Бистра Вода Бистра вода македонска телевизиска серија во режија на Јани Бојаџи, снимена во 2022 година. Во продукција на Телевизија Алфа. Дали ја гледавте и дали ви се допадна? Мене ме интересира доколку знае некој ,според кој вистински настан е снимена?
Секоја недела во 20 часот на Алфа. Да си се цитирам од тоа што го пишав во другата тема: Само што ја гледав првата епизода од новата македонска серија - Бистра Вода Не сме можеле да направиме серија на ранг на тие во регионот? Можеме и тоа како! Многу ми се допадна, сметам дека постави високи стандарди и се надевам дека до крајот ќе ги оправда. Од музика, интро, дијалози, поставеност на приказната, костими... Се ми се допадна. Го имаше оној момент на близина во кој можеме да се идентификуваме, значи автентично отсликани ликови. Засега 10/10 Дали некој друг ја гледаше првата епизода, како ви се допадна? Фалеше домашна продукција (покрај Преспав). Инаку @Misskirova како што разбрав од специјалите што беа во Шоуто на Богдан, се мисли на повеќе вистински настани врз основа на кои е напишано сценариото, не една единствена приказна, сценаристот ги вклопил после во една.
Фала ти. Да не видела некоја случајно кога би имало реприза за да ја гледам првава епизода? Не можам да најдам програма на сајтот на Алфа, не им е апдејтирана изгледа.
Знам дека епизодите ќе ги поставуваат на онлајн платформа - Кинемое. А претпоставувам дека ќе има и реприза ама кога не знам, сигурно ќе има објавено. Еве линк од трејлерот и од официјалната фејсбук страна https://www.facebook.com/bistravodamakedonija
Ја гледав првава епизода, прв впечаток - лош! Лоша камера, лоша музика, генерално лоша глума со исклучок на Жугиќ па и девојчето што ја глумеше ќерка и , хаотична приказна која не успеав да ја склопам во една целина, некако петпарачко ми беше се'... Не знам, првата епизода треба да е впечатлива, да ме прикова со неизвесност и убава приказна, да ме заинтригира за да имам интерес да ја гледам и понатаму. Кога ќе направам споредба со српската продукција на пример, разлика бог и шеширџија. Не знам дали е само до парите, или има нешто друго кое нам очајно ни фали во кинематографијата. Не памтам кога последен пат сум изгледала добар домашен филм.
Споредба не може да се направи со српска затоа што има многу фактори кои влијаат, а не се само парите. Продукција, глумци, избор на истите, достапност до ресурси се само дел и тие ресурси се баш како што пиша - српска и македонска - бог и шеширџија. Немањето каде да глумат и да се подобруваат ги прави глумците уште полоши отколку што се. Па и математичар ако не практикувал со години ќе му треба преоден период за повторно да се навикне брзо да решава, а не пак глумци на кои не само што немаат каде туку и ние како публика не им даваме никаква шанса (а сме свесни дека не се толку добри како оние од порано). Секако, не може на секому да му се допадне и не ни треба. И мене не ме привлече нешто премногу, ама така било и со многу холивудски серии кои се фалени од многу други.
Реприза рекоа дека ќе има во сабота, а секоја недела ќе искача по една епизода. Ја гледав ии баш нешто не ме заинтресира поради глумата на повеќето глумци. Толку аматерско толку не соживување со улогата ичч не ми се допадна. Ќе дадам уште една шанса, ќе ја гледам и 2ра епиозда да видам дали нешто ќе се поправи.
Изгледа само мене ми се допаднала Особено музиката Не знам, тргам настрана предрасуди дека е македонска. Имало многу лоши серии од соседството па поминувале со подобри првични оценки или можеби поголем пазар се и се насочени кон снимање многу повеќе, па некако и критиките послабо минуваат. Мене ми беше солидна глумата, баш ми се допадна тоа што се користи литературен македонски јазик а не скопски дијалект или сленг, нормално со мали исклучоци за да се долови автентичноста. Приказната е современа, добро вклопена, не знам од прва епизода баш интересно делува. Жанрот е крими/трилер со историски примеси, оттука и мала доза на мистерија е очекувана. Сличен почеток ми имаше и Калкански кругови која е сличен жанр и третира историски теми (иако е сосема различна серија). Некој се жалеше дека не можел да ги поврзе односите меѓу ликовите, јас пак многу лесно поврзав кој е кој, а и прва епизода е понатаму ќе се разјаснуваат работите. Не ми беше аматерски, едноставно природни и горе долу реално отсликана ситуација. Единствено можеби повеќе динамика во камерата фалеше ама со оглед на тоа колку малку се снима, тоа нека е мааната. Зафирчев каква глума Навикната да го гледам во Преспав во поинакво издание, тука позитивно се изненадив. А и постарите глумци, Мони Дамевски на прв поглед ништо слично со Дарко, ама гласот, мимиките ист како татко му... И ми се допаѓа тоа што приказната третира тема која е табу после сите северни договори Може е и вкус во прашање, ама мене стварно ми остави убав впечаток и сметам дека е на ранг на нешто во регионов. Прочитав на социјални мрежи многу критики дека била од "небањати", партиски, не знам што... Пазете, затоа не чинела Во превод ништо македонско не чине освен ако не третира нивни "нережимски" теми и ако се работи за "нивна" екипа (леле колку ужасно звучи ова ама и тоа како постои поделба и во културата). Се надевам дека ќе уживаме во серијата.
Го делиме задоволството дека конечно излезе нешто од "македонска кујна". Ама изгледа некои имавме преголеми очекувања, нејсе, ќе ги гледаме и другите епизоди секако. И си мислам, имаме одличен театар со фантастични глумци, драмски писатели кои оставиле квалитетни дела зад себе. Кога го гледав "Диво месо" бев воодушевена од делото како целина, посебно од глумата на Ирена Ристиќ, извонреден талент. Ама кога истава глумица ја начекав во "Преспав", бљак. Ништо не можам да смислам во таа такозвана серија, без оглед кои се глумци. Што значи, за добар филм се потребни многу елементи да се вклопат, да има една убава синергија меѓу нив. Со други зборови, џабе ако пее и Павароти, кога оркестарот позади него свирел само пред Матично За приказната мислам дека ќе биде интересна, ама пак ќе речам, не е толку важно што ќе кажеш, туку како ќе го кажеш. Ама најважно е да тргне работата, па дај боже да си пишуваме критики и мислења за многу, многу македонски филмови и серии. Така и се обликува квалитетот. П. С. не можам да се сетам на ниеден филм каде што глумел Мони Дамески. За него знам дека извесен период живеел во САД, дали таму се занимавал со актерство, појма немам!?
Ја гледав првата епизода и не ме воодушеви. Како може во секој македонски филм главен муабет да бидат пцовки! Тоа страшно ме нервира. Башка во цела епизода 3 реда муабет. Не сум експерт, ама барем првава да ја направеа подинамична за да привлече публика, па после нека го одолговлекуваат дејството
Ја гледав и јас вчера. Иксрено очекував повеќе, некако глумата слаба беше..ама ќе ја изгледам до крај, добра им е замислата, тематиката. Најмногу ми се допадна Скопјево наше, какви кадри доловени имаше , мислиш секое ќоше е совршено
да се самоцитирам ова смалјиво кога ќе порепрочитам изгледа саркастично, требаше вакво да биде дека е мераци да го гледаш Скопје од сите агли и перспективи доловени во првава епизода од серијата...
Видов нешто на кратко, не ме заинтересира серијава и не ми остави некој впечаток, не планирам да продолжам да ја гледам. Се согласувам целосно со кажаново, истово би го пишала.
Многу евтино и аматерски делуваат нашите серии и филмови. Како да се снимани пред 100 години, а не во 21 век. Нешто модерно и футуристички не знаат да покажат и снимат, заглавени сме со времето.