Форумџика на годината

Божиќна и новогодишна магија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Beautiful Dreams, 3 декември 2022.

  1. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Женски
    Оваа тема нека биде тема во која ќе праќаме песни,филмови,слики,GIF-ови,изработки,честитки и се што не потсетува на зимата, Божик,Нова година.
    Како вие го замислувате вашиот идеален Божик?
    Кои ви се омилени десерти?
    Еве јас ќе почнам со мене.

    Божикот ме потсетува на магично време,време кога сме сите заедно,среќни и исполнети!
    Обожавам да ги поминувам празниците со моето семејство,а и со пријателите.
    Отсекогаш со моите сестри гледаме некои божикни филмови,слушаме песни,правиме колачиња.
    Важно е времето што го поминуваме заедно.
    [​IMG]
    Оваа година веќе си направивме ОГРОМНА листа на филмови што сакаме да ги изгледаме.
    А,и многу го сакаме снегот.Со моите пријатели често знаеме да отидеме на некоја планина и да се радуваме на снежното време и зимските празници.

    [​IMG]
    Исто така омилен дел од празниците ми е украсувањето на елката.Сите тие бои,шаренила,мирис на елката ми будат спомени од детството и незаборавните игри.

    Омилена божикна песна ми е оваа:

    :music:

    Ако темата не е добра или ако не поттикнува дискусија слободно во канта

    Нека ни се среќни празниците што ни доаѓаат!!!:party:
     
    На quattro, INNERBEAUTY, Sebastijancom. и 6 други им се допаѓа ова.
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    5.447
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја активираме темава.
    Мислам дека има посебни теми за ова, Божиќ, Божиќни слики, музика,филмови, колачиња, снег, и што ти не, но мислам е ок и тука да се пишува како општа, се околу Божиќ/Нова Година . Темава ја сфаќам нешто као Божиќен дневник.

    Во склад со тоа, не знам за вас, јас за мене ја прогласувам сезоната за започната!
    Викендов почнувам со купување на некои од Новогодишните желби, поклони и украси.
    И се мислам и да ја извадам елката, ама сеуште се мислам само. :?:
    И како и секоја година се стресирам за рецепти/за колачи/торти секоја година сум во потрага по "совршениот" рецепт. Оваа година решив да биде почил, и да не се стресирам превише (иако потајно пак малце се стресирам и пак сум во потрага по "совршениот" рецепт) .:lol:
    Не знам дали годинава ќе се смилува да падне снег, ама убаво би било.
    Баш ми фали она градот во снег бар некое време, деца се радуваат, метеж на санки... :inlove::D
    Сега ми текна дека не ми текнува кога последен пат имавме снежна Нова Година и Божиќ , озбилно се мислам, вас ви текнува? :?:

    За крај, мислење за Дедо Мраз,
    за Дедо Мраз се најдобро имам да кажам, :Dод мене има искрено и целосно поштовање од се срце.
    200w.gif

    И со тоа,
    нека се среќни празниците што ни претстојат!

    f38c6e43c93de24b2beb536ad3d03dfe.gif
     
    На Honeybee2 му/ѝ се допаѓа ова.