Бемките и нивното значење на нашето тело

Дискусија во 'Тело' започната од Hotty125, 25 октомври 2011.

  1. Hotty125

    Hotty125 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    25
    Хмм,оваа тема не ја пронајдов на фемина па ришив да пишам:)
    сите ние имаме бемки на телото,но има и бемки кои што означуваат нешто.
    Тоа 100% сум сигурна оти слушнав за тоа.Пример бемката меѓу носот и усната претставува дека жената е природно убава и сл.
    Дали знаете уште некои такви ствари? :)
     
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Јас имам слушнато дека бемките се места на кои сме биле ранети во минатиот живот.
     
    На The.Princess му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Ајдееее. Јас како што сум ко делматинец у рацеве, значи у претходниот живот решето ме направиле, а па на грбов што имам една голема таа сигурно е од базука :D
     
    На toxincitylies, AnGeL4e009, Anacid и 47 други им се допаѓа ова.
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Најспецифичната бемка што ја имам е позади левото колено. И дознав дека луѓето што имаат бемка на тоа место имаат екстравагантен животен стил. Now that's a shocker.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.164
    Пол:
    Женски
    Јас имам бемка одма до носот, заприметлива е ..појма немам шо значи :D
     
  6. Hotty125

    Hotty125 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    25
    Јас имам прочитано дека ако се има бемка на главата тоа означувало дека си многу слатка личност :D
     
    На attias и musicgirl55 им се допаѓа ова.
  7. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    8.387
    Пол:
    Женски
    имам бемка на десниот образ во близина на носот, и знам ми кажуваа порано кој има бемка на тој дел од лицето бил убав али незнам безвезе ми се ваквите верувања, дека делот кај што е бемката означува нешо
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Ајт одете и гледајте си на кафе :D .
    Да ве прочита тука некоја докторица ќе ви се :D :D :D
     
    На srcekrsacka, XMaN, Hotty125 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    Знак лепоте :rofl:

    Ај шала на страна-бемката е закржлавен тумор затоа не треба да ги изложуваме на сонце ниту во солариум.
     
  10. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Дека имаат бемките некое значење прв пат слушам , ама знам дека бемките се јавуваат како недостаток на некој витамин во телото. Има некои бемки што се губат и по извесно време пак се појавуваат на истото место.
     
  11. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски








    А за тие што немаат таму бемка се НЕубави ? ? :D
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    ^^Немора да значи дека е недостаток на витамин. Некои бемки точно знаат да се појават заради недостаток на витамин ама тие се или малецки бемкички или светло кафени како пигменти. Можеби и заради недостаток на протеини или минерали да се појават.
    Но може и едноставно си имаш бемки и крај на приказната.
    Јас имам илјада мож :D , многу сум бемкаста, одамна кога бев на кожно ми ги виде лекарот и рече нормални бемки таков ти е организмот.
    Само ме предупреди да не ризикувам и да одам во солариум, а воедно тој е штетен за сите, така да и да немав бемки не би отишла.
    Oндак многу сум убава, јеах утеха за бемкастите.
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Jас имам голема бемка на 4цм од папокот, над него
    крупна е, ама не е како тртка, значи мазна бемка, не е испакната
    порано ме нервираше, веќе не :D
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Јас имам една на десниот образ, малку над мустаќот. Депилиран ми е, без гајле. Де гатајте ми нешто.
    Убава, грда, паметна, глупава, три машки деца, џип од 50 000 евра... Било што. :D
     
    На Umbrella22 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Имам само една повпечатлива и малку поголема на десната рака, од внатрешна страна, над лактот.Ја имам од раѓање и како помала се срамев од неа и на 30 степени шетав со блузи до лакти :D Будало девојче.
     
  16. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Не зезај, и бемките имаат значење???? Аман бе толку им е досадно на некои луѓе па и со оваа се занимаваат.

    Ова значи дека во претходен живот си била Мерилин Монро, ама во овој случајно се преместила малку бемка. Јас се кладам ненормално добро ти стои црвен кармин и љубиш да ти се дига фустан, нели??? :D ;)

    Јас си ги имам во изобилство бемкиве, и имиња едно време им давав. Еве запознајте ја Рајна на левиот ми лист од внатрешна страна, она мајка им е на другите.
     
    На LittlePinky, portokalche, attias и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Ако значењето на бемките е тоа, тогаш во претходниот живот мора некој да ми врзал јак бокс на левиот образ. Ама на убаво место мавнал!
    Или ми забиле два ножа во непосредна близина на папокот. И таму уметнички ме измлатиле.
    Шала на страна, зарем и ова сега има значење? :?:
    Што се нема да се слушне и измисли. Човечката глупост навистина била бесконечна :D
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    И мене ми стана интересно она сте биле ранети во претходен живот. Тоа што ми излезе бемка на сред стапало откако имам нагазено на шајка баш таму, тогаш јас живеам паралелно два живота! Леле проникнав! :o :D
     
    На Cynthia и Doozy им се допаѓа ова.
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Па, ако бемките се од рани од минати животи, тогаш бидејќи јас имам на исто отприлика место странично по една бемка на секоја града (такозвана сиска), некој ме пукал со два пиштола или па со две сабји ме расекол (не мора сигурно само огнено оружје) синхронизирано, онака како оние азијатски кршачи на греди и тули само со бочен зафат. Интересно, :wasntme: !

    Туку ако има некој толкување за наведенава бемко локација, нека се изјасни :geek: !
    А, да имам и една малку над процепот меѓу двете половинки на задникот. Ама, сериозно. Моиве бемки се скромни лоцирани така да не се за пред сечии очи :P !

    Туку, беМки или беНки е правилно на нашиот јазик, тоа се мислам цело време :?: ...
     
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    ^^^A бе ај ти над процепот Теодорче, ама јас имам една таман над отворот :rofl: што ми дава невидена мака во суредувањето, вртам околу нејзе со бричот ко баба околу огниште :rofl: Е тука не можам ни да замислам кој и како ми правел рана :rofl: :rofl: Па онаа под мишка, гарант е од куршум, пошто е поголемка. А, оваа што ја имаме сите женски потомци во фамилијава , од пред четири колена наваму, хаха, стрелачки вод, таман в гради, насреде, веднаш до срцето :D Леле, леле :D Само оваа на колк лесно можела да се добие, так со мечот, и готово :D
     
    На LittlePinky и MSkorpionka им се допаѓа ова.