Бременост после загуба на бебе

Дискусија во 'Бременост' започната од kikiritkaTa, 23 април 2020.

  1. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    28
    Здраво,
    Не знам дали веќе постои оваа тема, но бидејќи очајно ми требаат Вашите искуствс ја креирав истата.
    Јас сум 28 години и мојата приказна почна на 4 март, кога мојата докторка ми кажа дека имам скратено грло ма матката и морам во ГАК! Бев 2 недели на ПИН(нешто што не посакувам никој да го почувствува на негова кожа), на 16 март мораа да ме породат царски рез, бидејќи добив инфекција и бебето не напредуваше повеќе.
    Се роди моето прво дете , мојата ќерка во 30 недела, 1.070 грама... која на 21 март веќе не напушти. Од тогаш сум во голем шок, со многу прашања, без одговори!
    Сакам да знам после колку време останавте бремени после царски рез? Како Ви беше втората бременост? Јас имам страв да не ми се случи истото... Ми рекоа после 1 година може да останам бремена, не знам дали болката ќе биде помала кога би имала друго дете?
    Ве молам за било каков совет, мислење...
     
  2. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    Јас на 2Ноември 2017 го родив моето 26недела 970гр, живееше 42дена но сепак почина... јас родив нормално и ми рекоа по 6м може. Јас забременив дури по 1.5г, така се случи...почнав по 6м да правам проверки и после забременив. Сега сум 33+6, стравот е поголем многу, одам кај 2доктори едноставно ми е страв. Сега е се добро, ама неможам да се опуштам искрено. Ден за ден, паничам можеби и досаѓам на доктори ама тоа е...јас знам што поминав. Не се плаши ама слушај си го инстиктот дали да направиш проверка за нешто. Релативно добро ја поминав бррменоста до сега, се надевам ќе стигнам барем до 37...ако ти требам за муабет слободно пиши:l:
     
    На Ygritte, Nikajana и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.044
    Допаѓања:
    30.525
    Пол:
    Женски
    Ти посакувам да ја истераш бременоста до крај, ама треба да знаеш и сега да се породиш во моментов, полна 34 недела си, за 1 ден веќе влегуваш во 35та, дури и сега да се роди бебето ќе биде супер. Веќе не е ризично, бебиња родени во 35 недела одлично напредуваат, компликации речиси и да нема. Пушти го стравот, страшното поминало :)
     
    На ElenaOfRivendell, LivingGlam, Ann.loves.you и 3 други им се допаѓа ова.
  4. eni_meni

    eni_meni Нов член

    Се зачлени на:
    3 септември 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    15
    Јас го изгубив бебето во 26-та недела. Имаше одредени аномалии и се решивме на прекин на бременоста. Не беше со царски, туку нормален пораѓај, тоа имаше 800 грама. После 6 месеци повторно забременив, толку ми рекоа дека треба да чекам. Овој пат се беше во најдобар ред, се роди мојата прва ќерка, ама траумите од првото искуство беа огромни. Цела бременост бев преплашена, безброј потребни и непотребни прегледи...
    Ќе биде подобро, верувај, времето ќе си го направи своето.
     
    На piksooki, positive vibes, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Vaga90*

    Vaga90* Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    И јас сум една од тие што поминале низ тој пеколен пат. Кај мене беше во 25 та недела со 700 гр. со измачување од докторите од комисијата, скоро 10 дена не ми дозволуваа бараа разни испитувања, мислења од неврохирург и триста чуда а моето бебе немаше мозоче, главчето беше празно, преполно со вода.. :(
    Мило ми е што брзо си се решила за друго, тешко е посебно од сиот тој страв во кој живееме после тоа ;(
     
    На lovely12 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BabyDust12

    BabyDust12 Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    29
    Jas pomonav niz ova, prviot pat nemase srceva akcija na 4 meseci, morase da se napravi kiretaza. Narednite dva pati povtorno spontan vo 8ma i 9ta nedela. Potoa povtorno ostnaav bremena i bev sigurna i pomirena deka nesto ke se sluci. Seto ova se sluci vo tok od 2 godini.. Znaci 4 bremenosti od koi samo edna do kraj. Vo 6ta nedela grip me fati, so temperaturi so kaslanje.. mislev deka sekoj moment ke prokrvaram. Pomirena so placki na slednata kontrola odam, koga gledame se vo red. Cela bremenost ja pominav vo strav, stress i neveruvanje deka se slucuva za na kraj da se rodi moeto bebence duri i nadnoseno 2 dena. Ne gubete nadez, sto e za vas ke si dojde. Sega posakuvam da uzivav barem malku vo bremenosta, da kazev so radost a ne so strav i toa vo 6 ti mesec spodeliv so priajtelki, da ne se kriev i da spiev mirno zosto sega spienje NEMA :)
    Vi pustam na site pozitivna energija ❤️
     
    На thelittle17, piksooki, Sofi.ja и 11 други им се допаѓа ова.
  7. *Mila24*

    *Mila24* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    947
    Пол:
    Женски
    Jas so prvata bremenost pominav super I imam since 2god I 8mes.
    A so vtoroto koga ostanav bremena bevme presrekbi site doma I sinko radosen oti ke imame bebe. Se bese vo red cela bremenost zakazavme carski oti I so prvoto bev carski I imase samo 2 god pominato od prviot zafat. Dojde I toj den 38 nedela bev sabajleto otidov placenkata vo bolnica oti sinko nema da go vidam nekolku dena. Me spremija me vnesoa vo sala I po 10min go slusnav ubaviot plac na mojot princ I vednas mi go stavija na liceto. Doktorkata mi kaza deka bebe e dobro cista 10ka.
    No po nekolku casa mu se vlosila sostojbata I dojde doktorkata da mi kaze deka mora da go nosat vo klinika a ja se porodiv vo privatna I pri transport mojot princ pocina . Nema pogolema bolka od ovaa zaguba koga se e vo red I naednas kako grom od vedro nebo sto vikaat. A sega sakam pak da ostanam bremena eden doktor mi vika mozes I sega a drug mi vika posle edna godina .
    I mislam I da ostana bremena cela bremenost ke ja pominam vo strav I so mnogi misli vo glavata .
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    28
    Сочувство до сите вас кои ја имате преживеано оваа болка. Јас сеуште се борам со прашањата зошто се случи, што можев да сменам, болка што секој ден не ме остава да дишам...


    Многу ми е жал за твојата загуба, ти испраќам само позитивни мисли, да издржите со бебушот до крај. Поради кои причини дојде до предвремено породување во првата бременост? Дали сега строго мируваш? Мене ми препорачаа за наредна бременост строго мирување и серклаж...
     
    На thelittle17 и lovely12 им се допаѓа ова.
  9. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    Па на патолошка сум, не мирував строго...ама си полежував, гледав без напор, да не се тегнам...се пазев. Ми го следат цервиксот, под контрола постојана.
     
  10. Bobsponge

    Bobsponge Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2020
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Мојата прва бременост беше пред 2 години, и имав предвремен спонтан природен пораѓај во 26 гн, а моето бебе беше само 570гр, беше живо само 2 дена во инкунатор нормално... И нели потоа зошто како се прашуваш одиш на испитувања..стресови.. потоа бев и на преглед во плодност каде што ми рекоја дека можам одма да останам ако сакам бидејќи било природно, и покрај тоа што мојата матична тврдеше дека мораме да чекаме барем 6 месеци. После тоа се смени секој наш план и мисли, па затоа од тие негативни мисли решивме и заминавме странство, бев и таму на преглед доктот таму рече дека се било во ред не гледал никаков проблем. Но бидејќи бевме таму сеуште не размислувавме за бременост, сега сме тука имаме некои домашни обврски па планираме за скоро се надевам на најдобро.. Моја препорака бидејќи си со царски мора да почекаш некој период како што спомена 1 год за да се вратиш во нормала и да се стабилизираш...Знам губењето е тешко но мора животот да продолжи и да не се откажуваш бидејќи секогаш ќе имаш Ангел чувар. Ти посакувам се најдобро :hug::hug::hug:
     
    На Nikajana, *Mila24*, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Keri

    Keri Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    427
    Пол:
    Женски
    Сега дури гледам дека имало ваква тема... Јас сум ептен тазе, пред една недела го доживеав тој кошмар, што не го посакувам на никој, да си носиш бебенце што мрда во стомакот, да се породиш и да се вратиш дома со празни раце. ;(
    Деновиве ми се ужасно досадни, се растажувам кога ќе се сетам што се подготвував да правам, а сега не знам што со себе. И мене ме породија со царски, така што и поради раната не смеам многу да се движам.
    Да се вратам на суштината на темава... Нормално со мм сакаме што побрзо да имаме нова надеж за да ја подзакрпиме ранава на срце што ќе ни остане. Матичната и мене ми кажа околу година да почекаме. Но искрено верувам и ќе направам сè што е до мене телово побрзо да ми закрепне. Би сакала после 6 месеци ако гинеколог ми потврди дека е во ред да почнеме со обиди. Плус ако не се фати одма... Не ми се чека година, па да почнеме :( Ќе одам на прегледи, ќе замарам и искрено се надевам дека ќе ми одобрат порано да почнеме.
     
  12. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    28
    Многу, многу ми е жал. Минуваме низ истата лоша патека на животот. Никогаш не помислив дека оваа тага ќе ја живеам јас... Ама ете се случи. Мене исто ми изгледа многу време 1 година за бременост, но како минува времето почнувам да сфаќам дека на телото после царки рез ќе му треба повеќе време да закрепни, па мораме да мислиме и на нашето здравје...
    Јас денес разбрав дека имам лупус антикоагулант, што можеби била причината за предвремено породување. Сега сум цела во страв, паники за понатаму....
    Ти ја испраќам цела среќа, побрзо да поминеш низ овој кризен период! :l:
     
    На piksooki и Keri им се допаѓа ова.
  13. Keri

    Keri Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    427
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки:hug:,
    помина еден месец од мојот шок, па решив да ви пишам како напредувам.
    Првите две недели уште како да не ми се веруваше дека тоа мене ми се случи, но потоа полека почнав да се помирувам со судбината.
    Има моменти кога од никаде ќе ми дојде тешко и ќе пуштам солзи, некоја песна ќе ме растажи, сцена од филм или ќе видам пелени во супермаркет, ама успевам брзо да си ја наполнам главата со позитивна енергија, сила и надеж дека најубавото допрва ќе се случи и заради тоа морам да останам силна и здрава.
    Освен со најблиските (семејство), не сум се видела сè уште со други луѓе. Маж ми оди на работа, веќе се врати на секојдневието, мене боледувањето ми е до крај на месецов, се чувствувам спремна да почнам, па ќе видиме како ќе биде.
    Инаку она што многу ни помогна да се расположиме е вдомувањето на милениче, во наш случај маче :$ Се мази, си игра, нè смее и тоа баш ни требаше.
    Денес бев кај матичната на преглед, рече дека раната од царскиот ми е зарасната убаво и надвор и внатре. Здравје ќе правам пап тест некаде во ноември и од декември рече може да почнеме со обиди (fingers)
    До тогаш здрав живот, Водно, точак низ град и убави мисли.
    Ве гушкам:l:
     
    На BabyD0ll, Bobsponge, marchi-cool и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Среќичка

    Среќичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    3.543
    Пол:
    Женски
    Ах бе мила... Кога ти се случи тоа јас бев при крај со бременоста и искрено многу се потресов. Тогаш немав сили да ти пишам. Јас изгубив пред неколку години бебе во 6ти месец. Исто како тебе, решив да продолжам напред. До ден денес на моменти си мислам колкаво ќе беше сега(требаше да биде прваче), и ред други работи но никогаш не дозволив тагата да ме надвладее. Сега, после 6 години, јас имам две дечиња. Те гушкам силно и ти посакувам лесна бременост во иднина.
     
    На Spidy, Bobsponge, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. lia22

    lia22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    945
    Пол:
    Женски
    Mojata bremenost zavrshi so spontan vo 17 nedela,gi izgubiv moite 2dushicki na koi mnogu im se raduvav.Takvo custvo na nemok i bolka na najgolem dushman da ne mu se sluchi.Kolabirav,pa me digaa od pod,hemoglobinot 80 mi padna a vo sala vlegov so 120.Posetuvav psiholog i malku polesno mi e iako bolkata gori i sekohash ke mi bide taka.Eve posle skoro 6meseci povtorno ke se obidam,mesec dva prirodno i ako ne biva ke odam na in vitro.Imam sila i nadez,ke se boram se nadevam deka ke uspeam.
     
    На Keri и PurpleMind им се допаѓа ова.
  16. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    28
    Многу ми е мило што добро напредуваш. За мене поминаа 5 месеци од тој кошмар... Уште не знам како сум, многу други проблеми добив после се... сега за сега сум во фазата кога можам да разговарам со блиските мои што очекуваат бебиња... и да бидам вистински среќна за нив! Претходно, не можев ни да замислам да зборувам на таа тема... Ваљда човек на се навикнува! Мило ми е што докторката ти дала дозвола после 6 месеци да пробате, мене ми рекоа барем 8-9 месеци да поминат. Но, сакам да одам во Плодност за второ мислење. Почнав да немам доверба во нашите доктори... за жал!
    Остани позитивна мила, за нас, допрва не чекаат убавите моменти во животот!:l:
     
    На K7M10J и Keri им се допаѓа ова.
  17. Keri

    Keri Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    427
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал, болката е голема и никогаш нема да заборавиме низ што сме поминале, но не смее да се откажеме! Убаво си постапила што си посетила психолог. Јас имам колешка која има завршено психологија и муабетот со неа во првите денови најмногу ми годеше. И се јавив ноќта пред да ме пуштат од болница, во 3 саат по полноќ, најтешката ноќ за мене во животот... Морав со некого да зборувам, и покрај тоа што ми дадоа дијазепам, се разбудив и не можев да презаспијам. После излегувањето од болница си реков дека морам да бидам храбра и дека освен мојата силна верба и упорноност ништо друго нема да може да ми помогне. Мора да се чуваме, да останеме здрави ние за да што побрзо си ја исполниме желбата за која копнееме.
    Те гушкам најсилно :hug:
     
    На lia22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Keri

    Keri Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    427
    Пол:
    Женски
    Ден после мене се породи моја прва братучетка, со која сме многу блиски. На тоа бебе не можев да му се израдувам, си плачевме со братучетка ми на телефон и денеска собрав храброст, отидов да го видам. Мислев ќе ми дојдат солзи додека ја држам, но не се случи тоа, убаво си поминав.
    Инаку секако пред да почнеме со обиди и јас планирав да си отидам на неколку мислења. Сакам и совети од повеќе доктори дали ќе биде потребно да направиме со мм дополнителни испитувања, не знам дали оваа аномалија која ја имаше нашето бебе е чиста случајност или нешто до нас. Во фамилија ниту двајцата немаме никој што има такво нешто. Мислам дека не е генетски ама ако треба и тоа ќе испитаме.
    Жени сме, силни сме, знам дека со сите вас ќе си пишуваме во другите среќни теми со слатките маки што не чекаат :l::hug:
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    28
    Дај си време душо и почни си со испитувања. Јас после 3 месеци почнав, па моментално пробуваме да ги решиме тие проблеми. Само се надевам ќе биде се добро и нареден пат ќе се радуваме на бебче, бидејќи од првиот момент од кога сме заедно со сопругот мечтаеме за фамилија! :l:
    Господ е голем и ќе ни помогне кога ќе ни биде најпотребно! Дај Боже и да споделиме само убави вести!
    Ти посакувам во најскоро да се израдуваш и кога и да имаш потреба од поддршка, тука сме да си помогнеме!:hug::l:
     
    На K7M10J, Keri, lia22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Keri

    Keri Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    427
    Пол:
    Женски
    Не можам да ви опишам колку ми помага поддршкава од вас. Една од подобрите одлуки што сум ја донела е што веднаш болката си ја споделив тука, на форумов. Психички немаше да бидам толку силна да не споделев со вас и среќна сум што има вакви како тебе да ме потсетат дека не сум единствена и дека ќе биде подобро. :l::l::l::hug:
     
    На kikiritkaTa, Bobsponge, lia22 и 2 други им се допаѓа ова.