babylove овошни кашички

Бремени штитенички во ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми 25 Мај

Дискусија во 'Политика и настани' започната од baba Rada, 20 февруари 2018.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.480
    Пол:
    Женски
    Сигурно ја чувте страшната вест за бремената малолетничка од домот за деца без родители, сигурно се згрозивте..а уште потрагично, по морбидно сознание е што имало повеќе малолетни жртви кои биле злоставувани, продавани, сексуално искористувани...АМАН бе луѓе, па имаат само 12-13 години...па абортус на тоа кревко младо тело;(;(

    душава ми плаче, не можам да сфатам каде тоа ние живееме;(;(

    Каде, како, кога..зошто затаија институциите..кој е крив...ќе сноси ли некој одговорност:@

    Во какво општество ние живеееме:(
     
    На WildMk, hermosa, mariz и 13 други им се допаѓа ова.
  2. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.708
    Пол:
    Машки
    е па живот бре Бабе
     
    На kikkki, kikikikirika и sjdgo им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.809
    Допаѓања:
    97.724
    Стoкa нaрoд, и пoсле ќе читaш феминистки, "нaпредни", либерaли зa прaвa нa секaкви дегенерици вo држaвa вo кoјa институцијa кoјa требa дa згрижувa децa ги прoституирa. Зa oвa се кревa глaс, зa oвa се бунтувa, зa oвa функции (требa дa) се рушaт и зaкoни се менувaaт. Oвa е oснoвa нa еднo oпштествo и штoм тукa дебелo се пoтфрлa, стaви пепел нa се другo.

    Кoментaри -е пa живoт бе бaбе. Штo ви е?
     
    На Mari*, JustBeautiful, mariz и 31 други им се допаѓа ова.
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    5.046
    Допаѓања:
    50.132
    Прегеска читав едната абортирала а втората решила да го раѓа
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.480
    Пол:
    Женски
    (facepalm)

    Ова што се случува во тој дом за деца без родители е нешто срамно, најдолно и нечовечки..треба дебело да одговараат тие таму поставени воспитувачи, педагози, психолози..треба да бидат избркани од работа доживотно и да одговараат пред суд

    Државава и овој народ повеќе се грижи за кучињата бездомници отколку што ги жали децата без родители....срамота....
     
    На friendy, PaLaVa, Victorian и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    8.081
    Пол:
    Женски
    Мислите дека има политичка позадина случајот? Ако да, ондак е очигледно дека е од опозицијата за да се бутне власта. Oh the irony...
     
    На referentka, crimson, dunika и 2 други им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.480
    Пол:
    Женски
    Пред многу години работев во близина на домот 25 мај и многу не убави слики имам видено...тие деца таму беа буквално оставени сами на себе, просеа, шетаа по цел ден, кој облечен, кој необлечен...катастрофа...
    Потребна е една добра ревизија да се направи во тој дом, каде одат парите, на кое ниво е хигиената, образованието, негата и др.
     
    На Mari*, mariz, koritsaki и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.092
    Допаѓања:
    161.039
    Пол:
    Женски
    И после пак ќе се најде некој што (обично на тема поврзана со абортус) ќе продава бајки дека домовите за деца се некаква нормална опција и средина од која во глобала тие деца излегуваат посилни, „поспремни“ за животот - посебно во ваква, никаква држава како нашава...
    Лани за домот 11 октомври мислам се откри скандал со директорката и донациите, сега ваков хорор.
    Труло е мал епитет за ова општество, во сите сфери почнувајќи од овие надлежни институции кои „штитат“ најранлива категорија. Страшно...
    Се знае што е единственото за кое знае дотичниот автор на коментаров. Тебе па уште те изненадува нешто од него?!
     
    На Mari*, sparklie, SV1911 и 28 други им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    76.908
    IMG_20180220_215411.jpg

    IMG_20180220_213700.jpg


    Кој е директор? Име и презиме? Колку време е директор?

    44 деца се а 25 воспитувачи!
     
    На PaLaVa, fallenangel, Victorian и 10 други им се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    4.727
    Допаѓања:
    22.947
    Пол:
    Женски
    Ставив линк од случајот во темата Абортус, но нема ниеден одговор
     
    На Nausicaa, Tan4ence, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    54.737
    Пол:
    Женски
    Ајде сега, личностите кои велеа дека абортусот е убиство, особено жените кои тврдеа дека попрво би го дале детето во дом отколку да абортираат, нека дадат коментар.

    Сериозно, еве ме интересира дали абортусот е злодело или оставање на едно мало човече на милост и немилост на вакви болни умови?
     
    На Mari*, ванилала, Fauhxy и 36 други им се допаѓа ова.
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.212
    Допаѓања:
    86.669
    Само да разграничиме дека Домот за деца без родители се вика "11 Октомври".
    Домот за воспитно напуштени деца се вика "25 Мај".
    Ова не ја менува суровоста на настаните, но не е исто по кој директор ќе се пука.
     
    На mariz, friendy, PaLaVa и 16 други им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.480
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како може во рок од две години, девет пати да биде пријавено малолетното, истото девојче за исчезнато, неколку пати да ја пронајдат во бесознание и во болница да констатираат сексуално злоставување И никој да не реагира??
    неколку институции ептем ја кикснале работата, професионалноста треба да им оди на посматрање и да им следи санкции...за срамота...
     
    На Mari*, mariz, dayla и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    1.758
    Пол:
    Женски
    Nema da se puka po nikakov direktor, vo toa mozeme da bideme sigurni.
    Nema da se prevzemaat nikakvi merki. Pa osobeno koga se zboruva za romka. Jas predhodno procitav deka siluvanata maloletnicka koja abortirala bila romka...taka da apsolutno nisto nema da se prezvema.. ma makar i da bila nekoja druga nacionalnost, takvi se vlastite kaj nas.
    Edinstveno e zalno za tie deca cij zivot e veke unisten:(
     
    На Rama, celineparis, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.715
    Допаѓања:
    75.357
    Пол:
    Женски
    Стевчо Соколовски, директорот на установата ,,25 Мај“, каде што се згрижени деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, вчера поднесе оставка од морални причини. Но, тој е кадар на ВМРО ДПМНЕ и на таа позиција беше од 2006 година , кога е назначен за вршител на должноста, а од 2007 година наваму е директор.

    https://ako.mk/директорот-соколовски-што-поднесе-ос/

    Нема врска од која партија е човекот, битно сите си ја префрлаат топката и нормално никој не сака да преземе одговорност.
    Директорот бил свесен (штом бил опозиција) дека ќе го сменат па и така се случи инцидент, си замина сам.
    А одговорност нешто? Колку девојчиња абортирале додека бил тој на фотелја и одговорен за нив?

    Тешко на децата.
    Демек се згрижени ама сепак се препуштени сами на себе...Користат дрога, се проституизираат, се пијанат од премногу мала возраст.
    Никогаш не осетиле мајчинска љубов и пак некој ќе се најде да кажува дека во домовите и установите им е многу убаво.

    Роди го и фрли го на улица, ќе се снајде, може и научник да стане.
    (facepalm) (facepalm)
     
    На Mari*, SV1911, friendy и 14 други им се допаѓа ова.
  16. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    2.216
    Точно е дека позагрижени "граѓани" се јавија за кучињата на улица отколку за тоа што им се случило на девојчињава кои се уште деца. Одвратно и ужасно, мора под итно некој да превземе одговорност. И дете е дете независно од која националност. И не треба случајов да се користи за политички цели како тоа што се обидува вмро да го направи цело време, а сите добро знаеме дека се потекнува токму од нив.
     
    На zhap4e, Rama, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.972
    Допаѓања:
    15.322
    Пол:
    Женски
    Мене ми смрди овде за бизнис со проституција од страна на вработените/воспитачици/директори т.е цела екипа од таму .... Жално , мизерно, гадно, погубно за општеството ...
     
    На hermosa, mariz, Victorian и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.600
    Пол:
    Машки
    Луѓе за девојчето кое било силувано во право сте ама за другите кои се изјасниле дека своеволно имале сексуален однос незнам што да кажам, мислам се е кажано од нивна страна нема ние што да кажуваме... Сепак тоа е дом а не е затвор или логор па до тој степен да се знае кој што прави. Кога тие деца биле напуштени од своите родители не очекувајте некој друг да се грижи за тие деца подеднакво како родител. Реалноста е таа а ако зборуваме како требало по норми и закони да биде тоа е друго.
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    4.727
    Допаѓања:
    22.947
    Пол:
    Женски
    Едното девојче кое не сакало да абортира било во врска со штитеник од домот кој кога ќе наполнил 18 ќе се венчале
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    119.542
    Пол:
    Женски
    Се слагам и мене исто така ми личи...+ на тоа додади педофилија.
     
    На Asistentkа, baba Rada, Mari-Ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.