1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Биопсија на грло на матка

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Doritea, 30 април 2016.

  1. Doritea

    Doritea Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Бев на биопсија бидејќи папот покажа цин 2 , но биопсијата покажа цин 1. После девет дена (во четвртокот) од биопсијата отидов на друг гинеколог за совет бидејки имам еден вид болка што трае подолг период, зошто мислев он ќе ме ислуша. До сега другите гинеколози не ме ни слушаа. Одма ја затвараа темата. Ме виде гинекологов колпоскопски и сам виде дека имам рана од биопсијата што заздравува , му кажав дека се поминати девет дена. Стварно со колпоскопијата човекот не ме ни допре. Ама ајде на ехо да видиме заради болката дали е се во ред со органите. Јас почнав да се бунам декаимам правено биопсија , дали воопшто смее ехо да се прави... но тој рече не е тоа никаков проблем . Не знам како можев да дозволам да ме види на ехо после биопсија ама коа си го бараш чарето насекаде си викаш докторов повеќе од тебе знае и некако ме замаја се согласив.Докторот беше професионалец и се ми објасни на ехото не велам не. Едно од подобрите еха. Се ми беше во најдобар ред. Кога дојдов дома бев супер. Следниот ден петок , почнав да имам крв на хартијата што се бришев и по некое тенко розе црвеникаво парче да паѓа додека мочам на секое следно мочање. Веќе вечерта ми течеше крв како добиено. Сабајлево му се јавив да ме види. Ми вика ова не ти е од ехото ова ти е нешто хормонски. Јас до сеа не ми беше хормонски и не ми било. после биопсијата немав скоро ич крв деновиве,а не вакво по обилно крварење каде веќе имам дебела улошка. Ми направи промивка и ми рече се ќе биде во ред. Во вторник ќе се видиме пак. А до вторник? Што ќе биде до вторник ? Дали има некој искуство со крварење после биопсија? Дали сте правеле промивки и на колку време? Дали да чекам до вторник или уште утре да барам чаре некаде за нова промивка ?