1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бегство од балканот-како до реализација?

Дискусија во 'Барање работа' започната од razocaranata, 24 септември 2017.

  1. razocaranata

    razocaranata Активен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Самиот наслов кажува се-Дали има разочарани феминки кој што со малку пари успеале да се преселат на подобро место? Како да успееме без финансии?
    И како без истите да се замине на студии далеку од овде и на работа?
    Сакам да се преселам, знам каде но немам услови, дали има некоја со сличен проблем?
     
    На Nigredo Odor и Arthur им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Кога ќе ми пукне филм од тоа колку труд овде се вложува за ситни пари, кои не се доволни за комотен филм, си велам „Ахххх, да сум на запад со овој труд пари ќе заработев“. Но, не оди лесно. Во Македонија сум уште. Ако некој знае начин нека пише. Некогаш многу ми здосадува и од народот овде. Од таа злоба и конкуренција која ја има на работа и во секојдневен живот, па макар било и за плата од 200 евра.
     
    На Nigredo Odor, Victorian, Βικτωρία и 4 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира...
     
  4. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.313
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Еве како. :hai:
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, cresa-jagoda, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  5. parksey

    parksey Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    i za blgarski pasos treba mnogu kesh i vrski
     
    На Nigredo Odor, Victorian, Arthur и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Passenger

    Passenger Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Машки
    На Запад има илјадници беќари кои би сакале да се оженат со девојка од странство, затоа што не можат да најдат во своите средини (таму жените се или зафатени, или сакаат да бидат независни). Ете и тоа е еден начин за девојка да замине од земјава, ако и’ е дотолку работата. Ја лично познавам такви момци од USA, AU и други места. Они чак ме прашуваат дали познавам сингл девојки. Е СЕА, да бидеме реални, тие момци не се холивудски ѕвезди и немаат милиони, него се рецимо некоја средна класа. Можда не се идеални у све, може некој ќе има голем нос или големи уши, али у принцип се ок. И треба да знаете дека откако ќе се замине таму, пак ќе има проблеми, ќе мора да се работи многу, нигде пари не паѓаат од небо, па ќе има разни бирократии, папирологија итн... Но белким ќе биде боље него овде. Зависи како коме ќе му се погоди. И к’смет игра улога. Све си има нег. и поз. страни. Но џабе муабетов, се плашам дека (еден добар дел) од нашиве девојки се премногу арогантни и пребирливи, може маани ќе им бараат, па типот не изглеал ко Бред Пит, па безвезе се облакал, па не искачал по ’шема места’, па не го знаеле на врата у таа-и-таа дискотека, па ова, па она и слични незрели муабети.
     
    Последна измена: 27 септември 2017
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  7. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    ^ Абе да е така лесно тоа, мажи се и спаси се...

    Не е се во лепотата друже, ризикот на таквото мажење е голем поради ред други причини, а не поради тоа што не бил убав, не излегувал по дискотеки и не слушал добра музика. Ти со таа личност треба да живееш и да споделуваш се, а фактички не ја познаваш ни 2%.
    Познавам луѓе кои работат со посредништво на жени од Албанија со неженети мажи од Балканов и верувај дека има мноогу случаи каде жените се враќаат назад поради тоа што мажот ги малтретира физички и психички. Ако жената се омажила од некаков интерес тогаш не треба да се третира како робинка за да го врати "долгот".
    Настрана и тоа што ако се омажиш на непроверено без никакви легални агенции не знаеш со кого се си имаш работа па така далеку можеш да завршиш во некој ланец за трговија со луѓе а у најлош случај и со органи. На се треба да се размислува и не се впушта така наивно во озбилни работи.

    А инаку во врска со темава, па без финансиски услови не можеш многу да постигнеш. Разгледај има агенции кои посредуваат за семејства кои бараат бејбиситерки или нега на стари лица или некоја слична работа со која нема да си во голем трошок и ќе живееш заедно со семејството. Понатаму може да ти помогнат да најдеш попристојна работа или евентуално - да се омажиш. :)
     
    На Nigredo Odor, IM.TMKQ, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Passenger

    Passenger Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Машки
    PaLaVa, ама сигурно дека прво ќе има запознавање, скајп-мајп, па типот ќе дое, па кафиња, шетања, ќе се види со родителите на цурата итн... Кој рече одма брак? Еве ја иам девојка у странство, нит ја продадов у бело робље, нит за органи, нит она мене. Мислам муабетов отиде у хорор.

    ОК е претпазливост, се согласувам со тебе, ама па со толкави паранои не се стига ни до Табановце, а камоли на Запад. Добро, може мојава идеја не е нај-нај, но ете бар нешто.

    Е сеа да, има секакви будали у светов, има и семејно насилство, мањаци, психопати, злоупотреби од секаков вид. Спомнав имам познаници сингл странци, ама ако се странци не се животни да му се сневиди, луѓе се. Колку што ги знам, ок се.

    Па и самите мажи си се пазат, постојат злонамерни жени кои може да ги искористат за државјанство или за пари или сл. Какви злобни има, ма ќе му намести развод, и куќа, и кола и деца ќе му собере и све (да не давам некому идеи).

    А дека некој специјално ќе жени македонка за да ја праи бело робље, тоа не е реално. Тој странец ќе треба да пројде 300 препреки дур ја однесе таму и дур ја ожени, има бирократии и папирологии глава боли, ќе го проверуваат таму итн. У нормални земји тоа е строго регулирано. Америчка, канадска или австралиска виза не се добива тек така. Башка, нејзините ќе бидат со неа во постојан контакт, 21-ви век е, има скајп, вајбер, уатсап, претходно ќе го запознаат човекот, ќе го распрашаат итн. Значи он ќе мора и да ја посетува девојката и нејзиното семејство неколку пати, па тука пари ќе арчи, авиони, хотели, едно-друго. Зашто некој би проаѓал низ сето тоа бело робље да ја праи? Мислам дека македонкиве малце си се преценуваат ;)

    А ова околу невести од Албанија, ти верувам, но претпоставувам дека тука збориш за мажи од рурални, планински средини, тоа е малце покрута и попроста средина, да не мешаме работи . Ја зборев за урбани, современи момци од Запад.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  9. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Дека е тешко да се снајдеш во др. држава тешко е, знам по себеси...Дека има безобразни има, дека ќе те земе за жена не е гаранција за убав живот, зашо може да те продава како проститутка, а од тој ланец не се бега лесно ( освен ако не си староседелец, со триста поколенија, па да ти помогне државата). Особено балканците тоа го прават со своите жени или девојки. Каква среќа имаш, таков живот ќе живееш, само очите од две шеснаесет да си ги направиш.
     
    На Nigredo Odor, Βικτωρία, girl-miri и 3 други им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Леле бе... Летово си запознав другарка од Турција. Девојчево повеќе време поминува во туѓи земји, отколку дома. Целиот свет го шета САМА и се спријателува буквално со непознати. Од Македонци ќе чуеш само црни сценарија, проституции, киднапирања... аман... Луѓето кај нас воопшто не се од потфат. Со страв, без ризик, ништо не се прави во животот, се тапка во место.
     
    На Crna Dama, ♣ Alba Viduam ♣, Trxmx и 10 други им се допаѓа ова.
  11. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    Ама свесни сте дека не сме сите исти и дека за огромна жал постојат мноооогу наивни луѓе на планетава?!

    И јас имам другарки што го прошетаа светов сами ама имам и такви што не ја прошетале ни Македонија. Едноставно не секого го бива, а тие па што не ги бива не се претпазливи, плашливи се, може лесно да се изманипулираат и мета се на овие што ги дискутиравме погоре. Уште па ако се очајни за пари или за мажачка, многу полесно може да наседнат на некоја измама. Имавме случаи и на форумов каде им давале илјадници евра на непознати посредници за работа во странство и никогаш повеќе не ги виделе. Некои дури и оделе во Бугарија или не знам каде као на интервјуа за работата. Ете ти одлична прилика за црно сценарио, одиш на состанок со измислени претставници на непозната фирма на неутрален терен кај што никој не ве знае ни вас ни нив.

    Само се надоврзав на постот на @Passenger за мажењето во странство, дека не е безбедно да се оди без агенција или без познаници како што има тој во неговиот случај. Значи зборуваме за договорени бракови преку непознати луѓе а не за запознавање на партнер преку социјални мрежи, мада и тоа е понекогаш ризично. Имав другарка што не беше толку интелектуално развиена па си пишуваше година ипол со лажен профил. Секакви не има.

    А хорори се дешавале и ќе се дешаваат по белиов свет, колку и да звучат филмски и невозможни.
    The world is a beautiful, yet dangerous place, али вие си знаете...
     
    Последна измена: 28 септември 2017
    На Victorian, Tanjamm и Arthur им се допаѓа ова.
  12. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.666
    Пол:
    Женски
    Е колку многу?Јас колку што знам 30.000 се плаќа?:wasntme:
     
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Во ред. Но каде е тоа поконкретно? Зошто таму каде што моментално си, сметаш дека не е добро за тебе? И зошто мислиш дека таму каде што би се преселила, би било подобро?

    Не велам дека таму некаде не би било подобро, но дека е неопходно да си создадеш основа за тоа, при што тоа не оди преку ноќ.
    Тоа значи дека треба првин да создадеш такви услови а ќе ги создадеш ако направиш реален план и работиш чекор по чекор, односно во етапи, на негова реализација со оние алатки кои што веќе ги имаш на располагање моментално. Искористи ги!

    Во една друга тема ти пиша дека студираш во Бугарија (и дека си разочарана од нивната економска ситуација). Тоа всушност може да биде многу добра појдовна точка од повеќе причини.

    Бугарските дипломи се признаени низ ЕУ но и низ светот. На пр. бројни лекари со бугарска диплома работат во САД, Канада, Франција, Ферманија и тн.
    Не знам точно што вели нивниот закон за државјанство, но мислам дека повеќе годишниот престој таму би ти одел во прилог да стекнеш нивно државјанство (поентата е дека тоа е истовремено и ЕУ државјанство кое ти овозможува легално да студираш и работиш низ ЕУ). Во Бугарија можеш да запознаваш на универзитетите луѓе од цел свет, прошетај малку и распрашај се. Преку ЕРАЗМУС програмата исто имаш можност да отидеш на привремен престој во странство како студент.. распрашај се и провери.

    Е сега, неопходно е да си поставиш јасни цели и да размотриш кои реални чекори треба да ги превземеш за да стигнеш на целта. Неопходно е да имаш трпение и трудољубиво работиш врз постигнување на истата.

    Тоа отприлика би можело да изгледа вака:

    - си поставуваш цел да за 4-5 години од сега да го завршиш факултетот кој го студираш (или префрли се на на насока која ти одговара) и работиш на случајот (и тоа би требало да биде главен приоритет!)
    - ако времето и силите ти дозволуваат паралелно го учиш јазикот на земјата која ти е цел (да речеме германски, англиски, јапонски...) и тоа не само на курс, читај книги(и романи и стручна литература), гледај филмови, слушај музика на дотичниот јазик, впивај го цело време за да можеш после некоја година да можеш да размилсуваш на тој јазик и полагај за да земеш меѓународно признаен сертификат по тој јазик (ECL, TOEFL, DALF, DELE зависно од јазикот...) Ако времето и силите не ти дозволуваат да учиш јазик плус, тогаш нека биде после факултетот но тоа можеби ќе значи и пролонгирање на времето до целта.
    - за време на распуст работи нешто за пари, или оди на пракса, волонтирај, стекнувај искуства тоа ќе ти биде плус во работната биграфија (CV-то) и ќе ти ја билда самодовербата. Во предвид доаѓа и привремена работа или пракса во странство (Work&Travel USA,) па да видиш како изледа навистина во некоја трета земја.
    - по завршувањето факултет преоѓаш на следниот крупен чекор: бараш работа во земјата во која сакаш, или привремено работиш тамо каде што си за да заработиш за карта и првичното сместување неколку за месеци и дури тогаш реално можеш да очекуваш дека среќата ќе ти се насмевне. Но без дипломи и сертификати, без познавање на јазик или уште подобро јазици, никому не им требаат таквите луѓе, барем не за чесна легална работа.
     
    Последна измена: 28 септември 2017
    На Victorian, Arthur и Dust им се допаѓа ова.
  14. parksey

    parksey Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    epa relativno za nekoj se mnogu za nekoj sitnica hahhaa.Za mene se nedostizni seaga za sega.Inace i jas imam slusnato deka e 500 evra ama ne sum sigurna.
     
    На Nigredo Odor и daylight им се допаѓа ова.
  15. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.666
    Пол:
    Женски
    Нее, таман работа дека се малце, зборот ми беше не е некоја бомбастична сума.Иначе 99,9 % дека е толку , барем другар што зема бг пасош ми рече дека е толку, чекаше две години пред некоја недела го зема.
     
    На Miss.A. и parksey им се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Не е само финтата омажи се и бегај од овде, со тој човек треба да се живее .... Јас имав брачна понуда од еден дечко од Америка (нашите беа пријатели ) ме контактираше иако јас во живо никогаш не сум го видела , по муабетите на фб беше Ок , но кога ми кажа дека купил прстен и дека ке идел македонија за да ме запросел , јас се уплашив :o
    Му кажав дека не сум спремна за брак , не пак за толку брз брак... Да се омажев за него (без љубов) сигурно ке се разведевме и ке испаднеше дека го зафркнав. ....
    Барајте друга алтернатива.
     
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Добро еве, да речеме дека ќе поднесеме документи за Бугарски пасош и после извесен период го добиеме..
    Гаранција за тамошно, макар скромно живеалиште и работа имаме?

    Никој денес не оди на слепо во туѓина.
     
  18. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Па и не е се така едноставно како што изгледа. Македонската жена изгледа многу поубаво од сите други жени низ светот. Младите девојки се многу по убави и негувани. Твојата пријателка сигурно оди покриена и не може да биде мета некому. Два збора на турски да одговори во пресрет ќе и излезат најмалку тројца.

    Не е лесно во странство да заминеш без помош од некој што е веќе таму или без претходно договорена работа од сигурна фирма. Има земји каде бел човек не можеш да видиш. Полиција има на секој чекор. Сомнителни лица насекаде. Улиците им смрдат на мочка.
    Ѓубре оставено покрај дрвјата.
    Има разлика од држава до држава додуша, но во принцип не е лесен почетокот никаде.
     
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Девојката не шета покриена и крајно без врска е да се помисли дека девојка која е слободна да патува низ светот сама, не е слободна да ја открие главата. А на делот дека ако знаеш турски ќе ти притрчаат најмалку тројца напомош, се изнасмеав. Сигурно Јужна Америка (каде што била таа), врие од Турци. И што, Турчин да и наштети на Турчинка е невозможно?
    Да беше точно тоа што го кажуваш за убавината, агенти од светската мода ќе доаѓаа ваму да извидуваат девојки. Историските податоци велат дека иако во Отоманската Империја цутела трговијата со робје, жените од Македонија не биле топ мети за извоз во Цариград кој бил центар на пазарот. На цена биле Черкеските, понатаму Украинки, дури и жени од западна Европа заробени од северноафрикански пирати. Македонците како народ не ги бие глас дека се посебно убави, ниту мажи, ниту жени. Треба секогаш реално да се гледаат работите.
    Не беше тоа муабетот. Ако е некоја лековерна и до толку наивна, може цело време да седи дома и пак ќе се најде кој да ја рента. Факт е дека луѓето тука се overprotective кон нивните деца, ги полнат со стравови, со што им создаваат проблеми да се снајдат понатаму во нивните животи.
     
    Последна измена: 29 септември 2017
    На Passenger и daylight им се допаѓа ова.
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Полесно се наоѓа работа со бугарски пасош и сама знаеш дека буквално не има нас низ целиот свет, ќе се распрашаш, ќе се најде некој нашин што ќе ти каже искуство, има многу работодавци кои нудат работа и воедно обезбедуваат смештај за работниците