1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бели ноќи (Фјодор М. Достоевски)

Дискусија во 'Книги' започната од ocila, 23 октомври 2012.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Прекрасниот, мистичен Санкт Петербург е толку далеку на север, што има кратки периоди во кои воопшто не се стемнува навечер; овие ноќи населението ги смета за магични и романтични, и таквото расположение е пренесено во прозата на Достоевски на само нему својствен начин.
    Безимениот протагонист е премногу чувствителен, осамен човек кој се наоѓа во состојба на немир што не може да се окарактеризира со “пролетна треска”, бидејќи го следи преку целата година - тој е мечтател кој не може да се сети за што сонувал...
    Едноставната средба со Настјенка ќе го промени, ќе го мотивира да ја соголи својата душа, и ќе го спаси од него самиот.
    Сè започнува во една прекрасна ноќ, таква ноќ која може да се случи „само кога си млад“. Четири ноќи тие се среќаваат на истото место и раскажуваат за себе, за својот живот – четири ноќи на реалност помеѓу деновите поминати во мечтаење. Дали ќе се заљубат еден во друг? Дали ќе живееат среќно во тој град на осамени срца?
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.848
    Допаѓања:
    47.942
    Пол:
    Женски
    Омилена книга на Достоевски, мала, но полна со душа, љубов, копнеж, секој кој прочитал барем една негова книга може да претпостави како ќе завшат средбите на главните протагонисти.
     
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.