Се со цел да си го олесниме животот, бараме поедноставни и побрзи рецепти. Па така компоти, салца и други работи, некои ги ставаат во рерната од шпоретот. Состоjките во теглата убаво затворена, и право во рерна на одреден степен на температура. Дали сте правеле Вие вакво нешто? Дали сте за или против? Можете тука да споделите и некоj рецепт. Компот од кајсија Сецкани кајсии на половина и наредени во тегла, се става 4-5 л.рамни шеќер, се дополнува со вода и се става во машина за садови на 70* машината да не се отвара 12 часа, да се изладат теглите во неа. Само да се поправам не на 70* туку на 65*
Јас воопшто не сум задоволна направив исто како што имаш пишано и немаше направено вакум теглата се отвараше многу лесно ..
Не е возможно да се направи добар компот во машина за садови од проста причина што точката на зовривање на водата е 100 степени.Ниту ќе се свари,ниту ќе се вакумира на 65. Пред некој ден правев компот од сливи,едноставно миеш овошје сецкаш,ставаш вода и шеќер од око колку сакаш и на шпорет да вари пола саат откако ќе зоврие.Уште жешко го полниш во тегли,затвораш па во фрижидер и се вакумира сам.Тоа е. Не е лансирање ракета.