Блокирање на сметки и одземање парични средства

Дискусија во 'Правни совети' започната од SumskaJagodicka, 9 мај 2023.

  1. SumskaJagodicka

    SumskaJagodicka Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    1. Дали сметка во банка на физичко лице може да биде блокирана од извршител, без претходно информирање и без знаење на тоа физичко лице?

    2. Ако лицето е невработено, дали може извршител целосно да ја испразни сметката без претходно известување и без согласност од физичкото лице дали го прифаќа долгот („наводен или вистински долг“)?

    3. Дали на барање на физичко лице (имател на сметка во банка), банката треба да му издаде документ - основ за парична наплата ( извршување )?

    4. Пример: Фирма со повеќе дејности меѓу кои има дејност како фирма управител на станбени згради која (како доверител) прави парични побарувања према станари „неплаќачи“. Дали по истечена лиценца за дејност управување со станбени згради може да продолжи со парично побарување преку извршител и да стои како доверител во банка за истото побарување, иако повеќе од 40 месеци постои нов „управител“ на истата зграда?