Од понеделник до петок во 22:45, емотивна приказна за една маалска легенда. Секој заслужува втора шанса! Тарик е татко на две ќерки. Откако поради повреда морал да ја прекине блескавата кошаркарска кариера, почнал многу да пие, се запуштил, престанал да се грижи за семејството, а по смртта на сопругата, ги напуштил и своите две ќерки. Години подоцна, сфатил дека животот без Зејнеп и Мелис е безвреден. Од друга страна, и животот без мајка за двете сестри воопшто не бил лесен, особено за малата Зејнеп. Нејзиниот најголем сон е да живее со својот татко. Тарик е спремен да се бори да си ги врати ќерките, но тој пат е тежок и трнлив, нивната тетка не се откажува од старателството знаејќи го неговото минатото. Како поранешна кошаркашка легенда, Тарик почнува да работи како тренер во училиште кое нема ниту тим. Услов е да формира тим што ќе излезе на терен што е можно поскоро... За Тарик, кој треба да се справи со училиштето и Сечил, која сака да ги однесе неговите ќерки во странство, започнува една сосема нова ера. Ќе добие ли Тарик втора шанса да си ги врати ќерките и да го надомести изгубеното време? https://fb.watch/dop6Wqjs-t/