Барање од претпоставениот

Discussion in 'На работното место' started by Cvet1, Jan 15, 2011.

  1. Cvet1

    Cvet1 Истакнат член

    Joined:
    Jan 11, 2011
    Messages:
    41
    Likes Received:
    6
    Драги пријателки. денес бев на едукација и една од темите беше слободно изразување односно, колку сме слободни пред претпоставениот да му кажеме дека премногу работни обврски имаме кои исцрпуваат и физички и психички (кои ги извршуваме бидејќи ни ги наметнале, а не се наши обврски); или пак колку сме храбри да му кажеме на претпоставениот дека заслужуваме повеќе плата за сработеното и сл.
    Јас искрено сфатив дека најдобро е да кажеме што имаме на ум, но кажано во блага форма , без да добие впечаток претпоставениот дека бунтуваме. Односно, мојот став би го превртела во некоја прашална форма.
    Вие како би постапиле?
     
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2011
    Messages:
    1,056
    Likes Received:
    11,606
    Gender:
    Female
    Многу зависи од тоа за какво работно место станува збор.Ако си во државна фирма,а те вработил преку врска некој над претпоставениот,што и да му кажеш,тој нема да смее да те чепка,секој си го пази своето работно место.А ако си во приватен сектор,тогаш важи правилото:молчењето е злато.Ќе си ја наведнеш убавата паметна главичка,ќе ти поминуваат триста мисли низ главата колку нема правда,ама не си во состојба да се буниш.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,259
    Likes Received:
    67,816
    Gender:
    Female
    Зависи од тоа каков стил на раководење има претпоставениот. Ако е некој што не прифаќа други предлози и ретко ги слуша другите, подобро да си молчиш. А и денеска претежно е така. Ако кажеш нешто може да те земе на пик и да видиш уште поголеми маки.
    Јас имам такво искуство со еден претпоставен, се побунив за нешто и потоа ме мачеше уште толку. Мислам дека се си зависи од претпоставениот. Ипак со тек на време ќе го научиш, па ќе знаеш до каде се границите.
     
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    1,504
    Likes Received:
    5,576
    Зависи дали ќе го изразам слободно и бранам својот став,во приватен сектор не се воодушевувват многу претпоставените да имаш „ставови„. Гледам да премолчам кога не е нешто многу значајно,ама знам и да избувнам во одредени ситуации.На работа секој има право да ми дава и критики и забелешки во врска со работата,не мора да е претпоставен само,ама од тонот и контекстот ќе видам колку се оправдани и добронамерни,па и тука имам праг на толеранција,ама доколку некој само се обиде да ми дава коментари за приватен зивот кои се навредливи или непромислени очи ќе им извадам!!!На едно претходно работно место се подзакачивме со една колешка па не викна претпоставениот кај него и не остави да се испоубиме меѓусебно :D тука пред негови очи,па ни вели „Јас со зени не мозам да излезам на крај„ јас му велам „да,ама ТИ имаш авторитет и право да ни речеш да замолчиме ако не друго и ние мора безусловно да послушаме„.Често претпоставените се големи експерти за одредената област за која се поставени,ама се тапа на тема меѓучовечки односи и справување со конфликти.Барем јас сум имала такви искуства.
     
  5. slobodka

    slobodka Популарен член

    Joined:
    Oct 24, 2010
    Messages:
    2,140
    Likes Received:
    2,722
    Gender:
    Female
    Јас моментално се наоѓам во таква ситуација.Само проблемот не е во обемот на работата туку во давање на обврски кој не се во мој домен.Мојот претпоставен го седнав и со муабет се обидов да му докажам дека работните задачи кои ми ги дава не се соодветни за мене, и дека ако сака да му ги сработам ќе треба да ми покаже некој од поискусните колеги.Ама само со смирено и со искрен разговор, без преправање за моите способности.Едноставно му кажав дека немам искуство со таа проблематика и дека ми треба помош.Тој го прифати муабетот, а за реализацијата ќе видиме, рано е разговорот се одвиваше во петокот.
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2010
    Messages:
    1,117
    Likes Received:
    2,368
    јас работам во приватна фирма без врски. и сум премногу задоволна, барањата на мојот директор му немаат крај :D од она професионалното до тој степен да му најдам кола за купување :D но не ми пречи платена сум добро и од секоја минимална работа учам по нешто. секогаш си го кажувам ставот дури и некогаш сум упорна кога сум сигурна дека сум во право и дека тоа ќе и помогни на фирмата.

    на почетокот ми даваше работа за која немав поима и нормално си го прашував за се и сешто и колешката посикусната од странство ми помагаше цело време. сега сам согледа дека немам време за се и сешто и ми рече дека има во предвид да вработи уште некој понатаму да ми помогне. ние сме како пријатели пред се и никогаш не се срамам да кажам што мислам, затоа на секој состанок кажува како не е способен да направи ништо без мене(не се вообразувам со ова сметам дека никој не е незаменлив затоа и си ја паза работата)

    значи на кратко се зависи од претпоставениот и неговиот карактер, но често тие знаат да ве стават на тест со одредени дадени задачи или мислења па чекаат на вас.
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    3,009
    Likes Received:
    14,817
    Да, морам да се согласам, дека во голема мерка се зависи од карактерот на претпоставениот.

    Ако е некој лев карактер, се најубаво и со среќа, би рекла. Иако би се надоврзала на она што го пишува Цвет. Значи постојат такви школувања за асертивно настапување - самоуверен начин на настапување во одбрана на сопствените права. Значи твое право е да си побараш зголемување на плата, да ти следи одмор итн итн да не набројувам, и секој од нас треба да знае - а ако не знае тогаш да научи како асертивно да настапува пред својот претпоставен.
    За жал многу луѓе почнаа асертивноста да је мешаат со ароганција, па не се ни чудам што во такви случаи настапува конфликт.

    За моја огромна среќа мојот претпоставен е многу човечен и коректен. Кога сум имала некакви проблеми, без проблем знаел да ме разбере и да ми помогне. Плус ок е што е млад - само 6 години постар од мене, така да не си персираме, но се разбира јас максимално го почитувам и не се осмелувам да си дозволам повеќе отколку што можам.
    Но и кога чуствувам дека треба да си кажам нешто и да си ги одбранам своите права или пак да произнесам свои идеи или размислувања кои некогаш не се совпаѓаат со неговите - исто така немам проблем да бидам отворена.
    Кутриот веќе е научен на мене. Понекогаш самиот се смее и ми вели дека сум му интересна како јас единствена не му се тресам, ниту пак не му го лижам бирото - за разлика од другите. Така да сума сумарум за моја голема среќа ми се погоди сосема ок шеф со кој имам многу коректен професионален однос. Не ме злоупотребува а и кога сака да побара да завршам нешто што очигледно не е моја работа, се случува само како исклучок и тоа го прави навистина на многу културен начин за да не ме навреди или налути.
    Со таков однос и самите услови за работа се многу подобри.
     
    milky-candy likes this.
  8. FBI

    FBI Популарен член

    Joined:
    Jul 1, 2010
    Messages:
    1,513
    Likes Received:
    5,299
    Јас се уште не сум во работен однос, но не се сомневам дека слободно би ги изразила моите критики или забелешки :^) . Таква сум и во секојдневниот живот, го кажувам тоа што го мислам.
    Сепак тоа знам да го кажам во блага форма за да не изгледа конфронтирачки и конфликтно :)
    Доколку шефот забележи дека вие не се противите на ништо, мислам дека ќе најде и начин да го злоупотреби тоа (секоја чест на малите исклучоци). Сепак, мислам дека една компанија ја прават сите вработени, тие треба да бидат задоволни и мотивирани а и самиот претпоставен би имал корист од тоа :)
    Колку и да изгледа шефот строг и арогантен, сепак треба да го кажеме нашето мислење јасно и гласно иако можеби се коси со неговите ставови ;)
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342
    Такво ми е работното место да дирекно одговарам со својата работа пред газдата. За било што разговараме отворено во рамки на можностите. И да завршам некоја работа ван мојот домен на работа тој тоа го цени и ме наградува. До сега не сум имала некои преголеми барања од него да неможам или незнам да ги завршам или сл. а и по природа сум да незнам за ,, неможе,, или ,,незнам,,.
     
  10. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Joined:
    Feb 6, 2010
    Messages:
    1,154
    Likes Received:
    13,169
    Gender:
    Female
    Се зависи од карактерот на претпоставениот . Јас секогаш на претпоставениот му го кажувам во лице јасно и гласно тоа што го мислам, барам или очекувам . :) И до сега не сум имала проблем .Задоволен е од мојата работа а и јас како претпоставена задоволна од тимот со кој работам , затоа што истите се добро избрани и ми се како семејство ... долги години сме заедно а фирмата е наш втор дом :) во кој поминуваме дел од денот има шала, дружење, и работа се разбира :)
     
  11. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Joined:
    Jan 4, 2012
    Messages:
    365
    Likes Received:
    51
    Јас сум слободна и храбра и секогаш ја кажувам вистината во очи а не зад грб.Па ова важи и за и за претпоставениот.Значи јас немам претпоставен па немам и многу искуство во тоа.Но мој совет:
    Храброста се цени повеке од срамежливоста!!!!!!!!