Форумџика на годината

Бездомници во Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Regina.Phalange, 2 септември 2023.

  1. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Не најдов слична тема, но ме интересира дали некој друг има забележано некако зголемено присуство на бездомници периодов? Секако сум приметувала низ центар, на улица Македонија, во жена парк.. ама многу ретко скоро и никогаш не сум видела Карпош, барем не толку очигледно. Последниве 3 недели скоро секој викенд има еден или двајца кај Сити Мол, вчера баш поминавме покрај еден бездомник кој на улица уринираше со облечени панталони, па капеше преку материјалот. Мислам дека воопшто не беше свесен на околината.. Пред тоа имав забележано двајца во слична близина.
    Незнам дали имаме служба која помага на бездомници, од вести најдов информации последно 2019, па сакам да ја отвориме темата, дали имате забележано и вие или па е веќе оддамна појава, јас не сум приметила? Дали некогаш имате помогнато или реагирано или воопшто знаете како може да се контактира за помош на овие лица?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    13.031
    Пол:
    Женски
    Имаше скоро (ако не се лажам) за бездомник кој бил згрижен, но повторно пуштен. Мислам дека беше од друг град случкава, кружеше на социјалните мрежи. Инаку, имам забележано. Мислам дека никој не ги засега бездомнициве, како и по обичај. А тоа кажува за нас какво општество сме всушност..
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Во државава ништо не функционира па ни тоа некој да ги згрижи бездомниците, има еден центар не ми текнува на името таму можат да јадат, избањаат и преспијат кога е многу лошо времето. Значи не е трајно решение, баш пред некој ден имаше вест на спцијалниве мрежи дека бездомник во Куманово лежел болен и неподвижен на отворено неколку дена никој ништо не превземал и човекот за жал починал.
     
    На Selena01, SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.