Брат ми е во љубовен триаголник

Дискусија во 'Врски' започната од Danira, 4 август 2014.

  1. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Јас повеќе незнам со кого да разговарам!
    Со сестра - ми не можам зошто темата е деликатна и срам ми е, додека со моите родители уште помалце. Затоа што тие се нон - стоп на работа, не се прибираат дома а камоли да имаат време да седнат и направат муабет со нас.
    Ова го напоменав бидејќи е од исклучителна важност, и мислам дека проблемот кој следува се јавува токму како резултат на лошата комуникација во нашата фамилија и немарливоста на нашите.

    Значи да преминам на главното, станува збор за брат - ми.
    Тој има 24 години и излегува со една девојка веќе подолг период, може има 3 години не сум сигурна.
    Како што е редот нели тој уште првата година откако заидоа ја донесе дома на ручек да ни ја претстави.
    Мислев дека е фино девојче, од угледна фамилија. Супер се сложувавме и ми стана многу блиска и драга пријателка. Дури и моите сеуште се уверени дека е она океј.
    Арно ама јас повеќе незнам што да мислам. Не само за неа туку општо, од причина што пред неколку дена доживеав буквално шок!
    Сеуште несакам да им верувам на сопствениве очи бидејќи за првпат во животот се соочувам со ваква ситуација па решив овде од вас да тражам мислење или помош.
    Ајде да не должам многу, крајот на јули месец се погоди во исто време да одиме на одмор со моите родители но на различни места. Значи тие си отидоа со сестра - ми, а јас со пријатели.
    Но, мене некако не ми се погоди друштвото со кое заминав, ми се здосади во кампот, не е битно и одлучив на крај порано да се вратам дома ненајавена.
    Сметав дека нема ни потреба да му се јавувам на брат - ми бидејќи и онака се враќав напладне.
    Така и направив. Се спакував за брзо време и кога стигнав дома почнав упорно да ѕвонам на вратата неколку пати, ама не отвараше никој. Освен тоа од внатре се слушаше многу гласна музика, па мислев дека брат - ми пуштил зошто има обичај да прави така, па си реков да пробам да отворам може е отклучено. И бев во право. Ја отворив вратата, тој заборавил да заклучи.
    И одам во дневната гледам три чаши, и неколку испразнети шишиња алкохол фрлени по подот.
    Како и секој нормален човек помислив дека прави некоја журка и му се дојдени другарите па се забавуваат.
    Решив да не им сметам и да му се најавам покасно дека сум стигнала, ама на патот по ходникот до тоалетот случајно забележав дека вратата од неговата соба е подотворена. И така како што поминував вниманието ми го зеде силно стенкање кое беше дури погласно и од музиката. Махинално го фрлив погледот накај собата и што да видам... :|
    Најдобриот другар на брат - ми со кого се дружат од детството, и неговата девојка
    или нивната :tmi:
    се допираат, бакнуваат, водат љубов.
    Во тој момент останав подзината, и само стоев здрвено, гледав како некоја будала како сите тројца се гушкаат и бакнуваат меѓу себе.
    Нема да должам веројатно ви е на сите јасно за што зборувам.
    После неколку секунди некако успеав да се приберам, уверувајќи се дека ми е лошо од патот па ми се причинило. Набрзина му ја летнав до веце, се истуширав и се заклучив во соба.
    После два саати (откако си замина ,,другар-му'' и девојкава која повеќе не знам ни како да ја наречам), брат - ми тропна кај мене на вратата јас му отворив правејќи се дека ништо незнам.
    Водевме некој сосема рандом муабет околу тоа као сум поминала и некои такви глупости, а на прашањето кога сум се вратила му реков пред петнаесеттина минути.
    Уствари се вратив многу порано ама ако му кажев ќе сфатеше дека сум видела нешто што не треба затоа го излажав.
    И таман мислев сум успеала да го смотам, кога тој пред да ја фати кваката се врти накај мене и ми вика - Данира знам дека знаеш, ама те молам не кажувај на нашите ништо за ова. Нека остане наша тајна, јас ги сакам двајцата и веќе долго време сме заедно и ти си првата што знае за оваа врска.
    Ми вика, ако се дознае ќе знам дека е од тебе и повеќе нема да можам да ти верувам. :tmi:
    Ја отворено му кажав дека не го подржувам затоа што не сфаќам каква може да биди таа љубовна врска меѓу тројца личности, ама сепак му ветив дека нема никому да кажам.
    Најверојатно и ќе го исполнам ветувањето, бидејќи ми е брат и го сакам а такви работи секако неможам да споделувам со било кој а нашите како што се конзервативни, патријахални христијани кои би го исфрлиле на улица.
    А ништо чудо и мене сосе него ако покасно по некоја случајност ја дознаат вистината.
    Со неговата, нивната девојка или мојата пријателка (што и да е) :?: незнам како да постапам веќе. Брат - ми и кажал дека јас сум дознала и вчера плачеше и таа ме молеше да остане тајна.
    Јас стварно знам дека не е моја работа, не треба да се мешам, на крај краева брат - ми е возрасен човек и не треба да се замарам со неговиот приватен живот ама мора да прашам, нормално ли е ова? :|
    Пробувам полиберален пристап да имам кон целава ситуација и да заборавам на сешто видов ама пак ме копка и на моменти сликата ми се појавува пред очиве.
    Верувам дека се сакаат ама сепак. :?:
    Освен тоа, незнаев каде да се обратам, а мислам дека и со кого да пробам да правам муабет за истово не би ме сфатил од причина што е на некој начин табу.
    Затоа одлучив да ја отворам темава овде на форумов и да ве замолам за совет.
     
  2. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.973
    Пол:
    Женски
    Дали е се во ред со мојот брат?

    Леле неубаво што си го видела, мислам дека кога и да ги видиш ќе ти прелета таа слика низ глава. Ништо не можеш да смениш, и да кажеш и да не кажеш......сексуалниот живот на брат ти е негова лична работа ( тоа што е бисексуалец). Не знам што друго да ти кажам....
     
    На SimonaTino и Danira им се допаѓа ова.
  3. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Дали е се во ред со мојот брат?

    Да точно е ама не сум ја крива што не ја заклучува вратата кога е дома.
    Му викам замисли да беа мама и тато наместо мене. :|
    Ми вика да во право си, во иднина ќе пазам. Ама како и да е тоа е тоа, нема ништо да можам да сменам. Сепак фала ти.
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.770
    Допаѓања:
    255.835
    Пол:
    Женски
    Дали е се во ред со мојот брат?

    Се е во ред со брат ти.Си исполнил една сексуална фантазија како и сите млади на негови години .Само ретко кој зборува отворено за тоа :)
    Негов живот негово право со кого и на кој начин ке има односи.Едино требало да се заклучи и да тера работи,за да не дојдете и двата во ваква непријатна ситуација.Искулирај ја целата ситуација .
     
    На Danira му/ѝ се допаѓа ова.
  5. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.335
    Дали е се во ред со мојот брат?

    Имаше една емисија на Национал Џеографик каде што луѓето имаат врска таканаречена триаголник и не можат да функционираат на друг начин. Поточно гледав пример врска двајца мажи и една жена, баш како во случајот со брат ти и супер се сложуваа. Во нашето опшество оваа тема е таму како и многу други, но во развиените земји бисексуалците се прифатени. Нормално е сите ние некогаш сме си замислиле тројка, ама ретко кој тоа го направил :D И јас некогаш кога видам некоја згодна девојка ми иде да ја залапам чисто онака од љубопитност, да видам како е водење љубов со личност од ист пол :wasntme:
    Не гледам ништо погрешно во ова доколку е само забава и љубов да е, ама тешко дека луѓе да не кажам со површни сфаќања, туку сфаќања кои ги диктира нашата религија ќе прифатат такво нешто.
    Јас мислам дека е океј, ама секој со своето :lol:
     
    На Danira му/ѝ се допаѓа ова.
  6. loverangelx3

    loverangelx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    40
    Дали е се во ред со мојот брат?

    Најверојатно брат ти е помлад и сака се да проба. Има многу што сакаат да пробаат и да ги вкусат “задоволствата„ од 3ка. Женска му, ако веќе ја знаете и вие дома значи дека ја сака а ова му е само минлива работа со другарот. Машки ко машки не се приврзале многу еден за друг сигурно... Уживај си, сигурно нема да биде со 2цата. Прашање на време е кога ќе „раскине“ со другарот... А до тогаш ти пробај да си ја извадиш таа слика од главата. :)
     
  7. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Дали е се во ред со мојот брат?

    Ама дечки мислам дека ова не е само една обична сексуална минлива фантазија.
    Девојка им, ми довери дека ова се случува откако она и брат - ми се во врска.
    И кажав дека нема да ја негирам нивната одлука, и дека ќе пробам да имам разбирање ако и во иднина продолжат да излегуваат.
    Освен тоа и брат - ми призна дека имаат врска од отворен тип, а тој е многу либерален, и има двојна сексуална ориентација. Значи е би, сака и девојки и момци.
    Мене тоа не ми пречи, единствена у фамилија сум што потајно како да знаев за ова уште многу одамна.
    ..Ама кај најде баш со најдобриот другар бе?! Баш што нашите родители го викаат сине?! :tmi:
    Каков син какви бакарчи,
    да ја видеа колективната распаљотка што ја видов јас нема веќе така да го нарекуваат, ама тоа е.
    Сепак кога подобро ќе размислам сфаќам дека мене уствари тоа ми беше и најголемиот шок, зошто цело време мислев дека се само другари а испадна дека биле многу повеќе од тоа долго време, сигурно и пред да ја запознаат другарка - ми (девојка - им :lol:).
    Освен тоа тој другар - му доаѓаше кај нас дома, од мала секогаш ме прегрнуваше, ми купуваше чоколади, бонбони, ме водеше на кино па и него си го викам бато пошто го гледам практично како и брат - ми, ете толку ми е драг.
    Освен тоа, со мојот вистински брат заедно се од деца, студираа на ист факс...Па, ни на крај памет не ми паѓаше дека се до волку интимни бре! :shake:
    А оваа па девојка - им (другаркава моја) со нив па уште.
    Лелеееее ми треба време дур се соземам и сфатам дека тројца особи кои неизмерно многу ми значат се заедно истовремено. Боже ме сачувај... :D
    Како и да е, се соочувам со убиствено чудна ситуација, треба да си средам малце впечатоци. Но фала ви на сите за досегашните совети. :)
     
  8. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    10.993
    Пол:
    Женски
    Дали е се во ред со мојот брат?

    Малку надвор од темата, но ме интересира зошто употребуваш цртичка кога пишуваш "Брат - ми"? :?:
     
  9. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Дали е се во ред со мојот брат?

    Знам дека не е граматички правилно, :$ ама ете останато ми е како еден вид лоша навика. :x
    Се извинувам.
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. loverangelx3

    loverangelx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    40
    Дали е се во ред со мојот брат?


    Епа ако е така, потруди се да го прифатиш тоа... Сепак полесно ќе ти биде зашто брат ти е со некои кои се добри личности, ќе знаеш дека нема да го повредат. Малку е чудно ама тоа е. :D
     
    На Danira му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    5.492
    Пол:
    Женски
    Дали е се во ред со мојот брат?

    Абе луѓе како ова ви е нормално? Јас сфаќам да е некој геј, во ред, сфаќам да е бисексуалец, и тоа во ред, сфаќам и љубопитност за тројка ете еднаш да проба, исто така во ред ама три години да бидат во триаголник??? :o :o :o Ова како се нарекува? Има ли некој назив воопшто? Ова мене лично не ми е нормално, искрено. Ајде еднаш да пробале, ете млади се, имаат некои сексуални фантазии, па ајде ќе кажам до некаде во ред. Ама ти кажуваш дека тие се вака уште од првиот ден од врската на брат ти и девојка му. Ова не е здраво и се коси со сите правила на општеството. Не е ни етички, ни морално, ни нормално.

    Штознам, Danira мене искрено навистина ми е жал што си го видела ова. Подобро никогаш да не си дознала. Сега цел живот ќе ти биде врежано во меморијата. Ама брат ти има 24 години. Сметам дека тоа е негов живот и тоа е тоа. Немаш право да се мешаш. Твое е само доколку сакаш и ете имаш желба и сметаш дека ти е на некој начин должност како сестра да разговараш отворено само еднаш со него и да му кажеш дека едноставно не е нормално и дека можеби треба да размисли и најдобро е да одбере еден од нив двајца. Како ќе постапи, што ќе направи понатака, негово си е и не треба ни да се мешаш, ни да спомнуваш одоколу, ништо. Големи си се и тие си знаат. Понатака прави се дека никогаш не си видела и никогаш не си слушнала. Дури и да се дознае (од некој друг), прави се дека не си знаела. Тоа ти е мој совет и јас така би постапила. :)
     
    На mila25ve, SimonaTino, Kaley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.659
    Допаѓања:
    28.472
    Пол:
    Женски
    Дали е се во ред со мојот брат?

    Не можеш да кажеш дека не е нормално, етички и морално, како тие наштетуваат на околината со тоа што ете така се среќни, така им е убаво.Не те напаѓам Дејдрим да не ме сфатиш погрешно само општо сметам дека сите ние сме живи суштества и имаме дадено еден живот и со самото тоа немаме право да кажуваме што е нормално, прифатливо, морално доколку тоа што некој го прави не наштетува на никој начин ниту тебе ниту на другите, има право да живее како сака.
    Во светов што се се случува што не е ни најмалку нормално, сега да не ги мешам темите, ама нормално ли е да умираат по 100 деца дневно заради тоа што се друга вера или што уште не, па за да се потресуваме од вакви работи.

    Јас никогаш не сум гледала на се она што се случува во љубовта или во креветот како нешто нормално или ненормално.Едноставно комплицирано е и правиш како чувствуваш, онака како што те исполнува и прави среќен, нема многу мозгање, нема зошто, нема затоа.

    Конкретно совет за девојчето, јас да сум на твое место нема да се мешам.Кога брат ти велиш дека е дечко на место, те сака, почитува, чува, бил доволно сигурен во тебе за да ти побара да ја чуваш неговата тајна.Ако се среќни така, нека се...еден ден ќе мора некако да заврши, дали со брак на брат ти и девојка му, дали со прекинување на секаков контакт меѓу сите тројца...остави времето ќе реши.
     
    На julie77, Danira, Valerin и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    5.492
    Пол:
    Женски
    Дали е се во ред со мојот брат?

    1209 те сфаќам и да, до некаде со согласувам со тебе ама сепак прашањето/темата беше тоа па јас си одговорив од мој аспект. Не можам да го објаснам ова. Иако и јас кажав, нивни живот, големи се, што сакаат можат да прават. Никогаш не би се осмелила да се замешам во нечија приватност, дури и да побара другата страна од мене повторно не би се мешала. И во друга тема слична на оваа имам пишано дека секој може да прави што сака во својот кревет, се додека мене или на другите не наштетува со тоа.

    И јас помислив на тоа како ќе заврши ова. Зашто сите тројца во брак не може да бидат. Мора еден ден да стават крај. Ама па и од каде дека баш мора да стават крај. Може цел живот да бидат во таква врска. Сепак, подобро и понормално е дечково да биде во заедница со еден од нив, па макар тоа било и геј заедница. Барем се двајца ако ништо друго. Овде не можам да кажам ни дека станува збор за љубов. Каква љубов е ова да сакаш двајца? Не знам...

    Како и да е, останувам на тоа дека не се работи за деца туку за возрасни личности, никој од нив не е приморан на тоа, туку е нивна желба и слободна волја, на светот ниту пак на блиските не наштетуваат, баш напротив, така што, нивни живот. :)
     
    На SimonaTino и 1209 им се допаѓа ова.
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    Дали е се во ред со мојот брат?

    Еве и јас да се надоврзам како повозрасна, не сум закоравена.
    Сите овие работи кои што ги осудува нашето општество според мене ги има секаде по светов.
    Секој за себе ќе си определи што сака да биде. Хомо, би, лезбејка, иако јас го сметам тоа за пореметување во хормоните, еден вид болест затоа што, да се случи еднаш од радозналост, ама подолг период, некаде внатре лончињата се измешале. Така да тоа е тоа, лесно е да гледаш од страна ама пу пу да не ти се случи. Негов живот негова определба, ама ниту една тајна, а посебно ваква не останала тајна, кога тогаш ќе се дознае, е тогаш ќе фрчат громови на сите страни.
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.601
    Пол:
    Женски
    Дали е се во ред со мојот брат?

    Незнам зошто но според мене ова не е ок. Не сум верувала дека вакви работи постојат барем не тука кај нас. Мислев дека вакви триаголници ( кои имаат секс) ги има некаде по другите земји каде што може е нормално или само на порно филмовите, ама очигледно сум се излажала. Не се потсмевам и не осудувам ама мислам дек+а брат ти за негово добро ќе биде најдобро да си се определи или само со жени или со мажи. Да ми кажеше дека е хомосексуалец немаше толку да ми стане чудно ама ова неверојатно ми е некако. И ова не е тајна веќе ниту неможе да биде тајна ајде батали не нас од форумот ама знаеш ти и тие тројцата што значи четири луѓе веќе знаат. Прашање на време е кога ќе дознаат твоите а нешто ми вели дека нема да го прифатат тоа. Точно дека е во тиа години кога сака да експериментира и пробува нови работи ама тоа не се случило само тогаш туку како што сфатив се случувало цели 3 години. И колку јас што знам љубовта е за двајца неможам да замислам во кревет на пример освен дечко ми и мене некое трето лице. Брат ти си знае најдобро ама ваквите врски во Македонија не се прифатени а воедно мислам дека и твоите родители нема убаво да реагираат кога ќе дознаат, а се се дознава кад тад. Може тој така да е среќен ама сепак незнам. Може да вели дека не му е гајле што ќе кажат другите ама кој несака да е почитуван.
     
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    4.142
    Допаѓања:
    69.810
    Пол:
    Женски
    Дали е се во ред со мојот брат?

    Конкретен одговор во врска директно со насловот на темава - да во ред е зошто да не .
    кога прочитав на почеток ,насловот па и тоа што си го пишала мислев дека е во врска со друго нешто
    слилување насилство и такви ствари
    Јас отсекогаш сум ги почитувала луѓето такви какви што се заедно со нивните одлуки. Да чудно е во нашата земјичка такво нешто затоа што секако сите би го осудувале доколку се дознае но јас мислам дека е океј.
    Како што кажа 1209 истото го кажувам и јас штом брат ти е премногу океј со тебе останува да ја почитуваш неговата одлука и да ја чуваш тајната.До кога ќе биде тајна тоа не сезнае но и ако се дознае немора да признаеш дека си знаела. :) Во какви односи сте со другата сестра ? Сметаш ли дека ќе биде во ред да разговарате сите заедно за оваа работа како таа ќе го прифати оваа ? Доколку мислиш дека подобро е да не знае не споменувај ништо -најдобро
    Јас верувам дека на брат ти му е криво што си го видела во таква ситуација но во исто време е и среќен што барем некој од неговите блиски луѓе знае што се случува навистина во неговиот љубовен живот :)
    Можеби во иднина ќе бидат и послободни пред тебе. Навистина таквата случка ќе ја паметиш но би те советувала со нив да се однесуваш како ништо да не било и да не бараш да ти раскажуваат детали секако доколку самите (брат ти или девојка му па и другарот) не почнаат да кажуваат работи во врска со нивниот љубовен триаголник и нивната љубов.
     
    На Danira и poenta им се допаѓа ова.
  17. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.973
    Пол:
    Женски
    Дали е се во ред со мојот брат?

    Мој совет е да го прифатиш твојот брат, таков каков што е. Ако тој е среќен на тој начин, јас не гледам ништо лошо во тоа. Можеби е само пролазна фаза во неговиот живот, сепак 24 има. Нема веројатно целиот негов живот да продолжи во тој стил. Набрзо ке сфати дека таквото криење нема да биде вечно. Кога тогаш тајната ке биде откриена. Прашањето е што понатаму. За тоа ке си одлучи само и единствено тој-брат ти. Ти можеш само да го поддржиш или не во неговиот избор и одлука. Немаш право да се мешаш во тоа. Чувај ја тајната, не дозволувај да го влошиш односот со него. Било што било, тој е твој и единствен брат. Немој да го изгубиш на било кој начин. Потрудисе тоа што си го видела, да не влијае на вашиот понатамошен братско-сестрински однос. Тешко е препоставувам да го гледаш со истите очи како некогаш, но тој е сепак твојот брат.
     
    На Danira му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Дали е се во ред со мојот брат?


    Дејдрим сите тројца се со средени животи и веќе имаат изградено некаков статус во општеството.
    Не верувам дека некој би дознал бидејќи навикнати се надвор да се однесуваат како пријатели веќе со години. Тоа што се случува меѓу нив во четири ѕида е лично нивна работа.
    Јас сигурно нема да се ставам во улога на осудувач зошто сите тројца ми се драги и неизмерно многу ги сакам.
    Вчера додека пишував бев во двоумење но сега додека гледам како течат работите ми станува се по прифатливо.
    Ти го спомнуваш моралот и општеството, а не ми е јасно зошто?
    Како сето ова влијае врз општествената сфера? Кому го засега дали некој има љубовен триаголник или не? Освен кога треба лугето да се стават во улога на осудувачи. Е тогаш, го вперуваат прстот и во најморалната личност според нивни стандарди и обавезно и наоѓаат маана од чиста љубомора.
    Освен тоа неможам да сфатам како насилството од мажот кон жената е многу поприфатено за разлика од љубовниот триаголник кој никому не прави штета?
    Значи еден ден и под претпоставка да дојде до тоа секој да се разиде по свој пат, единствено засегнати од тоа ќе бидат брат ми, девојката, и неговиот најдобар пријател и јас (како случаен набљудувач) на нивната врска.
    Е сега не разбирам уште една работа тука.
    Ако веќе збориме за оштествените правила и мерила кои ги поставува општеството, дали ако девојката не се најдеше меѓу нив, за брат ми подеднакво ќе се мислеше дека е неморален затоа што е геј?
    Пошто да ја немаше девојката, ете му го другарот па претпоставувам дека само они двајца заеднички полово ќе општеа. :?:
    Јас не се ставам на ничија страна, само пробувам да ги прифатам работите онакви какви што се бидејќи никому не нанесуваат зло. Ама кога веќе се зборува за морал и табуа мора да нагласам дека љубовниот триаголник според мое мислење останал табу, само затоа што не успеал да се пробие меѓу редови и останал така засенет, за разлика од двајца млади кога се од различни религии и одат во тајност на пример. Со оваа појава општеството било веќе еднаш засегнато, познато му е, и не толку настрано.
    Ама затоа кога ќе им спомнеш за ова, сите наеднаш стануваат подани христијани, и се крстат божем ѓаволот со кандило го виделе.
     
    На joy1 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  19. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Дали е се во ред со мојот брат?

    Со неа не сме баш во добри односи. :| Тоа е така бидејќи таа е иста како нашите дома, (многу конзервативна).
    Неа како мајка ми и татко ми ќе и кажат, така прави. Многу, многу спротивставувања од нејзина страна нема.
    Така да на брат ми па и на мене не ни паѓа на памет да споделиме со неа една ваква интимна работа.

    Иначе на брат ми му е мило што знам, и што не го осудувам до крајни граници. Но со оглед на тоа дека добро ме познава, имаме одлична комуникација и супер се сложуваме вика дека не ни очекувал поинаква реакција од мене туку било само прашање на време кога да ми се отвори, затоа што му било страв дека ќе се срамам од него, и комплетно ќе ја сменам сликата. Јас убаво му објаснив дека немало потреба од тоа, и никогаш нема да има. Па, така сега е се во ред. :)
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Јас се надевам дека ова е уште една измислица на некоја тинејџерка со другарка ѝ. Во спротивно, не знам што би искоментирала а да не повратам. Мада веќе ништо не ме чуди. Не сакам ни да си ја замислам таа глетка во глава. :puke: Кој што знае нека си прави, сите сме луѓе, ама што е наопачки наопачки е, никој не може да ме убеди во спротивното па макар и 30-ти век било, а не 21-ви. Јас уште не сум ги сфатила хомосексуалците, лезбејките и бисексуалците, а камо ли вакво нешто да сфатам. :tmi:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.