1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бренд или цена ...кај козметика

Дискусија во 'Лице' започната од nikyy, 13 септември 2013.

  1. nikyy

    nikyy Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки.

    Имам едно прашање за вас.
    Што највеќе ги погодува вашите очи кога купувате козметика?
    Дали се тоа врвните и квалитетни производи со реномирани светски имиња или оние другите.
    За што би ги дале парите порадо? Дали за Импала пудра или пудра од колекцијата на Лореал,Ревлон,МАК,мМакс фактор и слични?
    Како стојат работите околу парфемите? Дали би купиле еден Живенши парфем наместо 3-4 наливни парфеми...

    Што мислите за Викторија сикрет брендот и нивните производи...

    Ви благодарам многу...


    Читајте го нашиот блог
    baybunebeauty.wordpress.com пишуваме за доста интересни теми од делот на убавината,здравјето и модата.
     
  2. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    9.757
    Пол:
    Женски
    Бренд или Цена ...кај козметика

    1.Па се разбира дека квалитетни производи , подобро 1 асална пудра на пр. од мак фактор одколку 10 пазарски .
    2.Второто :)
    3.Парфемите не ми се слаба точка така да немам купувано ми имаат носено само од странство.Но во иднина планирам да си купам некој поскап парфем пошто ке се прснеш 3-4 пати а ке мирисаш цел ден ,не како со Цитру пола треба да го истрошам за да трае.
    Од Викторија сикрет немам користено производи , не би дала 1500 денари за едно обично спрејче кога во Америка може да се купи за 600-700 денари :@
     
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Бренд или Цена ...кај козметика

    секако дека што поскапо тоа подбро !
    сум се уверила во тоа многу пати, но немора да значи дека е така секогаш !
    за парфеми сенки и слично можм да потипишам дека колку поскапо толку подобро
     
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.020
    Пол:
    Женски
    Бренд или Цена ...кај козметика

    1. Секако дека на лице не би ставила нешто што е неквалитетно, кога станува збор за козметика воопшто не штедам. Мое мислење е дека за вакви работи не треба да се штеди. Се чудам на некои што кажуваат дека купуваат пудри од пазар, Импала и незнам кои други... па подобро нема воопшто да користам пудра одколку да користам такви :puke:
    2. Истото и за парфеми, порано купував што и да е ,но мислам дека повеке вреди да купиш нешто по добро и да се прснеш 2-3 пати одколку да го потрошиш пола шишенце одеднаш :D
    за Викторија Сикрет - во мк надувале цени, ги гледав баш пред 1 месец , едно спрејче 1000 :| па не бе не купувам, тетка ми од Америка ми има донесено едно сјајче од ВС за џабе ,ама не за овој бренд не давам олку пари па што сака нека е
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Бренд или Цена ...кај козметика

    вчера баш гледав Фармаси каталог он лајн-нов Турски бренд
    цените се ноу комент и тоа на попуст :!:
    млеко и тон за лице двете заедно 699 денари изгледа дека се квалитетни би пробала
     
  6. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Ретки се оние производи што се ефтини, а вредат повеќе. Воглавно за козметика си важи старото добро правило, колку пари толку музика. Тоа особено може да го воочат оние коишто имаат проблематична кожа, додека останатите не сме свесни колку е (не)ефикасно она што го користиме се до оној момент кога ќе налеташ на тестер од Клиник и слични фирми, па ќе сфатиш дека можело лицето да ти биде и помазно и похидрирано :D
    Реално, ни од далеку не сум во можност да дадам 4000 за крема за лице, а и да ги имам тие пари не би ги трошела на тоа.
    Има фирми коишто се подостапни, со релативно добар квалитет за мои потреби па не фрлам којзнае колку пари по козметики. Од една фирма ќе си најдеш достапни, а пристојни кармини како на пример тие од Римел по коишто полудеа жениве на форумов, од друга фирма ќе изникне таква пудра, од трета ќе најдеш маскара и сл. Многу добро знаеме дека има и подобри од нив, но разликата е минимум плус 300 денари, а некогаш и мноогу повеќе, па кога за секоја ситница што ти треба ќе ги собереш заштедените пари на куп, ќе заклучиш дека не се малку.

    Во секој случај, пре би да имам уреден изглед само со нанесена солидна пудра и маскара, отколку Ејми Вајнхаус заводлив поглед од растечена сенка и изронета маскара.

    Во ова време кога на интернет можеш за се да се информираш, греота е да шлапаш пари безвезе.
    Има некои работи на коишто може да се заштеди, исто како и за облеката. За фармерки, маичиња и сл. ми е апсурдно да фрлам пари, додека за обувки и капути не сакам да штедам.

    И уште нешто. Џабе е е сето тоа давање болни пари по козметика, кога целосно не се грижиш за себе, почнувајќи од исхрана, па се до хигиена и начин на живеење, затоа што голем дел од убавината и она коешто зрачи а ниедна шминка не може да го оправи, доаѓа од внатре и од тоа како човек се чувствува во сопствената кожа.
    Тоа му доаѓа исто како неизбањат и мрсен во главата да се стегаш, шминкаш и шприцаш со скапи парфемчиња - апсолутно нема смисла.
     
    На mims-89, senza.parole, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Cutiepie

    Cutiepie Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    3
    секако дека што поскапо тоа подoбро !
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Не мора да е нешто многу скапа козмтиката, ама да е квалитетна. Поголемиот дел од козметиката ми е од Голден Роуз. Не е многу скапа, а добра е. Не би дала пари за многу скапа козметика. Парфеми не сакам. Не ги ни купувам. Имам дома неколку и сите ми се поклон. Не се некои брендирани.
     
  9. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.243
    Пол:
    Женски
    За препаративна козметика верувам во правилото дека поскапото значи и поголем квалитет (подобри, поквалитетни состојки, поголема концентрација на хранливи елементи...). Кај декоративната козметика сметам дека не секогаш важи тоа правило.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Кога се работи за нега на кожата (креми,млека,тоници..) не штедам воопшто, и онака имам доста проблеми со акни, апсолутно внимавам што користам и дали тоа ми одговара на кожата, колку сака нека кошта.
    Исто важи и за пудрата на лице, додека за кармини, сенки, маскари не купувам секогаш од оние што се прескапи.. На пример не би дала за кармин 1000 денари мислам дека нема смисла, има кармини за третина од таа цена што се одлични и со безбедни состојки, па зошто за таа цена не би земала 3.. Истото важи и за останатите декоративи кои ги набројав.. Ма да ако нешто стварно ми се допадне многу и знам дека вреди и се исплати тогаш би го купила и да е поскапо.
     
    На SummerGirl и Flower27 им се допаѓа ова.
  11. Sonja4janevska

    Sonja4janevska Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2018
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    За препаративната козметика најмногу внимавам на состојките. Многу ми е важно за активните сосотојки ефектите да се клинички докажани, затоа што само така можам да очекувам ефикасност на проозводот и видливи ефекти.
    Бидејќи сум фармацевт посебно внимание обрнувам на состојките во подлогата.
    Кога ќе споредам по состав и цена два производи кои ми се соодветни за мојата кожа, најчесто доаѓам до заклучок дека кај скапите производи добар дел од цената е заради брендот, а не толку квалитетот. Може да се најдат квалитетни производи на пазарот со пристојна цена.
     
    На SummerGirl и buba4e89 им се допаѓа ова.
  12. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Не е важна цената, туку квалитетот. Лично користам и скапи, и поевтини производи, (од Vichy, Logona, Hauschka до Бекутан), зависи што ќе ми се погоди.
     
    На en5, Srekicka3, Недопирлива5 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Ми се погодиле и скапи производи да не ми чинат, а и евтини да ми се топ. На пример козметиката на Малена и Тренд ит ап брендовите се со прикладни цени, а ми се супер додека на Мејбилајн и Макс фактор некои производи иако имаат тродупло цени од тие брендови не ми биле нешто посебно. Зависи се до производот, не секогаш поскапо значи поквалитетно.
     
    На en5, BlackMistery, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.727
    Пол:
    Женски
    Не ми е важно, бирам квалитет само.