рецептов го имам најдено уште одамна и мнооооооооогу ми е добар значи сечете 2 парчиња леб (дебелина како за тост) на едно парче мачкате еурокрем на друго парче мачкате путер од кикиритки на средина ставате кругови од банана затворете и тостирајте јадењево има еден куп калории ама вредииии!!!! многу е вкусно хммм а да идам сега да си направам?
Јас имам пробано внатре со мармалад. Превкусен е. Ставаш мармалад внатре, затвораш, тостираш, чекаш неколку минути да се олади и вкусот е прајслес. Барем мене многу ми се допадна. А истово можете и со мед да го направите.
се само цитирам, тостот беше прекрасен од брзање си го изгорев и јазикот.. ммм ова ќе ми биде на мени сигурно повеќе време
Кај го прочитав ова со еурокремот, од денес сум на диета Сега 8 дена ке ми брчи во умот. Мене тостот ми е основна храна а не ми текнало со благо нешто. А да ве прашам колкав треба да биде лебот. Цели парчиња, тенки, дебели, на пола парчиња како? И нема ли еурокремот да истече надвор од топлото?
Нема да истече,мене не ми истекол никогаш.Обичен сендвич-тост и наместо шунка,кашкавал стваш малку еурокрем.Една мала лажица отприлика, и помалку.Зависи како сакаш.И само стави маргарин врз тостот и стави го во тостер
Хахаха фала богу не сум единствена што прави тост со еурокрем Мене тоа многу ми се допаѓа, си го јадам кога сакам да заблажам а да не се умацам додека јадам обично лепче со крем.
Ми се допадна, сакам да експериментирам и да пробувам различни работи, ама сепак би се задржала на мојот солен тост, со кашкавалче и печурки.
Преска ве прочитав и одма, трк да си направам. Си го направив совршен и го јадев со чаша млеко. Прекрасно, преубаво
Неможам благ тост. Јас јес да сум си по благичко ама попрво би намачкала кришка леб со крем него ли тост да правам. Друго, абре не ли ви се растекува кремот, од топлото знае да биде безобразно течен па после и со флеки да се расправате?!?! Па кога течниот крем ќе се впие во лепчето Јас си сакам тост да лепчето ми е убавко потпечено и да ми крцка, то поштуем
Кога ќе нема ништо благичко дома си правам благ тост. Си го премачкувам лепчето со крем и си го ставам во тостер исто како да е со кашкавал и салама. Кога ќе биде готово си го вадам од тостерот и го јадам. Многу е вкусно и интересно, според мене.
Истостирајте две лепчиња така празни, без да ги мачкате, кога ќе бидат готови ( по ваш избор колку крцкави) тогаш намачкајте крем и ставете сецкани банани на кругчиња и поклопете со другото лепче така кремот нема да ви се растекува дур е во тостер, а и поубаво е вака
Истово сакав да го напишам. Прво тостирајте ги лепчињата, потоа мачкајте. И внатре може да ставите нешто по свој избор, да измените...