1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бека Медика

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Madam57, 24 јули 2024.

  1. Monsterka__

    Monsterka__ Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2025
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    20
    Ми се појавуваше многу често по социјални медиуми, и зошто веќе неколку години пробуваме да имаме бебче, а реално се е проверено и медицинска пречка нема решив да се обратам кај неа. Веќе пијам доста суплементација, само пишав на Бекамедика на инста дали може да се слушнам со Док, само да ме ислуша за да ми каже која програма да ја купам и да ги види дотогашните резултати и испитувања земајќи во предвид дека веќе пијам суплементи. После мало натегање ми пишаа дека можат да ми договорат краток разговор со докторката, кој секако не се случи ни по еден ни по десет дена. Не била во државата, па имала пациенти бла бла.
    По некое време ми праќа линк со анкета да пополнам дали сме биле компатибилни со докторката?! Каква е таа докторка што праќа анкети дали си одговара со пациентот? Што е ова, лотарија.. Доктор помага. Страшна работа кој се се претставува како доктор. Уште сум во не верување. Ова е чист бизнис и кај неа очигледно е се за пари. Ова е моето искуство и сакав да го споделам, ако некој е во иста ситуација како мојата да не се надева за џабе.
     
    На JaNaNia и riba79 им се допаѓа ова.
  2. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    961
    Пол:
    Женски
    Јас земав хашимото ресет програма, платив еднократно и се изнасмеав. Имаше напишано дури- ќе земате работи без СРАЊА. Сериозно?:D
     
  3. Mrs.Klara

    Mrs.Klara Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Ти немој да лажеш многу и да ја браниш кога ја нема ни во регистарот на лекари. Безобразни сте и двете, таа што лаже народ и се богати на туѓо здравје, а ти што читаш тука како упропастила здравје на жени и уште со цел памет ја браниш. Ај гитла од тука ти и таквите како тебе , цела држава се накотивте такви лажови.
     
    На JaNaNia, Radana, mom to be и 2 други им се допаѓа ова.
  4. JaNaNia

    JaNaNia Нов член

    Се зачлени на:
    19 декември 2025
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    11
    Многу ми е жал за ова искуство и за жал можам да го потврдам истото, пред 2/3 недели се обратив да прашам дали може да закажам индивидуална сесија со докторката и покрај тоа што сум ја прекинала претплатата, и без срам ми побараа 12000 денари! Многу ми е жал за сите што паднавме во нејзиниот бизнис со надеж на некакво подобрување. Ова што се прави со нејзината кампања и "програми" не е хумано и е невиден бизнис и алчност.. срамота за таков човек да се нарече доктор.
     
    Последна измена: 8 јуни 2026 во 22:45
    На Monsterka__ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.529
    Допаѓања:
    45.977
    Пол:
    Женски
    Некој што нуди брзи решенија во форма на онлајн програми за комплексни здравствени проблеми за кои не постојат универзални решенија, не може да е некој кој нуди рационален третман.

    Не дека работите кои ги пишува на инстаграм се грешни, голем дел од постовите и' се едукативни...ама со програмите си прави бизнис кој е само искористување на пациентите. Мислам, 1000+ евра за нешто за кое имаш здравствено осигурување, само со додадени фенси филер зборови.

    Плус, називот - доктор по функционална медицина. Такво нешто е контроверзно во светски рамки, а кај нас не е ни валидно. Општ лекар е (ова го проверив), ама другото што го додава како "специјалност" во описите на инстаграм е од одредени курсеви по алтернативна медицина и сл. Така да, не си ги давајте парите туку така.

    Едит: да допишам, она како општ лекар не ни може да препишува терапија и да води комплексни пациенти како специјалист. Уствари, плаќаш стотици евра за да ти каже да го намалиш стресот, ама под превезот на холистички пристап.

    Еве ако има некој кој соработувал со нејзе баш нека пише што нуди.
     
    Последна измена: 9 јуни 2026 во 00:27
    На bookslover и Lavender4 им се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.407
    Допаѓања:
    33.791
    Пол:
    Женски