Форумџика на годината

Бременост по примена вакцина

Дискусија во 'Коронавирус' започната од ..barbie.., 6 јули 2021.

  1. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Здраво. Темава ја отварам со цел да се споделат искуства. Знам дека е можеби рано за нус ефекти, меѓутоа со оглед на тоа дека не е незначителен процентот на млади луѓе кои имаат примено ковид вакцина, да отвориме дискусија околу бременост, исходот од истата по вакцинацијата и после колку време дошло до зачнување. Да конкретизирам, не е темава за "лаечки" муабети, "рекла-казала" и сл, туку пренесување на искуства. Верувам дека само со вакцинација ќе се надмине вирусов и повторно ќе можеме слободно да се движиме и да комуницираме со други луѓе.
     
    На HeLenna, 24.07, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    Супер тема. Веројатно голем дел од младите од тие рекла казала муабети се скептици кон вакцините. Конкретно јас ја одложувам втората бременост повеќе од година од тие рекла казала. Другарка се вакцинираше и не верувам дека ме лаже, и било речено да не планира бременост следни 6 месеци. Од друга страна вакцинираат бремени и доилки. Ја одложуваш и бременоста и вакцината и во моментов мораш да избираш, а најлошо е што никој не знае точни насоки. Тешки времиња.
     
  3. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    33.341
    Пол:
    Женски
    Јас денеска бев на вакцина, ме прашаа дали сум бремена или доилка.
    Ги прашав има ли врска тоа ми одговорија - да знаеме. Што значеше тоа незнам, читам по интернет дека е безбедно и за бремени. За бремена не сум, ама имам дечко и нормално незаштитени односи. Свесни сме со тоа што може да се случи и го сакаме и двајцата.
    Неодамно и ги прекинав контрацептивните таблети, па нормално бременост може да се случи.
    Не верувам дека се ризик, напротив мислам дека ние млади што ќе бидеме идни мајки, вакцината ни е плус :)
     
    На FlowerPower му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    Плус е секако, веројатно и бебето би имало веднаш антитела. И секако дека е помал ризик вакцината отколку да си бремена па да те фати вирусот. Јас сум конкретно на мисла да се вакцинирам со синовак, до септември да имам извесни антитела, само не знам дали е добар избор синовак ако планираш скора бременост. @Ahoy како најупатен во вакциниве, кинеска или друга вакцина?
     
    На ..barbie.. и QweenSM им се допаѓа ова.
  5. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.743
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Мислам дека Фајзер советува да нема бременост до 3 години после примена вакцина а останатите помалце време. Како да прочитав вакво нешто низ темиве ама колку е релевантно не знам, нека ме поправи некој ако грешам.
     
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.500
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Синовак и Фајзер се одобрени за бремени/ доилки, која и да ви е достапна е ОК. :)

    Секако консултација пред вакцинирање со доктор кој ве води :)
     
    На mal.ecka, Pea, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  7. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    Тоа е проблем голем, двојни информации од секаде, некаде на почетокот од вакцинација фајзер се форсираше многу на бремени и доилки, лично знам доилка од угледна фамилија гинеколози што се вакцинира со фајзер. Хаотично.
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  8. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    33.341
    Пол:
    Женски
    @Ahoy
    Ми ја разубави вечерта, фала :hug:
    И јас се изначитав дека се одобрени за бремени, ама да си прашаме плус мислења :)
     
    На FlowerPower и Ahoy им се допаѓа ова.
  9. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    Ако се одобрени за бремени, и кога би настанала скора бременост не би требало да има нуспојави. Има такво истражување некаде низ светов? Рачунајќи дека се почна со сериозна вакцинација јануари би требало да има и вакцинирани бремени, сега веќе породени.
     
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.500
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Во клиничките студии има малку примероци, во тек се сега студии кои таргетираат конкретни групи, пример оваа.

    Во текот на кл. испитувања бројот на жени кои забремениле е еднаков и во групата што ја примила вакцината и во плацебо групата, што значи дека вакцината немала несакано дејство :)

    Пред вакцинација секако е најдобро да си се консултирате со лекар, и тоа не само еден, туку ако сте во можност побарајте повеќе мислења, а особено од некој што ве знае, затоа што сите сме различни :)

    Генерално, нема проблем. Може да ви препорачаат да не планирате бременост 3-6 месеци после вакцинација, но и не мора. Сепак тоа е заедничка одлука, ваша со доктор(и).

    Двете моментално достапни вакцини кај нас се сметаат за безбедни во оваа група, така да немате проблем :). Единствено Спутник мислам не беше препорачана за бремени и доилки, може веќе се сменило, но таа и онака во моментов не е достапна кај нас, а АстраЗенека е само за 60+ :).
     
    На senjorita-v, ..barbie.., FlowerPower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    Фала ти
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Бррменост по вакцина? Демек дај да видиме дали некоја вакцинирана ќе забремени?
    Каков нус ефект од вакцина за бременост- неплодност?
    Глупава е темата.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.242
    Темата си баш на место и воопшто не е глупава. Не станува збор за неплодност. Работата е што првите 3 месеци од бременоста се најкритични. Доколку пример развиеш симптоми како да имаш ковид од вакцината, покачена температура, умор исл. тоа би можело да влијае на отфрлање на плодот кој сеуште не е ни оформен. Искрено и јас би се запрашала за ова, доколку во наредните месеци планирам бременост. Добра тема.
     
    На goddess.Of.chaos, mula, TrinityNeo и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Точно така, ама ај да му текне на некој доктор да го објасни ова просто во две реченици, особено матичните :fubar:, луѓето нема кој да ги упати и си толкуваат по нивно.
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Во првиот пост, колку што јас разбрав, пишува за забременување по вакцина, нека е и за нус ефекти додека си бремена. Како ќе знаеш дали не можеш да останеш трудна заради примена вакцина? Доктор ќе ти потврди или баш рекла казала ќе е темава?
    Нус појавите од вакцина се слаби, како настинка, и ако постојат примери каде некоја изгубила плод заради еден ден омалаксаност и слаба температура веројатно се многу ретки и поврзани со нешто друго, па не е панично и застрашувачки за ова да се пишува?
    Да е темава вакцинација и бременост, совети и препораки да разберам, оваа тема е отворена со сосема друга намера.
     
    На baby-star и eli25 им се допаѓа ова.
  16. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Темава ја отворив за да се споделат искуства на жени кои по примена вакцина зачнале, со која вакцина се вакцинирале, по колку време дошло до бременост (дали тоа е одобрено од матичниот гинеколог?) и дали било се во ред со истата. Во однос на исходот доколку некоја се има и породено и родила здраво, право детенце, убаво би било да се сподели. Самиот момент дека треба да се почека одреден период по примена втора доза е мошне дискутабилен. За Фајзер првично беше 2-3 години, за кинескиве 3-6 месеци. Можеби има и некоја членка од странство, па да сподели како таму советуваат докторите. Се ова мислам дека треба да го знае секоја жена која би сакала да остане бремена во иднина, без разлика дали тоа би било за година, две, три или пет.
    Не мора одма да се напаѓаме, целта е да се посоветуваме и да споделуваме искуства.
     
    На Milen4etooooo, Orchidea, Traveler91 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Дали родила здраво право детенце? Веќе заплашуваш дека може да е поинаку. Чекај некоја да роди тебе да те утеши дека се е во ред. Свашта.
     
    На Frosty!, eli25, Lavender4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.831
    Пол:
    Женски
    Ниту неплодност се дешава, ниту пак години се чека. За 3 години ќе го пораснам еј. :D

    Нема зголемена стапка на неплодност по ковид вакцинација, ниту зголемена стапка на малформации на плодот. Официјално нема препорака за временска рамка - одложување бременост на одреден период по вакцинација. Уствари, сите си кажуваат различно, веројатно по сопствено убедување, а ништо официјално.

    Вакцините не содржат жив вирус, што значи дека нема да предизвикаат болест, ниту вирусот ќе се реплицира. Вакцините со жив вирус содржат репродуктивни, но ослабени патогени и затоа не се препорачани во бременост, особено не првите 3 месеци. Таква е на пример вакцината МРП, а по која се одложува бременост за еден месец.

    Кај досега вакцинираните родилки и бебиња, нема штета/нескани последици од вакцината. Јас би се вакцинирала целосно, со две дози пред бременост. Би одложила бременост по целосна вакцинација за недела, две, до месец макс, исклучиво поради имунолошка реакција.

    @..barbie.. Во нормални услови, значи без вакцина, до бременост може да дојде од 6 месеци до година дена, кај здрави парови. Како ова ќе го поврзеш со вакцината‽
     
    На Spidy, Frosty!, Bozica1980 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.242
    Ама ти ја водиш темата во непотребна насока. Прашањето е конкретно. Колку време треба да се чека по примена вакцина за бременост /совети од доктори на таа тема? И искуства од оние кои забремениле веднаш по вакцина. Дали правеле дополнителни испитувања, дали биле исплашени итн. Ти стави се што не треба во оваа тема. А девојката што ја отвори темата сакајќи да ти објасни за што се работи ги изнесе своите стравови кои секоја идна трудница/трудница ги има. И во нормални услови постои тој страв а не па за време на пандемија и недоволно испитана вакцина.
     
    На Orchidea, dipsidipsidipsi, NoirSerpentine и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Kailani

    Kailani Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    Апсолутна препорака на сите доктори (гинеколози, инфектолози, генетичари, имунолози, трансфузиолози) со кои се консултирав беше ВАКЦИНИРАЈ СЕ!
    Инаку сум во припрема за инвитро. Одлуката беше да се имунизирам пред да почнеме со постапка.
    Докторот што тука ме води, претпочитува да има еден месец пауза меѓу втората доза и трансферот. Истата пракса ја има и клиниката за асистирана репродукција во Прага со кои сум исто во контакт.

    Мене лично многу повеќе ме плашеше моментот што ако се заразам во бременост, отколку вакцинацијата. Болеста не знаеме до кој степен може да прогресира.

    Јас се вакцинирав заради моето здравје, здравјето на тие околу мене и здравјето на бебето кое планирам да го имам.

    Инаку се вакцинирав со Синовак.
     
    Последна измена: 7 јули 2021
    На ЕмајотаП, VirgoStar, sweetie 981 и 6 други им се допаѓа ова.