1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Боја на очи кај бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 15 септември 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.823
    Допаѓања:
    102.692
    Пол:
    Женски
    Каква боја на очите има вашето бебе? Дали се роди со сиви/сини очи па потоа се сменила бојата во кафени , зелени или пак си останале таа боја? Керка ми се роди со темно сина боја на очите и како поминуваат месеците и стануваат посветли и посветли. Јас и маж ми се `чудевме` од каде таа да има сини очи а ние двајцата кафеави , но секако гените имаат улога и овде.Инаку брат ми , мајка ми и баба ми имаат светла боја на очи. Кога ја однесовме на педијатар некаде 4ти месец ни кажа дека очите нема да и потемнат. Не ми беше важно воопшто ,важно е да се здрави. Ме интересира вашето мислење во врска со темава. :*
     
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Баба по мајка ми, и цело нејзино семејство светло сини или зелени..мераци в очи да ги гледаш, особено вујковците потемен тен, светли очи. И никој ни внуци ни деца немаат наследено. Нз за бебпчето што би го имале какви гени ќе наследи. А и свеки има мн убави очи, а мм кафеави, како и јас. Само се чудам од олку јаки и доминантни црни гени и на очи и тен, каков бебуш би имале...а толку сакам
     
    На sunmoonstars му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Сите новородени бебиња имаат тегет односно темно сини очи, без исклучок. Колку што знам дури после вториот до третиот месец се гледа дефинитивната боја.
     
  4. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Јас сум многу чуден човек. Од кога сум се родила, некаде до 4тата година од животот сум имала темно сини очи и ми биле прекрасни. Сега ми се бааги светли и зелени. И кога ми се менуваат во плави, сепак се премногу светли. Кога гледам слики ми се плаче. :(
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.605
    Пол:
    Женски
    Jaс од кога знам за себе имам светло - кафеави очи.
    Гледам и по слики, по снимки, ма уште кога сум се родила сум имала такви очи - фриксон, а баш би сакала да имам зелени како на мајка, ама шта је ту је. :)
     
  6. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Од раѓање кафени.
    Ставив леќи - оп ,ете сини :lol: Изненаџење :lol:
    Ги метнав леќиѓтата што подалеку и опет кафени :lol:
    Природно си е природно ,нели? :rofl:
     
  7. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Сини средно(ни светло ни темно) од рагање :lol:
     
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас сум имала ептен светло сини очи...Па после 1-вата година зелени...И одтогаш навака де зелени, де црни, де кафени, де зелено-кафени....си се менуваат, ама најмногу се зелени :P
     
  9. femina989

    femina989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    14
    Јас како бебе имав темно кафеави очи и како што растев осветлуваа...за денес да ми се светло кафеави помешани со зелено...
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Јас уште од раѓање сум имала многу темни очи, темно кафени накај црни, и не ја сменија бојата ете и до ден денес имам такви. :)
     
  11. maja0

    maja0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Како бебе сум имала ептееен темно кафеави очи, црни што се вика. Сега ми се посветли, онака просечни, бидејќи највеќе луѓе има со такви очи. Него какви се, такви се - битно ни служат добро, па сеа за боја ...
     
  12. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    и мене исто така, кога излегува на сонце имаат некоја зелена нијанса. ;)
     
  13. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    бојата на очите се променува кај бебе ретко да си остане истата боја со која се родило затоа немој да се грижиш
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.661
    Пол:
    Женски
    Како што кажа Kitten претходно, сите деца се раѓаат со темносини очи, поради тоа што ирисот се' уште нема пигмент. Бојата се јавува подоцна, а зависи од гените. Јас на пример имам темни очи, ама ептен темни кафеави, боја чоколада, а мажот ми има сини очи, и тоа убава нијанса на сино, не многу светла, ниту пак многу темна. Син ми има некоја мешавина од зелена и сина (двете баби и еден дедо имаат зелени очи, а другиот дедо кафеави), а веќе има 6 месеци, но некако како да не му е одредена бојата. Јасно е дека ако бебето има посветли очи кога ќе се роди, нема да му потемнат. Најважно е секако да се здрави, а за бојата барем денес лесно е :)
     
    На koritsaki и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  15. chiccush02

    chiccush02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    10
    татко ми и мајка ми имат кафени очи, јас по некоја логика имам светло зелени очи ..
    мојот сопруг има потемно зелени очи а синчето ни има светло сини очи . :)
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Скоро дознав дека родители со светли очи секогаш имаат и деца со светли очи.Додека пак родители со темни, може да имаат дете и со светли и со темни.Генетиката е чудо :D

    Мајка ми има сини очи, татко ми кафени, а јас кафено-зелени на баба :)
     
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.294
    Допаѓања:
    16.698
    Мајка ми и татко ми имаат кафеави.
    Јас и брат ми зелени 8)
    Абе изроди :D
     
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Кај мене во фамилијата татковците знаат без дилема дека синовите се нивни по бојата на очите :lol: Машките во моето семејство имаат генетска абнормалија и се раѓаат со различна боја на очите, едното им е сиво а другото им е модро сино.
    Татко ми, брат ми и синовите негови се со различна боја на очите, а ќерката иако е родена како близнак и си личи на него ја нема наследено оваа генетска абнормалија.
    Ептен се симпатични и интересни такви со различна боја на очите :inlove: 8)
     
  19. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    На сите бебиња очите им се сини на почеток. Сум слушнала дека тоа е поради млекото, но не верувам дека е таа причината.
     
  20. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Меене од раѓање кафеави,а сопругот има зелени... сега ќе видие децата какви ќе имаат ;)