1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Богати и сиромашни земји

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MacaLove, 2 јуни 2011.

  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ја отворив темава да подискутираме малку околу земјите во светот.
    Има многу земји,кои имаат природни ресурси ,но не ги искористуваат, па затоа се сиромашни.
    Но има земји,како Канада и Кина,кои немаат ресурси,а се богати земји.
    Кина е планинска земја,нема многу природни ресурси,но е светска сила.
    Канада нема какао,но произведува најквалитетно чоколадо.

    Дали мислите дека ова се должи на однесувањето на луѓето,на нивните амбиции,квалитети да напредуваат?

    Македонија има ресурси,доволно, но нема луѓе ,квалификувани,со амбиции,за да напредува во економскиот развој.

    Значи не е се во жалењето дека немаме,дека ни фали...туку во нашето видување на работите.

    Ваше мислење? :)
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.995
    Допаѓања:
    154.267
    Па и нема некоја дискусија на темава искрена да бидам.Богатите земји се технолошки лидери и заради тоа поседуваат стекнати компаративни предности.Малце е комплициран начинот да се објасни како дошло до сето тоа,но сепак суштината лежи во самиот народ.Трудољубив и работлив,пред се,а потоа добрите образовни системи кои постојано внесуваат новитети и начини за учење,надградба на знаењата.
    Има јаз и добро е да постои јаз до некаде,ама да биде на еден оптимум,зошто се спротивно е лошо,ондак и богатите земји страдаат,односно немаат доволна потрошувачка на нивните производи,а најголем дел од нивните производи освен што ги разменуваат со исто така богатите земји,го разменуваат и со сиромашните кои пак се увозно зависни,технолошки заостанати и не поседуваат способност ниту сопствените природни ресурси да ги алоцираат соодветно и да ги искористат максимално.Е сеа ако и овие пак се значително сиромашни,тие нема да имаат доволно средства да си го подмират увозот и воопшто размената дури и на пазарот на мало ќе оди лошо,односно обичниот граѓанин не е куповносопсобен да си приушти она кое што е нормално за солидно развиените земји.
    Е сега,не разбирам кое е конкретното прашање на темава?!Ова е факт и нема про и контра што да се дискутира,па ме интересира,дали можеби прашуваш кој е начинот да се промени?!Зошто прашањето дали е до луѓето,да е...што е уште еден показател дека ние не сме толку антички македонци,ама тоа на друга тема.Ние сме прост народ без ентузијазам,можда имаме црногорско потекло...кој го знае.
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Покрај природните ресурси со кои треба да располага една земја како предиспозиција за успешност и етикетирање како богата држава, според мене е многу важен менталитетот на народот.
    Амбициите, дисциплината и пред се' - работните навики.

    Факт е дека македончето не поседува ништо од горенаведеното.
    Нашата држава е едно земјиче кое врие ресурси и има потенцијал, но по природа сме легачи, а во духот хедонисти.
    Сакаме да си одмориме, сакаме слободни сабота и недела, сакаме уживање, дружба, мрзливки сме и тоа е тоа.
    Немаме дисциплина, ниту некој да не насочува...
     
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Прашувам каде лежи зајакот. :D
    Дали во односот на луѓето, или можеби парите?
    Иако парите не се стекнале туку така.

    Ние Македонците,цело време бараме нешто,де немаме,де ни фали ова она.
    Ако немаш,пробај да го направиш,а не да чекаш на готово.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.995
    Допаѓања:
    154.267
    Па не е во парите,не е муабетот лежи лебу да те јадам.Ако збориме за нашава земја,нашиов народ сонува за фотеља и не му се работи сешто,а мора некој и сешто,ама па и кога си распашана команда...кога некој не знае да те организира и насочи,да има план и стратегија...тоа е.Мораш до го мотивираш на крајот на краиштата,а владата е најдобар мотиватор и стимулатор во земји во развој и во земји во транзиција,а кај нас тоа не се случува за жал.Мислам ти зборуваат за нешто,а нештото ниту си го видел,ниту си го прочитал,а па уште помалку си го сетил дека се случува.Нема стратегија и тука лежи зајакот.
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.371
    Допаѓања:
    17.511
    Пол:
    Женски
    Ние сме држава која изобилува со природни богатства но за жал не се искористуваат истите, причините се многу и потекнуваат од поблиското минато ама да не навлегуваме во политика.
    Од една страна државата нема доволно средства да финансира истражувања, на пример за пронаоѓање на термални води (ние сме богати со термални води од кои повеќе од половината не се истражени) а тие што се пронајдени им требаат финансии да заживеат или пак да се довршат проектите. Исто така државата е богата со минерали, руди, а со нефункционални рудници кои да би функционирале ќе бевме со далеку повисок бдп. Државата природните богатства ги дава на истражувања и искористувања по пат на концесии како на странци така и на домашни претпријатија. Но кај нас изборот на концесионер јасно ни е на кој принцип работи, затоа ништо не функционира. Којзнае колку користат странските фирми особено во областа на ископување на злато.
    Наместо како веќе осамостоени да ги заживеевме рудниците, лапачите ги испозатворија. Фирмите ги распарчија ги продадоа, затворија. Се што ќе фати македончето, се распаѓа. Како што тргнало и странците ќе кренат раце од нас.
    Сиромашна земја сме да, но не би биле кога би се искористувале природните богатства разумно.
    Некој има технологија, некој природни богатства, доаѓа до размена соработка, е сега има и такви кои немаат ништо, затоа тука големите сили треба да превземат мерки.
    Светот го држат економски моќните држави и многу работи се диктирани директно од нив, и таквиот јаз екстремно богати-екстремно сиромашни земји ја гледам токму во нивната себична политика.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.995
    Допаѓања:
    154.267
    Абеја не ја терај кон политика и минатото,зошто не е се така,ама ај...
    А инаку,богатите земји не можат да ти помогнат кога ти не знаеш кај тераш и кога им даваш несигурна подлога и амбиент за да фрлат некој денар во облик на СДИ.И тие бараат сигурност,план,стратегија,која ја прави самата влада на една земја,а не може тој сега да ти дојде и ќе ти рече,јас ќе барам нафта кај вас,ако?!Како бе ќе бараш нафта,кога кај нас нема?!Ако бе,јас ќе вложам у тоа!Или јас ќе вложам у фарма,а кај нас основата треба да биде земјоделство и фармерство и некој апаш од страна ќе ти дојде да ти го јаде лебот!Фала богу дека прво ќе гледа за себе,па после тебе да те офајди,ти да имаш споредни добри ефекти.Кога нема план,нема ништо.
    Не тераат себична политика,туку можеби тераат експлоатирачка политика која пак не би им се исплатела ако државата домаќин не ги осигура некако,па те одбегнуваат.Богатите земји веќе си конкурираат и во најмала рака произведуваат исти производи кои си конкурираат на нивните пазари,па затоа им е во интерес да извезуваат и во помалку развиените земји како би си отвориле нови пазари,а таму сиромаштија и беда,нема кај да продадат,па тие сакаат да овозможат каков-таков развој за да ги продаваат своите производи.
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Па реално и ни фалат многу работи.
    Конкретно под ресурси се подразбира - природни ресурси, капитал и човечки ресурси.
    Од природни ресурси имаме некој потенцијал ама малку што е искористено, ама реално немаме нафта или некој екстра скап за извоз минерал кој ќе носи екстра прилив во буџетот и ќе не направи моќни економски. За да ги ставиме во сила постоечките водни пример ресурси и да произведеме електрична енергија за сопствени потреби па да остане и за извоз треба да имаме капитал, а тоа немаме поточно сме во вечен дефицит и крпариме со долгови кои ги инвестираме во непрофитабилни проекти. Имам читано дека на Кожуф имало наоѓалиште на некои скапи минерали ама што ти знам затрупани ли биле или што е во игра важно ништо од бизнисот :D . Во однос на човечки ресурси тоа што е поквалитетно или одамна избегало надвор од државава или од мал милион причини не доаѓа до израз поради партиските ангажмани на „стручни„ кадри и да не навлегувам нашироко во оваа проблематика. Муабетот ми е и не сме толку богати со ресурси кога ќе се направи сума сумарум на сите три точки од ова прашање. Дури и тоа што го имаме не го користиме така да тоа му доаѓа исто како да го немаме.
    А богатите држави имаат добар баланс меѓу ресурсите и вешти се во обезбедувањето на она што им недостига Јапонија си го држи приматот на висококвалитетни финални производи од висока технологија, САД се обидуваат да го заземат секторот на услуги итн и вршат меѓусебна размена. Ние сме неконкурентни бидејќи немаме ни стратегија кон што би се насочиле за настап на светските пазари. Имаме само пусти желби, а никаква реализација.
     
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Всушност,имаме пари да вложиме, и во истражувања,и искористувања, едноставно нема човек кој се нафаќа на тоа, мислат дека не е исплатливо.
    Како што кажав, се лежи во односот на луѓето, нивното гледиште на работите.

    Не сме ништо поглупави од богатите земји,има истражувања кои го докажале тоа,ние едноставно не сакаме.
    А да сакаме,да сме работливи,итекако добра земја би биле.

    Како што кажа Теодора, имаме минерали, имаме дијаманти,богата земја сме, не многу ама пак...
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Не, Маца, не реков дека сме богата земја напротив реков дека НЕ сме толку богати со ресурси и тоа по трите точки - природни (и никаде не реков дека имаме дијаманти :D ), капитал и човечки и дека и постоечките не ги користиме, значи како да ги немаме му доаѓа тоа. И најстрашно е што нема никаков концепт за развој, ама не сакам да ја исполитизирам темава па да настанат и овде препукувања кој е крив.
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.371
    Допаѓања:
    17.511
    Пол:
    Женски
    Па јас зборував конкретно за Македонија, можеби не е се така ама 99% е така.
    Зборувам за концесии за природни богатства со кои располага една држава, сигурно нема кај нас да бараат нафта или урми, ама имаме многу да понудиме. Треба да се преземе поголема иницијатива, да се привлечат инвестиции а не како на к-15
    http://www.youtube.com/watch?v=DQZIQZq5Uj8
     
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека напротив нашата земја е богата со природни ресурси, само што не се воопшто искористени. Ако го споредам диверзитетот во Шведска и кај нас, во тој поглед се каде каде посиромашни, работа е што секогаш се вложува во земјите на ЕУ и добро знаат да се оргаинзираат да искористат се. Прават такви проекти за користење на природните богатсва и нивна обнова, со тоа што ги вклучуваат луѓето кои живеаат на планини и ги плаќаат и мотивираат многу. Кај нас има многу што да се искористи и направи, само организраноста ни е 0, а воедно владата наша е преокупирана со глупости одколку како да се зголеми животниот стандард кај нас. Многу земји не сакаат да вложат кај нас, зошто не знаат дали е МКД способна да се носи со тоа и да не бидат во загуба. Многу е тажно што имаме капацитет а не е искористен, и што нашите млади луѓе се без никаква иднина меѓу кои и јас и го бараме излезот во други земји.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Aбре, јас викам дека имаме дијаманти. :D
    И некои рубини,што ги има само кај нас.
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Ааа, имаме и сафири во песната од Бајага, а Дијамант масло имаме :D !
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    И Кристал,не заборавај. :!:
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.337
    И бисерот - Охридскиот бисер :) сте го заборавиле.
    Да не бидам офф, само би пишала, дали ќе се искористат природните богатства или не зависи од политиката на управување- владеење на една држава. Некои држави освојуваат и природни богатства на др. држави на пр. САД завојуваа на сите можни места кај што има нафта-прост пример (затоа што таму во Сенатот така сакаат ;) ). А тоа дали сме или не сме трудољубив народ итд итд нема врска. Кој сака да опстане во едно општество ќе работи и ќе се снаоѓа, а кој несака нека си седи :D
     
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Јас за ништо од ова немав поим, и си го зачував во документ да ми послужи некогаш. :wasntme:

    -Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.
    Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози, се прокриумчарени од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај Прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.
    - Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото наоѓалиште во светот на талиум и потенцијален “рудник” на еколошки чиста енергија. Од 2004 год. рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” – мрежа за заштита на природни реткости.
    - Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Втор по квалитет е пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики останатите (колумбискиот на пример е околу 3, 5 МЕ. македонскиот е замислете 14 морфиски единици!)

    http://www.iluzionist.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=143&Itemid=30

    Тука важи она моето, Macedonian in origin, Egyptian at heart. :D
    Ќе си го кажам она кое го знам, односно за Египет. Нешто што најмногу го дефинира е дефинитивно хаос кој функционира. Вака или така.
    Знаеме со што располага, но општата развиеност е сепак на премногу ниско ниво.
    Играат паметно со Америка и поради тоа увезуваат тони и тони пченица за леб само за да ги држат силите од Африка во целост за да не дојдат немири (исклучете ги овие минативе), но да не навлагам во политика. Земјата располага со исклучителен потенцијал, и иако го имаат она кое го имаат, сета таа историја и култура, тие немаат поим за она кое го поседуваат. Кој е Тутанкамун, Хатшепсут, Нефертари, Нефертити и така натаму. Излегов од тема.
    Но, и покрај она со кое располага Египет се вбројува во доста сиромашна земја...

    Е сега, ние.
    Нешто слично. Располагаме со ресурси, и да напоменам кога зборувам за богати и сиромашни земји јас подразбирам и културно богатство.
    Располагаме со така, скромни работички да речам, но и тоа кое го имаме немаме поим како да го доведеме до нешто кое ќе не поведе на прав пат.
    Рубини, мермер кој кај нас е продаван за ситни парички, а куцпите го распостилаат низ цел свет додавајќи го пред името тоа дека е грчки. |(
    Кога станува збор за земјоделието, неговиот развој, загаденоста на почнавата се доаѓа до заклучок дека сме ја е*але работава уште одамна. Без текнувало.
    Постојат производи и нешта кои би помогнале со извоз да доведат до одреден вид на напредок но не се појавил ниту еден паметен да се нафати на истото.
    Во секој случај, колку толку располагаме со потребното, но нема потенцијал за некој кој би работел на вакви проекти, и би се справил со тоа што го има на располагање.
     
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Ова се однесува на на квалитетите да натпредуваат лугето,амбициите.Македонија како прво не е истрашена како што треба...некои луге не знаат најосновни податоци за Македонија а не па да ствараат богатство и да ги користат приросните убавите затоа што незнаат што се ни има дадено природата...за Македонија да стане земја како Кина треба да поминат векови.........нема работа и младиот и учен народ бега по другите земји и таму придонесува со сворто знаење а не овде а и ако остане овде треба да седи дома.......
    Пример:Кокино кој го откри и кога го открија
     
  19. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    Канада нема ресурси?
    Нафта!!!!!!
    Based on data from OPEC at the beginning of 2013 the highest proved oil reserves including non-conventional oil deposits are in Venezuela (20% of global reserves), Saudi Arabia (18% of global reserves), Canada (13% of global reserves), and Iran (9%).[2]

    [​IMG]


    извор:http://en.wikipedia.org/wiki/Oil_reserves
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.651
    Допаѓања:
    12.094
    Немаме некои којзнае какви ресурси. Имаме поволна
    Клима за земјоделство.