Бовчи

Дискусија во 'Свадба' започната од Viiiiip, 10 октомври 2010.

  1. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    264
    Што стававте( Што БИ ставале) во бовчите на старосватовите, на кумовите, на зетот и на неговите блиски??? Се надевам дека на многумина ќе им биде од помош при изборот...

    П.С. Класични или модерни бовчи ( еден ама вреден предмет)??? :D

    Јас сум повеќе за еден ама вреден предмет... Како саат нешто златно но дококу се работи за помлади... А тетка ми сега прави свадба и старосватовите и се стари и стереотипни и сакаат класични бовчи, исто и свекорот и свекрвата... Па и за зетот ќе треба класична бовча... А за кумата веројатно ќе биде нешто современо како саат...
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.202
    Допаѓања:
    69.667
    Пол:
    Женски
    Искрено, сметам дека се е прашање на договор. Порано навистина купувале бовчи за сите, и според тоа што ми кажувале постарите, добивам впечаток дека некој чека свадба за да го облечат од глава до петици. Како што слушнав, во тие бовчи имало целосна „опрема“ за еден човек, не само облека, туку и постелнини, ќебиња и не знам што уште, и сето тоа по желба на тој за кого што се прави бовчата, поточно, како што ќе кажат свекорот и свекрвата - и тоа морало да биде, без разлика дали имаш пари или не.
    Во денешно време тоа ми е малку претерано. Има уште што прават бовчи, ама ете, јас неодамна се мажев, и ако ги почитував тие стари обичаи, ќе требаше да спремам бовчи за кумот, кумата, децата нивни, а веројатно и за старите кумови - ама - седнавме на маса тогаш кога се запознавме и им кажав дека би било најдобро да им купам еден, вреден подарок, нешто што ќе им остане - поарно тоа отколку облека (па не можам ни вкусот, ниту бројот да им го погодам). Ќе направев бовчи ако ептен инсистираа, ама среќа, се согласија со тоа што им го кажав. Е сега, имало некои коментари после свадбата, ама не од нашите кумови, од постарите, како што е и обичај во нашава Македонија, но искрено, и не ми е важно.

    Viiiip, во бовчите се ставало бањарка, крпа, саат, машинка за бричење, кошула, панталони, тренерки (овие ми се вака примери од некои поскореши свадби), чорапи/хулахопки, комбинезон, пиџами, гаќи, маици, долна облека, некаде и чаршави и ќебиња |( ... можеби има уште работи, ама јас за ова знам... и искрено, мислам дека е претерано.
     
  3. del-fin

    del-fin Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    13
    Вака ние бевме ова лето кумови и бовЧите ни беа пари со не ми се свига подобро 2-3 дарЧиња отколку пари.Ние како поклон и дадовме пари а тиа ни ги вратиа,ова вака испадна :lol:
     
    На SexyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.547
    Допаѓања:
    3.876
    бидејќи сум тазе верена можам да ви кажам дека лично ние за веридба решивне ништо да не се даруваме. значи пред се решававме за се јас и мажулето. се договоривме тоа да го завршиме за денот на свадбата... за тоа што би дарувала ете кумот, кумата , старосватот , старосватицата неговите најблиски браќа сестри снаи зетовци би ги дарувала со по еден убав саат нешто што ќе им остане како спомен подолго време. сум против класични бовчи е што де ?? алиштата ќе ги искинеш, пола нема никогаш да ги облечат а парите се фрлени. вака се водам од едно но вредно... среќа нема мешање од родителите и се е оставено на нас. и не планирам и мн. ме нервира давање на бовчи на се што е роднина имав другарка што правеше 40 бовчи на сите кој и биле на веридба аман бе??? и што баш тоа ќебиња, гаќи, маици..... и да не бројам .........
    а ете најсвеш пример бев сеа кума на свадба и си добивме двд за поклон. значи сум против класичните бовчи од времето на баба (без навреда секој си имасвој адети и обичаи )
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.804
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сега бовчи прават ептен ретко :?: Околу мене гледам сите земаат нешто поголемо вредно, некој апарат, микробранова, алишта не сум сретнала да купуваат и да се даруваат. Добро, кај нас на невестата мислам дека свекрвата и купува кога ќе отиде алишта, ама тоа нешто, демек да има, да носи ново, а на свадбата не. Е, едина работа што ужасно многу ме нервираше(среќа што отиде од мода) беа тоа куферчињата со прибор за јадење, на кум, на девер, на сите, па ако не се прашаат, и овие ним им дале исто. Има толку мноу корисни работи што може да се дадат за исти пари, него бовчи :)
     
  6. BoaVista

    BoaVista Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.184
    Допаѓања:
    17.382
    Пол:
    Женски
    Многу ми е глупаво невестата да ја дарува кумата или старосватицата со микробранова |( или пак телевизор, двд, и такви слични ствари. Ако не сака класични бовчи, мислам дека е подобро да ги дарува со некој убав рачен часовник или пак накит. И јас не сум за класичните бовчи, но денеска и нив можеш да ги направиш онака убаво. Еве на пример наместо ќебе да се стави некоја убава постелнина(тач), некој убав долен веш(лиска),ноќница, убава ташна, парфем и такви слични ствари. Али ова со мокробрановите :puke: Уште малку ќе почнат и шпорети да даруваат.
     
    На pikolino и barbi4e им се допаѓа ова.
  7. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    65
    Мене искрено ми се глупави повеќето адети вклучувајќи го и овој бидејќи не сум многу по традицијата.Но кога веќе се одлучуваат за дарување,тогаш дефинитвно сум за некој поубав поклон-часовник,прстен или пак некое добро парче облека .А тоа дарувањето кебиња,пижами и слични работи ми е стварно глупо веќе.
     
  8. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    1.422
    И јас како повеќето од вас не сум за класични дарови.Еве бев кај неколку другарки по свадби и баш ми се допадна што си ги прашаа оние кои што требаа да ги даруваат,кој што сака и до колку пари,некој си одбра нешто златно,некој часовник и уште некои работи корисни кои барем се знае дека ќе ги искористат,а тоа ќебиња и такви работи воопшто не сум за,90% ќе останат во плакар и никогаш нема да се искористат.
     
    На delvi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.785
    Допаѓања:
    34.344
    Јас ова воопшто не би го ни правела. Сега кај што бевме на една свадба се исподаруваа со глупости, пижами, маици, влечки, штотијазнам, ама овој адет на живци ми иде. СО сета сила ќе се борам да не се практикува на нашата свадба, ама некако тешко ќе биде. И неговите и моите се традиционални, па без сомнение ќе сакаат сите адети од а до ш да се прават |(
     
    На Vasilisa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.209
    не протестирајте толку за ќебиња, со што ќе се покривате кога ќе залади? :lol:
     
  11. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    384
    Мене овој адет воопшто не ми се допаѓа,но ете сите го прават па неможеш да го избегнеш.Јас сум за еден повреден предмет отколку повеќе ситници.Една другарко пред месец дена правеше свадба и таа спрема бовчи на сите,на едно 20 души.Тоа беше вистинско малтретирање,де ова да не заборавам,де секаде исто да имало абе ајде сето тоа ми е безвеза.А колку пак труд вложи во вмотување и декорирање ич да не зборувам.Според мене најдобро е да си одберат тие нешто на пример некој часовник или нешто слично што ќе остане за спомен и плус ќе се користи.Плус е повеќе практично во мало кутивче и украсна ќесичка отколу оние гломазни бовчи.Кога ќе се мажам дефинитивно така ќе направам,ми изгледа помодерно и поедноставно е.
     
  12. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    540
    јас искрено сум против тие да речам старински работи (немој да ме карате) т.е бовчи. за нашата веридба на сите што дојдоа кај мене дома им дадов по една крпа, со мојот сопруг си дадовме тој мене прстен, јас него саат, :? а за свадбата се договоривме со деверот и кумот, за поклонот, и им купив практични работи она ти е шо си сакаа, така на крај сите задоволни :lol:
    а што ако им купев маица, ѓаки, бањарка....
     
  13. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    57
    pa sea neznam bas kaj da go stavam prasanjevo,dali tuka ili vo adeti.sepak mislam deka e za tuka oti stanuva zbor za bovci potocno sakam da prasam koj gi daruva zakonicite na vencavkata dali roditelite na nevestata i na zetot ili samo od kaj zetot roditelite.ili pak samo nevestata i taa si ku puva i si daruva?kazete mi potocno i podetalno ve molam mi e vazno i bi sakala sto pobrzo da mi odgovorite kako znaete deka treba ili ako ste imale takva moznos kako ste napravile.fala odnapred i cekam odgovori.pozdrav.
     
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.726
    Допаѓања:
    44.949
    Пол:
    Женски
    ^Законците се кумови?
    Бовчи спрема невестата,за оние кои ќе се договораат ама за кумовите,старосватовите,деверот,деверушата и најблиските на младоженецот а и за младоженецот се спрема.
    Младоженецот спрема само за невестата.
     
  15. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    57
    da, zakonicite se kumot,starosvatot.
    Potocno me interesira za vencavka i krstevka.sega vo maj ke pravi sertra mi za maloto a voedno i tie ke se vencaat vo crkva posto se registriraa vo opstina vednas ko se zedoa. Inace zborot mi bese,sea ne e da preveluvam ama od kaj svatovite znaci od kaj zetot velat deka zakonicite za vencavkata gi daruvala majkata na nevestata.kolku od ova e tocno i dali znaete nesto poveke vo smisla koj kogo daruva.a moze da se spomne i so sto se daruva.iako mislam toa e sepak po dogovor ama ne e loso i da se spomne i toa.fala
     
  16. Sharlott

    Sharlott Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    13
    Бовчи за кумовите,старосватовите, девер, за младоженцот и за неговаа фамилија дава невестата. Младоженецот спрема и дава само на невестата.
     
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.726
    Допаѓања:
    44.949
    Пол:
    Женски
    ^Е сега кај вас малку измешана ситуација,сестра ти има правено свадба?
    За крштевка нема што од кај родителите на женското да купуваат,таа си е веќе башка куќа ;)
    Мислам освен поклон што самите сакаат да купаат за внучето други обврски немаат.
    Инаку за венчавка во црква,трошковите се делаат на 3 дела,родителите на женското,машкото и кумот плаќаат по еден дел.
    За крштевка си плаќаат родителите а во некои краеви дел плаќа и кумот.
    За бовчи на крштевка се спрема само за кумовите а и кумовите купуваат све што треба за се облече тој ден детето.
     
  18. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    57
    ne,nemaat praveno svadba odlucija samo krstevka i vencavka da si pravat odednaz dvete. Znaci za krstevka jasno e deka roditelite na deteto potocno mislam tatkoto si sprema si kupuva no za vencavkata malku e pokomplicirano posto kaj nas se poinakvi adeti a kaj niv poinakvi i se iskomplicira koj kogo treba da daruva.dali majkata ili svekrvata. :^)
     
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.726
    Допаѓања:
    44.949
    Пол:
    Женски
    ^Адетите се секаде исти кога станува збор за бовчи.
    Значи бовчи спрема невестата а за колку луѓе тоа ќе се договораат.
    Младоженецот спрема само за невестата.
     
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.547
    Допаѓања:
    3.876
    да и јас знам дека скоро во повеќето градови бовчите ги спрема невестата за кум, старосват младоженец.
    А младоженецот спрема за невестата.
    за крштевка се даруваат кумот и кумата и ако имаат деца и децата значи мајката и таткото заедно си ги даруваат кумовите. Тука не се мешаат родители од ниедна страна ;)