1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брза кујна

Дискусија во 'Рецепти' започната од besafetested, 8 јануари 2016.

  1. besafetested

    besafetested Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2015
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    17
    Вака се пријавив во емисијата брза кујна дајте совет што да готвам и што намирници да однесам.
     
  2. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    а ти се пријави без да имаш поим што да прајш!?
     
    На joy1 и Mr. Right им се допаѓа ова.
  3. VivienLeigh

    VivienLeigh Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    10.091
    Пол:
    Женски
    Затоа сме ние тука, да дадеме идеи. :rofl:
    Тоа што ти најмногу сакаш да го јадеш, а досега не се приготвувало таму :?: :D
     
  4. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Сaмo немoј нештo сo тестенини. Се сaмo се нaучиле сo тестенини, другo не знaaт. Oтвoри нa стaрaнaтa moirecepti.mk мoже ќе нaјдеш нештo, не знaм штo дa ти кaжaм. :^)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. #Пепи

    #Пепи Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Јас ја следам Брза кујна и интересно шоу ми е. Инаку сите носат тестенини со кои можат да се зготват различни предјадења, некое месе и некој зеленчук за главно јадење и за десерт можеш да земеш пудинг, некое овошје, мафини и сл. Повеќето така носат и знам дека треба да ги испазариш главните намирници за 500 ден. максимално.
    Поздрав
     
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Што се случи со првата водителка Билјана. Зошто ја сменија?
     
  7. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Од едно гледање со иритантна водителка заклучив дека мене емисијата ми нема смисла. Поинтересен концепт би било готвачите да им одберат состојки и да им ги дадат на пријавените тие да ги приготват, па да се види кој колку е покрај аматер, умешен и креативен и потоа професионалните готвачи да им ги оценат. А вака, купил тиква и шпагети и готвачот таму: За предјадење- една шпагета заденал во тиквата, за главно јадење- варени шапагети со тиква изрендана одозгоре и за десерт- пудинг од тиква :D
    И после една слика со тиквата и ајде :D
    :d::drunk:
     
    На ana-banana, PaLaVa, tigarche1 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. #Пепи

    #Пепи Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    На зимуванје е .... хаххха не не се шалам, поима немам кај е :P:D(facepalm)
     
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Пред некој ден случајно ја начекав емисијава, и не ми остави некој впечаток. Но, нешто друго ми привлече внимание. Шишките на водителката. :emo:

    Верувајте, немам обичај да критикувам ничиј изглед или стил, но ми падна смешно кога ја забележав градацијата во бои. Шишките сиви а косата кафена, комбинација снова...:D
     
    Последна измена: 28 јануари 2016
    На LadyInTheDark, lunchy, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.357
    Допаѓања:
    164.228
    Пол:
    Женски
    Мене емисијава ми е доста убава и добра. Јас сум особено тип шо секогаш сум во брзање и скоро се шо прам од страна на јадење (претежно десерти) се релативно брзи. Ме интересира дали има страна/ видеа некаде за некои рецепти шо ги имаат правено досега?
    Многу ми се допадна еден десерт со карамелизирано овошје со бисквити и крем мислам беше. Од прилика на меморија би можела да го напрам ама сепак подобро ми е уште еднаш да видам, нели.
    Патем за брзи идеи ... не знам зошто моментално ми идат само некои кои брзо се прават ама за да бидат целосни мора да бидат замрзнати а нели замрзнувањето оди долго. Ако ми текни нешто ќе ти пишам, патем сепак мислам дека би било добро да имаш некоја своја идеја кога веќе се пријавуваш. Шо од прилика планираш да купиш?
     
  11. besafetested

    besafetested Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2015
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    17
    Da jas sum na snimanje vo fevruari duri. So pomisliv da odnesam kornfleks ili cokoladni snegulki za desertot. A kako predjadenje da zemam soja I za glavno jadenje rakcinja?
     
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.683
    Допаѓања:
    5.446
    Пол:
    Женски
    Јас не гледам воопшто тв, ама оваа емисија е единствената домашна што сакам на крајот од денот да ја изгледам на видеотека, уз шолја какао.

    Секоја чест за шефовите!
    Ме изненадија (посебно Никола, не очекував дека балканец ќе има таква култура), пред се имаат манири, културни се, знаат да кажат и од професионален аспект и шала и муабет, врвни се во гастрономијата, креативни, умеат со секакви гости да се справат и имаат трпение паралелно да готват, "контролираат и диригираат", анимираат околу себе, од состојките кои иако се повторуваат секогаш се трудат да искомбинираат нешто ново, навистина уживам гледајќи ги и само поради нив гледам.

    Концептот на емисија е интересен, ем забавен, ем едукативен карактер,имаат и фини награди, сосема ок како за наши простори, начув дека и во странство некаде ( чинам Америка) има вакво шоу.

    Последен пасус (далеку од она јаготката на шлагот) и личен впечаток за водителката...
    Александра е можеби добра за поинаков тип на настани и емисии ( на пр за некој фестивал можеби), некаде каде се дава сценарио и текст, каде мораш мозокот да ти е во полна пареа, но во ваква опуштено шоу не ја бива. Заморна е со најавите, не ги остава да се доискажат ни гости ни шефови иако ги бомбардира со 100 прашања, милион пати ги препрашува "што ставивме/што направивме", никако 6те состојки да ги меморира па сега почна да ги запишува и да ги чита на крајот, никако да ги именува со "зелена/црвена" кујна, никако да сконта дека акцентот не е сумата за која испазариле, никако да сконта дека Марк и Никола се шефови а не готвачи, никако да сфати дека смеат да земаат и состојки од фрижидерот зошто гостите ги носат основните, а и нема никакви општо презнаење за кујна и прехрамбени продукти ( какви глупости лупа да не ти се верува), и наметнува некој натрпреварувачки карактер со коментарите како едните се готови, другиве доцнатат, навистина не и е местото тука и подобро Марк и Никола да бидат и водители.
    Билјана беше опуштена, сама со себе си правеше муабет, не ги напињаше, даваше идеи како таа готви, само пробуваше додека готвеа, едноставно беше жива и опуштена, своја!
     
    На tigarche1 и LoOnyD им се допаѓа ова.
  13. yo lee

    yo lee Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Можеш да зготвиш посни макарони со туна.
    Ги вариш макароните,ги цедиш,стави во сад и додај туна
    Брзо и едноставно.
    п.с зачин по желба
    хехехе,се надевам дека помогнав
     
  14. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема да купуваш ти и да носиш. Продукцијата веќе има купено производи, а ти само про форма кажуваш дека си ги купила. Така сум слушнала дека прават. И комбинациите на рецепти им се претходно смислени нс готвачите. Пред почетокот на емисијата.
     
    На Regina.Phalange и tigarche1 им се допаѓа ова.
  15. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    93.359
    Пол:
    Женски
    prvo da se izvinam za latinicava nemam mk font...pred mesec i poveke go vidov mark so uste eden covek vo vero vlecea 2 golemi kolicki,i gi zapaziv od ljubopitnost deka ja gleav emisijata.Se bese vo mali kolicini i vo tie malite kesi ko za zamrznuvanje bas ko na gostite:),taka da svativ deka pred start se e izrezirano i osmisleno,taka da ne se zamaraj so toa so bi odnela,idi zabavuvaj se slobodno...Voditelkive se prica za sebe,spored mene ne vodat tuku davaat edna bezveza napnatost na celata emisija..podobro neka nema ako konceptot toa go dozvoluva
     
  16. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Марк води свој гастро клув. Можеби за таму си пазарел.
     
  17. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    И јaс мислaм декa билo личнo зa негo, зaштo нa пoчетoкoт вoдителкaвa нoвa кaжувaше зa кoлку пaри штo купиле и фискaлнa имaше.
    Не ми е лoгичнo тие дa нaбaвувaaт се пa нa крaј и нaгрaдa дa дoбиеш.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Беса што се сличи. Како помина на емисија, што зготви?
    Сега вртејќи по тв налетав на емисијата и ми текна на тебе.
     
    На tigarche1, joy1 и duffi им се допаѓа ова.
  19. tigarche1

    tigarche1 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2016
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Kako pomina???
     
  20. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Супер емисија и ја гледам но не незнам што прават кашканици од десертите. Колачи или бисквити измелени и оформени како колаче со некој додаток. Во нормални услови , како што е и смислено шоуво ти треба на пример да речеме дома да подготвиш предјадење, јадење и десерт за 20 минути, значи ајде предјадење и јадење ке подготвам, но ако имам колачи едноставно ке ги истурам во тањир и ке ги сервирам така како десерт, Што има да ги мелам???? благо си е благо, нели??? е сега друго е ако од мелко и јајца и брашно печеш торта или колач, но ова со мелење на колачиве во сецкото не ми се допаѓа.