Форумџика на годината

Бенефиции обезбедени на работното место

Дискусија во 'На работното место' започната од MarigoldA, 18 март 2024.

  1. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    11.449
    Пол:
    Женски
    Не најдов слична тема.
    Ако има, нека го спои админ постов таму.

    Колку ви е битно во компанијата во која работите да имате некои бенефиции?
    Под бенефиции не подразбирам ергономско канцелариско столче, дополнителен монитор или билијард за играње со колегите на работа, туку нешто од кое би имале и лична корист. Подолу некои примери од бенефиции што се нудат во компаниите низ Македонија:
    • Приватно здравстевно осигурување. Ова стана честа пракса. Имено фирмата обезбедува приватно здравствено осигурување за своите вработени (може и сам да се осигураш, но полисите коштаат од 250-400евра годишно во зависност што вклучува). Можеш да се лечиш на приватно и осогурителната компанија ти го покрива секој трошок.
    • Повеќе денови годишен одмор од законски определениот. Иако законскиот број на денови одмор годишно е определен на 20 дена, некои компании нудат и повеќе (25-30 дена) без разлика на стажот на работникот.
    • Професионална едукација и надоградба. Фирмата, во центар со кој имаат договор, обезбедува курс за јазик, софтвер или слична обука за вработениот без тој да плати било што за обуката. Скоро правев муабет со пријателка, кај нив имаат програма за мастер со еден наш приватен универзитет каде преку работата покриен и е голем дел од партиципацијата.
    • Работа од дома. Иако не е финансиска или слична придобивка, за многу луѓе можноста да работат од дома е must have. Некои дури и би прифатиле и работно место за пониска плата, доколку тоа место им нуди можност за работа од дома. Не трошиш пари на превоз, не губиш два часа дневно одење и идење од работа, не седиш во чевли цел ден и тн.
    • Бонус програми. Покрај платата на која вработените имаат договор, многу компании нудат бонус на месечно, квартално или годишно ниво.
    Овие ми текнуваат моментално. Слободно може да се дополни листава.
    Дали ви е побитно да имате ваков тип и други слични придобивки на работа, или пак да имате поголема плата и од никакви други бенефиции да немате потреба?
    Дали и колку сметате дека постоењето на вакви придобивки придонесува за задржување на вработените во една компанија?
    Дали сметате дека некои компании користат вакви бенефиции како "мачкање очи"? Во смисла платата што ја нудат не е висока, ама нудат и придобивки?
     
    На ThiccFit, GirlLove, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  2. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски
    Да имам избор. Сакам приватно здравствено покриено или Х додаток на плата. Сакам членска во фитнес клуб или не сакам. Има периоди кога работникот има други цели од теретана или смета дека пакетите во приватно се поголем трошок што подобро би го имал в џеп. Сакам од дома или таму. Избор.

    Што ми е битно?
    - Храна покриена доколку работата е во канцеларија
    - Превоз покриен
    - Испочитување на празници, внимание било какво (активност, бонус, кафана, подарок итн.) да се осетиш вреднуван од бордот за ден на жената, божиќ, велигден, роденден и др.
    - К-15, зарем треба да се спомнува?
    - Кога сакам, колку сакам одмор, што е трик, многу често вработените не го искористуват ова ни минимално, ама психолошки е многу ефективно затоа што не те прави да се осетиш во кафез.
    - Додатоци при семејни настани: дете, брак, не дај боже смрт на близок.
    - Разбирање при работа со дете и не дискриминирање при основ на тоа. Олеснителни околности за градинки и активности за деца.
     
    На GirlLove, SummerGirl, VDT2906 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.702
    Битни ми се сите тие бенефиции. Се е тоа плус за работникот. Фирмите што се распад систем обично не нудат бенефици, туку и кратат од плата за глупости. Мене лично и бонуси ме мотивираат. Добивам енергија, полет да работам покреативно. Само одење во кафана ми е вишок. Јас тоа не го сакам, а колегите уживаат.
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски
    Фирмите што не нудат бенефиции немаат вистински таленти. Луѓето што ги бива бираат каде работат. 8)
     
    На GirlLove и eliesaab им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.621
    Cringe... :|
     
    На Scott Weiland, gjoker4e и злоба им се допаѓа ова.
  6. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски
    Зошто? Ако сакаш поквалитетен кадар мора да понудиш подобри услови за го примамиш.
     
    На Rozevata, GirlLove и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    1.537
    Пол:
    Машки
    Па не ми се битни сите бенефиции.
    Се согласувам со @winnie02, побитно е да има избор.
    Што ако на пример ми нуди бесплатно членство во теретани а јас не сум љубител?

    Приватно здравствено, денови одмор повеќе од вообичаеното, работа од дома, тоа е веќе неопходно. Сум работел во фирма која не нуди ништо од тоа, и во фирма која ги нуди тие работи, и дефинитивно има разлика.
     
    На Billy Idol, VDT2906, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.702
    И јас не би била за гратис теретана, и кафана ми е вишок. Еве сега една колешка ќе оди неколку месеци во една далечна земја каде ретко одат Македонци, и тоа преку деловните партнери. Таа си работеше со нив и ја понудиле, платено е се. Па коментиравме дека реално тоа нема шанси од свој џеб да го платиш, чини илјадници евра и секако дека е бенефиција. И да се решиш на свој трошок да оди, ќе шеташ по градови, ама никој нема да те прими во нивни фирми да се види како таму се работи. Колку работници имаат таква прилика? Веројатно 90% немаат такви шанси.
     
    На Rozevata, FreeToGo и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.084
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Кога барав работа добив понуда од доста позната фирма и тоа неочекувано. Бев радосна што бев спремна да прифатам па кога ја пратија понудата не ми се веруваше. Три месеци без здравствено, full-time. Па тие толку пари правеа што ќе ги кошташе да не обезбедат здравствено? :fubar:

    Втор пример, одам на интервју кај странска фирма, место основни услови ми зборат за fitbit ќе добијам ако ме примат. Не ни стигнав до второ интервју со нив.

    Џабе и теретани, и петочки пијачки, и pizza parties, ако ги немаат основните законски бенефити нема потреба да идеме даљеве. Се друго е плус.
     
    На Rozevata, VDT2906, ThiccFit и 7 други им се допаѓа ова.
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.558
    Пол:
    Женски
    Во фирмата каде што работам ги имаме сите горенаведени бенефиции, но не важат за сите вработени.
    На пр. Приватно здравствено имаме само тим лидерите и менаџерите на секторите, бонус имаат сите вработени 1 годишно, а тим лидерите 2 пати, обука во странство која според мене е најдобро нешто имаат скоро сите кои имаат потреба (станува збор за специфична дејност), одмор по закон како што си е, еднаш неделно масажа, 3 пати неделно спортска активност платена од фирма, службена кола која ја користиме и за приватни цели и најбитно покачување на платата секоја година.

    Е сеа приватна фирма е и ни искача маста, ама пре би со пари да ме тепаат и да се потам него државно да клатам врата цел живот за 500-600 евра.
     
    На eliesaab и MarigoldA им се допаѓа ова.
  11. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    11.449
    Пол:
    Женски
    Ова е интересно. Има компании во странство кои имаат unlimited PTO policy. Во Македонија не сум сретнала (можеби ИТ сектор :?:), во секој случај е позитивно. Не дека некој нема да се појави на работа ако му е неограничен одморот, ама на пример ако си бил три пати на одмор и ти требаат инцидентно уште два-три дена, никој не ти вика дека веќе си го искористил одморот и немаш веќе денови, пошто практично не е нешто што се троши.

    Во склоп на темава еве нешто интересно што ми излезе на линкедин деновиве е пост од компанија што овозможува 3 месечно скратено работно време на жени тукушто вратени од породилно. Го заматив логото и името на компанијата за да не испадне дека реклама им правам инаку станува збор за поголема македонска компанија, ќе претпоставите која е.
    Screenshot_20240319_005438_LinkedIn.jpg
    Мене ми е интересна ваквата придобивка и браво за тој што му текнало, сметам дека е големо олеснување за тазе мајки, за разлика од да речеме Пица Петоци и кафани (а вработените едвај чекаат да се приберат дома).

    Конкретно за моето искуство, во првата фирма каде што работев имаше картички за попуст на некои места и толку.
    Потоа каде што работев имаше Пици во петок, ама имаше и бонуси, имам работено и на место што освен плата ништо друго не нудат. Генерално битно ми е да има, особено ако станува збор за бонус или приватно здравствено или слично, меѓутоа не по цена платата да е отепана.
    А да и службени патувања спомнал некој и обуки во странство. И тоа е голем плус, сум имала прилика само во поблиски земји. За подалеку еднаш требаше да одам на сметка на фирма, штета што за виза ме одбија во амбасада.

    Значи да има баланс, не мора да нудат којзнае што од придобивки ако се солидни примањата, ама па да не е ни случај плата минималец ама еве ти теретана и картичка за попуст (а попустотот важи во продавници во кои со платата што ја нудат не ни можеш да купуваш :D).
     
    На winnie02, Tanjamm и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Се' освен последната точка од првиот пост за бонуси го има во компанијата каде сум во моментов, но тоа е затоа што јас не работам сејлс. Мислам т.е. сигурна сум дека сејлс имаат бонуси, тие за тоа работат.
    Карта 90% покриена од работодателот за секакви вонработни активности, от боулинг, теретани, масажи до базени, Крав Мага итн. Овошје и кафе мислам дека скоро и нема канцаларија без ова тука, празниците се отбележуваат симболично. Се плаќа и симболична сума за транспорт, покрива месечна карта за градски.
    К-15 и разгледување на платата спрема перформансот на куартарно ниво, плус работа за празници/викенди/ноќни се плаќа дополнително.
    Хибридно се работи.

    Не е идеално, организационно структурата се губи се' повеќе но за моментот ми одговара.
    П.С. Не станува збор за позиција во Македонија.
     
    На eliesaab и MarigoldA им се допаѓа ова.
  13. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.474
    Ах колку паметни, компетентни и трудољубиви се губат себеси работејќи за канти фирми..
    Да се нудеа добри услови и убава работна средина немаше да цмиздриме колективно сите на темиве.
    Не можеш да очекуваш добар работник кога ти не нудиш средина каде што може да се покаже дека е добар.
     
    На GirlLove, carangigia, EmporioIvankov и 2 други им се допаѓа ова.
  14. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.181
    Ова е толку привилегиран пристап, ало пријатели, има луѓе што не можат да си дозволат да седат на газот месец два и да се шетаат на интервјуа...без осет жими се.
     
    На ThiccFit и Tam4yy им се допаѓа ова.
  15. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски

    Има места луѓето вода немаат, а ти вадиш цвеќиња.

    Секогаш ќе има различни животни ситуации, тоа не е поврзано со фактот дека компаниите со подобри услови се побарани и ги прибираат квалитетите.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.181
    Јасно, ама имплицирано е тоа дека ако не сте на “добро“ работно место сте неквалитетни, нормално дека подобри услови ќе има и подобар талент, ама и не е баш секогаш правило. Еве многу прост пример, инженери, дури и послаб талент поминува, ако помине пофино во кадрово. Мажи генерално многу полесно поминуваат од жени оти породилно за нас нема. После имаш луѓе со познанства и конекции.
    Значи не е правило, па би рекол и дека квалитетот многу ретко кореспондира со тоа каде ќе завршиш, барем во Македонија вака е.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.722
    Јас за короната работев во минатата фирма бремена а законски ми следуваше со мерката да седам дома ама приватници, си правеа како што им одговара. Јас па со сиот ум одев на работа се ставав на ризик. Среќа ништо не ми се деси, ама од врата ги враќав сите што не носеа маска. Морав да остварам право на породилно, ако напуштев ќе се ставев во уште поголема каша. Секој ден пред да одам се молев да не закачам вирус и дома да не однесам.
    Сега кај што сум е ок во смисла на разбирање ако детето е болно и треба да се грижам за него, земам слободни денови кога јас сакам..
    Платата ја покачуваат 2 пати годишно.
    Подароци добиваме за 8ми март, нова година и роденден.
    Запознав многу луѓе и стекнав пријателства кои позитивно ми делуваат,контактирам со тие луѓе често.
    Работа во недела и празници се плаќа дупло.
    Си ја сакам работата и не ми е тешко да ја работам,не работам по струка иначе а ете се пронајдов.
     
    На Rozevata, злоба, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.187
    Допаѓања:
    39.866
    Пол:
    Машки
    И јас се согласувам со @winnie02 дека е најбитно да се има избор кога е во прашање бенефитите.

    Кога сум работел во македонски фирми и немало баш избор. Пример, имало бесплатна теретана или пица за Петок, тим билдинг и такви активности.
    Може не сакам тој месец да одам во теретана, може сакам нешто друго.

    Сега работам за странска фирма која нема канцеларии во Македонија, и ги имам истите бенефити кои ги имав овде, сите горенаведени.
    Имам одреден буџет и изборот е мој на што сакам да го потрошам, дали во теретана, технолошка опрема, маркет, масажа итн. итн.

    На почетокот имаше неколку точки за кои требаше да го трошиме, да биде нешто за личен бенефит и комфорт поради тоа што компанијата се грижи за своите вработени, па требаше да доставуваме извештај за што сме ги потрошиле. Сега е полабаво, па едноставно ми се екстра пари во буџетот за тој месец. И сам не знам за што ги трошам.

    Единствен избор што немам од оние горе е работење во канцеларија, иако денес се отворија многу места во Скопје кои може да си ги користиш како работилници.

    Најголем бенефит лично за мене е што не сум врзан за место и време. Т.е. не морам ниту да работам и живеам во Македонија. Што е, еден огромен плус и можност во иднина за промена на државата.

    Дали ми се битни овие бенефити? Да. Го прават работникот да се чувствува покомфорно и ментално подобро, посебно ако има избор за работа од дома, флексибилно работно време, доедукација, ете бенефити за теретана, ваучери итн.
    Приватното здравствено е исто огромен плус, за не дај боже.

    Но, она што е клучно е сите овие опции да се екстра, а не дел од платата. Кај нас компаниите знаат да ги користат овие бенефити за цел да ги држат вработените за пониска плата.
    Тоа што ти плаќа фирмата теретана, не значи дека платата треба да ти стагнира.
     
    На Rozevata, злоба, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.474
    Кај мене се пополнија местата за одмор ова лето...ама луѓе ужасно сакам да сум на одмор летоска.
    Имаме премногу вработени и мој одмор не прави разлика, ама не ми дозволуваат.
    2 недели тек во Октомври ќе ми дадат. Шо кур ќе ми се тогаш?
    Што да правам дечки? Многу многу ми требаат тие две недели во лето.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    12.680
    Пол:
    Женски
    Покрај претходните спомнати, најголема бенефиција лично за мене е непостоење микроменаџмент. Бенефиција е исто здрава комуникација со вработените, вистина интересирање кој со што се соочува (секако, без никаква манипулација па после да го отепаш од работа), свесност дека на крајот од денот сите сме само обични луѓе.

    Ова за тука не, затоа и фирмите се онаму каде треба да бидат. Зашто најдобар маркетинг се прави преку задоволството на вработените, подобра подвижна реклама здравје.
     
    На Rozevata и MarigoldA им се допаѓа ова.