1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бартолиниева жлезда/циста

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Gea, 22 септември 2011.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Бартолиниевите жлезди се наоѓаат на секоја страна од вагиналниот отвор. Овие жлезди лачат течност која помага во подмачкување на вагината. Понекогаш, отворите на овие жлезди се зачепуваат, и предизикуваат течноста која се лачи да се враќа во жлездите. Резултатот е релативно безболен оток, наречен Бартолиниева циста. Од време на време, насобраната течност може да се инфицира, резултирајќи со гној опкружен со воспалено ткиво (апсцес).


    Симптоми

    Ако цистата остане мала и нема инфекција, тоа може да помине незабележано. Но, доколку таа расте, тогаш може да се почувствува јазол или топче на допир.

    Ако цистата се инфицира, може да се имаат следниве симптоми:

    - болен јазол или грутка во близина на вагиналниот отвор
    - непријатност додека се оди или се седи
    - болка за време на секс
    - треска

    Причини

    Експертите веруваат дека причината за Бартолиниева виста е насобирање на течност. Течноста може да се насобере кога отворот на жлездата постане опструиран (зачепен) поради локална инфекција. Откако цистата се инфицира, може да се формира апсцес. Голем број на бактерии може да ја предизвикаат инфекцијата, вклучувајќи ја Ешерихија коли, како и бактериите кои предизвикуваат сексуално преносливи болести, како што се гонореја и хламидија.

    Дијагноза

    За да се дијагностицира Бартолиниева циста, лекарот може да:

    - поставува прашања во врска со медицинската историја
    - да изврши карличен преглед
    - да земе примерот од секретот на вагината или грлото на матката
    - да препорача земање на биопсија (парче ткиво) ако се сомнева за канцерозна лезија (најчесто кај постменопаузални жени или постари од 40 години)

    Лекување

    Често, Бартолиниевата циста не бара лекување, особено ако е асимптоматска. Кога е потребно, третманот зависи од големината на цистата, степенот на непријатноста која ја предизвикува, дали е инфицирана и дали има апсцес. Постојат неколку опции за третман, и тоа:

    - Ситови бањи. Понекогаш, седењето во бања до половина во топла вода (ситови бањи), неколку пати во денот, во период од 3-4 дена, може да помогне во прскање на цистата и нејзино дренирање.

    - Хируршка дренажа. Ако цистата е голема, тогаш се пристапува кон хируршка дренажа, под локална анестезија, се прави инцизија (засек) и се отстранува насобраната течност или гној од цистата.

    - Антибиотици

    - Марсупиализација. Хируршка постапка која се користи за да се спречат рецидивите на Бартолиниева циста. Слична на хируршката дренажа, со овој метод се ставаат конци на секоја страна од направената инцизија, за да е креира перманентен отвор од околу 5 милиметри.

    Автор: За Здравје

    Јас имав проблем и чувството е премногу болно.Не ни знаев за што се работи и на своја рака земав антибиотик и маст Гентамицин.Отокот се повлече и се смири.Не можев ни да одам, ни да седам, ни да лежам.Оттогаш наваму не се појави повеќе.Да споделиме искуства.
     

    Прикачени фајлови:

  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Пред неколку месеци и јас си имав ваков проблем, ама не ме болеше и не беше многу голем отокот.Сепак беше непријатно и само се повлече за 2-3 дена.Оттогаш за среќа не се појавила.
     
  3. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    И мене ми има излезено 2 пати ама за среќа за 2-3 дена ми поминува со почесто измивање со чај од камилица и после тоа мачкање на павловичева. Е сега може не било баш тоа тоа што толку брзо ми минело ама битно болеше многу и плус како топче го осеќав како лојна жлезда некако.
     
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    И мене ми се појави,ми отече,и пустата не знаев што е.Мислев обичен оток,и ме болеше многу. Ставив ладни облоги,и помина за 1 ден.

    Не знаев дека било нешто вакво...Се појави одеднаш,и исчезна...
     
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.654
    Допаѓања:
    121.699
    На сестра ми и се има јавено оток.Влезе да се тушира и излезе со огромен оток на жлездата :( Се изми со камилица и се намачка со павловичева и сабајлето и го снема.Потоа мајка ми кажа дека и таа била така :worried: мислам и дека се оперирала,така нешто.
     
  6. 135-5

    135-5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    5
    и јас го имам овај проблем само што кај мене стана многу долг и сложен.и јас имав оток и незнаев што е пиев антибиотик и не делуваше,стигнав до дренажа и ме сечеа.имав есерихија коли и ми се префрле вагинално.примав какви све не инексии и таблети ама не делуваа.зедов комбинација од цаеви.сето ова се случи март годинава ама осекам дека пак поцнува да ми потекува на истото место многу ми е страв да не ми се направи истото пак но само е потечено а не ме боли мозам слободно да одам се движам све.а маста гентамицин дали се зема без рецепт.поздрав
     
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Гентамицин може да се земе без рецепт.Јас го користев во комбинација со капсули Ампицилин.По два дена ми помина и редовно се миев со камилица.Големината на отокот беше скоро како орев и ненормално ме болеше.Се појави само еднаш пред 4 месеци и толку.Оттогаш ми се нема појавено.
    Пробај на ваков начин, со маст и антибиотик и никако немој да користиш средства за интимна хигиена,само чај од камилица и ќе ти помине.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.088
    Мене ми се појави зимата и со сигурност беше од средство за интимна нега (кливен ако се прашувате кое),фелче азура гел и толаетна перфекс миризливата,трослојна.Тоа беше троен удар за такво нежно место.Освен што ми се деси страшна иритација,се деси и ова чудо.Сва среќа откако престанав све тоа да користам,се повлече за 3-4 дена. Јас знам дека многу не одолеваат на моментот да не ја стискаат и допираат (о да колку и да негираат,матичниот гинеколог ми кажа,вика сите лажат,а сите чепкаат мислат ќе го стиснат ќе истече,нема да бидат толку комплицирани и страшни ако не се чепкаат).Јас ништо не правев особено,само си седев на топло термафорче,кантарион и измивање со камилица и ми помина и не стигна да стане поголемо од лешник.
     
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Гледам дека не сум била само јас овде со оваа циста.Ми се појавуваше на секои шест месеци 3 факинг години :doh: ненормално болеше,не можев да одам.Поминував некако со инекции и апчиња ама на крај ме пратија во болница.Луге,ме сечеа без анестезија :x низ цел спрат се слушаше моето пискање а докторот ми вели не лажи де не те боли толку.И сама не сум свесна колку гној истечче.Сега за срека од тогаш не ми се појави ама јас си ја знам болката |(
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Мене ми се појави во исто време кога добив циклус, а бидејќи имам доста нередовни циклуси и микроцистични јајници, немав добиено скоро 3 месеци.
    Отпрвин немав појма за што се работи.Редовно користев интимни гелови за хигиена, ставав Every Day миризливи влошки, а ми се случуваше на работа кога одам во вц, да се бришам со влажни марамици и си претпоставив дека ми е некоја инфекција од тоа.И не го чепкав, отпрвин малку болеше, па се повеќе и повеќе, додека не стана неподносливо, не можев ни да одам, ни да лежам, ни да седам, ништо.И со Гентамицин и Ампицилин, ми се намали, се повлече и веќе не се појави.
    Лилит и двете имаме проблем со тироидната, да не постои некаква поврзаност или влијание од тироидата врз оваа жлезда? Некако ми е сомнително, бидејќи пак се работи за жлезда,а веќе не знам дали станува сугестивно, се имам впечаток дека нешто почнува да ме боли и под левата пазува.
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.088
    Нема шанси.Оваа жлезда не лачи никакви хормони,туку како што пишува во описот на темава,за подмачкување.Тоа ти е исто како да бараш поврзаност со потни жлезди. Од запушување е или пресушување,па пустата на мака,се труди лачи повеќе и се случува тоа или како што си пишува од бактерии кои се вгнездуваат и прават процес.Иако ми кажа дека може да се деси и од кандида и преголема иритација.
    Така што тешко веројатно дека е поврзано со неа.
    А за болката,јас ја споредувам ко афта во уста,пута 100.Ептен незгодна и непријатна болка.
     
  12. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Има 2 состојби поврзани со Бартолиниевата жлезда. Едната е акутно воспаление на жлездата или Батолинитис, и втората циста на Бартолиниевата жлезда. Значи не е исто воспаление и циста. Овие жлезди се наоѓаат обострано под големите усни, а нивниот секрет се излива на внатрешната страна на малите усни од срамницата. Лачат слуз кој се зголемува на почетокот и во текот на сексуалниот однос.

    1. Акутно воспаление на Бартолиниева жлезда:
    -најчесто еднострано, многу ретко може да биде обострано;
    -сите знаци за воспаление rubor (црвенило), calor (топлина), dolor (болка), tumor (формацијата може да достигне големина на јајце од кокошка)
    -покачена телесна температура и треска
    -најчесто предизвикано од бактериска инфилтрација и тоа стафилококи, стрептококи, ешерихија коли;
    Со влез на бактерии во изводниот канал настанува инфекција, од инфекцијата настанува прво мал оток кој го затвара изводното каналче на жлездата, така што самата жлезда се полни со слуз и гној и настанува абцес (гнојна циста). Може сам спонтано да перфорира, или пак се прави инцизија - засек за да се испразни бидејќи така антибиотикот делува подобро и на помала површина. Лечење со антибиотици, дренажа ако е потребно, ставање на ладни облоги на местото на инфекција и за многу критични случаи можно целосно одстранување на целата жлезда (многу, многу ретко).

    2. Бартолиниева циста:
    Само тврда формација без никакви знаци за воспаление. Нема болка, нема црвенило, нема температура. Исто и оваа циста може да порасне до големина на јајце од кокошка, и е подвижна не е фиксирана за кожата. Терапијата се состои од комплетно хируршко одстранување на цистата. Не се даваат антибиотици ова не е предизвикано од бактерии. Самиот канал на жлездата претрпува цистична дегенерација со што се задебелува и не дозволува секретот да се излива надвор, со што жлездата се исполнува со серозна стерилна содржина.
     
  13. sadbaby

    sadbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    12
    пред нецела година наеднаш од нигде никаде ми се појави мало отекување, ајде реков не е ништо после ден, два се направи огромноо поголемо и од орев, ме сечеа, и како последица едната вагина ми е помала од другата, понекогаш пак ми се појавува моментално и сега, се премачкав со кантарион масло, и на секојдневна влошка истурибв од истото се надевам ќе се повлече. зошто пак се појави? секогаш ли ќе излегува? што да му правам сега за да се повлече????
    помагајте... :( :sweat:
     
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Бартолиниевата жлезда е парна жлезда, така да најверојатно ти се појавила, ама сега од другата страна.Не би требало и по хируршката интервенција повторно да се јавува на исто место.
    И мене некако ми зачести со појавување во последно време, иако не сум правела операција, но многу ми помага мастот Гентамицин.Тој е за надворешна употреба и штом ќе го намачкам отеченото место, или се повлекува или почне да се дренира и многу ми олеснува.
    Пробај,можеби и тебе ќе ти помогне.
     
  15. KaterinaXoXo

    KaterinaXoXo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    и јас имама bartolin циста мозе негде 2 години ке ја снема и пак се појавува. Ве молам писте ми некој лек тие сто сте ја имале и ви ја снемало, од сто,како?
     
  16. Emceanteska

    Emceanteska Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Zdravo na site,

    CEkam da odam na otstranuvanje na zlzedava, ogromna e ama ne me boli, mojata doktorka mi preporaca da odam na GAK vo drzavna. KOj ima iksustvo ve molam da mi pise tuka ili na pp. Strasno zvuci toa drenaza, secenje... i dali ima nekakvi garancii deka nema pak da se vospali?

    fala

    pozdrav
    Emilija
     
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Бартолиниевата жлезда е парна жлезда, значи ја има на двете страни на вагиналните усни и доколку се отстрани целосно (и од двете страни), тогаш не постои ризик повторно да се активира и воспалува.Но доколку се дренира и засекува, постои ризик повторно да се појави.
    За да не се повторувам по неколку пати, прочитај ги мислењата наназад, мислам дека ќе најдеш соодветни, но привремени решенија, во споредба со целосното отстранување кое е веќе трајно решение на проблемот.
    Обично се практикува целосно отстранување кај жените над 40 годишна возраст, поради зголемен ризик од канцер.
     
  18. Emceanteska

    Emceanteska Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Драга Gea, ти благодарам на тебе, а и на сите останати за одговорот. На интернет има многу информација околу овој проблем. Јас сакав и сеуште сакам совет како да се подготвам за и после интервенцијата. Дали некој може да препорача каде да одам или каде да не одам. Мојот гинеколог (жена) рече дека таа не се осмелува сама да пипа и најверојатно ќе побара помош од ГАК, дали е таму чисто, и дали ќе ми дадат анестезија. Читам од постовите и не знам дали не е попаметно да одам на друго место, Систина и Ре-Медика ми се скапи на неколку мест по приватни ординации ми кажуваат цена околу 400 Евра.
    Се надевам дека после се ќе можам да ви бидам на сите од корист и ќе го поделам моето искуство, сега ми требате вие....
     
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Немам такво искуство, но некаде прочитав дека операцијата се прави со анестезија, а мислам дека и истиот ден се излегува од болница. И логично е да е под анестезија, сепак е операција.А за друго не сум информирана.
     
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    ^

    Мене лузерот ми ја интервенира без анестезија :fubar: ме чуваше 2-3 дена,едвај одев и ке ми вика дека не е ништо страшно.Од тогаш во болница кај него НЕ .!.