1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брза диета на актерката Рене Зелвергер

Дискусија во 'Диети' започната од lepa.milena, 24 октомври 2011.

  1. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Рене Зелвергер ја примени оваа диета поради 20 кг што морала да ги стави за улогата во филмот "Дневникот на Бриџит Џонс". За неколку недели со паузи го отстранила вишокот на килограми.
    Нутриционистите специјално за неа направија седумдневно мени, кое содржи специјално приготвени јадења. Слатките и мастите се сведени на минимум, а диетата вклучува појадок, ручек и вечера.

    Седумдневно мени:
    Појадокот е секогаш ист: кафе или чај со млеко без шеќер, 40 грама црн леб, 2 мали парчиња кашкавал со 30 отсто масти и 50 грама зеленчук.

    1. Ручек: 2 дл јогурт, 2 портокали (јаболко, круша, киви)
    Вечера: 125 грама младо сирење, варено јајце, 200 грама кисели краставички

    2. Ручек: 200 грама риба, 200 грама зеленчук (зелка, морков)
    Вечера: 125 г младо сирење, 0.5 л млеко

    3. Ручек: 100 г кашкавал со 30 отсто масти, јаболко и грејпфрут
    Вечера: 200 г спанаќ (тиквички, моркови и брокули), 2 јајца на око

    4. Ручек: Пилешко месо на скара, 2 кисели краставички или свежи
    Вечера: 200 г брокули, јајце, 50 г шунка или месо по ваш избор

    5. Ручек: 125 г младо сирење, јаболко, круша
    Вечера: 100 г пилешки гради, мешана салата 200 г зеленчук

    6. Ручек: 200 мл јогурт, 2 портокали
    Вечера: 125 г кашкавал, 250 мл млеко

    7. Ручек: 120 г пилешки гради, 200 г мешана салата зеленчук
    Вечера: 125 г кашкавал со 30 отсто масти, 150 г овошна салата.

    Диетата се повторува неколку недели. За да е побрзо губењето на килограмите, а диетата поефикасна, потребно е вежбање два до три пати неделно или секојдневно пешачење од околу 1 час. Пред да ја држите оваа диета најдобро е да се консултирате со доктор.


    Јас ја имам држено оваа диета, ама не применував некоја физичка активност, ама пак имав добри резултати, а зависи и од организмот. Јас имам голем број на вишок килограми и имам држено повеќе диети, од Аткинсова, онаа со супа од зелка (нема нешто погрозно од супа од зелка), диетата со јаболка, тридневната со јајца, меѓутоа јас лично не би ги препорачала... ја држев и онаа според Дајмонд, до 12 часот овошје и комбинациите во исхрана (со оваа диета ослабев 10 кг за еден месец без физичка активност, со примање на таблети за слабеење Холестоне)... Јас повторно ќе ја почнам оваа диета, оти до сега најдобро сум ја издржувала, и покрај тоа што имам активен живот (музичар). Па пробајте и вие, па пишете резилтати. :D
     
    На Ma4u64ence му/ѝ се допаѓа ова.
  2. interistka

    interistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    интересно не многу тешко според мене ..........и убав резултат ...... а тие апчиња колку пари се ?
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.774
    Допаѓања:
    131.124
    Јас не би ја држела. некако мали ми се гледаат количините на исхрана, и плус кашкавалот има многу маснотии и многу калории, вообичаено се избегнува при диети, а тука гледам прилично е застапен.
    Не велам дека не би имало резултати, туку јас сум повеќе за варијанти со повеќе зеленчук.
     
    На lepa.milena му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Да, и јас кога ја видов диетата количините ми се чинеа многу мали, ама после едвај дојадував, а кашкавалот треба да биде на минимум во количина, 2 мали парчиња и со најмал процент на масти (овие нутрициунисти наведоа 30 отсто масти). Сепак, се согласувам со тебе, варијантата со повеќе зеленчук е најздравата, а оваа диета е брза диета. Најздравата диета што сум ја дрзела е онаа според Дајмонд, во која се застапени и овошјето и зеленчукот и месото, и најбитна е комбинацијата на храната, односно да не се комбинираат јаглехидрати со протеини, а до 12 саат овошје.
     
  5. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    не се сеќавам на цената, а и татко ми ми ги зеде од Calivita, можеш во online каталог да видиш, макар што во комбинација со оваа диета не би ти препорачала да користиш таблети за слабеење... ако одиш на варијанта со не драстична диета и вежбање фитнес, аеробик и сл. тогаш ти препорачувам да користиш Л карнитин со хром, се пие 20 минути пред вежбање.... овие Холестоне ги пиев кога ја држев диетата на Дајмонд, и кога не применував некоја физичка активност