Прв пат се зачленувам овде и пишувам нешто.Константо сум читала совети но не пронајдов слична ваква тема. Бремена сум 12 недели, планирано, требаше да правам свадба, но се случија работи кои не ги очекував. Прво почнаа расправии со неговите родители, подоцна и меѓу нас. Јас си заминав од кај него, а тој после неколку дена ми рече да го абортирам бебето. Бев во болница но е премногу ризично. Но јас и го сакам бебенцето, некако со нетрпение го чекав, една година. Премногу сум млада, имам само 22 години, и сум целосно изгубена, па затоа и пишувам овдека за да слушнам ваши мислења. Работам, и родителите ке ми помогнат, но незнам што е исправно, дали да го родам или не?
Што е ризично, абортус или да го задржиш? Ако си спремна и ако го сакаш бебето, ако имаш поддршка од твоите, тогаш не абортирај. Ти си знаеш што чувствуваш. А шанса за помирување со, претпоставувам вереник ти бил, нема?
На ќерка ми познаничка, речиси идентичен случај. Речиси, оти она уште дете, на почеток на средно и многу веројатно дека не било планирано, но таа си го роди детето. 2-3 години подоцна се смирија, се венчаа и имаат и второ веќе. Штом имаш поддршка, работиш, а е посакувано - нема коментар. Гледаш како се менуваат работите, чувствата...
Следи го срцето што ти вика , а тоа никогаш не те лаже. Бебето не е криво за ништо и има право на шанса
Да родиш секако. Сигурно нема да се доведуваш себе во ризик за абортус, особено 12 недела. Ќе бидете добро и ти и детето. Штом работиш и твоите ти помагаат, бебенцето ќе има супер детство. Нека ти е со среќа, заслужуваш.
Imam bukvalno ista vakva situacija duri I ja sum 12ta nedela so toa sto jas bev vo brak 4 godini I nemavme deca, na krajot koga uspeavme se smeni 100% drug covek kako da stana, pocna da mi go proveruva tel da mi vika deka imam svaleri deckovci neznam ti sto, pocna da krie I da laze nekoj raboti sto jas gi doznav I na krajot mi rece deka ne e negovo deteto kojznae civo e. Jas si zaminav odma sega vekje 5 dena ne sme zaedno, momentalno sum nevrabotena no ke najdam rabota a moite rekoa deka ke mi pomognat I stom ne e negovo nase e.. Sega sekoj den moli place pisuva poraki ama se e dzabe nikogas nema da se vratam Ke si go rodam I iscuvam sama a nego mu rekov stom ne e negovo koga ke napravi dnk I ke donese deka e togas ke go vidi. Ti posakuvam mnogu sila da izdrzis se sto doagja
Да си го родиш, немој воопшто да се двоумиш, штом работиш и ќе имаш помош од твоите ќе ти биде полесно. Тоа е нешто најубаво што ќе ти се случи. Од тука од нас имаш најголема поддршка
Јас сум за да го родиш. И самата викаш дека го сакаш. Ако го абортираш можеш многу да се каеш понатака, а верувам дека многу ќе ти донесе среќа и животот ќе ти го смени на подобро. Чим имаш и поддршка од твоите имаш се што ти треба. Ќе ти кажев да абортираш ако кажеше дека не го сакаш. Нека не те плаши тоа што си сама, никад не знаеш што ти носи животот. На крај краева и без маж се живее
Не си сама. И родителите ќе ти помогнат. Нека не те плаши тоа. Нема што он да ти кажува да го абортираш бебето, за тоа ти сама ќе одлучиш. А ти имаш пишано дека сакаш да го задржиш бебето. Нека не те плаши ни тоа дека си млада, ќе видиш колку можеш да бидеш силна и храбра. Ќе го спомнам ова само пропратно. Лошо е тоа што расправиите со неговите довеле до расправии помеѓу вас двајца. Он дури и се дрзнал на тоа да ти рече да абортираш. Не знам што било причина за расправиите и дали после се ова би сакала или би можела да бидеш повторно со него. Но ако е некогаш треба да се прави муабет на таа тема тогаш тоа е сега. Не кога низ се сама би поминала...
Точно, сега е време за муабет. Проблемот е што ќе разговараш со човек што потклекнал на влијание и кажал да абортира. Ако така реагира за вака голема работа, како би реагирал за други... Јас сум исто да си го родиш. Најубаво нешто е, особено кога имаш поддршка.
Сега си го враќам филмот каква личност бев на 22 години и дефинитивно би абортирала. @cataleya17 Ако си спремна и си го сакаш детето, вработена си, имаш поддршка тогаш не гледам пречка да го родиш. Со среќа што и да одлучиш.
Najispravno e da si go rodis bebeto. I da ne ti e gajle za nisto, imas rabota,roditeli koi te podrzuvaat . Deteto ke ti dade sila vo zivotot I ke ti otvori vrati koi ne si pomislila deka ke ti se otvorat vo ubavini.Decata nosat sreka I zrelost na majkata. Samo zdravo I zivo da si go doneses na svet. Ako tatkoto ne e grizliv I te tera da abortiras, ne mu go ni zapisuvaj imeto Kaj tatkovo ime zasto moze ponatamu za inaet da te manipulira preku deteto I da se predomisli. Vo tekot na zivotot zenite ke se pokajat ponekogas za izbor na maz no nikogas ne se kaat za ragjanje dete. Blagoslovena si sto ke bides majka. Nakrivi kapa I da ne ti e gajle. Barem sama ke go vospituvas pravilno. Seuste ti e rano za da zakrepnes od traumata sto ti se slucila od razocaruvanjeto od nego no dodeka se rodi bebeto ke zakrepnes.Bidi silna I hrabra.
Дилемава е толку тешка, а толку едноставна. Ако го сакаш бебето, ако имаш услови добри за да му пружиш добар живот, тогаш роди го. Ако ги немаш тие работи, немој. Тоа само ти можеш да знаеш и да одлучиш, не може никој друг да ти каже што е правилно во твој живот зошто никој друг нема да ти го расте детето, туку ти.
Бебето немој во никој случај да го абортираш. Биди опкружена со семејството кое што те поддржува, и не одбивај помош од нив. Верувај дека ќе се смириш со таткото на твоето бебе, ако не сега, откако ќе го родиш. Рече дека си го сакаш бебето и со нетрпение го чекаше. И цел свет да ти вели да абортираш нема да го направиш тоа ако си го сакаш бебето. Немој да абортираш бидејќи ако абортираш, дали ти ќе можеш да се сносиш и да живееш со тоа дека си го абортирала првото бебе?
Не се грижи и нервирај, ќе се средат работите. Роди го детенцето бидеќи тоа душиче нее ништо виновно бидеќи ако донесиш погрешна одлука одреден период ќе се каеш, а со тек на време и сопругот и неговите ќе попуштат барем тоа е мое мислење.. Плус имаш подршка, ама ќе се смирите бидеќи нема да му биде лесно од кога ќе го родиш и ако не е за оправдување тоа што го рекол малце не респектабилно и не човечки од неговастрана.
Сте се запнале со тоа дека ќе се смират. Не знам што ви е... Дали човек што ја тера да абортира заслужува да го види тоа дете? Девојчево кои стресови ги поминува трудна. Треба да истера цела бременост, раѓање и неспиење. А на копуков ќе му текнело од ко ќе се роди дека е татко? Немало да му е лесно... Ма ич, да си го родиш и очи да не му видиш. Таков нечовек само ќе биде лош пример за твоето дете.
И јас бев во слична ситуација, уште помлада од тебе. Си ја родив ќерката и не се каам воопшто. Сама ја израснав. Откако си најдов друг партнер што ме прифати со ќерката, не бараше бившиот и тогаш му текна дека имаме ќерка. Кратко пробуваше да контактира со нас, тоа колку од инает дека си најдов друг и му беше чудно како туѓо дете прифатил. После неколку повици и мое одбивање повторно го снема и не не барал повеќе, уште живее ергенски живот, што и сега веќе после толку години не го ни осудувам, млад е уште, бебето беше непланирано, што е тоа е, назад нема. Ми даваше пари за абортус, не сакам веќе ни да се потсетувам на тој период, но ти пишав за поддршка. Не ни е ни потребен во животот. Верувам дека вака е посреќна ќерка ми отколку да пораснеше со него, јас и тој во некој несреќен брак само поради неа. А и јас сигурно немаше да сум среќна со него дури и да се смиревме некако. Можеш да ми пишеш и во порака ако сакаш подетално да разговараме.
Луѓе се разведуваат и после многу години брак. Гледај на добрата страна - ти заштедил години и емоции кои можеш да му ги подариш на твоето дете. Еднородителските семејства се чести, не е лесно, но со љубов и поддршка има многу среќни приказни за пример. Ти посакувам и твојата да биде среќна и успешна.
Во ред, ајде, ако така ќе беше подобро да речам, еве, нема да се смират. Иронична бев. Не реков дека тој човек е човек на место штом ја терал да абортира. Јас сум строго против абортус, исто така ми се гади од луѓе што заповедуваат да абортира некоја жена или девојка. А тој штом заповедувал така или е некој навистина ненормален, или тоа го рекол оти никогаш ја немал таа улога наречена 'татко'.
Da mu se smiri? Za sto?Neka si go rodi bebusko, posto saka i pomosta i poddrskata ja ima od roditelite. Sosema dovolno da si teras sreken zivot i da si uzivas vo bremenosta.