Лаксативи Мислам дека можат да ти направат проблеми со метаболизмот. Подобро пробај со апчиња за слабеење, не дека тие се многу здрави...
Лаксативи Лаксативите се користат доколку имаш проблеми со излегувањето на пример имаш чоколатца или бомбончиња со лаксативи но ги прави цревата мрзливи и го забавуваат метаболизмот исто и апчињата се на база лаксатиови за да те тераат што повеќе да одиш по надвор или почесто да мокриш. Подобро со физичка активност пробај да ослабеш или со конзумирање на овошје и зеленчук. Јас сега пијам некои кристали што се размножуваат во вода со шеќер и со неколку суви парчиња ананас одлични биле за прочистување на крвта и регулирање на притисокот како и за исфрлање на сите тосини од организмот ако ти се верува јадам повеќе од порано а сум ослабела 5кила и тоа ги пијам 10 дена.
Лаксативи јас читав за лаксативите и видов дека многу познати ги користеле и затоа сакав да пробам со нив :/
Лаксативи Лаксативите можат да те доведат до дехидратација ако ги користиш подолго време,затоа подобро барај друг начин за слабеење и секако совет од мене,не се наслонувај само на апчиња,пробај да се храниш здраво и редовно,а воедно и да вежбаш... диети исто така не би препорачала,си имат свој сопствен ризик...значи не ризикувај ,туку започни да живееш здрав живот Без труд,ништо не се постигнува
Алкалакс незнаев дали да напишам тука или во друг под форум.. се извинувам ако грешам. ме интересира дали некој од вас го користел чајот Алкалакс и дали сте задоволни од него?
Алкалакс Да, да има резултати. Мојата другарка го користеше, па си направи завист од него па потоа живи маки виде да се отргне од него и да заврши работа. Не го користи често.
Алкалакс Да, баба ми го користи више 30 години шала настрана, не почнувај да го пиеш ако навистина немаш потреба од него. Познавам девојчиња кои станаа зависни од него, па сега си направија проблеми. Комбинирај си диета со зелен чај. Не мора со овој. Сериозно
Алкалакс Зарем не е Алкалакс за протерување во ВЦ и каква врска има со фитнес ама никако не ми е јасно .
Алкалакс Да е и искрено се згадувам од вакви потези ради немање моќ врз себе! Ќе јадам што ќе јадам и ќе пијам алкалакс,ќе оставам црева во вц школка,само затоа што не знам да си речам стоп,толку со јадењето. А да не правам муабет што ваквите работи се зимаат строго контролирано,може да биде дури и опасно!
Алкалакс јас не пијам алкалакс, не сум ни помислила, него ме интересираше и мислењето од останатите феминки пошто една моја комшика ми рече дека ослабнала со тоа што пијела алкалакс (ослабната е повеке од 30кг ) за многу кратко време.. иначе јас не сум пиела ништо до сега за да ослабнам, минатата зима ослабев 15 кг , внимавав само на исхрана сега ми треба уште некој кг и од денеска ја почнав ун диетата..
Алкалакс Јас пиев зашто имав проблеми со столицата и ми помогна, ама откако го прекинав пак ми беше по старо. Сега почнав да пијам едни витамински апчиња со алое вера за подобрување на метаболизмот и сум многу задоволна. Не окапуваш во вц откако ќе го испиеш туку нормално идеш. Сега паузирам неколку дена и гледам дека имало резултати и после
Алкалакс морам да напоменам дека дури и на пакетчето пишува дека ствара зависност...и дека смее да се пије 7 дена без престан а потоа мора да се паузира....што значи од штетно поштетно здравје... имате ли видено на некои други таблети или чаеви такво предупредување???
Алкалакс Aлкалакс се пие исклучиво по препорака на интернист и тоа кај серизни опстипации ,најчесто и кај дивертикулуми на црева. Ако се пое подолго од две недели ,штетен е по здравјето бидејќи предизвикува зависност ,има висок ризик за добивање на карцином на дебело црево поради тоа што тој ,нели ,служи за да ја истера цревната содржина ,цревата без него нема да можат да го сторат тоа и стануваат мрзливи,со намалена перисталтика и од играчка плачка на крајот. Од едно компулсивно прејадување до сериозни здравствени проблеми. Психата за узди и чао на Алкалакс!
Алкалакс Ќе може ли да ми ги кажете кои се тие витамински таблети, зашто и јас го имам тој проблем веќе подолго врме.многу ти благодарам
Алкалакс Потполно се согласувам и отсекогаш сум велела додека човек самиот не си ја затвори устата, нема слабеење, џабе. А Алкалакс имам еднаш пиено дека сменив средина, клима се и не можев да одам во вц 4 дена се подув ептен и мислев дека цревата ќе ми прснат. Инаку за слабеење, никако. Подобро ќе затворам уста за некои мои омилени работи отколку да му го правам тоа на сопственото здравје.