1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бразилска диета – 12 кг. помалку за 1 месец!

Дискусија во 'Диети' започната од TheEkaterina, 17 декември 2013.

  1. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Оваа диета постои во две варијанти брза и нормална и овде ви ја претставуваме нормалната варијанта бидејќи брзата е многу сиромашна со хранливи материи и може негативно да влијае на здравјето, така што не се препорачува.

    Нормалната варијанта на бразилската диета трае 4 недели за кои можат да се загубат 12 килограми. Предвидените намирници се главно овошје и зеленчук, има 4-5 оброци дневно, така што планот за исхрана може релативно лесно да се спроведе на дело, секако со одредени одрекувања и голема упорност.

    План за исхрана за 7 дена

    Понеделник

    појадок:
    1 портокал, 1 банана и 1 чаша сок од портокал
    ужина: 1 чаша сок од портокал и 1 парче тост (двопек)
    ручек: 100 грама варена риба, 100 грама салата од свеж зеленчук
    вечера: исто како ручекот
    пред спиење: 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче тост.

    Вторник

    појадок: 1 меко варено јајце, 1 чаша сок од јаболка
    ужина: 1 мало парче тост, 1 чаша сок од јаболка
    ручек: 100 грама варено месо, 2 варени компири, 4 листови зелена салата
    вечера: 200 гр. варена риба, 1 тврдо варено јајце, зелена салата, грашок (пожелно свеж, ако нема - тогаш од конзерва)
    пред спиење: 1 чаша сок од јаболка, 1 тост.

    Среда

    појадок: 1 чаша немрсно млеко, 1 парче тост
    ужина: 100 гр. немрсно сирење
    ручек: 100 г. ориз, 150 г. салата од свежа зелка со прелив од 1 лимон и лажица ситно сецкан магданос
    вечера: 100 г. варено месо, 1 јаболко, 4 листови зелена салата
    пред спиење: 1 чаша сок од јаболка, 1 мало парче тост.

    Четврток

    појадок: 1 чаша сок од ананас, 60 г. ананас
    ужина: 1 чаша сок од ананас, 1 мало парче тост
    ручек: 100 г. варено месо, мало парче сирење и 1 портокал
    вечера: 2 варени компири, 150 г. салата од свеж рендан морков со малку масло
    пред спиење: 1 чаша сок од ананас, 1 парче тост.

    Петок

    појадок: 1 чаша сок од јаболко, 1 мал тост
    ужина: 1 јаболко, 1 портокал
    ручек: 150 г. варена риба, 2 мали варени моркови
    вечера: 1 чинија супа од зеленчук (или крем супа од печурки или рибја чорба), мало парче леб
    пред спиење: 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче тост.

    Сабота

    појадок: 1 чаша сок од јаболко, 1 парче тост
    ужина: 150 г. салата од варено рендано цвекло со малку масло
    ручек: 1 чинија супа од зеленчук, крем супа од печурки или рибја чорба, 1 мало парче леб
    вечера: 100 г. пржени печурки, 100 г. салата од свеж зеленчук по желба
    пред спиење: 1 чаша сок од јаболко, 2 бисквити.

    Недела

    појадок: 1 банана, 1 шака грозје
    ужина: 1 чаша сок од морков, 1 мало парче тост
    ручек: 100 г. варено месо, 100 г. салата од свежа зелка, млад лук и сок од 1 лимон
    вечера: 1 чинија супа од зеленчук, крем супа од печурки или рибја чорба 1, 100 г. овошје, 4 листови зелена салата
    пред спиење: 1 чаша сок од јаболко, 2 суво смокви.

    Овој план за исхрана се повторува по потреба од 2 – 4 недели, но никако подолго од тоа. По завршувањето на диетата се препорачува исхраната да содржи повеќе овошје и зеленчук и постепено да се зголемува количината на намирниците со протеини. Диетата е богата со овошје и зеленчук така што организмот прима доволно витамини и минерали. Храната е распоредена во 5 оброци што помага да се одржи чувството на ситост и да се избегне падот на шеќерот во крвта.

    Во текот на диетата се препорачува секојдневна умерена физичка активност како шетање, возење велосипед или пливање, барем 30 минути.
     
    На Mermaid90 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Две опции:
    -Или не е здрава
    -Или е измама

    А и не може без физичка активност.
     
  3. sungod

    sungod Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    40
    Девојки...нека не ви матат памет со овие искомерцијализирани нездрави диети со многу низок калориски внес, наменет за мрцини кои ги мрзи да бидат физички активни, па бараат утеха во магично едно месечно слабеење. Најдобриот и најефективниот начин за намалување на вишокот масти и градење на мускулна маса(обликување на телото - задник, раце, гради, стомак, нозе) е преку балансиран внес на протеини, јагленохидрати и масти во комбинација со физичка активност.
    СЕ ама буквално СЕ освен ова е ветер во магла. И некој да ослабе 10 кг за 1 месец без физичка активност, ќе изгледа пивтосано и на ништо повторно нема да изгледа. Ќе изгуби на телесна тежина да, но најголем дел од тоа ќе биде поткожна вода и мускулна маса, а најмалце масно ткиво. Од таму доаѓа тој пивтосан изглед...Затоа, палете патиките во локалната теретана или пилатес центар, фаќајте се сериозно во кујната и очекувајте убави резултати, нема да кажам за брзо време затоа што ништо маѓично не се случува за месец два. Потребни се најмалце 5-6-7 месеци за убави, видни промени и обликување на телото. Hope this helps ;)