Дали имате некои блогери и youtibe-ри кои ги следите и ги гледате редовно? Јас на пример ја сакам Тамара Калинич, има преубави видеа од патувања а снима и haul видеа ( иако се што купува/добива е прескапо). Се гледа дека вложува во квалитетот. Исто ми се допаѓа и Камила Коељо. Инаку јас повеќе сакам да гледам видеа одколку да читам блогови. Вие?
Следам јутубери , претежно српски . Ги следам Idiokratija , Novi Anonymous , Magicni Video , Mask Channel и Sava R .
Milica Polyaska , TinaYong, Kylie Jenner, Losmi Panda, MadFit, некоја си Savannah Montano, Shay Mitchell и уште некои 10 ги имам и повеќе Ме мрзи да куцам
Следам од оние кои патуваат по светот и тоа повеќе. Дури еден пар правеле репортажа од Македонија, ама тоа беше толку убаво, се запрепастив. Е сега, не знам колку ова се исплати. За Македонците веројатно не. Ние сме мало јазично подрачје. Би имало мал број следбеници. Друго, сите тие патувања чинат пари. Снимање, дронови, монтажа. Ако почнеш тој канал треба постојано да го „храниш“ со видеа, така што не знам дали воопшто е изводливо и исплатливо.