1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Берба на зеленчук и овошје во Грција и Македонија

Дискусија во 'Барање работа' започната од GaY.bOy, 16 февруари 2012.

  1. GaY.bOy

    GaY.bOy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Значи, драги мои феминистки, од немај каде и од слаба информираност (скоро никаква) се одлучив да пишам овде и да барам надежи за разрешување на моите дилеми! :P
    Ова лето ќе ги имам полни 18 години. Моето семејство нема толкави економски и финансиски сили за да ги задоволи сите мои потреби (знаете како е да се биде млад), но немојте да помислите дека кој знае колку сум амбициозен, или па трчам по некаков луксуз, или па сакам некои скапи работи и бла бла бла, туку под потреби сакам да подразберите секојдневно излегување в град, в дискотека, на кафе, парфеми, модни додатоци... едноставно кажано во секој момент за се и сешто да ти се најдат пари во џебот! Е сега, поради тие причини, јако се одлучив за работа ова лето, сам да си заработувам, да можам да си уживам и да не претставувам товар на никого. Тоа што го барам од вас се информации во врска со овие бербите на портокали во Грција, на јагоди исто така; потоа информации во врска со земјоделските берби во Струмица итн.. Значи сакам да најдам некоја “надничарска работа“-секојдневна исплата, добро платена, без оглед на физичката тешкотија, да поработам отприлика еден месец (а можи и повеќе), сам да си го “спечалам“ одморот и сл. Ве молам за секоја информација што ја носите во вас во врска со оваа тема и за што поскори одговори. Секој ваш збор, може да спасе еден мој летен ден хixix :D

    Ви благодарам уште од сега! :)
     
  2. EWA

    EWA Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Зошто би ти била работа за берба на портокали,кога си решила да работиш во Грција барем обидисе да најдеш работа во продавница или на пример во хотел како собарка..Јас исто така ова лето би сакала да работам во Грција па ако имаш некоја добра понуда или информација пиши во лп..поздрав
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    За ваква работа имаше голема еуфорија пред едно 10 год ако се добро сеќавам - берење на маслинки и разно овоштие. Веќином студенти и некои средношколци така го поминуваа одморот, ем работа ем одмор.
    Сега баш и не сум слушнала за таква работа. Сега работат како келнери по барови и ресторани. Баш лани кога бев јас на одмор на еден ресторан покрај море не служеше еден дечко од Скопје
     
  4. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Знам за берење јаболки во Ресен ми имаа кажувано пред 2,3 години. Се договаравме друштво да одиме, цел септември се останува а не се сеќавам колку даваа дневница. Мислам дека смештајот и храната ти се платени или така нешто...
    Ако има некоја ресенчанка слободно нека земе збор. :)
     
  5. GaY.bOy

    GaY.bOy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Драги феминки, дали можеби знаете, имате информација, сте потслушнале или што и да е за берба на праски во Македонија? Слушнав дека се береле Росоман. Како можам да стапам во контакт со одговорните? И не мора само на праски или во МАкедонија! Било што и било каде! Искрено, ми треба премногу работа, така да ништо не одбирам, се прифаќам! Ве молам за информации во пто побрзо време. Овде во Битола како воопшто да не допираат ваквите информации со земјоделието... :^) :o
     
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Еве оваа година и октомври беше бербата на јаболка,зависи сега како ќе се договорите со тие што ве земаат да берите,иначе дневница сега се плаќа од 800-1200 колку што разбрав,кај некои има услов да собериш толку и толку сандуци,обично е вклучена храната,а некои ако платат 1200 не вклучуваат храна. За смештајот по договор,ако имаат каде да ве сместат и ако е за подолг период тогаш можат да обезбедат,иначе знам дека некои си плаќаат смештај.Незнам колку им се исплаќа. Некогаш и по договор можи да те земат сабајле и да те вратат вечер,како татко ми пр.,ама тој оди и се враќа секој ден или секој втор ден.Обично повеќе одат машки да работат (бидејќи има и товарање) и сепак е физичка работа со кревање и тегнење :) Ама сепак,ако има повеќе работници е подобро и и женски да се,ако знаат убаво да берат ги земаат.
     
  7. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Бербата на јаболка е во октомври. Обично се почнува после Крстовден и трае цел октомври, па и ноември фаќа понекогаш, кога има повеќе род или пак кога врне подолго време.
    Се земаат работници во секој случај бидејќи сам никој не може да престигне.
    Дневниците изнесуваат од 800 до 1000 денари
    (за 1200 не сум слушнала, можеби има ама ако нема вклучено јадење)
    обично со вклучен еден оброк (ручек). Некаде имате и кафе со нешто благо за време на пауза, некаде не, зависи од газдите пак ќе речам.
    За смештајот зависи како ќе се договорите со газдите. Може и тие да го платат, може и самите да го плаќате, а може и по пола. Ако треба да се патува, некаде газдите плаќаат и ги земаат/враќаат работниците, а ако имаат сопствен превоз им даваат пари за гориво. Некаде не им го плаќаат превозот, но им префаќаат во дневниците.
    Најмногу се бараат машки работници бидејќи треба кревање полни гајби, товарење-растоварање, берење со скали, затоа. Земаат и жени, но поретко. Не мора да значи дека ако се земат мажи ќе знаат и можат подобро да работат отколку жени, има жени што ни маж не им е рамен, ама најмногу е заради кревањето и утовар/растовар.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Епа баш така,и јас тоа го кажав ;) А за дневници има и од 1200,ама за условите незнам. А стварно има жени што знаат да берат и ако се повеќе работници (да има и машки) нема да е проблем за товарањето.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Баш пред некое време со еден познаник зборувавме за берењето на овошје и зеленчук во Грција.Тој конкретно беше да бери јаболка.Секој ден работеше по 8 часа,значи има одредено работно време и дневницата му беше 1000 денари.Ако останеше повеќе од предвиденото му се плаќаше дополнително.Тој имаше еден оброк,а ако се договореше да го нема ќе земаше по 1200 денари,а и самите газди му го платија смештајот.Значи зависи како ќе се договориш и какви газди ќе се погодат.Сепак за нашиот стандард 20 евра на ден за 8 часовна работа не се малку.Да,работата е напорна ко за женски и ги има се помалце,но тие кои што знаат да ја вршат работата како што треба не им е напорно.
     
  10. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.214
    Пол:
    Женски
    Вака, муабетевме со дечко ми на таа тема и конкретно за Грција разговаравме ако најдеме нешто за летниот период да работиме, плус пари супер ќе ни дојдат. Е сега за берење овошје во Грција, да знаете некој да посредува??
     
  11. Fluke18

    Fluke18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2017
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Здраво,сакаме да одиме со друштво на берење јаболка но дали некој знае како да најдеме оглас или контакт телефон од некој таму незнам како оди тоа?