Дали сакате да играте билијард и ако да каде најчесто одите и колку често поседувате билијард клубови? Кои места во Скопје би ги препорачале за билијард? Да си кажам за себе, обожавам билијард, но во живо потешко ми иде отколку во игра на фб. Порано имав мини билијард и на тоа игравме ама не е ко во билијард клуб. Не знам што се случи ама изгубивме некое топче и толку беше од играњето, не можевме да го најдеме топчето никако. Во билијард клуб бев еднаш, таман сакав да се научам и поредовно да идам, фати пандемија и толку беше. Конечно се враќа се во нормала и редно е да научам да играм ко шо треба.
Во Хазард имам одено порано, не беше скапо, а и пијачка да си земеш пак излегуваше добра цена. Бараат сертификати сега на вакви места?
знаеме да играме билијард, имаме дома билијард, ама фаќа прашина.. за време на карантините играв со моиве и толку беше.Идев порано во Хазард, сеа и тоа ме мрзи, додуша ги затвориле сите, сеа знам Гранд нешто има само во Центар, ама не сум била.А би ишла. Играме и на фејсбук, и губам поштено од @Dream-Girl , треба летово да се пробаме во реал лајф билијард, да си ги одмериме силите
Ја сум пробувала, потешко е искрено, ама поинтересно е, вака ме тепаш за 2 минути, не е фер па ај пошо си на заглавен факс, ќе оставам ти кога ќе можеш тогаш да идеме те наместив сеа
Затворени се…сите низ Скопје.Дали ради коронава.. не знам Ја мислев привремено е ама прц А овде мислам скапичко е..монопол.Баш ќе видам и јас сеа Еве иначе http://granklub.mk/
Од кога се затворени? Баш сакав да отидам таму, не знаев дека ги затвориле, штета, убаво местенце беше.
во Прилеп да речам за професионалци има 8мица се вика клубот, а јас кај шо одам "смртници" и љубители на билијард ко мене играат во My place, две билијарта има, арна состојба се, за дружба ок.
Да, играм 8ца, 9ка одлично. Секој ден. Едвај чекам да отидам во Гран Клуб, амбиентот изгледа преубаво на сликите, масите им се 9ки и има снукер маси, интересно мени имаат. Не живеам во Скопје.. често идам ама никако да најдам време за во Гран. Се надевам за следниот турнир ке им отидам. Во Хазард(ако е тој на железничка) имам играно пред повеке години.
Колку се цените во Гран клуб, да не беше или некој друг ако бил? Пијачки нешто има, што цени се? Сакам со дечко ми да отидам некој ден, не сум била таму. Друго некое за билјард имаме во Скопје или само ова место е?
Цените се околу 220 од час. Имс пијачки, шанк и кујна. Има и други клубови, Бомонти и КМ. Само во Гран сум била.
Не сум знаела за другиве места. Кај се наоѓаат тие поточно? И ова Гран клуб кај е, вака на мапа гледам отприлика, но не го знам тој дел многу натака, не се движам многу таму. Има некој информација дали и во тие што ги спомна места има исто за јадење, пиење и кои цени им е билјардот?
Па и двата се со ресторани, а не знам шо и како само рекламата им фб страните им ги видов. Бомонти е на излезот од Капиштец накај Центар некаде, а КМ не знам. Гран е позади клиника.
Фала ти на информацииве. Затоа го сакам форумов, многу информации може човек да дознае. Ќе отидам во скоро време и ќе ви пишам како било.
Обавезно чекам детали И јас сакам да ги посетам кога ќе имам прилика да отидам за Скопје. Утре планирам во тоа во Штип да одам, Fools and Horses имале нов паб со билјард маса. А, кога ќе доаѓам во Скопје да те барам за партија билјард?