1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Барање на клиенти преку фотографии од безбедносни камери

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од AURUA, 29 април 2017.

  1. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    https://www.facebook.com/lisca.bito...t=photo_album_reply&notif_id=1493416415765683
    Пред малку го видов ова на ФБ,прочитав некои коментари. Во главно ги бараат девојкиве за кои имаат снимка од камерите и велат дека за добро на девојките ги бараат. Дали е ова оправдано? Што мислите? Јас вакво нешто досега немам видено.
     
  2. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Искрено и јас прв пат гледам вакво нешто. Не е баш оправдано затоа што секој може да си помисли се и сешто за тие девојки а којзнае зошто ги бараат, дали за лошо или пак за добро. Ако е за нешто добро нека напишат, ако е за лошо немаат право вака да објавуваат, си постојат служби кои ќе расчистат. А не знам ни колку смее вака да се објавуваат снимки од безбедносни камери. Во еден бутик на мајка ми и беше украден новчаник и кога побаравме камери ни рекоа дека тие не биле таму ставени за муштериите и дека немале овластувања да ги покажуваат освен по налог на службени лица.
    Како и да е, ова е рушење на приватност, не смее без знаење на девојките да се објавуваат нивни фотографии и да се открива каде биле. Може девојките си отишле тајно во продавницата, може не сакаат никој да знае... Што се не ќе види човек.
     
    На Antebellum и Nausicaa им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Не смее ова бе!
     
    На Doozy, Rose96, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.752
    Пол:
    Женски
    Ова легално е вака? :^)
    Зошто не би поверувала дека е.
    Срамота вака да објавуваат слики од муштериите. Абе кој ќе им влези вака ако прават?
     
    На Someonespecial, Nausicaa, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Може комотно да тужат тие чии слики се објавени (претпоставувам дека на линкот има нешто такво, неможам да видам).
    Нарушување на приватност.
     
    На eliesaab, Antebellum, Rose96 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Место во полиција да пријават (ако е заради кражба,пример).. самите спроведуваат истрага ли, што? цц
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Како што знам несмеат без налог или дозвола да објавуват слики од безбедносни камери.
    Читав нешто коментари на сликите ,но од Лиска не објаснуват причини зашто се барат девојките.
    Ств.не доликува на таков бутик да објнавуват слики.
    Јас би го тужела така бутикот да објави слики
     
    На theowndemon и referentka им се допаѓа ова.
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Викендов се скарав со комшијата затоа што ме сликаше, кога реков НЕ. (ручек во двор, цел комшилук)
    На глава му стоев додека не ја избриша сликата.
    Ама добро, не ја објавувам на ФБ...ми вика.
    Абе не смееш ни во телефон да ја имаш, а не па да ја објавиш.

    Мислам дека бутиков сака да ги награди и дека мислат дека којзнае каков револуционерен начин изнашле за тоа.
     
    На eliesaab, ToksycznaReakcja, Trxmx и 11 други им се допаѓа ова.
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.505
    Допаѓања:
    144.209
    Не смее да објавува, ма ни да те снима.
    Постои закон!
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    За Лиска станува збор ???

    Лел,леле...јас бев деновиве таму..:worried:, може ме бара пола Мкд, а јас поим немам
     
    На Antebellum, Ketchup и sanjaeva им се допаѓа ова.
  11. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Мене лично ми се има случено слично каде што муштеријата не окриви мене и колега дека сме му украле пари после долг разговор и убедување дека парите не му се земени дека можно е да ги заборавил или негде да ги ставил он упорен дека не е така.На крај дозвола од дирекотор да се прегледат камерите и се увиди дека господичниот дома ги заборавил на маса.Не ни се извини за делото што ни го направи само избега.
    И на крај се дозна дека бил шеф на позната дискотека во Скопје-без срам постојат вакви луге.
    Муабетот ми беше за се е потребна дозвола.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.579
    Допаѓања:
    171.540
    Пол:
    Женски
    Не се свесни која среќа имаат што мене не ме снимиле:lol:

    Немаше да постојат до сега:tmi:
     
    На wanderlust, Antebellum, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Ова е кршење на законот за заштита на лични податоци!
    Девојките може да ги тужат Лиска слободно и да земат дебела пара. Вакво нешто не е дозволено, никој нема право без полициски или судски налог да вади вакви податоци уште полошо што и во јавност е објавено... Страшна работа сеа и од ова да се плашиме да не се видиме на видео негде ид рандом продавница...
     
    На eliesaab, Antebellum, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Во која и продавница да влезете сте снимени.
    Прво никаде не се објавени лични податоци од девојките ( име и презиме, лични броеви, матичен итн.)
    Прашањето убаво си гласи. Кои се тие девојки?
    Прво јас баш убаво се загледав, едната во бело е облечена чудно, носи чизми без јакна, а другата носи дебела јакна? Тоа не ви е чудно на вас, а тогаш баш и топло беше, а ти во јакна.
    Таа во розевото стои како да бара работа, а другата како да пазарува, изгледаат среќни се смеат.
    Таа во розевото е повеќе сомнителна од другава.

    Не ја знам причината и да е друга, јавно не треба да се објавува точно поради заштита на идентитет, ама замислете ситуација утре ќе ви даде некој слика од некој си Трајко и ќе ви рече еј го знаеш овој? Исто како порано кога ќе ни речеа "еј дојди да ти покажам слика од оној", и те прашува "го знаеш?!''

    Бидете реални, плус таа во розевото не изгледа како возрасна личност, се потрудила ама не.
    Погледнете им ги движењата, гестовите и ќе ви биде јасноо.


    Во сите продавниците сте снимени и во маркети секаде, секогаш се прегледуваат снимките пред крајот на смената од чуварите и секогаш се чуваат тие снимки на лента.

    Поентата е што на овие нема никој да им се јави и ваквиот начин во обид да ги пронајдат девојките им е прост и дрзок, постојат институции кои можат да се справат со тоа.
    Меѓутоа мене ми буди сомнеж дека можеби ги бараат за нешто друго, а не за кражба па не се обиделе преку соодветен човек за тоа.
    Ние можеме да си претпоставуваме само.
     
    На eliesaab и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Врска нема ова што си пишала. Многу добро сум запознаена со законите и системите за безбедност. Самиот лик претставува личен податок, не е личен податок само име и презиме матичен број и слично туку и лицето на човекот и телото се личен податок на една индивидуа. Според законот за лични податоци било која компануја каде што има видео надзор мора да е нагласено дека СТЕ ПОД ВИДЕО НАДЗОР и истите несмеат да се чуваат подолго од 30дена. Тие снимки треба да се третираат како доверливи податоци и ни под никој основ несмеат да бидат пласирани во јавност. Јас да се видам вака одма ќе тужам, си ги знам правата. Друга работа, тие снимки не се туку така кој стигне да ги гледа туку во случаи на гражба и слично...
     
    На eliesaab, BoaVista, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ако си ти ТОЛКУ ЗАПОЗНАЕНА не значи дека никој не може да го истакне својот став.
    Ако си толку запознаена тогаш за што ги бараат девојките?

    Веројатно ме исчита ама не е важно, важно истакна дека ти си запознаена.
    Јас не реков треба да ги бараат убаво изјаснив дека не треба да се објавува истакнав дека таквата постапка е дрска.

    Јас гледам од двете страни ко прво и јас да сум газда на 1 бутик во 1 област без чувар, јас ќе ги гледам снимките бидејќи не секоја фирма има свој чувар.
    Ама да не должам ти си запознаена..
     
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.505
    Допаѓања:
    144.209
    Снимки од камери се вадат само со дозвола од полиција.Има точно определени места од каде до каде смее да снима камерата. Е тоа што нашите газди ги редат како им текне и ги користат за друга цел е друго.
    Закон за заштита на лични податоци.
    Не се објавуваат на фб.Мм пред некое време полагаше за ова.

    Нека ги носи во МВР и нека ги бара, макар и за наградна игра да е.Не смее да објавува јавно.
     
    На BoaVista, Rebecca_R, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Девојче има разлика од тоа што ти мислиш и што е според закон затоа ти пишав што вика законот.
     
    На Rebecca_R, galapce, augustd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Тука не разговараме за закон.
    Тука изнесуваме мислења.
     
  20. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Тоа што лиска го направиле пред се е кршење на законот за заштита на лични податоци, а потоа за повреда на човековите права и јавно изнесување на нечиј идентитет, а ти мисли што сакаш. Темата убаво си е поставена и законот е јасен и гласен, мисли ти пак до утре сабајле.
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.