Боранија

Дискусија во 'Рецепти' започната од waterllady, 23 декември 2014.

  1. waterllady

    waterllady Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    3.154
    Здраво девојки. :) Ми требаат некои рецепти како да приготвам боранија. Омилена ми е, а и почетник сум во готвењето. :D Па, ако некоја знае, нека пише. :)
     
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    2.547
    Пол:
    Женски
    Јас боранијата ја приготвувам на истиот начин како што приготвувам и грашок и компир манџа.
    Една главица кромид ја запржувам со масло и со малку вода. Откако убаво ќе омекне кромидот додавам малку пиперка блага и едно сецкано морковче. Сето тоа го запржувам заедно и додавам уште малку вода за да не ми изгоре смесата. Откако убаво ќе ми омекне се додавам малку доматен сос па ја додавам боранијата и повторно малку вода за да не ми изгоре смесата и мешам се убаво. Додавам зачини како вегета, сол, една голема лажица црвен пипер и магдонос. На крајот додавам вода и ја оставам боранијата да се вари.
    Некаде кога ќе е при крај со варењето, во филџанче за кафе ставам една кафена лажица брашно и вода и сето тоа убаво го мешам и го додавам во манџата.
     
    На Antebellum и girl-miri им се допаѓа ова.
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    19.697
    Пол:
    Женски
    Najcesto ja sakame so kompir.
    Seckam kromid so malce maslo na ogin da omekne kromidot,dodavam boranija i kompir.
    Od zacini dodavam vageta i crven biber pa dodavam voda i se vari a vo megu vreme dodavam malce voda,koga ke se namali vodata.
    Koga ke se gotovi kompirite znam deka e gotova vecerata :)

    Mm ne saka da dodavam sol i piperki i grasok a jas nekogas ja pravam so +ovie dodatlci :)
     
  4. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    2.197
    Како манџа нема шанси да ја јадам, си имам лоши спомени од градинка кога една воспитувачка си лечеше комплекси на мене колку умешна е во својата професија, дека од неа нема дете нешто што не прејадело, за да после на спиење црева да истурам (сега ми е сликата пред очи) и оттогаш до мои 20 и кусур години боранија да не помирисам!

    Се' додека не и стапнав на свеки во куќа и еден ден да реши да прави боранија за ручек. После долго убедување да ја пробам, па после да зборувам дека јас не јадам борнија, пробав и оттогаш боранија ручек ми е еден од омилените. Ама исклучиво во тавче, така ја прави моја свеки, како манџа нема шанси!

    Од она што ја имам гледано додека ја прави... во едно тенџере прво ја обварува боранијата, во друго тенџере стандардно тоа со потпржен кромид, морковче, лукче, ја додава боранијата, неколку исечкани компири (2-3 поголеми), неколку исечкани колбаси на тркалца (околу 4), црвен пипер, вегета, црн пипер, сол. Промешува и истура во тава, полева со вода и одозгора затвора со алуминиумска фолија. Некое време така се пече, па после без алуминумската фолија.
    Превкусно! Сега ми се пријаде, ќе ја терам свеки за викенд да ни прави:D
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    Мразам боранија и не ја ни готвам.:envy:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    20.604
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум ја сакала.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. princess5

    princess5 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.978
    Допаѓања:
    13.344
    Пол:
    Женски
    Sega najdov eden recept ..

    Eve go
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена од модератор: 1 февруари 2019