Безнадежна романтичарка

Дискусија во 'Сингл' започната од glosipgirl, 8 јануари 2013.

  1. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    278
    Јас сум една од ретките, барем од моето друштво, безнадежни романтичарки. Верувам во љубовта, но во онаа чистата, најприродна љубов што излегува од дното на душата. Не сум заљубена, но верувам дека ќе бидам во некој кој што заслужува. Секогаш кога гледам филмови од 1930-1960 год. се прашувам дали воопшто припаѓам на ова време? Можеби сум родена во погрешно време и на погрешно место. А можеби животот ќе ми донесе баш таква љубов каква што посакувам. Но, можеби.. Или можеби ќе продолжам да сонувам, да го сонувам мојот совршен принц. Знам дека не постои совршенство, но кога ќе го видам ќе знам, тој ќе биде мојот несовршено совршен принц, оној по кој ќе ми гори душата, срцето, единствениот за мене. Оној кој ќе ме инспирира да правам добри дела и ќе ми влее надеж во љубовта. Кој ќе ме подигне високо на небото, но истовремено ќе знае да ме спушти, без да бидам повредена. Сонувам за онаа љубов која што е премногу добра да биде вистинита, како во старите филмови и книги. Како во музиката во која има толку звуци од различни инструменти истовремно, но сето тоа заедно дава една прекрасна хармонична мелодија. Кога и каде ќе го пронајдам човекот на мојот живот ќе го дознаам порано или подоцна, а дотогаш ќе сонувам секојдневно и ќе се надевам.. :inlove: Дали и тука има такви безнадежни романтичарки како мене? Ако има придружете ми се, заедно ќе сонуваме и ќе се храбриме.

    [​IMG]

    http://youtu.be/RTpNe6P0Y9Y
    http://youtu.be/BOByH_iOn88
     
    На Anabelle.Amorette, Anja98, theev95 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.168
    Ти не си безнадежна романтичарка, туку сонувач.
    И мислам дека премногу влијаеле на тебе сите тие филмови, стории и сл. Нз искрено шо би ти рекла освен да се подразбудиш малце и да согледаш реалност каква е . Зашто пази, после ако налеташ на некоја таква љубов на почеток, крајот може и пеколен да биде. Едноставно не чини за тебе, зашто ке се разочараш.
     
    На SexiLy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    278
    Би рекла дека сум и романтичарка и сонувач. Не ме знаеш за да го кажеш тоа, сепак од еден пост не може да се откријат толку работи. Искрено, досега сум била разочарана, без разлика, верувам дека ќе ја најдам онаа вистинската љубов што ќе ме задоволи и на духовно и на телесно ниво, а богами и на умствено. Од секогаш сум била таква, уште од многу мала, што значи дека филмовите и книгите немале тогаш толкаво влијание. А стравот од разочарување нема да ме спречи да бидам тоа што сум. Таква сум, не можам да се сменам. :)
     
    На vitomir и Christina.A им се допаѓа ова.
  4. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.938
    Ej aj еден договор. Да ти го дадам дечко ми може? Без ддв, без можност за враќање. :!: Живо џабе е.
    Зашто јас не можам со неговиве романтики. Патетично романтичен е.
    Сакаш? :wasntme: Ајмо поволно. :D
     
    На thelittle17, glosipgirl, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    glosipgirl иста сум и јас како тебе само разликата е што не сум безнадежна. имам некој со кој го споделувам истото шо го напиша во првиот пост. имам баш таква врска каква што ја опиша и каква што секое девојче сонува за неа. а и пред да почне врскава бев баш иста како тебе. никогаш немој да престанеш да сонуваш. јас сум фантазер,ја сакам имагинацијата,романтиката,лудоста и авантурист сум. тоа ти се вика некако уметник во душа. немој никогаш тоа да го изгубиш тоа во себе. а секој ја наоѓа неговата втора половина,сигурна сум дека ќе ја најдеш и ти. само пошто и WildCherry убаво кажа да пазиш да не се разочараш, и јас би ти кажала нешто така. немој да мислиш дека сите се како тебе. секој различно гледа на работите и секој живее во посебен свет,затоа кога ќе се разочараш (не дај боже) свати го тоа така. а и не очекувај премногу. ;) :*
     
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    2.882
    Пол:
    Женски
    Сите во глава си имаме зацртано некои замисли и критериуми за дечкото од соништата де, и кај секој е различно. :?:
    Кeep your feet on the ground when your head's in the clouds. Ако на прв поглед не го најдеш тоа што го бараш, дај шанса, можеби ќе испадне дури и подобро. Не посакуваш ништо невозможно, ама работите ретко излегуваат такви какви што ги замислуваме ние и можеш лесно да бидеш разочарана. :!:
     
  7. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    835
    И јас сум голема романтичарка ама не се вбројувам какао безнадежна.... си го имам на ум ретките наоѓаат ретки и Господ чува по некој за сите нас. Живеам со некој мои одамна зацртани идеали и по малку се пронаоѓам традиционална многу но шта чеш.... Верувам во вечна љубов и во принц на бел коњ со кој заедно ќе умрам. Верувам во таа идеална љубов за која сите ме убедуваат дека не постои. Но, јас си сум трпелива и си чекам што е мое ќе си дојде нели ? :inlove:
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slash00

    slash00 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Glusipgirl,I jas go imam istoto custvo.. Duri i izgledam kako tin od minatoto.. Mojata kosa,liseto,odensuanjeto. So eden zbor se .. I jas isto sonuvam i ne sum zaljubena.. Poradi toa ne se vklopuvam nikade imam drugarki ama lazni ako me svakjas duri slusam i takava muzika od 60,70,80,90.. Citam kniki od Tolstoj..Takvi stari klasici.. Jbg ali se custvuvam kako prokolnata -_-
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mrchatorka

    mrchatorka Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    52
    Сонување е едно, а романтика друго. Јас сум сонувач, а не романтичар. Искрено ич не сакам патетични романтики од типот камерен оркестар на аеродром па ај сеа ќе ме проси и сл.. :puke: дури и на Сашко Коцев просењето ми беше too much.
    Јас сум за многу light варијанта у романтика, едно те сакам на увце ми значи повеќе отколку сите фанфари со пајтони и сл.
     
    На Ordinary му/ѝ се допаѓа ова.
  10. HplsRomantic

    HplsRomantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    22
    Форми на романтика има милион, а не само труби, аеродроми, саеми... романтиката е да најдеш твој сопствен начин на изразување на љубовта. Начин кој само на вас двајца како пар ќе ви значи и ќе го разберете. Не би нарекла некоја романтична сцена патетична никогаш, од причина што таа сцена не се однесува на мене па јас да ја осудувам, таа сцена и тој начин на покажување љубов е нешто кое само тие двајца си ги разбираат и го уживаат.
    Инаку јасно ми е дека денес во светот во кој живееме, покрај толку лаги и преправања речиси и невозможно е безрезервно да искажеш емоции, но навистина верувам во љубовта и романтиката. Тие го прават денот поубав... Сепак најубавите работи немаат цена во животот ;)
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    278
    Хаха дури сега го гледам постов, готово, договорено. :lol: Ме изнасмеа.
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  12. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    278
    Те разбирам потполно. Ајде, можеби ќе си ги најдеме нашите да не речам "заостанати" половини еден ден. :lol: И јас понекогаш помислувам дека сум се родила во погрешно време. :?:
     
  13. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    278
    Е баш ми е мило што имаш некој со кој можеш тоа да го споделуваш. Јас немам баш некого со кого го споделувам тоа. Но имам "нешто" со кое го споделувам. Секогаш пишувам за моите соништа, за желбите и општо за сите тие љубовни работи. Еден ден и јас ќе го пронајдам мојата совршено несовршена половина. Што е мое ќе си дојде. А и на сите на форумов ви го посакувам истото, од се срце. :*
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    3.936
    Изјавување љубов, романтика,секојдневни работи, бесценети моменти па дури и кавги, се дел од љубовен животот.Сето тоа е составен дел од секоја љубовна врска,но токму тоа е она што ја прави нераскинлива доколку е вистинската.Секој човек, помалку или повеќе, свесно или несвесно поседува романтичен дел во себе кој со вистинската личност излегува на површина.
    Романтиката не е само труби, гламурозни запросувања пред многу народ, туку утра полни со вистинска љубов и прегратки и ноќи исполнети со страст и воздишки, како што напишала HplsRomantic романтиката е да пронајдеш свој начин на изразување на огромната и вистинска љубов.
    Исто и јас сум и сонувач и романтичар кој го исполнуваа филмови од 20-тиот век, едноставно кога ги гледам си посакувам да имам една временска машина да отпатувам во тој век и да го осетам целиот тој мирис со широко отворени гради.И јас во овие моменти немам со кого да споделам што чуствувам, но сигурен сум дека таму надвор постоии некоја совршена која што ќе ме сака најмногу на свет.
    Нема ништо лошо во романтиката. Не кријте се од љубовта,не плашете се да бидете безнадежно романтични бидејќи тоа е единствената работа во која не можете ништо да изгубите.Малку романтика, искрена љубов и шах-мат позиција за личноста која ви значи.Вреди да се потрудите, зар не :lol: ?
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    278
    Вреди, дефинитивно. Но, денес тоа најчесто многумина не знаат да го ценат, за жал. Еве гледам дека имало и други како мене. Па најверојатно ќе се пронајдеме таквите во толпата на луѓе. :)
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.684
    Допаѓања:
    103.063
    Шо да храбриме девојче? Твојата нереалност?
    Ај малце поучи историја,ама онаа реалната,па после навраќај се на тоа време.
    Бљуц.
    Каква е таа најчиста љубов? Он да ти прави венче од маргаритки,а ти да паѓаш у несвест? Он да те опсипува со внимание и лигавење и ти да бидеш на седмо небо? Ама она внимание од типот твоите очи ѕвезди бла бла бла...
    Јас би рекла слаба самодоверба и его кое треба да биде нахрането,а не љубов од приказните... Зошто винстинската љубов нема таква форма...
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  17. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    278
    Извини Лилит, јас многу те почитувам и редовно читам што пишуваш и знаев дека нешто вакво ќе искоментираш. Добро, истото би го искоментирала и мајка ми или некој постар дефинитивно, што се смета себеси за многу "реална и приземјена" личност. Во историјата што ја учиме на училиште не пишува за љубовните случувања во тоа време, јас само го кажувам она што го слушам од постарите. Дека тогаш имало повеќе љубов, поискрено другарство. Не сум толку стара, а не сум ни живеела во тоа време па за да се "навраќам". Само ете себеси се сметам за романтичарка. Не, не сакам да ми го полни некој егото или пак да ми се лигави. Едноставно сакам да ми покажува љубов каква што јас знам да пружам. Сакам таква љубов да ми возрати. Не барам ништо посебно. Искрена љубов, чиста љубов, без скриени намери и искористување, без интери. Чиста љубов, онаква каква што може да ти пружи едно малечко детенце со најискрен поглед, со најнаивна и едноставна а сепак за тебе значајна постапка. Можеби едно цвеќенце скинато од градината, оставено на масата и под него една едноставна порака која можеби само вие двајцата ја разбирате. Не сакам да ми симнува ѕвезди, тоа за мене е нешто лицемерно. Туку некои мали, едноставни работи направени со малку пари(кои можат да се направат и без да се трошат пари) а со голема љубов. Кога неговиот поглед ќе биде исполнет со љубов и среќа што те има само тебе. Кога ќе ги памети сите ваши важни датуми, кога се сеќава со радост и трепет на вашиот прв бакнеж. Кога твојата прегратка е единственото место на светот во кое тој се чувствува сигурен. Можеш да кажеш како што сакаш, ти или било кој, но јас не зборувам за постојаното лигавење или пак изговарање на зборовие "Те сакам" уште првата недела од врската. Туку кога тоа што го кажува има вистинско значење, кога ги знае сите твои недостатоци и маани и сепак е со тебе. Кога знае што те прави среќна и го прави токму тоа. Кога станува збор за вистинската љубов, и малите работи во очите на заљубените изгледаат како да се најубавите, најголемите и најромантичните работи на целиот свет. Кога двајца заљубени се заедно, не е важно каде се, затоа што секое место претставува место исполнето со љубов. И да, не го гледам секогаш животот со розови наочари. Знам, има доста тешки моменти во животот, ќе му викнеш, тој ќе викне. Не е секогаш се подмачкано. Но кога сте заедно, ќе ги надминете тие проблеми, затоа што ниеден проблем не е доволно голем за да ве скрши. Можеби Лилит, имам премногу застарени мислења за твоите модерни гледишта. Поправи ме ако грешам. Но, можеби ова е само дел од мојата реалност или мојата глава а веројатно мислење на повеќемина во светот.
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.684
    Допаѓања:
    103.063
    Леле,леле,леле... :D Каде е драматичното плачење и одење од сцена?!

    Па ако е мислење на повеќето од светот што не се здружите у здружение на безнадежни романтичари и не си правите романтични гестови? :wasntme:
    И кога мислев под историја не мислев на првите пушки само,ами да потпочепкаш за социјалниот аспект и статус на жената у светот, во семејството и општеството... па да видиш како тоа рози цветале. И јас го сакам Казаблкана и Брекфаст ет тифанис,да се разбереме,НО... не го сакам Ноутбук...на пример. :D
    Протарашкај,ама се плашам дека ќе се подразочараш. Освен драматичната облека и романтичните сцени од филмови,се плашам дека нема да најдеш ништо друго,туку напротив. Премногу очај, премногу љубовни афери и бракови заради статус.
    Нејсе,ама од вакви лигавштини од типот лила првиот датум... и не ги спомна моите очи на 20 години од брак...извини ама... :D Не знам зошто си мислиш дека не постојат фини момци кои нивната љубов ќе ти ја покажат со чешкање на рака пред спиење или да те однесе у лабараторија крв да ти земат на пример. Ама нееее...дај ќе се фатиме за тривијалностите и ќе се занесуваме дека сме кревки жени кои бараат внимание,пардон,патат и е нивни проблем,а не проблем на светот кој денес има повеќе недостатоци,ама од аспект на љубовните врски има и те каква либералност и комоција да секој има простор да се искаже на начинот на кој што најудобрно и најдобро се осеќа. Или онаа интрига, страв, па исполнување на таа љубовна врска е она уствари кое носи возбуда дека нештото е посебно и идеално.
     
  19. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    278
    Па добро, никогаш не реков дека се било идеално. Туку дека луѓето кажуваат дека имало многу поголема искреност и љубов. Прочитај убаво. Но кога ќе го оставиш настрана претпознатливиот сарказам веројатно ќе се сложиш со мене барем делумно. И никогаш не реков дека не постојат фини момци, туку реков/напишав * дека верувам во совршената половина, сродната душа. Оној кој е единствен за тебе. Имало, секогаш ги имало тие афери и тие љубовни врски и бракови заради интереси и ќе ги има. Не за џабе е речено дека нема вечни пријатели, туку вечни интереси. Но, јас сакав да го потенцирам токму тоа, тие врски кои не се поради пари, роднини, пријатели, наследство. Оние врски кога единствено нешто што ве спојува се парите.. Не мислев на такви врски и точно го нагласив тоа. Туку љубовни врски поради вашите заеднички интереси и заемната љубов. Малку остави ја иронијата настрана и размисли дали тоа што го пишувам е исто со тоа што ти го пишуваш? Или можеби некоја искривена и преувеличена слика од она што го замисли од напишаното? Но како и да е, да, убави се тие фустани, кој не би ги посакал? Кој не би посакал љубов како од книгите, од филмовите? И доволно сум реална и интелегентна за да сфатам што ми зборуваш, и не посакав нешто нереално. Само верувам во искрената љубов и таквото покажување на истата. Нема врска дали тоа ќе биде земање крв како што спомна ти, но не ја сфатив баш поентата или пак роза или пак чешкање по раката, начинот на искажување на љубовта може да биде секаков, но да биде искрен и едноставен. Годините и датумите ги спомнав само така, тоа е еден од начините, но затоа секој е уникатен и има свој посебен и единствен начин на израување на љубов и нежности. Некој е таков, не искажува чувства. Но и тоа е посебен начин на искажување чувства, можеби не знае да покаже со зборови, но знае со дела. И не знам зошто разговоров се пренасочи во една многу поинаква насока од таа што требаше..
     
  20. HplsRomantic

    HplsRomantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    22
    Lilit воопшто не сфаќаш што сака да каже девојчето... Зборуваме за романтика, не за лигавење!
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.