Можеби не е тема за тука ама би сакала да прашам за ваше мислење. За тие што следат социјални мрежи, вести и дешавки во Србија, Хрватска а известија и на вести кај нас. Има иницијатива секој Петок да има бојкот против високите прехрамбени цени. Тој ден да не се купува ништо со цел тоа да дојде до Високите структури во државата и да се поттикне намалување на цените во маркетите, горивото итн. Што мислите дали ова би успеало кај нас? Ако треба може да се отвори и посебна тема за ова
Мислам дека нема да успее, некако народот само типка од дома а кога треба на протести ашш никој нема. Напротив кај нас баш тој ден на сите ќе и притреба се нешто и ќе наполнат кошничките тродупло. Јас радо би излегла затоа што последните 3 години ми е ску*чено од овие цени Прост пример пред корона маслинов зејтин земав за 180 ден, од 230 стана 350,па наеднаш на 900 и сега е 490.Истиот кој го земав за 180 ден. Безкофеинско кафе беше 200 ден сега е 350 истото кафе. Сокот кој го земав 129 ден сега е 205 ден. Уште да не научат да не јадеме и супер ќе биде
И јас би излегла, ама што викаш има многу луѓе што можеби и за инат тој ден ќе полнат колички а ваму се први што се жалат на цените Иначе како некој што е главен за пазарење во семејството, баш и јас ко тебе, ги пратам цените и ме боли глава на секое пазарење и разликата на неделно ниво (а зборат дека секој ден се менуваат)
Искрено мислам дека е добра идеја да се прај бојкот еден ден неделно. Ама реалноста е дека кај нас луѓето не можат во Недела неработна да се воздржат и да не пазарат, а не пак уште еден ден неделно. Цело натегање и за ова имаше во СДК неодамна. Одлична идеја е, апсолутно би ја поддржала со бојкот. Само мислам дека гротото нема да се приклучат, за жал.
Јас сум приметила дека самите граѓани прават бојкот со тоа што скапите продукти никој не им ги купува. Луѓето немаат пари за да ги купат скапи намирници и тоа е реалноста. Шетам низ маркетите и гледам дека онаму каде е поефтино брзо се празнат рафтовите ама ако не е ефтино никој не чепка. Скапува свежата храна ако е поскапа ама не се троши. Стокомак како поефтин маркет за викенд е како пред апокалипса. Ако пазариш подоцна т.е. навечер ќе видиш дека ништо не останало. После работа во петок почнува гужвата, затоа после е се пребрано. И акциите се за викенди или од четврток до четврток во повеќето маркети. Затоа петок е лош ден штрајк ако се протестира. Плус оние што работат пон -пет тој ден многу често пазарат за да избегнат гужви во сабота. Сум пишувала и порано, јас во принцип верувам дека купувачите можат да сменат пазар со самото тоа што ќе престанат да купуваат нешто од принцип. Јас не купувам продукти што не им е сезона и се прескапи. Исто одамна некои продукти или воопшто не ги купувам или многу ретко, ако знам дека содржат штетни состојки. На пример избегнувам продукти што содржат палмина маст, многу шеќери (т.е. шеќери под друго име) и тешки хемии или квази-здрави продукти. Сокови не знам од кога не сум купила... Си читам состав кога бирам, затоа долго пазарам
А што ќе се постигне со протест само во петок? Исто како што недела е неработен ден, па луѓето купуваат од претходно што им треба исто ќе биде и за ова место пазарување четврток И петок ќе биде пазарување во еден ден за 2 дена, потрошените пари ќе бидат исти, ако не и повеќе.
Протест двапати неделно, секоја следна недела деновите да бидат различни. Убава тема. @ataneR па од принцип ќе се воздржат, од солидарност спрема останатите. Од небо не паѓа, мора да се делува.
Народ што бега од српските млека ама купува алпско оти поскапо = поквалитетно, што пазари во Веро оти копаните на Пивка биле таму поквалитетни пошто биле дупло поскапи не очекувајте да го направи ова
Ниту кај хрватите ниту било каде може вакво нешто да има ефект. Што им е проблем на хрватите? Скапите цени. Цените се реално превисоки во Хрватска и во Македонија, и јас никаква логика не можам да најдам, како може х производ да е поевтин во Германија отколку таму, ама ете. Ќе рече некој- абе транспорт, ова, она. Ама платата на продавачка горе и долу не е ни приближна, значи кај оди таа разлика? И не станува збор овде за нема да купуваме телевизори или патики, станува збор за основни животни потреби. Значи ништо не правиш ако купиш денес 2 леба и 6 јајца, а утре ништо- само ќе јадеш бајат леб утре. Ете толку е, за грев. Како до поевтини јајца и леб е прашањето? Како се бојкотираат високи цени на основни производи за живот што се вика храна?
Кај нас ова да успее тешко... Каков народ сме 2 пати ќе излеземе на протест, ќе смалат цени одредено време и после пак по старо.
Јас реално би поддржала, не ми смета да не купувам ништо еден ден па и два, јас и онака не пазарам секој ден. Пазарам планирано, од ко не се работи во недела и да ми требало нешто сум се воздржувала да барам продавница. Искрено ја претераа со цените, храната ни е најскапа, а платите мали. Мене искрено ме иритира што само онака на нет се силни сите, а реално не се превзема ништо. И искрено не знам дали сме за жалење, гледам дека луѓето само за да покажат големина пред другите се праваат дека ништо не им е скапо и ништо не им смета. Фала на Бога финансиски сме добри дома, ама не значи дека не ми смета тоа што цените се до плафон кренати. И ми смета да фрлам храна сум дала пари па после да оди во канта, затоа добро си ги планирам намирниците да не мора да фрлам в канта. Исто имам забележано потполно ист производ во два различни маркети цена различна, пример во едниот 100ден во другиот 80ден. Па не можеме да ги шетаме маркетите секој ден треба инспекцијата да си ја врши должноста како што треба.
Јас сум за, и така пазарам еднаш неделно. Бирам многу што и од каде купувам, во некои маркети одам само за 2, 3 работи што ги нема во другите. Ама дека е ненормално скапо, скапо е. Купиш некои ситници за една недела да спремаш оброци, оп на касата без 3-4 иљадарки не си. Иначе верувам на почеток ќе оди полека, ама ете ќе се труби по вести, па ќе си ја чукнат главата малку и другите па може ќе земе поголем замав.
Тешко кај нас да успее вакво нешто иако е потребно. Само кај нас не во петок бидејќи е пазарен ден, особено за пензионерите. Пре би рекла понеделник или четврток.
Ова е посебен (тежок) комплекс, па истите вакви за да покажат дека купуваат најчесто сликаат цели маси на социјалните мрежи. Мене ми е бедно ова, зашто има луѓе што стварно гледаат и ете, си допуштаат да купат онолку колку што можат. А верувам дека се обвинуваат самите како не донеле нешто повеќе. Мислам еден ден ќе се истребаме едни со други, од злоба и соблазнувања. Едит, да се надополнам. И да, често среќаваме луѓе кои си зборат сами со себе по улици и го коментираат скапиот живот. За жал, само тие останаа да зборат гласно. Какви-такви, барем се обидуваат да ги освестат другите. Ова, ,,граѓаните".
Нема да успее од проста причина што сме консумеристичко општество и све некој ќе се најде баш тој ден да испазари. Или ако веќе се одлучи петок да е денот за бојкот, сите ќе нагрнат во четврток да испазарат и ќе се направи гужва. Освен тоа, има мал процент население кое ги купува скапите производи затоа што може да си ги дозволи и нема да шпарта до поевтиниот маркет.
Не е ко да мислам дека би функционирало, како шо и реков. Само знам дека ако би се донело вакво нешто во најмала рака од солидарност би се приклучила. Иако би рекла само по себе е "бојкот" шо се дава приоритет на поефтини продавници како Кам, Стокомак, Кипер наспроти поскапи како Веро, Тинекс итн. Нахнадно, одбирање поефтина опција меѓу ист производ. Некој спомна свеж дел (овошје и зеленчук) шо скапуваат зошто се скапи ама и за то има лупхол кога се пакуваат мали количини (каде нахнадно се троши пластика ама ај), па ко ќе видиш помала цена и ти се лажи мозокот дека јебига, за толку пари можам да се "частам". Или се купваме на "намалено", а уствари е поскапо од првичната цена шо сме купвале порано. Од принцип работи шо не ми се неопходни не ги купвам ако се многу поскапени. Ако ми е неопходно јебига. Ако не ми е, апсолутно можам без многу работи шо си дозволвав/дозволвам. И најдобра опција како замена за маркети за свеж дел е пазар. Барем во мое искуство се бар за нијанса поефтини од производите од маркет. Е са нема производи шо ги има во маркет шо не се локални како манго, кокос, авокадо и ред други работи. Ама ионака локално е најдобро. Пазарни деној искрено поќе не знам зошто има. Пошто она шо го имаше на пазарен ден со производители од цела МК, го немам видено одамна. И кога има, е во значително помал број. Камо поќе вака да се стимулира производството и купвањето локално.
Секогаш овошје и зеленчук од пазар сум купувала во Скопје. Производство и купување локално е стратегија што треба да ја направи државата, ама гледаме на кај оди тоа. Мислам прочитав податок- корисници на земјоделска пензија имаше неколку стотини. Не романтизам земјоделие ама од каде храна вака? Реално мислам секоја куќа има услови бар нешто свое да произведува, дали јајца, дали патлиџани, дали моркови- јас да бев сите ќе ве организирав во мало релативно самодоволно стопанство- ете тоа е бојкот, а не - купувајте во четврток а не во петок.
Нема смисла ваков бојкот. Луѓето ќе изнакупат претходниот ден за два дена и џабе ќе е ако не купуваат тој еден ден. Подобро е да се прават "нормални протести" секоја недела, ама не само во Скопје туку во што повеќе градови во државата. И тоа е знак прашалник, пошто освен партиски митинзи друго ништо не собира многу луѓе од дома.