Женски
    Модератор: Сите производи се веќе подарени.
    2FB27142-B11D-4B0F-A7AE-43A01BAB8F06.jpeg

    ништо не е користено сем Авон care кремата за тело.Искористена малце .Се останато е ново скроз.Пробано еднаш и не употребено веќе,бидејки не ми се допаѓал мирисот на продуктите.Витлерите се од Орифлејм ,кој знае зошто се купени вака седат цела година без употреба.

    -лосионот е од Балеа со мирис на какао
    -маслото од роза е од Авон
    -регенратор за коса
    -и тоа најмалото е од Алверде нешто како путер -млеко за тело.

    Ако ги сака некој нека ме контактира :)
     
    На Purplelilac, Justicija, galapce и 5 други им се допаѓа ова.
  15. medena123

    medena123 Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2017
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Барам кученце.
    Доколку некој/а има да подари, би ми мило многу мило доколку го земам. Пишете ми ЛП, некоја доколку има за да подари. :)
     
    На КикиМаус и Justicija им се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.569
    Допаѓања:
    14.063
    Пол:
    Женски
    Барам кученце пикинејзер :) кој ке ми подари ке ми го наполни срцето
     
    На stevemila и filip4 им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.577
    Допаѓања:
    11.428
    Пол:
    Женски
    каде да те контактираме? Не можам порака да ви пишам. Јас ги сакам. Убава тема и јас имам производи за подарување. Утре ќе средам
     
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.729
    Допаѓања:
    253.607
    Пол:
    Женски
    пробај сега да ми пишеш
     
  19. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    17.593
    Одлична е темава, секоја чест :bow:
    Единствено што би додала, доколку се согласите, да во лична порака се дадат информации од лица на кои понуденото им е потребно а не се членови на форумот. Се со цел да помогнеме онаму каде тоа е навистина потребно.

    Јас имам гардероба за подарување. Носена но чиста (перена и без дамки), моја (јас сум 183 висока, значи се тоа поголемиот бројчиња, 38 одприлика за блузи и фустани, 42ка за панталони). Дел од таа облека е хипи, значи шалвари и такви работи.
    Имам и машка облека. Е сега што ми е најважно да напоменам дека машката облека, спортска и неколку одела, се од татко ми, а он е починат. Напоменувам затоа што не секој би носел облека што припаѓала на човек што не е повеќе со нас.
    Покрај облеката имам и некои други работи, што приквечер ќе ги сликам па ќе објавам (06:50 е, се спремам за на работа сега).
     
    На Purplelilac, galapce, mira.mira и 14 други им се допаѓа ова.
  20. filip4

    filip4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    3.667
    Пол:
    Машки
    Sum i jas za da se podari nosena obleka,samo malku mi se i chudni tie shto ce im podarime obleka.
    Mal primer vo koj se imam sretnato:
    Sum podaril obleka ne mn nosena (smalena zashto taka naednash izvishiv) Na moj prv bratuced koj stvarno ne e neshto naj naj na pole imanje (nebitno) od poln najlon so obleka samo edna koshula go vidov kade shto ja nosi,nishto drugo.
    Lugjevo ne mi se svatlivi,odat kupuvaat troshat pari za stara obleka,a da im podarish ne ja nosat,ili pa i na nemanjeto im e ponizuvanje da im podarish,nezz.