1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Богомили

Дискусија во 'Религија' започната од BabyCakes, 19 јуни 2021.

  1. BabyCakes

    BabyCakes Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Богомилството било дуалистичко учење според кое реалниот свет го создал не Богот, туку ѓаволот. Богомилите го отфрлале крстот како свој верски симбол, не граделе цркви и своите обреди ги вршеле на отворен простор, ја осудувале црковната хиерархија и сметале дека Исус не бил Син божји, туку обичен човек. Името го добиле по попот Богомил , по кого, пак, е наречено селото Богомила.
    Зошто ова учење се смета како христијанско ако веруваат дека Исус бил обичен човек?
    Дали имало други вакви учења кои се сметале за еретички произлезени од овие простори?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    4.406
    Богомилите биле вистинските христијани на балканот. Живееле од сопствениот труд, верувале во реинкарнација, биле пацифисти и вегетаријанци а жените ги сметале за рамноправни со мажите. За нив пишувал и македонскиот поет Кочо Рацин во текстот За Драговитските богомили на македонски издадена во Скопје, 1948 година.
    Да не беа истребени од страна на Црквата и тогашните властодршци, балканот ќе имаше многу посветла и помирољубива историја.
    Затоа што Црквата ги нарекувала така - крестјани, кристјани и сл. Освен тоа дискутабилно е дали Исус го сметале само за обичен човек. Во најголем дел податоците за нив ги дознаваме од нивните противници, бидејќи нивните книги за жал биле спалувани како еретички.

    Еве линк до прекрасен 40 минутен документарец за нив насловен како:
    Анатомија на геноцидот врз богомилите

    (откако ќе се отвори линкот, потребно е да се кликне врз сликата за да почне видеото)
     
    Последна измена: 19 јуни 2021
    На Mikha4, Роберт 7, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.641
    Допаѓања:
    11.036
    Пол:
    Женски
    Богомилите‏‏‎ ‎верувале‏‏‎ ‎дека‏‏‎ ‎Исус‏‏‎ ‎бил‏‏‎ ‎Архангел‏‏‎ ‎Михаил‏‏‎ ‎дојден‏‏‎ ‎во‏‏‎ ‎човечка‏‏‎ ‎форма‏‏‎ ‎за‏‏‎ ‎да‏‏‎ ‎го‏‏‎ ‎порази‏‏‎ ‎Сатаната‏‏‎ и‏‏‎ ‎да‏‏‎ ‎го‏‏‎ ‎избави‏‏‎ ‎човештвото‏‏‎ ‎‎(мислам‏‏‎ ‎дека‏‏‎ ‎слично‏‏‎ ‎веруваат‏‏‎ ‎Јеховините‏‏‎ ‎сведоци‏‏‎ ‎денес).‏‏‎ ‎Тие‏‏‎ биле‏‏‎ ‎продукт‏‏‎ ‎на‏‏‎ ‎христијанската‏‏‎ ‎теологија,‏‏‎ ‎‎верувале‏‏‎ ‎во‏‏‎ ‎истиот‏‏‎ ‎Бог,‏‏‎ ‎само‏‏‎ ‎за‏‏‎ ‎овој‏‏‎ материјален‏‏‎ ‎‎‎свет‏‏‎ ‎сметале‏‏‎ ‎дека‏‏‎ ‎е‏‏‎ ‎под‏‏‎ ‎власт‏‏‎ ‎на‏‏‎ ‎ѓаволот‏‏‎ ‎и‏‏‎ ‎се‏‏‎ ‎оградувале‏‏‎ ‎од‏‏‎ ‎него‏‏‎ ‎колку‏‏‎ ‎што‏‏‎ било‏‏‎ ‎можно.‏‏‎ Мета‏‏‎ ‎на‏‏‎ ‎прогони‏‏‎ ‎станале‏‏‎ избегнувајќи‏‏‎ ‎даноци‏‏‎ ‎и‏‏‎ ‎учество‏‏‎ ‎во‏‏‎ ‎војска,‏‏‎ ‎како‏‏‎ ‎и‏‏‎ ‎не‏‏‎ ‎признавајќи‏‏‎ ‎ја‏‏‎ ‎црквата‏‏‎ ‎за‏‏‎ ‎авторитет.

    ‎Прочитај‏‏‎ ‎за‏‏‎ ‎источните‏‏‎ ‎дуалистички‏‏‎ и‏‏‎ ‎гностички‏‏‎ ‎‎учења‏‏‎ ‎почнувајќи‏‏‎ ‎од‏‏‎ ‎зороастризам,‏‏‎ ‎па‏‏‎ ‎манихејство,‏‏‎ ‎павлиќанство....‏‏‎ ‎богомилството‏‏‎ ‎не‏‏‎ е‏‏‎ ‎почетокот.
     
    На Роберт 7, ane.bella, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.210
    Допаѓања:
    83.465
    Пол:
    Женски
    Библијата е света книга на Христијаните. Во неа пишува за вечен живот, не за реинкарнација. Душите не се враќаат во нов облик т.е. тело. Вистински Христијани не можат да веруваат во реинкарнација.
     
    На golemiotmalisan, Snowflake97, Just.do.it и 5 други им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    4.406
    Зависи за кои христијани... Колку што ми е познато Богомилите не ја прифаќале Библијата, со исклучок на евангелијата и Јовановото Откровение. Тие ја сметале за книга напишана од ѓаволот. Ако се прочитаат петокнижијата и други крвави страници, не е ни за чудење.

    А во поглед на реинкарнацијата постојат траги во Библијата, е сега прашање е како сакале црковните теолози и писмопознавачи да си ги преведат но и протолкуваат тие траги. На пр. во Јаков 3:6 зборовите:
    τὸν τροχὸν τῆς γενέσεως (тон трохон тес генесеос) неретко ги преведуваат со: „текот на природата„ или „текот на нашиот живот„ а правилно преводот би гласел: „тркалото на раѓањето„. Но тоа е веќе друга тема.
     
    На Mikha4, Роберт 7, Аргентина * и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. BabyCakes

    BabyCakes Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Постојат ли некои други вакви учења преживеани до ден денес, кои не го прифаќаат стариот завет?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.337
    Чекајте, збунета сум.. ако не ги признавале ни Стариот, ни Новиот завет, како биле Христијани?
     
    На BabyCakes му/ѝ се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    4.406
    Во таква изричита смисла, во денешно време мислам дека не, или мене барем не ми се познати. Во минатото некаде околу 2 век постоел Маркион кој ги забележал противречностите од стариот и новиот завет, понајмногу во поглед на Божјата суровост во стариот од една страна и Божјата љубов и добродушност во Новиот. Црковните отци го имаат отфрлено и осудено неговото учење.

    Денешно време на пр. некои покрај Библијата прифаќаат и други книги за поважни. Светци на последните денови имаат додатно своја света книга, Книгата на Мормон (поради што популарно се наречени мормони).

    Но постојат и заедници кои Библијата не ја сметаат за врвен и конечен авторитет туку за мешавина на божји вистинити објави но и човечки замисли, митови и легенди па затоа не се потпираат на истата - на пр. објавите примени преку Габриеле во Универзален живот, особено обемното дело Ова е Мојата Реч Алфа и Омега.

    Или пак Библијата ја сметале за упростена најава на поголеми вистини кои допрва подоцна биле објавени, бидејќи луѓето од подоцнежните генерации можеле повеќе да разберат за разлика од порано. Такви се на пр. во објавите од 19.век преку Јакоб Лорбер(роден во Словенија) кој се нарекувал понизен писар Божји, Исус повеќе не ги прашува луѓето „Верувате ли?„ туку наместо тоа вели: „Ме разбирате ли?„

    Или во објавите преку Берта Дуде (околу средината на 20. век) се вели меѓу другото: „Кој ќе ми забрани да им говорам на савоите деца? Кој ви дава право да тврдите дека Библијата е доволна сама по себе, дека вие луѓето немате потреба од никаква друга Реч?„ .

    Тоа отвора пак нова тема и серија на прашања, ако постои Бог, дали и зошто молчи денес? Што е тоа пророк и пророштво? Луѓето не ретко го мешаат тој термин со претскажување, додуша некои пророштва понекогаш можат да содржат и претскажувања, но во прв ред значи објавување т.е. директен пренос на Божјата порака до луѓето преку медиум (пророк) со таква задача. Но тоа е друга тема, оваа е за богомилството.
    Па го следеле Христовото учење, исто како и неговите апостоли, ученички и ученици кои не ни знаеле за збирка книги наречени Новиот Завет, но дури и според тие записи таму, Исус рекол: „Ви давам нова заповед: да се љубите еден со друг; како што Јас ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа сите ќе познаат дека сте Мои ученици - ако имате љубов помеѓу себе!„ (Јован 13:34-35) и "И така, секој, кој ги слуша овие Мои зборови и ги исполнува, ќе го споредам Јас со благоразумен човек, кој ја изградил својата куќа на камен." (Матеј 7:24) Значи дури ни во Библијата Исус никаде не вели христијани се оние кои го признаваат стариот и новиот завет, туку оние кои живеат според она што тој го проповедал.
     
    Последна измена: 20 јуни 2021
    На Dorita, Mikha4, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.641
    Допаѓања:
    11.036
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 20 јуни 2021
    На Роберт 7 и daylight им се допаѓа ова.
  10. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.340
    Пол:
    Машки
    Прекрасно напишано погоре.
    Би сакал да додадам еден историски момент кој ги отсликува Богомилите како спасители и борци за посебна македонска црква и народ.
    Поп Богомил, како најдобар ученик на Климент, по смртта на Климент не сакал да се поклони на бугарската црква и држава. Сметал дека охридската школа е посебна и освен парични донации во еден кус момент од бугарската држава нема никаков бугарски нагласок, а со тоа не дозволувал влијание од Бугарската тукушто христијанизирана држава. Како што знаеме во времето на Кирил и Методи кои се всушност учители на Климент и Наум, бугарската држава сеуште немала сопствена црква, писмо, си верувале во нивните богови. Но за време на Климент а посебно по неговата смрт, се врши масовна бугаризација на населението кое не е ориентирано кон Бугарија и кое се смета за афтохтоно на овие простори а не дојдено од Кавказ или подалеку од Азија. Токму и тоа е една од целите на богомилите и нивните наследници, противењето на црквата од две причини : од онаа за која Исус велеше дека Бог и црквата се секаде околу нас, не е тоа објект, туку црквата е нашето срце; и начинот на кој Бугарија сакаше да изврши бугаризација на афтохтоното македонско население токму преку црквата, неможејќи на друг начин.
    За жал, за богомилите премалку се знае, најголем дел за нив и нивното движење и записи се уништени токму од таа бугарска црква на чело со презвитер Козма. Она малку што е останато се лични записи на населението кои се пренесувале од колено на колено и она што е пишувано за нив како еретичко движење од страна на бугарската црква. Така да, токму овие бугарски записи не ги сметам за релевантни, бидејќи истите се пишувани со цел да се оцрнат Богомилите и нивната борба за посебност и како христијанско движење и како народна посебност од оние дојденци од истокот.
    Многу веројатно е дека на Сицилија и Во Босна има записи за ова движење и начинот на ширење низ Европа, кое верувам дека многу подоцна ќе има влијание и кај Мартин Лутер и останатите протестанти.
    Според многумина сепак Богомилите се темел на протестанството, не дека се против Исус, туку напротив, дека се против политичката улога и власт на христијанската црква онаму каде што ја има.
    И уште нешто, доколку денес во МПЦ прашате било кој службеник, поп, владика, веднаш ве бркаат од црква. По мене, МПЦ треба да ги бара корените токму во ова движење, чии ученици се сметале за наследници на Климент и Наум и оние кои барале посебност токму во моментите на создавањето на Самоиловата држава, засебна од бугарска власт. Постојат дури и теории дека во овој период имаат големо влијание врз Царот Самоил за кревање на Охридската Архиепископија во Охридска Патријаршија, нешто кон кое сите останати тогашни цркви ќе се противат и дури и царот Василиј ќе добие посебно барање од тогашниот Патријарх од Канстантинопол да влијае за максимална дискредитација на Охридската црква. А, црква која има и големо влијание во поделбата на христијанството (шизмата), и која ќе биде на самата граница на поделбата со неколку обиди во 1000 годишната историја да прејде под власт на Папата наместо цариградскиот Патријарх.
     
    На Mikha4 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    4.406
    Тоа би била комплетна утка според нивното учење кое велело дека луѓето се всушност духовни души во земна облека и дека треба да се вратат во својата изворна татковина и дека се помеѓу себе духовно гледано браќа и сестри. Ѓаволот бил тој кој што создавал држави и народи. Последна работа што би му била битна на некој сериозен богомил е да се бави со автохтоност, патриотизам, национална дејност и сл.

    Но некои световни властодршци искажувале симпатии кон Богомилите, како на пр. Кулин Бан или цар Самоил. Таквите можеби и го правеле тоа од политички мотиви, што е во суштина погрешно според Богомилското учење. Исто така треба да се земе в предвид дека Богомилите се делеле на совршени (они кои сериозно живееле според учењето) и слушатели кои не секогаш живееле според учењето а со тоа биле подложни и на дошепнувањата на темнината.
    Богомилите се прошириле низ Европа под разни имиња како: патарени, катари, албигојци и тн. а сите тие биле далеку од протестантизмот на Мартин Лутер, со исклучок на тоа дека констатирале голема корупција во Црквата како институција.

    Мартин Лутер ја третирал Библијата како реч Божја, а богомилите велеле дека е напишана од ѓаволот. Лутер верувал во библиското сфаќање дека Бог го создал материјалниот свет, додека Богомилите велеле дека светот бил создаден од ѓаволот па оттаму е и несовршен и полн со страдање. Лутер одобрувал војни, многумина протестанстки теолози и ден денес зборуваат за тнр. „праведни„ војни. Богомилите биле строги пацифисти, дури и убивањето животни за исхрана го сметале за грев.
     
    На Mikha4, Billy Idol и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  12. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.340
    Пол:
    Машки
    Можеби не имале за цел на создавање држава, но дефинитивно имале за цел да се отфрли бугарската власт наметната кон нив кои сигурно не се сметале за Бугари или слично. А ако не се сметале за Бугари сигурно се сметале за ученици на Охридската школа која не потекнува ниту од Бугарија ниту од Византија, не дај Боже од Грција и Србија (создадени многу подоцна)
    Сепак помеѓу Богомилите и Мартин Лутер има разлика како помеѓу нас и Галилео Галилеј па учењата се многу поразлични, но дека се црпело дел од нивните сфаќања за Бог, тоа верувам.
    Во однос на тоа дека верувале дека Ѓаволот го создал светот и дека Библијата не ја прифаќале како света книга, не верувам. Сепак се вадат податоци каде се пишувало против нив со намера да се оцрнат пред христијанскиот свет како еретици. Библијата како книга во нивно време воопшто не постоела како целина за да ја прифатат или отфрлат, но сигурно го отфрлале тоа што црквата го наметнувала, договорено и напишано на вселенските собори со кои таа и самата создала посебна духовна моќ или власт врз обичниот народ.
     
    На Mikha4 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  13. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.340
    Пол:
    Машки
    ... "Добро познати ни се расправите за појавите и причините кои се основа за развојот на хуманизмот и ренесансата, меѓу кои основната е во широкото граѓанство отворено прифатениот дуализам на катарите и патарените, а со самото тоа се поставува Богомилската мисла како основната иницијација на развојот на слободната граѓанска мисла, односно како нејзин вистински дострел – неслутениот развој на науката и уметноста.
    Токму затоа, воопшто не изненадува податокот дека единствените слики кои што претставуваат претходница на Ренесансните слики, според општо прифатените византолошки и средновековни расправи, се настанати токму во Македонија, во колевката на Богомилската „еретичка“ мисла – фреските Оплакувањето на Христ – познатата Пиета во црквата во Нерези од XII век – 1164 год., како најизразити претставник на новиот дух во живописот во Македонија и останатите фрески од таа црква, како фреските од црквата во Курбиново, исто така од XII век – 1191 год.
    За овие дела на нашите непознати зографи Димитар Ќорнаков напишал: „Тоа што можела и не го сторила Византија, го создале нашите зографи, во нашите македонски средновековни цркви и манастири. И додека во византиската средновековна уметност има претстави со смирени изрази на ликовите, без нагласени гестикулации и чувства, нашиот зограф ги надминал тие рамки и на своевиден начин ја искажал човековата драма со бол и тага, на начин кој не му бил својствен на неговите претходници…“.
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    4.406
    Од каде тој податок? Што е тоа битно? Зошто би се сметале за било што од тоа? Именувањата како охриѓанец, македонец, бугарин, јапонец, грк, норвежанин во светлината на духовното се илузии... Таквите илузиорни сфаќања се создаени од ѓаволот за да може да ги манипулира луѓето и да ги насочува едни против други.
    Реалноста е дека сме духовни души. Богомилите го подучувале истото бидејќи биле свесни за тоа.
    Тоа е елементарна карактеристика на сите учења слични и на нивното: идејата дека овој свет е создаден од некаков демијург кој сакал да изигрува Бог. Затоа и си создал свет со кој би можел да господари.
    Како не постоела како целина? Постоела најмалку од крајот на 4 век (Codex Sinaiticus), а богомилите се појавиле дури некаде 11-12 век.
     
    Последна измена: 23 јуни 2021
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.340
    Пол:
    Машки
    Премногу големо влијание имаш од *Беседата против Бого(не) милите" или слични книги кои вадат податоци од таа бугарска пропаганда против се што е со македонски акцент.
    И те како се бореле против наметнување на бугарската власт во Македонија.
    Прочитај ги проф Анета Светиева, која е беспрекорна за обичаите кај македонците на цела географска Македонија во минатото, проф. др. Митко Б. Панов, па и Коста Рацин.
    Користете македонска литература од наши професори, наместо руско-српски историчари кои вадат податоци од бугарско потекло.
    И да, Библијата за првпат е испечатена во 15 век како целина. Се претходно се записи како стар завет, тора, евангелија на апостолите, откровение по Јован, итн итн.
    Појавата на Богомилите е крајот на 9ти век, а не 11ти век. Во 11век почнува со нивно делумно истребување и прогонување, колку за информација прочитај и како во 12тиот век биле убивани од крстоносците кои поминувале низ овие простори и кои во Богомилите гледале зло и ерес исто како кон Сарацените.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.340
    Пол:
    Машки
    Коста Солев Рацин
    ...
    И ете зошто богомилството е нешто најинтересно и најсветло во нашата народна историа. Да се гордеат нашите Македонци со тиа свои славни лугје! Оти противно от науката па државното христианство, внесено во народот одозгора, от самите државни главатари и пренесено от Византиа, идејно да го закрепи славјанскиот феодализам — противно от се това, богомилството никна во самиот народ, ги повлече широките народни маси и во верско опозициона форма го организира народниот отпор против феодалите. И така, от чисто верска секта, богомилството стана широко народно-реформаторско течение, со отворени тенденции да го промени социалниот живот. А по тиа свои особености това многу си личи на денешниот социализам, иако тој денеска стои на научна, а богомилството си стоеше на религиозна основа.
    Најлесно кe се разбере богомилството ако се разгледа неговата религиозна јатка. Богомилството си беше религиозно течение, но мездрето му беше социално. Чунки това ги мина рамките на една верска секта и се рашири како народно, штом ги зафана економско-културните нужди на народот. За да се појави, богомилството имаше големи економско-политички причини: се поголемо заграбуење на земјата на селаните от страна на феодалната и црковната аристокрација, се по големи намети от државата, а от друга страна, моралното и политичко падање на тиа што владееле, особено моралното падање во очите на народот на црковната аристокрација. При се това, богомилството не никна после една економска културна критика на феодализмот, ами се јави преку критиките на верските догми. Таја критика застана на основата на манихејско-павликијанскиот дуализам, учението на две верски секти, пренесено од Мала Азија. Но кога се зајакна на неја, богомилството премина от религиозна на светска критика, та стана нешто ново и по садржание и но форма: стана чисто славјанска верско-дуалистичка и социална опозиција, спроти државното христианство и неговите ненародни разбиранија спроти феодализмот. Но целата работа ке се објасни најарно, ако се каже што значеше тогај верата.

    Во старо време верата беше врховна наука, таја ги собираше во себе сите философски, природни и општествени — правни, морални и други науки. Тогај немаше вистинска наука. Сето знаење беше во некои темни и чудообразни веруваниа за некои натприродни сили, што го создале и го владеат светов. Мездрето на христианската вера беше во верувањето дека светов го создал еден бог отец, што е цар на земјата и небото. Тој владее секаде – и во нашите мисли, и во нашиот живот, и по природата и во човечкото општество. Сичко таму што стануе, стануе по божиата воља. Таја е една и вечна, и спроти неја нема друга. А тија што учеја такво учение, се викаја монотеисти.

    Но спроти ним имаше едно друго учение, што учеше дека сам господ го создал светов и не владее секога он. Ако е господ толку силен, добер, зошто тогај има на веков неправдини? Значи, не е само тој, не е со сила само неговата. Има и една друга сила до неговата. Таја сила е силата на ђаволот. Ако е господ добар, ако тој значи истина и добрина — не може тој да ги создал сите лоши работи на светов, како што се феодалите, лошите човечки инстикти и се што е лошо и от кај што иде лошотиата. Таквиа свет учеа дека се това направил ђаволот, та со това тија веруеја дека светов е создаден од бога и ђавола или пошироко означено, во светов владеат и се борат вечно едно со друго — доброто и злото.( многу јасно пишано дека светот го создале бог и ѓаволот, а не само ѓаволот) Такво беше веруењето на манихејско-павликијанската секта и това учење се викаше дуализам.
    Човек бил слободен да го отврли злото и да заживее по својата совест, по разумот и правдата, а таја викала да се сметнат феодалите и господарите и секоа власт над човека. Ете, тука почнала европејската Реформација!

    Но богомилите не живееле во времето кога феодализмот бил зрел да падне. Тогај не биле создадени онија условиа, у кои човек можел да живее без цареви и господари. Грагјанското општество, што го смени феодалното, одвај беше појавено, и това во некои градови по северна Италија и јужна Франција. На Балканот живееше едно гнило Византијско царство и неколку нови славјански. Но славјаните, каде што се појави богомилството, уште немаја свое царство, и си живеаја по старославјанскиот, аграрно-демократски начин на животот. И ете зошто кога ги завладаја славјанските феодали и кога тија почнаја да им го газат тој демократизам, да ги поробујат, да им ја зимајат земјата и учат после како се това стануе со некоа виша сила – ете кога богомилството се јави како опозиција спроти ним.

    И токмо сега идеме до онова, откај ке се види, зошто богомилството е едно чисто македонско јавление, никнало во онија особени условија, во кои живеале македонските славјански племиња. Овова е за нас многу важно, не само оти богомилството е наше културно наследие, ами оти е и една важна историческа пројава на нашиот народ, коа остави големи следи во неговиот живот. Еден краток историски преглед ке ни помогне да видиме това.

    Според најстариот византиски летописец што ја бележел славјанската историја, К. Порфирогенит, во 676 год. пет славјански племиња: Драговити, Секулити, Рунджани, Струмани и Брсјаци, неможејки да го земат Солун, ги завзеле богатите области околу тој град. Драговитите и Секулитите биле на запад од Солун. Брсјаците на север от ним до Шар планина, а Струманите и Рунджаните на североисток на Солун по денешна Струма. Тија биле првите славјански племиња што дошле на Балканот и ја заселиле земјата на некогашна Македонија. Многу летописци ги викајат ним Македонски славјани, а земјата нимна – Славунија. Бидејќи да овие лугје си биле мирни и си живееле со земледелие, а биле организирани во племенски задруги и се управуеле со бирани демократски старешини – Византија ги трпела и билим направила со ним федеративен сојуз. Така тија си живееле цели неколку века – се додека – не биле завладеани от Блгарите.

    Блгарите биле едно азијатско племе, што навлегло преку Дунав и завладеало некои славјански племиња отаде Стара планина. Како војничко, блгарското племе веднага организирало таму војничка држава и таја постепено се ширела. Во 853 г. се качил на блгарскиот престол цар Борис. Тој ја проширил блгарската земја дури до Македонија. Но тогај во толку голема држава, не можело да се владее со едно малко војничко племе. Пополека, от това племе се формирала феудална аристократиа демек на таквиа што работат и што живеат од тугј грб; спаии или бољари, и чифчии или парици. И за да ја зајакне таква своја држава, Борис решил да ја уреди како примерот на тогашната држава – Византија. Тој пратил свои нарочни лугје да го изучат државното уредуење на Византија и нејзините закони и државни науки, та после да ја уреди и својата држава така. Но, како што рекофме напред, тогај христијанството беше најголемата наука и от него се определуеја сичките други. Ете зошто стана нужно и Блгарија да стане христијанска држава, да се покрсти царот и народот што го владее. И цар Борис това го направи во 865 г. Целта на това беше јасна: со новата вера, како со феудална идеологија, требеше да се закрепи и оправда по народот феудалниот строј.

    И со това почна силна промена во животот на славјаните. Црквата стана најголема идеолошка и економска сила. По пример на Византија и таја почна да прави цркви и манастири, а феодалите да им давајат земји, што се зимаја од сиромашните селани. Па се засили и феодалната аристокрација. Секој во војна заслужен војвода почна да добива от царот цели заселишта сосе земја и човеци како свои роби. Владеањето на таја земја стана наследно, чунки синот на феодалот го наследуеше таткото. Така никна и така почна да се шири славјанскиот феодализам и да се кусат правата на народот. Славјанските задруги и нимните демократски бирани старејшини не се признаваја. Бољарот беше назначен от царот а поповите учеја дека и царот и бољарот се от бога. И така, народот стана незадоволен, чунки многу поарно и по слободно си живееше во своите старославјански задруги.

    Но се това најсилно се осети во Македонија. Видовме дека таму највечку се одржа славјанската задруга, чунки и Византија беше на нејзина страна. Во Македонија никога не се разви феодална аристокрација от задружните старејшини, и таму беја најживи демократските традиции во народот. Това ете стана основна причина, за да се оттаму дигне опозиција против новата уредба. (Види Голубински, Пипин, Вејнгарт, Рачки и др.).

    От оваја башка, за појавата на богомилите имаше и една друга причина. Това беше учението на манихеите, кои беа дошле от Мала Азија во југозападна Македонија. Знаеме дека нимното верско учење беше дуалистичко и што оно значеше. Кога ги покрстиа славјаните и кога новата вера стана општа наука, старата вера на славјаните беше слаба да се бори со неја. И затова се појавуат првите славјански и дуалистички групи мегју македонските славјани. Првата богомилска група, от која се развија сите по неја, беше от племето на Драговитите, и сите учени денеска Драговичката група ја сметајат како мајка на богомилството. Богомилството никна и се разви во Македонија а неговијот водач и организатор, поп Богомил, беше и сам Македонец. За негова чест и денеска едно село околу Велес се вика Богомила, а и сичките учени него го признавајат како прв славјански реформатор и прв борец во Средниот век за општи човечки правдини.

    Богомилите биле со прво против државното христијанство. Тиа сметале дека това многу го заглупуе и криво го учи народот. Тија викале дека само нимната вера е истинска и христијанска. Мразејки ги поповите и калугерите, богомилите не се молеле по црквите ами по куħите и друзи отворени места. Нимната молитва се состоела само от молитвата „Оче наш“, а се друго било дискусија и расправија.
     
    На Mikha4, Billy Idol и daylight им се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    4.406
    @Роберт 7 прости, верувам твојата намера е добра но мислам дека е под влијание на македонизмот и национализмот кои не се ништо подобри од нивните бугарски, грчки или српски мутации... исто забораваш дека и Рацин бил под влијание на политичката идеологија која ја симпатизирал, а која била атеистичка. Сепак, тој ги препознал богомилите, или можеби подобро кажано, насетил дека во тоа движење имало нешто светло, големо и добро.

    Пасусите кои што би требало да се истакнат од текстот на Кочо Рацин кој го пренесе во твојот претходен коментар, не се оние кои говорат за националната, туку духовната суштина:

    „...богомилството стана широко народно-реформаторско течение, со отворени тенденции да го промени социалниот живот„ - христијаните молат во Оче наш:... „твоето Царство нека дојде, волјата твоја нека се врши како на Небото така и на Земјата.„ Богомилите биле свесни дека за кое човек моли, потребно е воедно и да го остварува.

    Ако е господ толку силен, добер, зошто тогај има на веков неправдини? Значи, не е само тој, не е со сила само неговата. Има и една друга сила до неговата. Таја сила е силата на ђаволот. Ако е господ добар, ако тој значи истина и добрина — не може тој да ги создал сите лоши работи на светов, како што се феодалите, лошите човечки инстикти и се што е лошо и от кај што иде лошотиата. Таквиа свет учеа дека се това направил ђаволот,...

    „...државното христијанство. Тиа сметале дека това многу го заглупуе и криво го учи народот. ... богомилите не се молеле по црквите ами по куħите и друзи отворени места. Нимната молитва се состоела само от молитвата „Оче наш“, а се друго било дискусија и расправија.„ - Ова укажува дека биле свесни оти Бог не живее во цркви од камен туку дека е присутен и во нас и поради тоа нема потреба од свештеници како посредници и дека црковната теологија е млатење празна слама и не дава патоказ кон прататковината - Небесното Царство.

    Од божествените објави за денешницата дознаваме дека зад сите тие движења како манихејците, богомилите, катарите но и поединечните пророци кои се појавувале низ историјата стоел Божјиот Дух и небесни битија кои се отелотворувале со мисија да поттикнат промени кои би воделе постепено кон враќање на отпаднатите деца назад во Татковата куќа каде нема страдање. Противникот се обидувал да го спречи тој позитивен развој, бидејќи гледал дека води кон губење на територијата која тој си ја присвоил и луѓето кои ги користи како робови. Поради тоа ѓаволот се служел со телепатски манипулации на луѓето кои му биле подложни: најчесто луѓето од власта и црквата, кои пак ги оцрнувале тие движења како еретички и брутално ги прогонувале и истребувале а во залуден обид да го замолкнат Бога и планот за враќање дома.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ♤the girl&

    ♤the girl& Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Jas nigde nemam procitano deka bogomilskoto dvizhenje se smeta za hristijansko ?!
     
  19. ♤the girl&

    ♤the girl& Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Mislam deka treba malku po ubavo da istrazuvate za bogomilite pa ke svatete shto sakale onie i shto pravele , ima i knigi videte procitajte ima nesto i vo knigata na branko panov srednovekovna mak, isto i vo knigata na snata od branko panov angelovska bogomilstvoto vo duhovnata kultura na mk, vide procitajte po ubavo , jas dolgo vreme se zanimavm so ova ucenje istrazuvam imav diplomski trud na ova tema , mozno e deka se uste postoi ova ucenje , ne zgasnalo kako shto se raskazuva ,postojat samo sto ne gi narekuvat bogomili
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    4.406
    Тие додуша не биле црковни конфесионални христијани, но тие се нарекувале себе си „кристијани„,
    Бернард од Клерво од 12. век рекол: „Не постои ништо похристијанско од овие еретици...„
    а Сплитскиот Тома Aрхиѓакон од 13. век рекол за нив дека тие ја „...сведочат првобитната христијанска наука на милосрдие и ненасилство која се оглдеала и во нејадењето месо...„.
    Современиот хрватски академик Фрањо Шањек стручен за средновековна историја рекол:
    „Се залагале за враќање на изворната комунитарност на працрквата идеалот на првите христијани...„.

    Изгледај го спомнатиот документарец, каде се цитирани овие и бројни други изјави а во него зборува и босанскиот академик Мухамед Филиповиќ. Синхронизиран е на македонски јазик, трае 40 минути, насловен како:

    Анатомија на геноцидот врз богомилите

    (откако ќе се отвори линкот, потребно е да се кликне врз „Гледај сега„ па врз новоотворената сликата за да почне видеото)


     
    Последна измена: 29 јануари 2022
    На Роберт 7, Mikha4 и Аргентина * им се допаѓа ова.