1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бракот и другарствата

Дискусија во 'Брак' започната од Theodora, 25 јануари 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ми интересира мислење од оние кои се во брак дали ги одржувате контактите со вашите другарки?
    Кога се омажи една моја другарка почна само со брачни парови да се дружи. Инаку јас имам долгогодишна врска, да не мисли некој еве ја љубоморнава другарка да не замара тука :).

    Разговаравме со другиве другарки дали оваа мисли дека и го загрозуваме бракот или нешто, јас како што сум си чувствителна се навредив дури, не и реков нешто, контактите дружење, слушање на тел. се на фаза на изумирање. Јас, работејќи во голема компанија, увидов дека скоро сите афери кои ги имаше на работа значи јавни тајни, беа скоро во целост од луѓе во брак значи од омажени. Нека не мисли никој како алудирам како сите во брак се ку*ви , а слободниве пак сите светици од ред, во секоја категорија има секакви, ама толку ли се па сите сигурни во жените од другарите на мажот на пример? Другар од дечко ми му кажал како жена на др.негов другар само го провоцира пред жена му од типот„кој те бара па сега на тел.?„ Си ја пуштил жена ти кај нејзините(во др.град) со децата, ти викендов дома, ќе си викнеш да те дружи некоја„ па му рекол треба ли да ја легнам оваа да престане? Така му доаѓа :D .А сум чула како мажи им рекле на жените како немаат другарки. Па и да немаат ако се тргнале од оние кои им биле другарки уште од детство, па цела младост ја минале заедно излегува биле добри додека овие дојдат до брак после збогум. А има и такви што ќе се сетат на другарките после 5-10 год, брак, ама како да се дружиш со некој со кој си изгубил и блискост и се? Јас не можам и точка. Секоја врска помеѓу луѓе љубовна, пријателска или деловна треба да се одржува, ако не се губи и враќање нема.
    Јас сакам да си имам и кога ќе стапам во брак другарки, а вие?
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Самата заедница брак, најчесто налага на вакви промени во животот на жената.
    Кога ќе помислиш само на тоа дека треба да одиш на работа, да правиш ручек дома, да го погодиш мажот и децата, да зачистиш по дома... И ко да видиш поминал денот, а штета што има само 24 часа.
    Причината што другарките се ставаат малце по на страна и помалку време се обрнува на нив е немањето доволно време да им се посвети. А оние дружења со други брачни парови се од истите причини, малкуто слободно време со партнерот гледате максимално да го искористете и двајцата, си наоѓате пријатели(најчесто другари на мажот) кои ви одговараат на муабет и така си се дружите.
    Плсус не може секој трет ден да го оставаш мажот ти да седи дома сам, а ти да излегуваш со другарки. Што е многу, некако многу е.
     
    На Lovely93 и stetoskop им се допаѓа ова.
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не мислев на чести излегувања со другарки, а да ги оставиш мажот и децата дома. Јас со врска и работа немам време за таков начин на живот камо ли да сум во брак. Туку зошто секогаш се дружењата со парови од страна на мажот не е ли малку дискриминирачки кон твоите другарки од детство?
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Се зависи и од партнерот. Еве пример моево муже не покажува незаинтересираност кон моите другарки, туку повеќе кон неговите другари. И се дружиме со оние мои другарки кои се мажени или имаат дечковци (ама сериозни, а не од оние за месец-два).
    А од целосно отфрлање на другарките зависи и од тоа како другарките ќе ја прифатат твојата состојба и од самата тебе. Ако се отфрлат целосно другарките, за мене таа што тоа ќе го направи значи никогаш не ми била другарка која заслужува моја почит.

    Јас ете сега од кога запливав во овие брачни води, видов кои другарки заслужуваат мое внимание и кои навистина мислат на мене. Останаа само една рака, а останатите не можеш да слушнеш од нив ни трага ни глас, ниту едно здраво. Е такви другарки мене не ми требаат. Треба јас на сила да им се бутам ? :shake: :shake:
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Blond, мене ми се допаѓа твоето размислување сосема. Ни јас на сила не би одрзувала другарство, не сум таков тип. Јас си сум хиперсензитивна и ако ме отфрла некој без наведена причина, прво во мене ја барам после во другите, ама ова со другарка ми ме воведува во глупава ситуација како утре би се гледале за значајни настани ако тотално се оддалечиме, најмалку на свадба ќе ја викнам утре што се вели, сум и била и поради тоа, а не дека ќе сакам да го споделам со неа тој радосен миг, нема блискост, нема споделување, само терет ќе ми што се знаеме, а од деца сме се знаеле, глупаво е, ама што е тоа е.
     
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    Јас сум во брак скоро 9 години и мислам дека можам со право да прокоментирам на оваа тема.
    Со мажот ми додека бевме во врска се дружевме со многу пријатели и мои и негови.Но бидејки се замавме релативно млади,многу од тие другарства денес не ни постојат.Прво, бракот е една заедница многу посложена од врската.Јас кога се омажив и добив дете,повекето од моите другарки се спремаа за излегување во град,зборуваа за дечковци ,за каде да одат ,со кого да се видат,како им стои ова, како им стои она,го видов,ми се јави- не ми се јави итн...,додека јас во исто време се замарав што за ручек,како ми е бебето, дали спие ,дали цица,имало температура ... Значи погледите на животот и интересите потполно се менуваат и со тие другарки одеднаш свакаш дека немаш што многу да си кажеш.Со многу луѓе од порано се дружиме и денес,но во тоа време кога и ние сме формирале семејство истото и тие.Денес редовно се дружиме и со многу нови пријатели кои сме ги запознале преку нашите деца во градинка со кого ни е пријатно да го споделуваме времето и искуствата,а најубаво им е на децата кои си играат со своите другарчиња.
    И уште нешто,жените се поприлагодливи од мажите и понормално е да се одржуваат пријателствата на мажот кои полека преминуваат во фамилијарни дружења.
    Мажите имаат повеке време од нас и со самото тоа одржувањето на контактите им е полесно.

    Сега моите другарки се мажат и ги имаат истите ''MAKI''кои ги имав јас пред неколку години.
    НОрмално во моментот се дружис со луѓе кои најмногу ти одговараат.
    А вистинските пријателства со вистинските луѓе остануваат засекогаш,без разлика на интересите кои те обземаат во моментот.
     
    На Филотеа и Lovely93 им се допаѓа ова.
  7. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш ги негувам другарствата. Можеби нема да верувате, но имам десетина многу добри другарки со кои секогаш имам време да видам, и супер стоиме со години. Но еднаш една работа многу ме повреди. Добра другарка, која секој ден ми се јавуваше и доаѓаше на кафе, одеднаш ја снема. Со месеци не одговараше на телефон.
    Потоа еднаш ја видов во еден кафич и забележав дека сака да избегне да се поздрави. Намерно им пријдов, таа беше со дечко, и и реков зар не ме виде. Таа се правдаше дека не ме виде. Откако зборувавме 5 минути, и реков да ме запознае со дечкото. И таа, а да, извини, и не запозна. Многу беше некултурно од нејзина страна и на типот му беше непријатно додека јас и она зборувавме, тој да молчи. Потоа се поздравив и си отидов на мојата маса. После еден месец онака еднаш се јави, кажа дека тој и е дечко. Јас и реков се е тоа добро, но јас те запознавав со моите секогаш, зошто така постапуваш, зар се плашиш, зар сум дала повод во овие години другарство. Меѓутоа, таа не контактираше ни со другите, го чуваше типот, го затвори, сами ги гледавме низ град, никогаш со друштво. Еднаш ми требаше лекарски совет (а таа е лекар), и кога се јајив ми рече дека е во болница и дека се породила претходниот ден. И шеститав, секако. Еј, се омажи, дете роди, никој жив не дозна.
    Но, многу ме повреди тоа нејзино повлекување. Само затоа што фати дечко, ја снема. Инаку, никогаш немало конкуренција меѓу нас и не можам да разберам. И ден-денес не контактира со ниедна другарка.
    Инаку, и во минатото беше посесивна, кога имаше дечко, само затворени дома, таа кај него, тој кај неа, максимална контрола.
    Без везе, ден-денес не можам да разберам кој и е филмот. А што ако нешто тргне наопаку, што ако конците и паднат или се измешаат? Дали пак ќе се јави како секогаш која ќе раскинеше со дечко. Искрено, не можам да разберам дека сум имала таква другарка, која беше со мене и до мене само кога е сама.
     
  8. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Се омажив многу млада, на 21 година. Вонредно ја завршив 3 година од факултетот, се вработив, се запишав веднаш на втор факултет, маж, домашни работи но секогаш имам време за другарките. Со оглед што некои се уште студираат, другите работат сепак наоѓам време за нив,далеку од тоа дека можам по цел ден да седам кај нив на кафе како што правевме порано. Мажот ми никогаш не ми е рекој нема да одиш со нив ќе излеземе со моите другари, тука напротив сака да се дружи со нив без разлика дали се слободни или зафатени. Најголемо разочарување добив од мојата најдобра другарка, се омажи, роди и целосно се одели од нас, се промени за 560 степени не само спрема мене тука и спрема останатите другарки целосно не избегава, не излегува од дома, никогаш не ни е викнала на гости а навистина не беше таква пред да стапи во брак,ја разбирам има обврски спрема детето не може да излегува ,сепак мислам дека е до нејзиниот маж. :x
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Тие што ти биле вистински пријатели ќе останат и понатаму. Можеби нема да се видиме месец-два во зависност од обврските, ама кога ќе се видиме исто како да се гледаме секој ден. Само со една пријателка останав навистина пријателка да и поред тоа што студиравме во различни градови, па потоа брак, деца па дури и старосватица и биднав. А со другите само онака кога ќе се видиме као ај ќе пиеме кафе и се на тоа се сведува. Повеќето пријателки и пријатели прифатив од кај мажот ми ама некако и родбински целото друштво е така повржано. Кој на кого е кум, кој старосват... :) и така остануваат тие пријателства.
    Не се замарам јас со тоа, кој ме цени ќе ме најде и ќе пие кафе со мене, а кој несака не го молам. Гледам да не ги запоставам моите вистински пријатели, тоа ми е битно.
     
    На tessie и LaChiquita им се допаѓа ова.
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Одржувам контакт со сите, и женските и машките другари кои ги имам од детството. Малку поретко нормално, но сите некако отидовме на различни страни па и да сакаме не можеме толку често да се гледаме...Но со помош на фб, сме во тек...
    Јас лично на почеток, првата год. од бракот малку се оддалечив и ги запоставив од причина што бев малку во хаос-работа, обврски дома, нова средина, свекор и свекрва, па после бременост, бебе...И некако намерно ги одбегнував оти освен за свеки која во тој период ми беше преокупација, за друго и немав желба да разговарам... :x ...па не сакав да ги гњавам... :yawn:
    Имам потреба од нив, се дружиме колку можеме, а кога се не може ќе ве малтретирам вас овде на фемина... :P
     
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    121.706
    Имам другарка,која се омажи но сепак остана да си се дружи со нас.Само што ние одиме почесто кај неа,си играме со малиот итн...Но ми смета што муабетот и се сведува само на таа работа-пелени,кашички,нон стоп раскажува како се породувала-100 пати имам чуено :tmi: ,па како не им стигале пари за бебушот-ете такви муабетиУбаво ми е да чујам за малиот ама не сакам нон стоп за тоа да ми збори...Немам веќе муабет со нејзе,за жал.
    Јас кога ќе се омажам,нема шанса да ги оставам контактите со другарките.
    Секој маж сака во кафанче со другарите,а јас сакам кафица со нив.
    Имам против некои мамици,кои само што го родиле бебчето-иш кај свекрва или мама,а тие журка до сабајле :o Искрено,ова ми е одвратно,а познавам многу такви.Кога веќе си се одлучил на таков чекор,прифати го....вака грда слика остава.
    Ете и денес,живееме со дечко ми,што се вика како венчани,а често доаѓаат другарки си седиме заедно сите тројца,-зш во гарсоњера сме,па нема избор,ама он често ќе си излезе,до кладилница ваму таму,не остава некој период сами, оти ипак женски муабети. ;) .И јас немам против да седам со негов другар,па заедно да пиеме пивце,кикирики и да оговараме :lol: .Баш ми е забавно!Често оди на фудбал,па со другарите или колегите потоа во кафанка,ништо чудно,како што јас знам после работа на кафенце,или пак навечер на искачање.Ако е се разумно и со мера,зошто да не?Потреба е дружбата :nod:
     
    На MIA-SK, Theodora и girl.23 им се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.745
    Допаѓања:
    130.767
    Една од моите другарки се омажи пред некој месец, а другите се уште не се мажени. Зборувам за најблиските.

    Кога се омажи, маж ми му отиде на нејзиниот маж, и му кажа: „Морам да ти кажам дека освен со жена ти, се жениш и со нејзините другарки“ :D
    Ова беше многу смешно, затоа што типот едвај го познававме, и затоа што муж ми делува конзервативно, а муабетов го опна на запознавање со родителите на „зетот“ :D

    Ова се однесуваше на тоа дека што и да планираме, ако го планираме со другарките мои - ги земаме во предвид и нивните барања, и им помагаме за што и да треба. Ако јас не сум можела нешто да завршам, муж ми секогаш излегувал во пресрет.

    Другарките секогаш биле за мене тука, и јас сум била секогаш кога сум им требала на располагање, па ако треба и светот да се рушел. Тоа го знаат и муж ми, и децата, и моите и сите.
    Е сега нашата ситуација е малку поспецифична, затоа што сите се знаеме многу долго време, неколку гоини пред јас и тој да ја почнеме врската. Дури и повеќе се дружеше со другарките мои од колку со мене :D И кога ќе спомнам „моите другарки“ ми вика - не се само твои, и мои се :)
     
    На MIA-SK, Neytiri, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  13. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    ели искрено ме изнасмеа да ти кажам те замислувам оно како вртиш очи за истиот муабет по којзнае кој пат. искрено и јас сум се нашла во таква ситуација.

    имам неколку пријателки не другарки и кога ќе седнеме на кафе се натпреваруваат мислиш кој ќе каже што глупост направило нејзиното дете или па и некои најобични работи.

    и некогаш навистина е досадно ама од друга страна ние пак немаме деца и незнаеме какво е чуството да имаш и да растиш дете претпоставувам дека е прекрасно и секој детал сакаш да го споделиш со другиот така да ни самите мајки не се свесни за тоа едноставно така се чуствуваат и тоа е повеќе од природно...

    а се сложувам дека секој партнер треба да си ги зачува пријателите и да одржува контакт и покрај сите промени во животот тие ни се забава еден вид на издувен вентил .
     
  14. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да го споделам моето искуство со вас. Во првиот брак имаше голема љубомора од страна на мм за моите кафе излети со најдобрите другарки( овие ми се од средно школо), но успевав некако да балансирам цело време меѓу него и нив. Дури му пречеа и на телефон кога ќе ме побараа. Но тоа е веќе минато. Кога ми се случи тоа што ми се случи од моите другарки ја добив максималната поддршка да си ја родам Сара и да ви кажам најискрено многу ми помогнаа во секој поглед. Никогаш нема да ги заборавам или да ги отфрлам од мојот живот. Иако сега јас веќе не живеам во Мк знаат, а и јас знам дека тука сме едни за други.
     
    На Ariel и Annath им се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Додека живеевме заедно со бившиот, моите другарки доаѓаа ретко зашто не сакаа, ама ја ги разбирав за тоа. Прво на врата ги пречекуваше свекрва ми која седнуваше во нашата дневна и мораше се` да ги испрепраша, таа го водеше разговорот, и на сите ни одеше на нерви. Бившиот не и` велеше да не` остави, туку и велеше: седи си мамо `од жени` заедно.
    Затоа најчесто (90%) се наоѓавме надвор на кафе, или во мојот дом кај родителите.
    Бившиот не ми ги мирисаше другарките, и тоа без причина. (А, да не зборувам јас за неговите пријатели).
    Од друга страна, свекрва ми секогаш се распрашувала за моите другарки и секогаш на репорт ми даваше информации како тие не чинеле. На крајот и` реков пола збор да не чујам лошо за нив.
    Така да....имав мака меѓу заедничкиот живот и пријателите.

    Втор случај - имам мажени другарки со деца, со кои се дружам поретко, бидејќи тие се стално зафатени, и да потврдам како Ели, секој муабет е околу децата, пелените, де што направило детето, де се жалаат како било тешко....и дружењето ми е многу напорно, тотално ме исцрпуваат истите, та истите муабети.
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.745
    Допаѓања:
    130.767
    Кога немав деца многу ми беа досадни муабетите за деца, и си ветив дека кога ќе имам - нема да зборувам цело време за децата.
    Кога се породив, сите мои другарки абер немаа ни од брак ни од деца, па дури и кога сакав нешто да кажам - си викав што ќе ги замарам кога не се во тој филм, и никогаш не сум зборувала за децата. Сега воопшто немам навика да зборувам за децата, ако не ме праша човек, не ни ги спомнувам, или ако прашаат што прават, викам само ок се.

    Стварно е малку безврска да зборуваш за нешто за кој соговорникот не ни помислува.
    Моите најблиски другарки до душа знаат се за децата, многу пати ги чувале, ги шетале, дури и ги носеле и на лекари и на вакцини ако јас не сум можела (имав еден таков период), а доаѓаат да ги видат и јас да не сум дома. Кога ќе ме прашаат како се децата, им викам - дојдете и видете. И моите деца исто така кога сакаат да ги видат „тетките“ креваат телефон, им вртат и ги викаат :D. Ќерка ми им ги знае броевите, а си ги има и запишано во именик, а малиот уште не им ги знае броевите на памет, ама кога ќе изрази желба да ги види - јас им вртам :D
     
    На Trendafilka, MIA-SK, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.255
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да пишам на темава. Од другарките немам мака за досаѓање со муабети за деца, ама од колешки леле мајко. А бе 8 саата да слушаш, како се покакало, како се помочало мислам алооо. Ок знам дека ти е кејф дека имаш деца ама дај жено не замарај. Инаку јас сум голем љубител на деца. Внуците си ги сакам најмногу на свет, на другарките децата ми се мили исто така. Ама не можам да поднесам кога некој замара со приказни за децата или општо за бракот пред девојки кои не се мажени зашто едноставно не се во тој филм.
     
  18. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Јас едвај чекам да се видам со другарките кои уште немаат деца,за да трачариме,да ми раскажат новости,и многу малку зборувам за детето со нив.Па,така и јас малку ги сменувам мислите.Нормално,човек што уште не е родител нема да го интересира апетитот или темпераментот на моето дете.
    Се сеќавам кога не бев мажена имавме една другарка која се мажи и само ни кажуваше како нејзиното дете е најнапредно,најдотерано,па дури малиот перфектно зборувал англиски на 3 години.Не да сум превртувала очи :lol:
     
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Според моето искуство еве како мажена :D да прокоментирам, една е дружбата пред и после склучување на бракот, поинаква е.
    Имено моите другарствата малку се редуцираа и останаа само оние кои јас ги викам вистински другарки, оние со кои си растел, оние кои биле со тебе во сите добри и лоши моменти, со кои си делел буквално секаква радост и тага.
    Имам неколку другарки со кои си одржувам контакт, слушање и трачарење што би се рекло :lol: , некои се мажени некои не. Доаѓаат кај мене кога можат, кога не се на работа или кога имаат време, исто и јас одам кога можам.... и никогаш, ама никогаш не ми се случило мм да ми рече дека несмеам да одам или пак да ми доаѓаат. Истото важи и за него, оди ако сакаш, дружи се, никој не ти брани, ама имај исав кога ќе се вратиш :!: , прибарање сам у 3 саат сабајле не доаѓа у обзир.
    Може малку сум конзервативна и ограничена, ама јас да го исперам, испеглам, скоцкам и тој да си оди у провод, да се журка.... а јас да дремам, да чувам деца и да го чекам да се прибере....е тоа кај мене нема. :wasntme: Оди, ама дојди си во пристојно време.
    под пристојно мислам пред полноќ-како Пепелашка :lol:

    Денешниот брз ритам на живот и трчањето во исполнувањето на работните и домашните обврски, малку ни го оневозможуваат дружењето и идењето по кафиња, ама слушањето не ни бега. Секогаш се има време да му ѕврцнеш некому и да си позборуваш. А за викендите да не зборам, ако времето е убаво, одма надвор, у шетња, со или без деца.
    Е сега, во зависност од тоа со која другарка си го пијам кафенцето, ќе зависи и текот на муабетот. Ако и двете си имаме на пр. мака со свеки, со деца, со некои проблемчиња... ќе си ги споделиме, ќе си се посоветуваме, а успат и ќе си се изнасмееме....не сакам и тоа, условно речено, малку време што ете ќе скубнам да го издвојам да замарам, да кукумијавкам, да се жалам итн. Разговорот си тече во зависност од тоа кои ни се допирни точки, што не интересира и двете, а не само јас да зборам и да досаѓам како малава ми се качила на глава, кога ме изнасмеала или пак кога мм прднал :lol:

    Имаме и заеднички пријателства, моите другарки си доаѓаат со мажи, деца, дечковци или пак ние излегуваме со другарите на мм и девојките. Си идеме и по гости...нормално пак земаме или оставаме деца, се` зависи од тоа какви ни се заедничките интереси.....сигурно нема деца да носиме по кафиЌи. Знаеме и да заглавиме до утринските часови и екстра да си поминеме, а знаеме да си седиме, да се картаме и да си потпивнеме. При тоа обезбедено е кој ќе ги чува децата.

    Ако немаш пријатели, ако немаш каде да отидеш или пак ако немаш кој да ти дојде, тогаш потполно си сам.....а сам човек за нигде не е...
    добро, освен на мочкање :lol:
     
    На MacenceEna, Hopeful, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Има многу голема врска и новиот начин на живот, обврските и сл.кои во моментот се разликуваат од тие на немажените. Пример, цел ден сум била на работа, па дома трчај ручек, да исчистиш, па утре ете доаѓа дете, па плус обврски.. и не можеш да излезеш како оние кои се немажени и да останеш до 5 сабајле некаде. Тука веќе почнуваат и различните доживувања, интереси и човек постепено се оддалечува. Дури и муабетот почнува да не е интересен: тоа до вчера што ти било интересно денеска ти е веќе изживеано, а се јавиле други интереси. Додека пред 1 година ми било интересно да зборувам за оваа фаца во градот, за оној кафич и сл.денеска веќе поинтересен ми е муабетот за некој рецепт (бидејќи сакам да готвам), за уредување на домот и сл.-тема што на другарка што не е мажена би и била лудо досадна (од искуство зборам), на нејзе ќе и биде поинтересна другарка со која ќе планираат заедно женско друштво на одмор, бркање дечко, искачања и сл. Не велам дека замира пријателството бидејќи вистинското пријателство не значи и квантитет на дружење, но дефинитивно се филтрираат обичните пријателства и вистинските другарства, а на крајот човек сепак на сличен се радува :)

    Јас еве како мажена, се трудам максимално да ги одржам моите пријателства од предходно, но гледам дека полесно ми оди со тие што се во долги врски или тие во брак. Оние што не се некако премногу влечат на: ај бе зошто да идеме на кафе, како баба си, не искачаш по дискотеки...дај бе женско друштво на викенд негде, не биди затуцана и сл. :)

    И уште нешто: не само другарки, туку имам и двајца другари со кои гледам да си го зачувам односот и пријателството без разлика на брачниот статус. Сепак, тие пријателства се 20 години стари и не би ги баталила за ништо на светот :) така што не ми се јасни некои личности на кои моето дружење со машка личност, а сум во брак им е чудна... мислам... пиеме кафе и правиме муабети за животот! Не се бутнав во хотелска соба :D Ако сум сакала да бидам со некој од нив двајца, сме имале 20 години до сега, па нели ќе сме завршеле заедно ако сме се сакале на тој начин или ако требало да биде?? :))))