Здраво мамички,јас се уште немам дипломирано и студирам на прилично тежок факултет.Ова ми е прва бременост и сега сум на крајот а исто така решив да продолжам со факултетот.Периодов сум насочена кон бременоста и неможам да се концентрирам на испитите.Како и дали вие успеавте да дипломирате?Јас сум разочарана од самата себе затоа што изгубив многу време на студиите и сепак на крај останав без диплома.
Не сум била во таква ситуација ама не го оставај факултетот. Најдобра опција е да го ставиш во мирување ако моментално не можеш да се насочиш на испитите.
Се наоѓам во истата ситуација, само што веќе сум породена. Додека бев бремена си ги положив сите испити, си продолжив со факултетот исто како и претходно што беше. Само што се породив, по еден месец веднаш почнавме со настава (4та година). Ние сме онлајн, продолжив како редовен студент сѐ со цел да не ја изгубам стипендијата со просек бидејќи тие пари ми се единствен приход. Да не беше тоа, ќе го оставев барем една година во мирување, па ќе продолжев како вонреден. Многу ми е тешко, ненаспана, неодморена, имаме и обврски што треба да се завршени за секое следно предавање, а еве почнува и колоквиумска. Бебето ми е неспијач, голем плачко, врзан за мама, немам кој да го почува, не знам како ќе се истурка овој семестар. Така што, од искуство би ти рекла да паузираш колку што ти е потребно. Факултетот секогаш можеш да го завршиш, а и не е дека без него не можеш да се вработиш.
Se ke bide kako sto treba i fakultet ke se zavrsi i deteto ke porasne Sekoj moze da zavrsi fakultet vekje i pismeni i nepismeni i so pari i privatno i so vrski i sekako. Kako sto napisala clenkata pogore fakultetot sekogas mozes da zavrsis a i bez fakultet moze covek da raboti se razbira rabotime za opstanok hrana alista i slicno Sakame fakultet za da rabotime na polesna rabota no i bez diploma privremeno mozeme da rabotime Majki vie si znaete najubavo dali ste blisku do fakultetot ili podaleku ili od drug grad ama spored mene najubavo e mala pauza da si se nasocite kon bebeto deka deteto ne sekogas e bebe ke pomine i toa a najubav period e zaedno so bebceto i vie ke rastete ke igrate barem kogs mu ste najpotrebno da ste do bebe Ponataka se ke bide i na 22 i na 25 i na 27 moze da se zavrsi fax a duri i na 50 Voopsto ne mislejte na fakultetot uzivajte vo najubaviot period bremenostta i majcinstvoto toa ne se vrakja❤️ Vi posakuvam se najubavo na porodenite da uzivat, a tie sto ke se porodat lesen poragjaj
Ќе завршиш, не се откажувај, нека ти помагаат и со чувањето на бебето кога ќе се роди, што побрзо го завршиш тоа подобро за твојата и иднината за бебето, повеќе можности. Ти треба само добра организација и помош од партнерот и твоите и неговите родители ако можат секако. Ако треба и стави ги во мирување студиите една година до две, но гледај да си го завршиш.
Мајка ми запиша и заврши факултет додека јас и брат ми бевме мали. Секоја вечер кога ќе си легневме ние таа учеше. Се се може ако се има желба и ако се сака. Штом си стигнала до 4та, не се откажувај од факултетот.
А зошто си насочена кон бременоста? Што толку бара ментална посветеност во неа... Точно обратно, сега имаш време да се посветиш на уште некој испит додека да дојде бебето. Потоа факултет во мирување година-две, па нека помагаат родители, сопруг, другарки, сеедно. Ќе завршиш само многу упорност и посветеност. Како што и дете бара посветеност, така и тешкиот факултет. Направи план. Со ова не се сложувам, имањето дете е нова фаза од животот која бара особена посветеност, и ако е многу тежок факултетот жените што немаат поддршка од дома не успеваат да го завршат.
И јас ви се приклучувам во темата со малку страв и големааа верба во себе дека ке успеам да се организирам и да продолжат на факултет и да бидам супер мамичка. Малку ме плаши тоа што имам право да го ставам во мирување само една година и на мојата струка неможеш вонредно. А ќе морам да појдам како редовен студент кога бебенцето ќе ми биде 5 месеци.
Ајде мајкии студентки ќе биде се во ред. Цела бременост ја истерав со онлине предавања, колоквиуми, испити се помина како што треба имав поддршка од професорите и секогаш ми излегуваа во пресрет. Редовен студент сум завршив 4та сега ми останаа уште неколку испити до дипломирање. Тешко е, ама кога бебе спие тогаш одам јас во напад за учење и спремање испити. Не се брзам на сесија спремам по 1 предмет само се трудам и се надевам до септември дека ќе дипломирам ако оди се како подмачкано Едит: @blue9 душо гледај што можеш да завршиш пред да се породиш, после додека да си земеш ред со бебка ќе ти треба повеќе време.
Мене не ми се допаѓа тој концепт на паралелно студирање и бременост/бебе, и мислам дека тие периоди од животот треба да се одвоени, значи еднаш во животот си мајка, и два пати да се, треба да му се посветиш на детето најмногу што можеш, потребна си му, од друга страна пак бременоста, и тоа е еднаш или два пати во животот и треба да е нешто убаво.. Од друга страна пак процесот на студирање, тоа е исто така еднаш во животот, тие се оние години во кој најмногу имаш за учење ама од друга страна пак и покрај се се такви убави и безгрижни години... Мислам дека е грешка да си бремена и да студираш во исто време, ако веќе сакаш да бидеш мајка и да чуваш бебе стави го факултетот во мирување една или две години со извод од детето може, па после детето ќе тргне во градника и ти ќе можеш повторно да се посветиш на факултетот и да градиш кариера.. Иначе ако сега го завршиш, па после тоа паузираш одма од кога ќе завршиш за да го чуваш детето, па повторно бараш работа од струка после неколку години од кога ќе дипломираш со 0 искуство тешко дека ќе најдеш... Тоа на самиот работодавец ќе му биде доволен доказ за да не те прими на работа бидејќи ако ти така за секоја бременост те нема 2-3 години каде му е него ќарот..
Знам примери кадешто и покрај децата, завршија факултет и се вработија. Но, познавам и личности кои не биле бремени за време на факултетот, па не дипломираа. Се зависи од ангажманот и организацијата на времето. Не сметам дека е погрешно ако некоја во исто време студира и е бремена. Живејте го својот живот како што сметате дека треба, не како што другите велат дека треба.
Уф уште животот да беше толку едноставен па сите работи да течеа по некоја....правилна линија (се зезам) Да убаво е доколку овие две работи се тотално одвоени периоди од твојот живот, ептен ќе биде полесно и поубаво за тебе итн итн Но тука е сосема друга ситуација.... Мој совет е да се слушаш себеси и пробај, ако можеш супер ако иде тешко, во мирување ама не е проб. да пробаш и да видиш. Никако не се обесхрабрувај и само напред
Јас бев 4та година кога се породив и беше многу тешко искрено кога гледав колегите дипломираат јас одложував испити затоа што не можев да стасам, немаше кој да ми го чува бебето за да се посветам на учењето. Но ете малата малку си пркна, повеќе спиеше и цело слободно време што го имав го користев за учење па си го завршив факултетот. Можеби не беше во рокот кој го очекував, се оддолжи околу една година но, успеав и сигурна сум дека доколку сакате и имате поддршка од партнерот може да се постигне. Така што со среќа на сите што сте во таква ситуација и не губете надеж, дајте си време испит по испит ќе си давате кога можете па на крај ќе се радувате заедно со најмилото покрај вас
Јас имам уште 8 испити а деновиве ми е терминот за породување и нема шанси да дипломирам пред да се роди.Очекувам помош од сопругот за чување но страв ми е кога ќе треба да полагам да не нема кој да го чува зошто сите околу мене се вработени.
Цел живот си мајка. од моментот кога си бремена, до крајот на животот си мајка. Ако се сака, се може. Јас у друга држава бев на студии, ме немаше со денови, учев ноќе и по патишта, детето имаше и сипаници, и грип и се. И завршив и тоа со висок просек. детето ми беше 2 и пол год кога почнавм на 4 и пол нејзини завршив. Затоа имаат децата по двајца родители.
Воопшто немој да се грижиш. Секако дека ке завршиш факултет, ке пркне бебето, ти ке си по растеретена и ке можеш да учиш. Има многу мајки со деца што завршиле факс. Меѓу кои и мојата другарка. Немој да го оставиш факултетот. Заврши тоа што си почнала. Само биди упорна и со добра организација ке ги положиш испитите. Дали си дипломирала на време или подоцна не е битно, тоа не е мерило ниту некаква предиспозиција за успех во иднината.
Имаш ли барем помош од некого? И какви ти се навиките за учење? Јас магистрирав со бебе, ама јас учев ноќе, преку ден преспивав со нејзе, а кога веќе бранев тезата малата имаше година и 4 месеци, ќе заминевме двете кај мајка ми, ноќе спиеше со мајка ми а јас пишував и учев од 21ч кога ќе ја успиев до кај 4-5ч по полноќ. Додека се многу мали и многу спијат, тогаш мене уште полесно ми беше. Кога се породив веќе бев почната со магистерските студии прва година, немав предавања многу, малку бевме и ме толерираа искрено, а и олеснето ми беше што контактиравме се по емаил и одев само на испити, тогаш ќе и дадев млеко и мајка ми ја чуваше 2-3 часа додека завршам испитот. Можеш да завршиш верувај. Не знам на што факултет си, мојот немаше многу пракса па да беше морално присуството, затоа и мислам лесно минав. Со лесно се, не се откажувај
I jas teram magisterski so bebA...sreka online e poveke radi koronata pa ne propustam mnogu. 2.5mes koa imase polagav ispiti isto online,ona si bese so maz kaj baba i i so sise molzeno. Ke si napraite red na bebe da zaspiva porano,toa sekako e preporaclivo i posle ima vreme za ucenje.
Едноставно некои работи не одат по книга.Сите предизвици што ни ги носи животот, треба да ги прифатиме и да не паѓаме. Може да учиш и додека си жив и да одгледуваш семејство и затоа поддршката е битна. Докторите и откако ќе дипломираат,цело време се со книга. Тие кога да станат мајки?