Дали во овој аспект сте обратно со вашиот партнер? Како доаѓате до компромис? Јас сум интроверт, он е екстроверт, само што како поминуваат годините ни стануваат поизразени особиниве. Јас све повеќе не сакам со луѓе, он све повеќе сака да излеземе. Најчесто он попушта, зошто јас кога не можам да бидам со луѓе не можам и тоа е тоа, едноставно не можам да направам компромис. Некогаш, кога сум наспана и све ми е подмирено океј, излегуваме, поголем ми е прагот на толеранција. Он има разбирање по толку години, не би рекла ни разбирање, ме познава до срж дека сум си таква, исто како и јас него, па ако јас не сакам да одам негде, он може слободно да оди со пријатели. Се додека јас не морам да се влечкам, океј. Како е кај вас ситуацијата на ова поле?
Исто. Јас интроверт, тој екстроверт. Но бидејќи немаме време за шетање и дружење и двајцата се однесуваме интровертно. Кога имаме време некогаш на кафе да одиме, јас секогаш предлагам да земеме кафе за носење и да го пиеме некаде на само, дали во кола, во парк било каде, да нема гужва. Он сака во кафич. Па кога како. Од друга страна јас сакам да патувам, тој не. Па и тоа ни е пола пола. Некогаш тој попушта, некогаш јас. на одмор за одење, воопшто не ни зборуваме, се знае или одиме сами тројцата или не одиме. Не сакаме со други. На детски родендени, оф, на два се имаме појавено. Некогаш толку сме изморени што забораваме на себе, а камо ли да шетаме и во гужви да се бутаме. искрено еве, некогаш ми пречи и тој што е дома, а камо ли за повеќе луѓе.
И кај нас е така, јас не сакам со луѓе, мм сака дружења, не дека не сакам воопшто, ама со тие што се дружам се бројат на прсти. Подобро ми е некаде сами отколку со еден куп народ.
Ние пак сме обратни. Јас сум поотворена за комуникација со луѓе, маж ми е затворена книга. Меѓутоа мислам дека со текот на годините се 'адаптиравме' еден на друг и тој повеќе се отвори, а јас ограничив круг на луѓе.
Ние сме и двајцата интровертни, тој дури повеќе и од мене. Некогаш навистина ме нервира, бидејќи не излегуваме од комфорт зоната. За мене идеално би било да сме поразлични во тој поглед, за едниот да го мотивира другиот. Вака најчесто шетаме на моја инцијатива, ама не секогаш сум истрајна во таа намера да прошетаме или излеземе со луѓе бидејќи и мене не ми доаѓа најприродно така.
Да ти кажам ова мене предобро ми звучи. За на одмор исто. За детски роденден сме оделе, не дека ќе зборам ако се некои што не ги познавам, од градинка или слично, ама за нејзе одам. И на лулашки, само не зборам со никој, седам и си читам. Кога беше помала и морав до нејзе, ќе зборев со мајки, сега веќе она си игра, јас си читам. Со маж ми ако негде мора да се оди, одам, некогаш и ќе се погодат луѓето, ама после тоа три дена ми треба тишина. И само маж ми не ми смета никогаш, ме гледа ако си читам он гледа тв. Сосема се разбираме на тоа поле.
Не ми досадува мене. Ама ми смета некогаш неговото присуство. Што знам, имам такви хард кор денови. Да бев верник сигурно аскетски живот ќе терав. Негде затворена и осамена у манастир.
Поарно викав интроверт, мирен ама видов дека не е гаранција за ништо. Се покажа со крајот на првиот брак. Ако стапам во брак, би сакала мм да има широк круг на луѓе, да биде влијателен и почитуван оти и двајцата ако сме мирни и повлечени и домашари, готови сме. Тој би требало да ја надополни таа разлика. Да има широк круг, да, но на сите строго да им одреди кај им е местото. лојалноста да му е избор, а не производ на околности. Исто така јас не сакам некој којшто не сака да направи муабет од време на време. Да е доминантен во тоа да ги издигне саканите, а не да ги потчини.
Двајцата сме интровертни и верувајте не чини. Мал круг пријатели ,еднолично секојдневие изморува едноставно. Плус кога ќе ти треба нешто услуга глупо ти е да побараш било кој ,цела година рецимо не си се јавил и сега за да прашаш нешто не бива ( а многу добро знаеме сите дека тука се мора со врски да е ).
Колку шо можам вака да се сетам сите врски ми биле со екстроверти. Пошто на некој начин ако сум со некој сличен на мене можи да не излезиме од дома и свет да не видиме и то лесно можи да западни во монотонија, и колку и да ми е тешко сама да иницирам шо било мозокот ми се храни на новитети. Накратко, ми треба некој да ме турни за да кинисам. Проширвање на комфорт зона и ми годи, само шо ретко сум сама иницијатор на то. Па се надевам и ете иден партнер и потенцијален брачен партнер би бил во тој поглед различен од мене, како и до сега. Не знам дали намерно вака сум ги годела или ете случајност.
Иако темава е за брак, баш ме натера да размислувам во некој интересен смер и колку ова игра улога за успешна врска и особено брак. Бившиот беше апла екстроверт до степен што мене тоа ме нервираше, тоа секојдневно излегување, површни интеракции, давање премногу значење на што другите мислат („угледот“)... nah. Сега со интроверт многу убаво се поврзав емотивно, многу ми е поубаво, се разбираме но... можам да видам како тоа имање многу мал круг на пријатели во иднина би било проблем. И двајцата се држиме до многу мал број на луѓе, мене тоа ми е преференца, но ме плаши тоа да не дојде до монотоност. Но, што се однесува до излегувања сме океј, секогаш сме за дејтови надвор, ручек надвор, неколку пати сме излегле со своите друштва и би го правеле тоа почесто, немаме премногу прилики за патувања, ама и тоа го сакаме. Така да, се надевам дека ќе биде океј.
Не би можела да функционирам ни неколку денови со некој поразличен на тема социјален живот, не па брак. Некаде на средина сме, кога треба знаеме да сме многу друштвени ама претежно си сакаме мир. Не би сакала до мене некој со 0 социјални вештини, ниту пак центар пажња на секое дружење. Да се молиме кога треба да се оди некаде или пак да ми влечка дома стално друштво и да ме тера да излегувам кога не ми се сака. Опција е и секој по свое, само мене не ми е ок на подолг рок.
Себеси се сметам за интроверт но далеку од тоа да сум срамежлив или некомуникативен едноставно сум човек што презира наметливост и живеење според некакви општествено социјални стандарди и одржување површни пријателства од его побуда заради покажување некаква позиција во општеството. Во овај сегмент преферирам поинтровертно опкружување. Инаку во врска сум имал и девојка што е екстроверт и девојка интроверт во првиот случај таа била доминантна во комуникацијата, во вториот јас што не ми се допаѓа искрено немам нерви да вадам некому зборови со клешта од уста. Така да лично преферирам партнерка што ќе биде покомуникативна од мене како би се надополнувале карактерно, сакам жени екстроверти но само во поглед на комуникација, екстроверт во смисол да има многу познанства и бидење центар пажње големо не
Екстроверт сум и мм е,ама не сме екстремни(мислам) иако секојдневно излегуваме и по двапати. а за интроверти мислам дека е најдобро да си најдат екстроверт за да ги вади од дома инаку бело видело нема да видат.
Јас сум амбиверт но повеќе интроверт, обично тешко ми е да се зближам со луѓе и уште потешко да ширам круг на пријатели. А сакам да излегувам и да шетам. Не би можела да функционирам со интроверт во никој случај. Би функционирала со некој што лесно комуницира со луѓе и ќе ме вади од комфор зона, не некој што со денови би седел дома и би му било океј, или што ќе се срами повеќе од мене ако в ресторан ми ја згрешат порачката пример. Не мора ни да значи чести патувања или секој викенд да сме некаде излезени, ама човек кој сака да прави работи секогаш ќе претпочитам.
Како @RainBow функционирав со бившиот, посебно делот - ти излези си ако сакаш, не ме гњави мене Иначе се согласувам со останатите, подобро е да е едниот поекстровертен, бидејќи да се двајцата интровертни нема од дома да излезат Немам проблем со комуникација било каде, ама проблем ми е дур излезам и се измешам, а често ми станува предосадно брзо и сакам дома, станувам раздразлива и нервозна, "место не ме држи".
Кога се запознавме и двајцата бевме екстровертни. Но како поминува време, луѓето се менуваат, обврските, стилот на живот, па така се помалку и помалку сме со многу луѓе и во гужви. Ама после добар викенд пак си имаме преубави моменти. И кога ќе размислам ние неколку дена во неделата обавезно сме со гости или ние на гости или излезени или на некој настан, театар. И двајцата уживаме во тоа. Е има денови кога уживам во тишината и не сакам никој до мене, но тоа не трае долго
Ambivert sum no povekje nakaj introvert, znam lesno da sklopam prijatelstva ne deka nesto mi e sram no mnogu retko prezemam inicijativa da se priblizam nekomu ustvari mnogu retko mi se dopagja nekoj za druzenje, no kako i da e bi sakal ekstrovert da bide partnerot.
И ние сме голема разлика во карактер, јас интроверт, тој екстроверт. Повеќе искрено јас правам компромиси отколку тој, но мене веќе ме изморува тоа. Многу лесно се "инспирира" од сите и тој одма сака така како што другите прават. Еве сега баш тема е дека сака да го шета светот, 2-3 месеци да одиме некаде во Азија, а јас не сакам воопшто. Сакам одмори и шетања, ама на 10тина-15 дена и да си се вратам во домот и во мојата рутина. така што сега му велам оди шетај и врати се ако ти се враќа.