Девојки како се справувате со бебешки влакна значи мене ми е многу голем проблем, многу ми сметаа. Ќе ја испеглам косата ќе ги дигнам шишките со шноличка и еве ги тие ми го красат челото . Сум пробала и да ги скратам но си направив уште поголем проблем-почнаа да ми растат повеќе. Ниту со лак за коса, ниту со гел за коса никако не можам да ги направам да не се гледаат. Некое ваше решение за проблемов? п.с Не видов ваква тема (ако има право во канта).
Истиот проблем ако некој знае нека каже , а јас ја прашав фризерката и таа ми рече никако шишање зошто ке раснеле повеќе
И јас ги имам лево и десно од челото. Праат проблем, али никако сечење, тогаш ке биде полошо.. многу ме нервираат
И јас ги имам ама за разлика од вас многу си ги сакааам и интересни ми се ... Инаку не знам дали можат да се отстранат ...
и јас имам, ама порано имав повеќе сега помалце.. не ми сметат, а тие после некое време ќе пораснат како и другите влакна на косата
И јас имам од левата страна на аголот од косата и многу ми пречат понекогаш.Ако некој знае лек,нека го каже одма,тука,веднаш!
И јас имам и многу ги мразам,посебно од левата страна и пред нова година фатив ги издепилирав па сеа незнам какви ќе станат
Кога ќе ја фатам косата , не ми се познава дека ушите ми се клемпави од бебешкиве влакна . Па замислете колку ги иам .. И да ми е права косата , секогаш имам некое извртено праменче
Исто и јас имам бебешки влакна,не многу,ама ги има,како антени се но не ми сметаат и онака имам полувиткана коса,па и не се приметуваат многу.
Јас имам многу кај слепоочниците. По правило тука треба да има малку, но јас имам многу. Лек колку што знам за нив не е излезен, имам правено муабет со фризерката и ми рече дека не е возможно целосно да ги прикриеш. На почетокот ми сметаа многу, сега веќе не ни ги забележувам, се навикнав. Имаше една девојка на јутјуб како вешто да се сокријат покажуваше, го барам видеото, но не можам да го најдам. Ако го најдам ќе го постирам.
И јас имам кај слепоочниците, ама дур не го прочитав твојов пост, ги немав ни забележано. Имам и по целата линија на косата, ама не ми претставуваат некаков проблем, бидејќи 98% од времето сум со густи шишки.
И јас ги имам, не многу но имам. Како може да ви сметаат, јас дури не ги ни приметувам. И баш слатко ми изгледаат
И јас имам бебешки влакна најмногу кај слепоочниците и напред.Кога ги фатам шишките со шнола многу ми се познаваат постојано ми се прчат нагоре
Мислам не постои некој кој нема бебешки влакна. Тие се нормална појава. Порано ги мразев и ги кратев со ножици, но еднаш се зафркнав и од немарност си пресеков цел прамен од косата. Носев стегачи за коса додека не ми потпорасна. А сега ги обожавам, многу ми се слатки. Не ми пречат воопшто. Кога почнав да ставам рицинусово масло, тие што тогаш ми беа бебешки, сега ми пораснаа долги како шишки. А сега имам нови.
Ги имам многу, но исто така имам и виткана коса, па воопшто не ми пречат, дури интересни се ми. Не знам со што би можеле да ги отстраните :/
Имам еден куп кај слепоочниците назад над вратот (не знам како поинаку да објаснам ) и едно перче точно насредина на челото. И имам права коса, а перчето се витка настрана И ако патецот ми е налево, тоа е надесно, ако патецот ми е надесно, тоа забегува налево. Нема спас. Ме нервираат што не можам да ја фатам косата, како со сателити сум, ама пресреќна сум што ми растат, така се надевам дека ми расти косата, бидејќи едно време немав ниедно бебешко влакно.