Се надевам ваква или слична тема нема. Сакам да продискутираме за тоа дали и колку се чувствувате безбедни во вашето место на живеење? Што е она што ја нарушува вашата безбедност и сигурност? Каде е побезбедно да се живее: во град или на село? И кој град е најбезбеден, според вас, во Македонија?
Aјде да кажам мое гледиште општо за Cкопје и моја населба конкретно. 3а Cкопје како главен град струи она правило дека претставува најзагрозено место по безбедноста. Oва го кажувам затоа што знам како некои луѓе од другите градови си ги опоменуваат децата кога ќе дојдат на поседок тука, или да студираат тука. Bеројатно од таму и тој впечаток дека е поопасно место на живеење во однос на другите градови кои се помали и важи правилото `секој со секого се знае`. Jас лично не сум почувствувала дека безбедноста ми е загрозена. Tочно дека поминуваат рандом фаци покрај тебе, те коментираат, дофрлаат некои непристојни работи, подзастануваат затемнети коли со 387124 машки напикана во истата ама барем досега не сум видела дека тоа лично ми ја загрозува безбедноста. Фала богу. A во населбата далеку од тоа дека некогаш сум се осетила загрозена, од таа причина што се знаат кои се луѓето кои дневно парадираат низ неа, значи претежно тие што живеат во неа. 3борам за во мојата околина тие улички. A земено целокупно како населба не е нешто страшна за живеење, единствен и најголем проблем се џанаците кои вријат во неа, и се единствените кои ги прават нередите пр. кражба на нечија кола, демонстрирање на кризи и испади ради немање дрога и сл. A и тие верувајте секој ги знае, па веројатно поради тоа не сум осетила некоја посебна потреба да се штитам со нешто. A и не предизвикувам такви работи во смисла да ме загрозат мене и мојата безбедност. Hе парадирам во ниедно време сама по некои тесни затемнети улички, избегавам по нив да одам. Eдино се движам по главна улица, се враќам со такси дома, а и во тоа ниедно време ме припраќа дечко ми. Tака да све у свему не е толку ризично место за живеење Cкопје, или тоа е само мое искуство (кое не сакам да се ми се смени).
па незнам баш, мирно е кога ке излезеш ама ако размислиш секакви има незнаеш што или кој може да ти излезе треба да си внимателна секогаш во секое време
Јас во мојот мал град не се чувствувам загрозено. Сум одела пеш од чаршија до дома во 2 навечер без никаков страв, сама. Не се случуваат никакви инциденти, два пати годишно ако се случи нешто што го нарушува мирот и безбедноста.
Живеам во помал град,не се чуствувам никогаш загрозено.А кога сум во Скопје друга приказна е .Секакви ги има таму.
Тетово како Тетово , секогаш треба да си внимателен . И не само женскиот пол , сите се засегнати . Постари , помлади , мажи , жени , деца , пензионери ... Што од кучиња-скитници , што од арамии , што од насилници ... До каде вака , незнам . Мене лично досега , не ми се случило нешто многу големо , освен што неколку пати ме следеле Албанци , но само пеш , и некој дофрлувања , мегутоа , кога ке видеа дека ги игнорирам , секогаш престануваа со тоа . Ете , до сега , не сум се почуствувала загрозена . Од кучиња не се плашам претежно , освен ако имам слушнато дека некое од нив веке нападнало некого порано , и го избегавам местото каде се движи тоа куче .
Во Куманово генерално е безбедно. Мислам дека е многу побезбедно од Скопје. Во Скопје и Тетово постојано во црна хроника има тепачки меѓу малолетници и когс ќе прочиташ дека 3-4 нападнале еден без причина се ти е јасно. Во Тетово сум шетала сама низ град и забележав дека е небезбедно. Еден човек со кола ме следеше, едни 50 годишњаци кај албанските бутици за невестински фустани ми префрлаа, во паркот кај Шарена џамија еден како манијак се ѕвереше во мене и накај автобуската пак еден со кола се ѕвереше и праша дали одам за Скопје. За 3 саати престој видов дека не е безбедно дење не па ноќе.
Каде што живеам е мирно место, и многу ретко се случува инцидент. Имам шетано низ градот сама и дење и ноќе и не ми е било страв дека некој ќе ме нападне.
Порано живеев од таа страна на Вардар и беше, хорор Сега живеам од оваа страна и е добро,безбедно Порано не беше така,се сменија работите
Во населбата кај што живеам е безбедно. Единствен проблем се кучињата скитници, ама тие не се многу страшни. Сум останувала со друштво доцна навечер и не сме имале никакви проблеми.
Зaгрoзенo се чувствувaм oд пензиoнери штo пoчнувaaт дa се кaрсaт вo aвтoбус зaштo немaaт живoт, пa единственa рaбoтa им е тoa. И oд луѓе штo не ме oстaвaaт нa рaaт дa гo шетaм кучетo. Имaв случaј кaде штo еден ми предизвикa мини срцев удaр. Oдaм јaс, мoетo куче мирнo и бaвнo oди дo мене, гo следи мoјoт чекoр, a чoвекoв oд пoзaди демне и ми викa "Девoјче, мaскa нa кучетo стaј му". Буквaлнo скoкнaв и ми требaше време дур се сoземaм. Пa му гo oбјaснувaв зaкoнoт, пa гo убедувaв, aмa не, тoј имaл хaскa и знaел. Бoље уличнo куче дa ми дoјдеше, пoлеснo ќе се спрaвев сo негo oткoлку вaкoв психo чoвек. Зaтoa oд сегa нaтaму, нa секoјa прoшеткa слушaлки и рoк/метaл дo крaј зa дa не ми крaтaт oд живoтoт.
Не е Мексико, ама не сум ниту задоволна. Манијаци и незгрижени кучиња станаа пречка лабаво и безгрижно да прошеташ пеш.
Најмногу ме нервираат уличните кучиња, кои станаа глобален проблем на ниво на држава, а никој не презема ништо на тој план.
Супер е кај мене т.е кај мојата зграда, цело време има телохранители и обезбедување, де еден претседател, де градоначалник, ради нив цел комплекс згради ни е заштитен, па пинови, па све. Абе дојде животот. А населбата ми е мирна, океј е.
Во мојот град има сигурност, мал е и го сакам поради тоа што ми дава безбедно чувство и затоа што сум дома, затоа што ми е роден град.