Форумџика на годината

Бесплатен јавен превоз за студентите и средношколците од приватните училишта и универзитети

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ajronmen, 17 август 2023.

  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Машки
    Комисијата за заштита и спречување на дискриминација пред неколку дена најави дека ќе поднесе тужба против град Скопје за заштита од дискриминација од јавен интерес за остварување на правото на бесплатен превоз за студенти кои се на приватна настава.

    Пред некој месец, и средношколскиот сојуз поднесуваше барања, тужби или не знам што, за учениците од приватните средни училишта да го остварат ова право.

    Во повеќето интервјуа, учениците и студентите велат дека се чувствуваат дискриминирани бидејќи не ги добиваат истите услови со учениците од државните универзитети и училишта.

    Дали овие ученици и студенти се вистински дискриминирани?

    Што мислите, дали е оправдано нивното барање, и зошто?

    Дали сметате дека оние кои посетуваат приватни образовни установи немаат исти или имаат полоши услови од оние од државните образовни центри?
     
    Последна измена: 17 август 2023
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Машки
    Моето лично мислење е, иако законски испаѓа дека се дискриминирани, сепак условите во кои учат се многу, далеку, несразмерно подобри од оние кои ги имаат учениците и студентите на државните универзитети.

    На некој начин, може да се каже дека и оние од државните се дискриминирани бидејќи поради економските услови немаат пристап до подобро образование (ова подобро образование е малку дискутабилно во однос на приватните универзитети и училишта - бидејќи нели, владее мислењето дека плаќаш добри оценки).
    Но сепак, тоа не го исклучува фактот што тие учат во генерално подобри услови и самата услуга и искуство се далеку подобри.

    Од една страна сочувствувам, и се согласувам дека нешто тука не е еднакво.

    Но осеќам морална дилема да кажам дека се во право родителите кои плаќаат илјадници евра на приватно образование - немаат 1500 денари за слободна карта, и го бараат тоа право.

    А од друга страна има ученици чии родители едвај врзуваат крај со крај, и собираат пари за да купат ранец и тетратки на 1ви септември.
     
    На Mrs. right, staycalm, daylight и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.625
    Шо се замарате, и така тие не се возат со јавен превоз.

    Али нивните родители пак плаќаат данок, така да дискриминирани се.

    Да зееме и здраствено и пензионо да им одзееме ако не?
     
    На FairyRedForest, Biljarkata, злоба и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Машки
    Со сѐ што е од јавен карактер можам да се замарам и да имам мислење или интерес.

    Ако имаш мислење искажи го убаво.
    Ако ти се расправа, не коментирај...
    Ако не ти се расправа, пак не коментирај...

    Кога веќе отвори тема за даноци, се поставува прашањето дали тогаш можеби треба да постои прогресивен данок. Што е друга тема.

    Пак ќе речам, двоењето на двете класи на ученици во основните очите на државата и општеството го гледам и јас.
    Но, двосмерно е.

    Моралната дилема е дали двајца од кои едниот зема 20.000 а другиот 80.000 и плаќаат иста големина на данок, може да очекуваат исти бенефиции од општеството?

    Темата е широка. Ако имаш конструктивно мислење, повели...
     
    На staycalm и daylight им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.625
    Ко за некој Ајронмен, многу си нежен на живци.

    Никој тебе лично не ти се обрати, а и поентата на коментирањето е расправа околу одредена тема...
    Ако тебе не ти се расправа, тогаш немој.

    Се што е од јавен карактер и интерес, па уше и на јавен форум, ја можам и смеам да го кометирам, на начинот на кој јас сакам, без некој да ми го брани тоа.

    Моето конструктивно мислење беше погоре, јасно и концизно, дури три реда.
     
    На Ena05 и Ajronmen им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Мене ми е во ред барањево. Не се сите што одат на приватен факултет нешто многу богати, и тие се возат со јавен превоз. Бесплатен или со некое минимално плаќање јсп за сите студенти е прифатливо.
    А дека се приватните подобри...не се. Единствено од средниве нова што нуди каде каде подобри услови за идно студирање, ама за факултетите не важи истото, ни еден не е сфатен сериозно и уким тука е далеку подобра опција, па затоа не гледам дискриминација.
     
    На Lella, Srckata28, Waverly Raven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Pitulica

    Pitulica Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    104
    Не сите кои учат во приватно училиште се деца на богаташи. Лично знам деца кои се од селендри наши, чии родители едвај врзуваат крај со крај, кои се деца на самохрани родители (мајки најчесто, нели), па добиле стипендија од некој од приватните училишта затоа што се прави генијалци (да, приватните училишта прибираат таленти). Тие деца се веќе гурнати во средина кај што класните разлики се и те како очигледни (немате појма колку слепи се некои од тие деца на фактот дека постојат луѓе кои немаат се што ќе посакаат). Така тие деца, освен што се гурнати во свет кој е маестрално различен од тоа на што се навикнати, се плус и додатно дискриминирани оти државата нема појма дека воопшто постојат, и ај што не им обезбедила ниакви механизми за развој и напредок додека биле по државните училишта - уште сега додатно ги дели од своите врсници.
    Оние богаташите и онака нема да се возат со јавен превоз (која будала користи јавен превоз во Скопје ако има било каков друг избор?). Стварно не гледам зошто правила кои важат за едните не би важеле за другите... Бесплатен превоз за сите - многу едноставно е.
     
    На noteforself, Srckata28, Waverly Raven и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.988
    Пол:
    Женски
    Има многу на приватен со стипендии.. Веќе секој универзитет дава стипендии. Слично и со средните училишта.
    Сметам дека и тие треба да имаат ист третман со овие од државен.
     
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.244
    Пол:
    Женски
    Не им е оправдано иако има и такви што се со стипендија.
    На тие на кои им се учи, можат да се запишат и на државните и да добијат стипендија и бесплатен јавен превоз. Па, ако сакаат да тужат за нешто, ќе има повеќе смисла.
    Не се дискриминирани. Дури полесно се снаоѓаат и добиваат.
    На учениците и студентите од државните им е потешко да најдат работа.
     
  10. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека бесплатен јавен превоз треба да имаат само загрозени категории. А не баш да важи за сите студенти, средношколци или пензионери. Повеќето од нив имаат сосема доволни примања и може да си дозволат да платат автобуска карта која кај нас реално е ефтина.
     
    На tessie и Gosh им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.493
    Пол:
    Женски
    Јас го разбирам барањето. Оти некој можи последни пари дава за едукацијата. Некој е со стипендија, а уствари дома се on a budget, и генерално пак се работи за деца и млади кои покрај се немаат свои финансии иако ете родителите му се поситуирани. И пак ова не е најважно, еколошки треба да туркаме јавен превоз наспроти одење со сопствено возило сегде. Прифатливи цени за јавен превоз или фри јавен превоз особено за сите средношколци и студенти безразлика кај учат го обезбедува то.
     
    На poi, Lella, Waverly Raven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    12.805
    Пол:
    Женски
    Да, сметам дека треба да имаат бесплатен јавен превоз и студентите и учениците од приватните школи, универзитети.. Не може да ги дискриминира државата по тој основ, плаќале школарина, значи имале пари, не им требало јавен превоз.. Дали им треба или не, не е ваша работа, вие треба да им го овозможите, бидејќи и децата на тие родители плаќаат во оваа држава давачки, даноци, и се и сешто, па они ако сакаат никогаш нека не се качат во автобус, вие сте должни, треба и мора да им овозможите..
     
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Нека се возат.
    Мене не ми сметаат. Секако јас никој не знам више шо не вози, дали од државен, од приватен. Ретко кој употребува ЈСП. Така да, нека си се возат. Ем им следува, ем е ферски
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Баш бесплатно и баш за сите ученици и студенти ептен ќе биде терет на буџетот. Но, интересен попуст зошто да не.
     
  15. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Јас сум за бесплатен јавен превоз без дискриминација. Ова само кај нас го има.
    Како се рачунаат примањата дали се доволни или не се?
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Машки
    Equality-Equity(High).jpg
     
    На daylight и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Студенти и средношколци се студенти и средношколци. Не смее државата да си земе за право да ги дели.

    Во државава кај што студирам, и студентите од приватни универзитети имаат право на субвенции на оброк, а не пак на субвенциониран превоз. И така е правилно.
     
    На Biljarkata и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    900
    Кај нас реално е ШТО? Евтина? Освен ако се шверцаш, не знам како иначе би била евтина месечната карта.

    1500 денари или колку и да е таму, е евтино за тебе, за она што го добиваш?
     
  19. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Кај нас месечен билет е 7% од минимална плата, додека во Германија на пример е околу 3% (вклучувајќи и возови).
     
    На BraBru му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Јас бев во приватен факултет и баш ми пречеше што иако бев студент 1000 и нешто морав да ставам месечно за возење со автобус, а имав 2 автобуси од дома до факултет, значи 4ри возења и плаќања за еден ден. Кај нас приватните факултети не се слика за приватен факултет.. не значи дека се подобри или пак многу поскапи од државните.. исто многу студенти се со пониски рати поради добри оценки или пак на стипендија. И искрено тоа дека сите поминуваат, никој не паѓа, малку се учи, можда за некои снегулки со врски ама во главно исто се замараш, и многу повеќе плаќаш за одново испит да полагаш во споредба со државен.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.