Темава ја отварам со план за овде да си постираме бесплатни онлајн обуки, било од која бранша – ИТ, дизајн, јазици, психологија, бизнис, буквално сѐ што може да се научи преку интернет! Добро сме запознати сите дека има онлајн обуки за кои се плаќаат ненормални сум за да добиеш еден сертификат на крај. Па ајде овде да споделиме искуство за сѐ што сме слушнале, нашле, пробале или завршиле. Не мора да има сертификат или диплома на крај, но важно е да е корисно, интересно и достапно за сите. Може и искуства – дали ви било корисно, дали било лесно/тешко, вреди ли да се губи време и сл. Ве очекувам сите овде да се надоградуваме заедно.