Здраво на сите. Отворени беа многу теми врска Ковид 19, но не сретнав разговор за бременост по прележан Ковид. Ме интересира какво искуство имате, ваше или од ваши блиски. Дали познавате некоја која забременила по прележување (не што фатила ковид додека била бремена).
Јас прележав во Декември лани, останав трудна во Февруари,значи за неполни три месеци. Моментално сум 33 полна недела и се е во ред Фала му на Господ. Го прашав гинекологот кога останав трудна дали има врска што толку рано сум останала бремена после Ковид он ми рече нема поголем показател дека телото ти го победило вирусот од случување на бременост. Тоа значи дека репродуктивното здравје (читај сите хормони) е совршено во ред.
Јас забременив одма после мојата изолација ( траеше 20 ден).Тешко го прележав ковидот и неверував дека ќе затруднам одма... За жал го изгубив во 7ма недела. Докторите кажаа дека немало време телово да се оправи и дека сум требала да почекам барем 3 месеци...
Прво чекавме да помине период од вакцина за правење бебе, па се разболевме по втор пат. Дали треба да се чека? Мислам да почекам месец дена. Сите различно кажуваат...
Јас во октомври прележав корона, а во ноември дознав дека сум трудна, ама јас короната на нога ја поминав освен вкус и мирис што изгубив немав други симптоми.
Јас во ноември 2020 баш во најголемиот пик, поминав не баш лесно, среќа не завршив во болница. Со страшни пост ковид последици,останав бремена август 2021, еве 32 недела фала Богу се е во ред и со мене и со бебе.