Форумџика на годината

Белград

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Ariel, 19 октомври 2012.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.227
    Допаѓања:
    140.079
    Кога ја пребарав категоријава искрено се изненадив што нема тема за Белград, иако многу пати е споменуван како една од омилените дестинации на многу форумџики.

    Јас долго време имав одбивност кон Белград, неоснована, ама ја имав.
    Меѓудругото, ме болеше тоа што многу работи во Скопје се копија на Белград, чисто затоа што ме потсетуваа дека не можеме да се ослободиме од потребата некој друг да ни кажува што е добро и убаво за нас. Потоа став неутрална, одбивноста ми ја снема, и полека градот почна да ме освојува... и ме освои. Постојано барам причини да отидам, а последниот пат (минатиот викенд), го напуштив со болка, едноставно почувствував дека со задоволство би живеела таму.

    И не можам да опишам што посебно ми се допаѓа - дневното кафе на Кнез Михајлова, моќноста на Дунав, Ушќе особено (и местото и трговскиот :D ), начинот на кој луѓето добро изгледаат, а сепак тоа е спонтано, јазикот, раздвиженоста навечер, изборот што го нуди поголем град во поголема земја... многу нешта!

    Сте го посетиле ли Белград?
    Го сакате ли и вие?
    Што ви се допаѓа најмногу во него?
     
    На Cinderfakinrella, jasna83, Madam-A и 3 други им се допаѓа ова.
  2. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Низ бледи слики...
    Се сеќавам на едно мало девојче, со тогаш крупни кадрици, водено од мајчините раце низ Кнез Михајлова. Потоа на седењето во некој парк и слушањето на воодушевувачките приказни за Титова Југославија...
    А веќе потака, на едно малку поголемо девојче со надеж за Ѕвездара како идно место за живеење, и ликовната средна школа успех и пробивање во животот...
    И би сакала пак да го доживеам Белград, ама сега со многу повеќе спомени...
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Белград го обожавам! Град кој ме потсетува најмногу на детството затоа што често одевме со родителите во посета на моите роднини таму. Секогаш кога ќе се спомне овој град ме потсетува на нешто големо, на некој симбол на Југославија, нормално, главен град беше.

    Долго време знам дека немав отидено и после многу години апстинирање од Белград знам дека доживеав некојси шок кога отидов. Белград ми беше пропаднат, луѓето, не можам да објаснам зошто и како но го чуствувате тоа насекаде. Загорчени, нерасположени, нервоза на секој чекор...немаше ништо од онаа метропола која ја имав во сеќавањата. Не се ни чудам ниту пак тоа беше за мене изненадување со оглед на тоа низ што се поминаа тие луѓе. Беа горди, и сеуште се, но добија тежок удар, повеќекратно.
    Сеуште со ежење се сеќавам како за време на бомбардирањето другар ми, тогаш на ICQ се слушавме - немаше Скајп, ми пиша...„Извини морам во скривница, повторно се јавија сирените“. Знаејќи дека таму некаде со него беа и моите роднини буквално со страв живеевме секој ден да не има некоја не дај Боже негативна вест. И тогаш, гледајќи ги на ТВ како правеа жив штит, им се восхитував и си велев, ова го можат само Србите.
    Но не сакам за тоа....иако Белград да, ме потсетува и на тие тешки времиња. На урнати мостови, на бомбардирани згради...на стравови.

    Постепено со секое мое наредно одење таму, повторно почнав да го засакувам. Особено кога повторно го доживеав со една од моите најблиски пријателки. Дали беше до неа, до нејзиното семејство кое толку топло ме прими или беше до самиот град како град, не знам. Но јас и Белград повторно се засакавме - ко стар љубовник кој не можете да го заборавите туку така :lol:

    Белград Е сеуште метропола. Го има оној мирис на западна Европа, а душата му е балканска, мераклиска. Совршена симбиоза би рекла и навистина дури и јас Ариел се замислив едно време како би било да живеам таму :)
    Омилен дел - Скадарлија! Белградскиот Монмартр на некој начин. Еднаш доживеав филмски момент, дури и солзи си пуштивме со другарка ми затоа што ниту на неа не и се веруваше како можевме да имаме таква среќа.
    Седејќи во едно кафеанче таму, ноќно време, одеднаш другарка ми со воодушевување свикува - драга, па ово је дама из Скадарлије.
    Се свртев и во соседната кафана на терасата здогледав жена облечена во облека од некое старо време, не би можела да кажам точно кое, за да не лупнам некоја глупост, но секако се работи за времето пред 2та светска војна. Долг фустан и огромен шешир на главата. И пее.
    Другарка ми ми го објасни концептот на прочуената „Дама из Скадарлије“ и колку што успеав да разберам, тоа е обично некоја глумица, која не бира точен ден ниту време, но знае да ги изненади луѓето со својот настап во некоја кафеана. Го навраќа духот на некогашната скадарлиска дама. Наводно било реткост да се начека, освен нели ако не дремеш таму секоја вечер. А ние ја имавме таа среќа.
    Само што ја здогледавме погодете која песна почна да ја пее - Зајди, зајди. Мене нозете ми се пресекоа и буквално целата се наежив.
    И ајде, како да не го сакаш Белград, како?! Кога вака убаво ме пречека.

    Ми се допаѓа и Ада Циганлија. Ако имате шанса некогаш да го фатите последното септемвриско топло сонце таму, топло ви ја препорачувам. Нема гужви, само полупразни плажи и кафулиња, пријатна музика...прекрасно.

    Ми се допаѓа тоа што градот е огромен и нуди можности. Ми се допаѓа шареноликоста на улиците. Дури и она типично чаталење на правите БеограЏани. А за нив муабет да не правам оти ќе забегам, слабост ми се :wasntme:
    Мислам дека имам зборувано порано на форумов и за музејот на Тито - случајно другар еден работеше тогаш таму па отидовме. Она чичето на паркинг не знам дали сеуште продава книги за Тито ставени на чергиче преку едно старо југо, ама ми падна жал, како се обидуваше да ја врати славата на едно време. Ни покажуваше слика од погребот и ни велеше - „видите, ово сам ја“ со носталгија и гордост истовремено.
    Вреди да се посети музејот ако некој има желба.
    Сплавовите? Мање више, ноќен живот ко ноќен живот иако и таму доживеав смешен момент во веце кога ги здогледав оние плесачици како си ги местат тангите и ставаат сјај на нивните ботоксирани усни. Заборавив дека ми се моча бре! И после, само мужите буљеле, ахам важи! :D

    Авала, ако сакате да мрднете надвор од градот. Додуше се надевам дека оној стар ресторан го реновирале барем малку кога успејаа „торањ-от“ да го поправат. Освен тоа, погледот од споменикот е прекрасен.

    Биртијата на автобуската ми е најзакон! Што се човек не може да доживее и слушне таму додека го чека својот автобус.

    Се распишав а би пишувала уште. Не знам до што е, дали е до луѓето со кои сум била таму и сеуште се среќавам со нив кога и да отидам, дали е до спомените од детството и оние моменти како татко ми додека се шетавме знаеше да ми раскаже за секој дел некоја прикаска, дали е до градот, но Белград го сакам и покрај неколкуте негативности кои сум ги доживеала таму, сеуште мислам дека ќе му простувам и дека ќе го сакам.
    И едвај ќе чекам да се вратам повторно за да седнам на мезе во Скадарлија. Мх!
     
    На senjorita-v, Cinderfakinrella, Domino и 5 други им се допаѓа ова.
  4. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Ovo je grad Beograd
    ovde sam los i dobar,
    ovo je grad od snova,
    ovo je grad Beograd,
    ovo je grad Beograd,
    tu gde me ceka borba,
    tu me i ceka ona.
    To nije bela jahta, to nije bela jakna,
    nije od belog zlata, to je od belog rada,
    sutra me ceka zapad, srce je tu kod juga,
    veruj mi necu dugo, ti samo budi budna.

    текстот се си кажува нема потреба од коментар
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.227
    Допаѓања:
    140.079
    И јас го имав моментот, само не беше Зајди, зајди, туку Коштана, многу, многу моќно!
    Скадарлија е многу убава, а јас сум вљубена во калдрмички, и многу ми е мило што и скопската чаршија почнува да го добива ликот кој и прилега, иако има уште работа на неа.
     
    На senjorita-v и Phyramide им се допаѓа ова.
  6. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Некако многу убаво ми дојде да прочитам какво мислење имате за Белград, па и мене да ми ја врати позитивната слика за градов. Го сакам само кога е топло, кога има сонце. А секако го мразам кога има снег. Не дека не е убав, ама просто премногу го има, трауми имам. И оваа година ни беа 4 година откако (скоро) секое сабајле се будам во него, а јас заборавив на тоа. Слободно можам да кажам дека 2 ипол од овие 4 беа прекрасни. Само уште љубовта ми фали тука да се пресели и скоро ништо нема да ме влече во Скопје. :inlove:
    Голем град-големи можности :)
     
  7. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Бев на 2 дена неодамна, кратко но ги посетив така позначајните места и ми се допадна, ми наликува на европските мертополи а сепак го чуствувамм некако наше
     
  8. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Сум била во Белград 3 пати и тоа по околу 1 недела секој пат, така да доста добро се имам запознаено со градот.
    Неможам да опишам колку МНОГУ го ОБОЖАВАМ Белград. Еве во моментов излив на емоции ми се собира во мене, незнам што попрво да кажам, толку убаво си имам поминато секој пат.
    Белград е еден препрепрекрасен град, и најискрено би живеела таму.
    Толку многу зрачи со топлина, со убавина, со добрина, луѓето кога ќе им кажеш дека си од Македонија, те гледаат толку блиску, поблиску од брат. Е такво искуство сум имала.
    Најдобрите пријатели на татко ми му се од Белград.
    Центарот конкретно, како и секој центар, нормално дека е скапичок, добар шопинг (бар јас имав :lol: ),
    луѓето, ах луѓето...и мажи и жени... л-е-п-о-т-а, високи, згодни, убави луѓе.
    И јас имам неколку другари и другарки од таму што ги немам видено подолго време, и се надевам ќе ми се пружи прилика пак да го посетам.
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Сум била во Белград повеќе пати. Да убав град да прошеташ...но искрено Скопје според мене е 100 пати поубаво.
    Единствено нешто што многу се подобри е ЗОО градина.
     
    На VIN.diesel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Живеев во Белград година дена, од таму е мм и таму се омажив, одев често и додека бевме дечко и девојка и можам да кажам дека поприлично го знам градот. Стариот дел, Калемегдан, Кнез Михајлова, абе убавини. Новиот дел, ништо посебно и ништо поубаво од Скопје. Грда слика даваат циганите кои буквално ги има на секој чекор, веднаш до познатиот мол Делта цигански картонски диви населби, знаете како едно време што ги имаше кај нас под нова железничка, само што нашиве им го најдоа чарето. Во лето ми фалеше зеленилото од Скопје, ќе речете кое зеленило, ама во споредба со Белград каде се е суво нашево Скопјенце е рај за очи. Убаво е да се посети доколку се има можност, да се испие едно кафенце на Кнез Михајлова, да се направи добар шопинг, купат џиџи миџи од кај кинезите за смешни пари, да ве продува Кошава на Калемегдан, ве грицне по некој комарец на Ада Циганлија, ама тешко дека ќе ви го замени Скопје. Бар мене не успеа. Не сум нешто којзнае колку воодушевена, единствено од стариот дел кој ако не успеете да го посетите, тешко и дека ќе имате чуство дека сте во друга земја :D Бар мене ми беше така :) Ме натеравте да се вратам неколку месеци наназад со темава, ајде ако се присетам на уште нешто ќе пишам пак :hai:
     
  11. Miss.Bass

    Miss.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    206
    Женски можете ли да ми препорачате убав(добри карактеристики и не мора луксузен) хотел во Белград блиску до центар, планирам викендов што доага да отидам до белград.
    Фала многу
     
  12. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Ептен љубезни луѓе има таму :)
    Со братучедка ми за да се пофалиме носевме тренерки од Македонија на нас додека шетавме низ Белград. Тук ни викна некој Ехеееј Македонци где сте :^) Човекот нит го знаеме нит го познаваме, едноставно сакал да не запознае :^) Па уште и се сликавме :tmi:
    А најубаво ми беше во хотелот во кој престојувавме имаше келнер македонец. По цел ден со него се фркавме, на раат не го оставивме човекот :D

    А градот како град е прекрасен, мислам нема место кое не го посетивме. Де Забавен Парк, де Зоолошка, де Бувљак, де базени, де ресторани, де кафичи :rofl:
    Едвај чекам пак да одиме, па да излеземе на шопинг и да се вратиме со преполни багажи гардероба :D
    Понекогаш и ми недостига возењето велосипеди низ зелените паркови таму, тие огроомни згради, преубави улици, фасади на куќите, шетањето низ град :inlove:

    Да се доискажам за луѓево :D
    Имам и другарчиња таму. Иако тешко се разбиравме (знам Српски, ама во брзање ќе згрешев некој збор и одма другарчињава „Шта си реклаа“), навистина се сложувавме. Колку се само фини, ниту еден навредлив збор не кажуваат, иако се бунтовници и се понашаат како да се 15 години поголеми од нивната возраст :lol:
     
  13. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Го посетив летово,бев кај роднини.И искрено ич не сакав да си дојдам у мк..го засакав многу :lol: Ми се допадна тоа кога бев на Калемегдан, Трговскиот,стадионот ЈНА :rofl: зоолошката, где Дунав љуби Сава :D и имаше др. места.. Едноставно прекрасен град..
     
  14. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Сум била 3 пати до сега и ми има посебен шмек!
    Кнез Михајлова и кафулињата,продавниците,шопинг-центрите Ушче,Делта,ноќниот живот секако!
    Луѓето ми се пријатни сите секогаш средени,уличните забавувачи на ниво..
    Го сакам најмногу на пролет,во април кога се затоплува..мераци!
    Одамна не сум се напила кафе на Кнез Михајлова,морам да одам у скоро време! ;)
     
  15. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Многу го сакам Белград, сум го посетила неколку пати и секогаш ми остануваат прекрасни сеќавања од овој град откога ќе си дојдам дома... Сум прошетала по Кнез Михајлова, сум била на Калемегдан од каде како на дланка се гледа цел град, и исто така Сава како се влева во Дунав, сум ја посетила Скадарлија од која имам една убава вечер во сеќавање...
    Кога бев последен пат имав среќа да влезам и на Маракана, случајно еден од стражарите што беше тука имал некое потекло македонско (па можеби и роднини ќе се најдевме ако продолжевме да си ги кажуваме корените :lol: ), како и да е, човекот ни отвори внатре да влеземе и да видиме, успат ни раскажа се` за Црвена Ѕвезда и за Делиите (така би дошло на македонски нели?)
    А веднаш наспорти Маракана да ти била и куќата на Цеца... жената може и од балкон да си држи концерт :D
    Бев и на Ада Циганлија, и во Зоолошка Градина, и во Св. Сава црквата.. Во секој случај Белград е место кое треба да се посети. Градот е вистинска светска метропола, а сепак се чувствува се уште она нашето...
     
  16. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    2 Пати до сега сум била, ми оставил прекрасен впечаток. Има убав дух.
    Калемегдан, куќата на цвеќето, Кнез Михајлова....Маракана-полн и празен. Мостот газела. Театар... А богами сум ја осетила и целата таа гужва наутро, баш како на филмовине.
    Се извозев со сите можни превозни средства таму. Но морам да кажам, скапо многуу скапо. И јас не трпам толкава гужва. Одиш и буквално не можеш да се разминеш од народ. Мислам дека не би можела да живеам таму. Научена сум си на селцево мое :lol: Главен град, а г од главен нема.
     
  17. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Колку кошта повратна карта за Белград со воз знае некој да ми каже ?
     
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.409
    Допаѓања:
    8.455
    Пол:
    Женски
    Преубав град, го обожавам!
    Имам доста шетано низ Европа, но овој град ми буди прекрасни емоции, град со дух, стара архитектура уште од времето на кралството, некако кога отидам таму се чуствувам ко да сум далеку од балканот.

    Граѓаните имаат прекрасен менталитет, речити, друштвени, културни, некако се оделуваат, како што кажав погоре како да сум во друг дел од континентот.
    Кнез михајлова, Каламегдан, Ушќе, Скадарлија, Теразије, кафенце во кафаќите во силиконската долина и уличките над неа, Ада циганлија...едноставно преубаво чуство да се биде таму и секогаш кога ке ми текене на Београд посакувам во истиот мом таму да сум.

    Среќа па одам секоја година, но би сакала многу почесто. Огромен град, со големи можности, кои кај нас тешко се наоѓаат. Го сакам Београд :inlove:
     
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.227
    Допаѓања:
    140.079
    Цената е слична како таа на автобуската карта. Јас лани патував, не се сеќавам колку беше, ама знам дека беше нешто слично. Центие на автобуските карти ги има на www.sas.com.mk.
    Со воз е многу поспоро, ама се патува навечер, па ако земеш кола за спиење, ок е. Само за таа се доплаќа.
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Јас летово платив 2400 или 2800 дека до 12 год поефтино али иако имав 13 тој ми рече ајде бе ништо не е и си платив помалку,а тетками плати 3000.
    Инаку за натаму патував наутро,а за назад вечерта али ич не е удобно навечер да се патува..И како што рече Ариел има посебни купеа за спиење али се доплаќа плус 6 евра.
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.