1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брзи какао коцки

Дискусија во 'Рецепти' започната од sweety90, 20 декември 2014.

  1. sweety90

    sweety90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    До сега три пати ги правев и да ви кажам многу се вкусни, се топат во уста.

    За подготвка на овој рецепт потребно ви е:
    • 1 чаша (200мл) млеко
    • 1 чаша шеќер
    • 1 чаша зејтин
    • 1 чаша брашно
    • 4 полни лажици какао
    • 2 јајца
    • 1 пециво
    • 1 ванилин шеќер
    Подготовка:

    Во длабок сад се ставаат: 200 мл млеко, 4 лажици какао, 1 чаша зејтин и 1 чаша шеќер, сето тоа се мати со миксер додека да се стопи шеќерот. Смесата се дели на два дела. Во едниот дел се додаваат 2 јајца, 1 чаша брашно, 1 пециво и 1 ванилин шеќер. Тоа се микса додека смесата не се соедини. Другиот дел се остава за прелив. Во подмачкан плех (може да ставите и хартија за печење ако имате уште поубаво) се става делот со јајцата и брашното и се пече на 180 степени околу 20-25 минути. Со чачкалица проверите дали е колачот печен, ако е сува чачкалицата значи е печен. Штом ќе го извадите од рерна веднаш го прелијте со првиот дел од смесата. По желба, може одозгора да наросите со ситно сецкани кикиритки, кокос или ореви. Колачот треба да отстои околу 2 часа, но ако не можете да чекате толку време, почекајте барем да се олади малце па исечете го на коцки.

    kakao.jpg
     
    На Mishela, cooll, girl-miri и 2 други им се допаѓа ова.
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Mi izgleda interesno i bez mn trosak :) sakam da go probam i ke probam pa ke pisam :)
     
    На sweety90 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sweety90

    sweety90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Пробај, нема да зажалиш :)
     
  4. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Go ima li nekoj praveno receptot?