Барби е американска фантастична комедија од 2023 година во режија на Грета Гервиг. Беше направен по модел на куклата Барби во продукција на Mattel и е првиот долгометражен филм за Барби по неколку анимирани филмови. Главната улога и припадна на Маргот Роби, додека Рајан Гослинг го толкува Кен. Дали го гледавте?
Јас го изгледав на премиера на кино. Навидум делува како тралалајка филм за деца, но пораката уствари е многу подлабока-се однесува на борба за еднаквост меѓу половите (жени спрема мажи). Воедно, Маргот Роби и Рајан Гослинг многу добро ги играат улогите на Барби и Кен.
Ептен ми се допадна филмот. Пастел и весел, а уствари зад та фасада обработи многу важни општествени теми. И е ептен освежително да гледаме на барби вака, како феминистрички подвиг, а не критика за се шо постои. И толку човечност имаше во него. Спојлер Во врска човечноста прв пат солза пуштив на сцената со бабата. Буквално тогаш бев спремна да видам "човечна" барби шо не стреми кон перфекција и совршенство ама е спремна да го види цел круг на животот и како и да си стар е уствари убо. Многу ми се допаѓаа деталите околу конекцијата на барбиленд и реалниот свет. Дека нели, чудна барби е барби со која децата играа прејако и сега е со сечена коса и шкртана по лицето. Дека да, лебди барби од горниот спрат на куќата дирек во колата, ама би било чудно рака да ја движи. Спојлер Омилена сцена со зошто така лежат барбиките: И зошто рекламата после сценава кај шо збора за барби во депресија ме нападна на лично ниво. Се на се одличен филм. Не е многу долг, цело време е динамичен а пак успева да кажи то шо сака. Во врска со гледање онлајн, после премиера во кино, барем 3 месеци не се наоѓа снимка шо не е снимана од кино проекциите.
Во септември ќе биде ставен на HBO. Јас одвај чекам да го гледам деновиве во кино. Нема филм од Греота кој не ми се допаднал.
На Кен песната уште в гла ми се врти леле. 'Cause I'm just Ken Anywhere else I'd be a ten Is it my destiny to live and die a life of blonde fragility? I'm just Ken Where I see love, she sees a friend What will it take for her to see the man behind the tan and fight for me?
Ми се допадна,има содржина и пораки филмот. Единствено,ми сметаше пеењето,но тоа не го сакам во никој филм и мислам дека е подобро без такви делови,ама тоа е..
Целата приказна е онака, океј. Мислам дека би можело да има доста подобрување, посебно ако на крајот некако беа вклучени Саша и мајка ѝ. Бидејќи мислам дека нејзината приказна беше двигателот за случувањата во Барби светот? Меѓутоа, знам дека во филмов голем удел имале и Мател, така да не верувам дека имало некоја преголема креативна слобода, ко што кажа Грета и монологот на крај сакале да го тргнат. Меѓутоа сѐ на сѐ, многу ми се допадна филмот. Не е ништо екстремно, ниту па се шири кој знае каква пропаганда. На крај жена сепак наоѓа разбирање за маж. За транс барбиката, најверојатно сигма хронично онлајн мажи гуглаат по цел ден транс жени, јер нема друг начин да препознаеш дека глумицата е транс. Имам кажано и претходно, сакам високобуџетни филмови, бидејќи секогаш искуството е друго. Од најситни детали ко што кажа Демонка, до музика, до ефекти... Еден easter egg што највеќе ми се допадна, е тоа што најверојатно девојчињата што не ја сакаа Барби, уствари ги претставуваат Bratz. Дури девојчево Саша се викаше, што е име од ликовите на Bratz. И да, одвај чекам дома пак да го гледам бидејќи во кино колку што има предност визуелниот и аудитивниот момент, толку ти го одзема вниманието грицкањето на чипс на тие до тебе, македонскиот превод, превртувањето по скали на луѓето кога одат нагоре надоле...
Модернизам со интересно видео за Барби https://www.instagram.com/reel/CvNLIOKrkqK/?igshid=NTc4MTIwNjQ2YQ==
Една буква вишок има во линкот. www.gledalica.online, ама секако никаде го нема во HD, камера снимка е, не би гледал јас така.
Од денес летото во Cineplexx е кул! Со секој купен билет, собери еден дел од сложувалката. Кога ќе ги собереш сите 4 делови добиваш Летно Макси Мени бесплатно! Оваа акција трае од 5 август до 1 септември 2023 година!
Не ми се допаѓа валкање на детски играчки, ама ај го гледав ради хајпот во светот. Одлична глума на Марго Роби и Рајан Гослинг (пеењето not so much), иако се стари за вакви улоги. Ама, првите 30 минути од филмот се досадни.
Сеуште не сум го гледала филмот, доколку го даваат во иднина на hbo нема да го пропуштам, ама нели двајцава не се малце стари за улогата? Сметам дека некои од помладиве генерации подобра варијанта би била