1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост пресудна за брак

Дискусија во 'Бременост' започната од butterfly4, 23 август 2014.

  1. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Оваа година бев на 7 свадби до сега,осмата уште малку и дали коинцинденција или не сите седум невести а и осмата е бремена.Баш за последнава доаѓа братучетка кај мене на кафе и онака уште невлезена ми вика знаеш што и викам кажи,ми вика и Ана ќе прави свадба,јас одма бремена е :wasntme: ,ми вика ДА ти знаеше пред мене нели :?: не ма викам првпат слушам од тебе :lol: .Ако викам убаво,се изнаигравме оваа година,ама ако само за убаво нека е :)

    Потоа си седам на фб и гледам некои слики,нели од пријатели што биле на свадба кај нивни блиски,и кога што ќе видам,невестите буквално сите бремени,која на почеток која со стомак до заби.Иии си викам види види,што ќе беше ова,дури чудно ми падна.Се прашувам во себе,што кога не би биле бремени,дали пак би стапиле во брак,иако некои со години идеа,остана бремена се земаа,а некои за кратко и само поради бременоста побрзаа со свадба.

    И на крај најмногу што ме погоди и ме натера да ја отворам оваа тема е тоа што пред неполни две недели си седиме со ќерками и една пријателка со децата во паркчето во нашето маало ии слушаме една постара Госпоѓa и вели на една друга"Јас му реков на син ми,што ако идат толку време,нека ја затрудни прво па после ќе правиме свадба.Што ако се сакаат,кога ако неможе да му роди дете,што ќе ни е" -ние двете со пријателкава се погледнавме и останавме вакви :o ,коса ми се крена од тоа што го слушнавме. :x

    Муабетот ми беше,дали дојде некоја си "нова мода",дали младите на ова денешно време,се одлучуваат на брак само поради бременост(мислам и секако љубов,ама бременоста да биде пресудна),бидеќи познавам многу што ни на крај памет не им беше за земање,ама поради бременост се се смени...или пак сето ова што ви го пишав е само коинциденција |( .

    Што мислите вие???

    п.с Ако има ваква тема,се извинувам а и насловов може поинаку,така ми дојде у моментот :lol:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bokace

    bokace Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    5.980
    Пол:
    Женски
    Retko se slucuva vo 21 vek da se zemat mladite a nevestata da ne è trudna... Edna sum i jas od tie sto ostanav trudna pa svadba pravev .. no ete sestra mi ne bese trudna pa svadba napravi ..
    Na maz mi drugar idea 8 godini i pocna da se suska svadba i site kazavme epa redno bese no samo tie dvajca znaele deka bila trudna i eve sega e 7 mesec i svadba ke pravat.. toa è surovata vistina ( od mobilen sum pustena ) :hai:
     
  3. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Богами денес е реткост да сретнеш невеста ама баш невеста како што останало од старо време, сум била и јас сведок на повеќе свадби во кои невестата беше трудна. Јас не бев трудна на нашата свадба а да бев незнам како ќе го издржев сето тоа малтретирање цел ден, бев трудна кај братучед ми на свадба па едвај издржав по невеста да одиме и неможев потоа да одам во матично и во црква. Како и да е изгледа нова мода е прво да се проба па после да се земат. Кумовите наши беа во врска 7години и се земаа само затоа што кумата остана бремена а ако не останеше бремена сигурна сум дека уште долго немаше да се земат. Една познаничка одеше со дечко и 2-3месеца и останала трудна се земаа одма направија свадба за месец дена, после свадбата за недела дена се растура бракот и она го абортираше детето а еве сега пак е во врска со тој истиот и циркуз
     
  4. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    28.177
    Пол:
    Женски
    Butterfly4 јас ова лето бев на 5 свадби од кои 3 невести беа трудни а 2 не.Исто имам другарка која имаше се во план освен брак во блиска иднина,ми се јавува и ми вика не планирај ништо за 14 септември кај мене си поканета.И јас :^) :^) ја прашувам на што поканета и ми кажа дека ќе правеле свадба,кога ја прашав што им текнало вака набрзина ми кажа дека малку им се згрешила работата и останала бремена :lol: Не велам дека не би се зеле кога не би била бремена,ама не сега.Како и со др парови во кои девојката кога е бремена се забрзува одлуката за брак,а ако не е уште долго ќе се мафтаат како дечко и девојка да е скраја може и потоа да им се раскрстат патиштата.Јас искрено од секогаш сум била против да се мажам бремена,и дечко ми сегашен маж го испочитува тоа.Не сакав некогаш во животов да помислам дека сум се мажила дека сум била приморана т.е.бремена,туку да стапам во брак од што сакам.Имам пишувано и во др тема само не ми текнува која пред маж ми имав долга врска,ама некако не одеше и и се гледаше крајот на врската и кога ќе паднеше на тема на муабет раскинување тогашниот дечко мој ми викаше ќе те оставам бремена и кај ќе одиш ќе мора да ми бидеш жена.Среќа па се се заврши како што треба со човек кого го сакам и ме сака и пред се има разбирање за се.Така да мислам дека за жал паровите повеќе се одлучуваат за брак доколку има бременост...
     
  5. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Интересен тренд:) Конкретно ние живеевме многу години заедно , ме побара за жена, реков да се опуштиме да правиме бебе пошто гледав примери дека одма не се затруднува ама испадна да забременам од прва ( неколку денови од запросувањето). И најверојатно сите мислат дека за тоа сме решиле да правиме свадба. Како и да е, има случаеви како што кажа мила дека заради бременост се мажат. Е тешко е трудна на свадба ама јас во текот на настаните и да можам не би променила ништо:)
     
  6. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    Јас не бев трудна кога се зедовме :D не ни пробавме уопште за бебе, откако се зедовме почнавме да работиме на случајот. Едноставно сакав тој ден да ми е без мачнини, да ми помини најубаво, многу ми е глупо тоа ко ке видам невеста со огромен стомак на ништо не личи. Да не останела трудна немало да се земат гарант . Две мои другарки исто така се мажеа а не беа бремени. Се зависи од личноста. Има и многу такви кои се осудуваат да играат на таа карта, дечкото не ги бара за жена па ај ке забременам мора да ме земе :?: ех и на вакво нешто сум била сведок :geek:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.609
    Кога ке слушенеме со другарките дека некоја се омажила, a не е бремена, викаме, најпосле некој од љубов да се земат, место од згрешено :)
    Да, точна е забелешката, дека денеска најголемиот број се бремени невести. Најверојатно се следниве причини:
    1. Му се згрешило
    2. Го испијанила за да му се згреши, оти не му текнува да ја побара, а се во врска 7 години
    3. Имале френдли секс, па не сака да абортира
    4. Свекрвата рекла, не сакам стерилна,па прво затрудни ја, па ке ти дадам пари за свадба и горниот спрат(не се чудете сум чула вакво нешто).

    Порано беше срамота скината да се омажи, после трудна да се омажи, а за некоја година со бебе свадба ке се прави. Времето се си носи, така што секој својот живот треба да си го средува, и ич да не го боли онаквоето што ке помисли светот за нив.
     
    На Lolo5, eloves и tessie им се допаѓа ова.
  8. lavaleta

    lavaleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    69
    Не можам да поверувам како млади еманципирани девојки кои најмалку од се би требало да го судат туѓиот избор - можат да напишат дека невеста со труднички стомак на ништо не личи?! Прво, крајно не човечки е да се коментира трудница дека не личи на ништо - а уште помалку ако се однесува на таква убава улога - невеста. Јас и мојот сопруг 3 месеци по веридбата дознавме дека сум бремена и бевме пресреќни...тоа беше најубавиот период во мојот живот, ем се спремам за нашиот најубав ден, ем во мене расте нашата заедничка иднина. Како ти знаеш дека секоја девојка цитирам "да не останела трудна немало да се земат гарант". Жал ми е за некој што има ваков ограничен став, навистина...Поздрав од една невеста-трудница што ужива во својот брачен живот и бременоста. :)
     
    На KuklickaSk, piksooki, macunka и 10 други им се допаѓа ова.
  9. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    3.366
    грешиш нема да се прави туку веке се прави :D до сега неколку свадби видов со деца :o детено 3-4 годинки а таа во венчаница, свадба со сите салтанати, а детето мало невестиче или мало младоженче :rofl: ниту јас не се омажив бремена, не сакав да бидам бремена на свадбата, после имавме мали проблеми но еве сега сум бремена и си уживам со мешето. Искрено и мене ми е невкусно да видам невеста со огромен стомак, можеле да се земат бар кога стомакот не се познавал :P :D
     
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Јас мислам овој "тренд" е последица на целиот хаос во земјава, менталитетот и неодговорноста кај луѓето. Не осудувам, ама си се знае се во свое време. Не можам да им судам на никому, бидејќи во денешно време е некако потешко да се најде соодветен партнер. Тешко е да се најде работа. Луѓето се слаби со финансии и единствен начин за да се омажат за многу девојки е да останат бремени. Исто така мора да напомниме дека целиот пазар е за жал сконцентриран во Скопје и се повеќе млади луѓе се селат во Скопје бидејќи таму нашле работа и зошто да живеат со цимери/ки кога можат да живеат со партнерите.

    Кога веќе живеат со партнерите најверојатно очекуваат во иднина да стапат во брак, па им е сеедно дали таа ќе остани бремена или не. Исто така е и до домашното воспитување. Јас лично колку да сум толерантна и го почитувам сечиј избор, во никој случај не би живеела со дечко ми ако не сум верена и еднаш бидна(уште еднаш да се тресам од страв, да се секирам, да се нервирам, да пијам апчиња за смирување, не! ), ама уште еднаш не би имала однос без заштита(па макар и надвор завршил) со мојот дечко или во случај да имам друг дечко во иднина дури не стапам во брак.

    Не знам што да кажам, луѓево не мислат, сите се со ставот се ќе се среди се ќе биде во ред, ама не е така. Неа лесно ќе ѝ е никој нема да ја замара оти е бремена, греота е да не се нервира и сл. ама нејзините родители, неговите родители, идниот татко, само тие си знаат низ што поминуваат за да дојдат до финансии за уредување на новиот дом, за свадба и сл. И сето тоа само за да не ги оговарале. И јас лично ако не дај Боже останам бремена пред брак, ако не направам свадба дури не се познава,после откога ќе се регистрираме или кога ќе се роди дето знам дека ни на крај памет нема да ми дојди да трошам пари на свадба, кога можам да ги инвестирам во иднината на детето и општо за семејството.

    Кога велам дека менталитетот игра голема улога е бидејќи во Скандинавија, или еве поблиску во Србија има многу парови кои имаат деца и не се венчани, не правеле свадба. Ама пусто македонско, мора да се покажиме.

    Исто така и мајките се криви. Ааа погоден овој, не го пуштај, не се пропушта ваков, богат е, татко му има фирма ...Ете ја бремена невеста по некој месец. И постојано се прави притисок, ајде време ти е 25-ката ја помина...Време ти е ене кај е 30ката, стара чупа ќе останиш... А тоа дека кутрата со години не може работа да си најди или работи за мизерна плата, дека ќе треба со свекрва дома да седи и да се расправа, оти и таа и дечко ѝ одвај кафето кога ќе излезат имат да си го платат,тоа не е битно. Битно е да ја мажат оти врсничките ѝ се омажиле.

    Кога е невестата бремена, вработени се двата имаат каде да живеат тогаш мислам е во ред и прифатливо, освен ако не се премлади.

    Уште една работа на која овој тренд е последица е фактот што уште во прва година средно тие одат на одмори со дечковци. Вие се чудите како на 14 сакале штикли да носат и се веќе скинати, а уште квадратна равенка не знаат да решат. Со кој памет ги пуштаат од дома со дечковците на одмор ,не знам. Сигурно не мислат дека нивната ќерка и дечко ѝ само карти и шах ќе играат на одмор. И после толкава слобода ве чуди што на 18-19-20 години се мажат бремени? Ни работа имаат, ни факултет завршиле ни младоста си ја изживеале, ни ништо... Пак ќе речам сето тоа е од домашно невоспитување, себичност, несочувствителност кон родителите и неодговорност. Се имам изнаслушано муабети од типот ама се сакаа, поарен не можев да најдам... Убаво, дај Боже бидете среќни. Ама јас знам неколку така на млади години што се омажиле ене ги сега на 25-26, на 32-35 се разведуваат, излегуваат по ноќни клубови, кафичи, се облекуваат и се однесуваат ко тинејџерки. Каков пример се тие за своите деца остаени дома, за тие да си го изживеат тоа што не си ја изживеале младоста оти некогаш ете така им се погодил моментот со татко им, оти нели 18 век сме, немаме кондоми и апчиња за ден потоа...

    Можеби многу од вас ќе се препознаат, можеби многу од вас ќе ме нападнат. Ама јас само анализирам и ги согледувам фактите. Можеби сум, можеби не сум во право. И не ви судам,бидејќи ни Бог не ни суди дури не одиме кај него, тоа си се ваши животи, ама не ги охрабрувајте помладите или останатите на такви чекори, ако не се спремни и немаат услови. Ако цело друштво ви се омажило, не значи дека треба и вие да се омажите и да останите бремени иако немате услови за брак и дете. Имајте свое ЈАС.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Многу глуп муабет ми е ова искрено. Јас неколку блиски што ги знам а биле бремени на свадбата, свесно го направиле, некои пробувале долго пред да останат бремени иако не биле во брак туку си дале збор, небитно зошто одолговлечиле со веридба и свадба. Термин за свадба барем во мојот град, не можеше да се најде во наредните 5 или 6 месеци. Па од давање збор до свадба имаш време да затрудниш па и да го родиш. Затоа не ми било чудно кога сум гледала трудни невести ниту сум зборела дека ете трудна е, без љубов се зедоа. Плус денес младите не се како порано, ако некој не те сака, жив ѓавол не го натерува да стапи во брак со тебе, и така абортусите станаа како рутински преглед.
    Како и да е, за потсмевање ми се група млади девојки седнати на некоја свадба оговарајќи ја трудната невеста, во никој случај невестата.
     
    На senjorita-v, KuklickaSk, Ruzica00 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    35.991
    Cka, ево јас бев бремена кога се мажив и не спаѓам во ниедна од четирите катерогии, треба и 5 та и 6 та и 100 да има, секој си има своја приказна бе луге. Живеевме заедно под кирија, работевме, се сакавме ,се случи, се зедовме. Ионака ќе се земевме,погодени сме си :D Брат ми не "беа трудни" кога се зедоа со снаата.Околината врска немаше со нашите причи.Ес симпл ес дет. ;)
    Од другарките ај грубо ,пола се мажија бремени,пола не,и сите се во горе долу среќни бракови.Ако некој успее некоја,или некоја некого,да натера пред матичар само и исклучиво само заради бебе..гуд факен лак на двата.
     
    На senjorita-v и Lovely93 им се допаѓа ова.
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Моја прва братучедка се омажи и бремена беше ама нив свадбата уште од октомври им беше договорена и оваа година во мај да ја прават. Во фебруари дозна дека е бремена. Имаше случај на девојче од моето школо 17 години остана бремена за 2 месеци се земаа. И исто така има случаи каде што детенцето се родило веќе по 2/3 години да прават свадба. Се си е право на избор ама јас лично така не би. За да направам свадба најверојатно ќе треба да подигнам кредит (не би сакала моите да ми ја прават свадбата) оти многу работи ќе треба. После свадбата секако ќе треба да ги отплаќам па по дома средувње едно друго и башка на сета таа гужва што се вика по некој месец бебенце. Не е дека несакам деца, напротив многу сакам ама прво да си се средам по дома колку толку па после. Оти се си има свој ред. Ретко кој со мизерните плати во Македонија може да си дозволи во исто време свадба да прави, бебенце да чека и куќа да спрема. И на крај се караат и разведуваат оти пари немало па ќе нема. Исто така не би сакала додека не се земеме со партнерот да живееме заедно. Кога веќе ќе биде работата добро.

    Исто така една феминка погоре спомна дека на 15 години ги пуштале на одмор со дечковците. Јас имам 16 ниту не се осмелувам на тоа да помислам да одам на одмор со дечко, не пак да се карам или расправам дома, сигурно е дека нема да ме пуштат. Тоа веќе си е грешка на родителите, сите оделе нека оди и таа. Епа колку и девојчето да несака да се случи нешто чим на одмор ќе одат шо 10 дена у очи ли ќе се гледат? Или ќе одам да спијам кај другарка и само така оди сине. Ќе одам да спијам кај тетка ми, баба ми, братучедка ми ваму таму а таа кај дечкото на спиење. И родителот така спокоен со 2 збора го пушта. Јас последен пат во 7 одделение спиев кај другарка па мајка ми 2 пати се јави да праша што правиме оти нејзините не беа дома и сабајле се јави за на школо да не разбуди. Неможам да ги разберам родителите кои им дозволуваат на децата се што сакаат и на крај на 16/17 бремена била за срам да покријат ајде свадба направат и толку. А таа без незавршено средно и со платата на маж и која сигурно не е голема каде ќе оди? Ама тоа е преголема слобода им се дава на децата. Некогаш било срамота со машко да те видат сега се мават по станови, туѓи куќи пак ништо.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Од целиот пост ова ми остави најјак впечаток. Од кај па таа е сигурна дека се е во ред со нејзиниот син и може да направи дете?! :^)
     
    На Lolo5 и blackwave им се допаѓа ова.
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    ^ Е ајде де, и ако е во него проблемот нема да сака да верува и ќе го тера да оди од женска на женска и да пробува да ги затрудни, кај успее ајдееее свадбаааа. :rofl: Бог да чува. :D

    Инаку за Eloves и оние со слично размислување. Доколку не ја пуштат родителите на одмор со дечко или да преспие некаде под дифолт значи дека она нишо не прави и невина е?? Па зашто со сила се правите мутави, 15 минути се доволни бе, не ти треба цела ноќ... |( И остај ти сеа жити се порано што било срамота со машко да те видат, ај у 15 век да стоиме и да носиме појас на невиноста. Ме иритираат вакви размислувања бог да чува, поготово од некој без искуство. Не си помислила да одиш на одмор со дечко зашто немаш дечко. Да имаше може немаше да одиш ама ќе сакаше сигурно. И не сакаш твоите да ти прават свадба.... па обично така е редот, јас не знам родител што дозволил само детето да си плаќа свадба, не збори на памет... И 100 пати е подобро да имаш еден дечко кој го знаат твоите и те пуштаат на одмор со него отколку секој викенд да имаш нов кој не го знаат (зборам општо, не за тебе) и и со тој прават све само нели не биле на одмор и никој не знае, туку во паркот во грмушки, на клупи и во кола...

    Исто така и за бремените невести, како што кажа една феминка секој има своја приказна и никој не ја знае и не мора да коментира, сигурно сите што се мажат бремени не се мажат без љубов туку само зашто нејќат да абортираат? Глупости живи. И јас како помала бев против да се мажам бремена, но сега имам дечко и сум долго со него, ако останам бремена па што? Ќе се земеме една година порано од планираното можеби, гооолема работа. Помалку среќни ќе бидеме?? Кога и да се случи ќе бидам најсреќна на свет затоа што го сакам. Па кој сака нека збори после дека сме се зеле зашто сум останала бремена, баш ми е гајле, злобни луѓе има и ќе има и ќе зборат како и да е. Секој како си сака и му е убаво. Зашто бе вакви прости размислувања, зашто..... :swear: :|
     
    На Lolo5, blackwave, kukla21 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    Понекогаш мислам дека ќе беше подобро да останам бремена па да се мажам.
    По 8 години врска, ни еден пат немавме обиди за бебе.
    И кога се веривме почнавме.. за 3 месеци свадба, во гужва си.
    И имав свадба не бремена. Исто беше со уште 4 другарки. Само една беше бремена.

    Ама кога си во брак, и имаш обиди за бебе, работите стануваат по стресни. Сите очекуваат, и ти задават дополнителен стрес.

    Сите бремени кои сте имале успешен обид на поврзување на спермазоид со јајце клетка, Честитки 8) Ви посакувам се најдобро.
    Не постои правило што е најдобро.
    Најважно е да имате разбирање и да сте сигурни дека бескајно многу сакате да бидете со личноста со која влегувате во брак.
     
    На Lolo5 и Lovely93 им се допаѓа ова.
  17. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Искрено немам ништо против бремени невести.Се додека не се деца и двајцата,невработени и уште школо незавршени.Тука веќе и родителите имаат удел во воспитанието на децата.Сега кога ќе видам трудна невеста паа дупла среќа.Ем свадба прави,ем дете чека.И да повеќето од нив се опуштаат после веридбата,што има лошо во тоа веќе дале збор.Или и тука не се работи за љубов ? :^)
    Здравје кога ќе дојде време да се планира свадба,незнам дали би се решила на овој чекор,од една страна да не се случи да се разочарам пред време ако тоа не е успешно,од друга страна мислам дека е подобро денот да го поминам без мачнини,поготово ако е времето топло.Како и да е нема да ми пречи ако во мене тогаш расте живот,зошто тоа е најголема среќа.Само ќе гледам да не праам во 9ти :lol: А луѓето што сакаат нека коментираат.Мојата среќа нема да ја нарушат.Е Така. :)
     
    На Iviste, babyblond и Lovely93 им се допаѓа ова.
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Јас пред да се омажам не сакав да пробаме ниеднаш за дете, бев многу против тоа да бидам трудна невеста.

    Се веривме, помина година направивме свадба, помина уште една година па почнавме да правиме дете, помина уште една година а од дете нема абер...
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Драго пеперутче, јас пак мислам дека таквите примероци останале само уште во приказните за плашење децa. :D Појадокот од пред саат време ми се врати од муабетов (мислам на муабетов на теткиците што си го слушнала, не на твојот муабет, да не се сфатиме погрешно). Аууу, сеа си ги замислувам мамините синчиња коишто нема да и` се изнасмеат на мајка им у фаца по ваквата изјава во сцена од „Очајни домаќинки“ кога Карлос и` ги замени контрацептивните таблети на Габриела со некои други апчиња колку да ја затрудни, сакала таа или не. :D Аман бре, ццц. Баш ме интересира таквите што прават ако не дај Боже снашката го изгуби бебето... развод синко. Ако ова време в година нема детенце на пат, не си губи време. :rofl: A може и серииве да влијаат повеќе на нив, па да се смилуваат за да остане снашката, ама да му всадат идеја на синчето втора жена да си земе. :rofl: Се извинувам, забегав, ама ставов е роден за мајтап.

    Не велам дека кај некои не се погодило случајно, ем бебе ем свадба, си има такви примери милион, но факт е дека постојат луѓе со чудни размислувања и слаба одлучност за коишто никогаш не е време, се` додека не се напраи бељата, па ај тоа да ја придвижи работата.

    Од друга страна пак, познавам пар со деца коишто се долги години заедно, а се`уште немаат склучено брак. Си функционираат на, за нив, успешен начин и која сум јас да им се мешам?

    Брак е една институција, од којашто децата не се дел. Тие се дел од институцијата семејство. И едното не смее да го условува другото по секоја цена.

    Со други зборови, ваш е животот драги мои, не од комшиите. Правете си како што ви одговара, а не како што нема да ги потресе комшиите. Со други зборови, ако не се чувствувате подготвени и волни за брак, ако имате договор со партнерот, мора ли во брачна заедница да се чува детето? Го велам ова затоа што постојат луѓе коишто навистина се плашат и им пречи тој чин на официјализирање на една заедница. Се земаат на 10 годишнина од заеднички живот, голема работа. Нит е гаранција за верност бракот, нит за нешто друго.
     
    На zuto и joelle им се допаѓа ова.
  20. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    3.494
    Темава малку е повеќе од глупава, но гледам се јавила голема дискусија :lol: озборувања секако ќе има, ако е бремена невестата „ ете, затоа се земале“, а потоа кога ќе помине една година од свадбата и невестата е без стомак „ете неможе да остане“. Се додека гледаме во туѓи дворови, нашиот секогаш ќе биде највалканиот. А бре луѓе како ви кажува срцето и интуицијата така правете зошто има и вакви
    и вакви
    Е сега одлучете што на кого му одговара и кој е во подобра ситуација.
    Се извинувам што цитирав одредени форумџики, но тоа се само примери. Поздрав. :fubar: :fubar: